You are on page 1of 11

излет

дрвореди

птица

роденден
дрво + ред  дрворед

 излет

 птица

роден + ден  роденден


Слеано пишување
на сложените зборови

Сложените зборови се составени од два


збора.
Кога сраснувањето помеѓу двата збора е
целосно, станува збор за сложенки.
Сложенките ги пишуваме како еден збор
односно ги пишуваме слеано.
стоденарка
правоговор

Велигден
полуостров

петаголник автопа
т

милиметар
Именки
Слеано се пишуваат:
 сложените именки чии составни делови се поврзани со о или е:
градоначалник, родољуб, стихозбирка, очевидец;
 сложените имиња на празници: Петровден, Илинден,
Величетврток;
 сложените именки чиј прв дел е збор од туѓо потекло: видеоспот,
кинопретстава, фоторепортер, радиоемисија, суперхерој;
 сложените именки чиј прв дел е пол- или полу-: полугодие,
полувреме, полукруг;
 сложените именки чиј прв дел е број: осумкатница,
десетгодишнина, педесетгодишнина;
 сложените единици за мерење чиј втор дел е грам, литар, метар:
километар, децилитар, килограм.
Придавки
1.Во дворот на соседите има разнобојни цвеќиња.
2.Лубеницата беше полузрела.
3.Сите ние сакавме да трае подолго, но
концертот беше двочасовен.
Слеано се пишуваат
 сложените придавки чии составни делови се поврзани со
самогласката о: добродушен, малоброен, тврдоглав, светлокос;
 сложените придавки чиј прв дел е пол- или полу-:
полузатворен, полузамижан, полугодишен;
 сложените придавки чиј прв дел е број: петдневен,
тригодишен, едновечерен, двенеделен, тридневен.
Прилози
Слеано се пишуваат 1. Денес сум уморна бидејќи
вчеравечер не можев да
 сложените прилози што како втор дел
го имаат елементот -пат или -пати заспијам.
2. Догодина ќе бидам седмо
 сложените временски и начински одделение.
прилози 3. Повеќепати сме биле во
Охрид.
 сложени прилози на кои првиот дел 4. Кога пристигнав на местото,
им е некој предлог
видов дека другите дошле
порано.
 сложени прилози со честичките за
5. Кирил ја прочита својата
степенување по- и нај-
домашна работа наглас.
Примери за сложени прилози:
 првпат, трипати, никојпат, другпат, честопати;
 едноподруго, тукутака, сеедно;
 дотогаш, навечер, навреме, надолу, одблизу, предвид;
 поблиску, пополека, најпосле, најмногу.

Броеви
Слеано се пишуваат
 десетиците и стотиците од двесте до деветстотини: осумдесет,
четиристотини, петстотини;
 бројните форми што значат приближна бројност: десетина,
дваесетина, седумдесетина.
 Прочитај го текстот, пронајди ги погрешно напишаните
зборови и поправи ги.

„Марина за роденден ми подари книга од Горјан Петревски. Не ѝ кажав дека


до сега веќе два пати ја имам читано истата книга. Од сега книгата ќе ми
биде уште подрага бидејќи ми е подарок од неа. Роденденот на Марина е на
есен. Веќе знам што ќе ѝ подарам: стихо збирката во која ја има песната што
Марина многу ја сака. Таа песна Марина ја рецитираше на настанот по повод
педесет годишнината од постоењето на нашето училиште. Никогаш не ни
помислив дека таа книга би била совршениот подарок за неа, сè додека не ја
најдов помеѓу старите книги на дедо ми. Дедо има без број книги. Всушност,
неговата библиотека и ѕидот каде стои неговиот авто портрет ми се
омилените делови од дедовата куќа. Дедо не само што ми дозволи да ја
земам книгата туку и се израдува.“
„Марина за роденден ми подари книга од Горјан Петревски. Не ѝ кажав дека
досега веќе двапати ја имам читано истата книга. Отсега книгата ќе ми биде
уште подрага бидејќи ми е подарок од неа. Роденденот на Марина е наесен.
Веќе знам што ќе ѝ подарам: стихозбирката во која ја има песната што Марина
многу ја сака. Таа песна Марина ја рецитираше на настанот по повод
педесетгодишнината од постоењето на нашето училиште. Никогаш не ни
помислив дека таа книга би била совршениот подарок за неа, сè додека не ја
најдов помеѓу старите книги на дедо ми. Дедо има безброј книги. Всушност,
неговата библиотека и ѕидот каде стои неговиот автопортрет ми се омилените
делови од дедовата куќа. Дедо не само што ми дозволи да ја земам книгата
туку и се израдува.“
Ви благодарам за вниманието!

You might also like