You are on page 1of 10

ЛИРИКА

C
Дефинирање и карактеристики на поимот лирика
• Лириката е изразувачка уметност, бидејќи лирските песни се поетски творби со кои се изразуваат
чувства, мисли и расположенија. Тие го изразуваат субјективниот став на поетот и претставуваат
изблик на чувства, па затоа не може да се раскажуваат (немаат фабула) туку се доживуваат.
• Карактеристики на лириката
• Лирски субјект.
• Лирскиот субјект во лириката е исто што и нараторот во епиката. Лирскиот субјект е „гласот“ кој
изразува во текстот, лирската песна. Ако поетот ја напишал песната во прво лице еднина, не значи
дека тој пишува за себе, а и да пишува за себе, напишаното е креација, значи е измислено,
дообликувано, дооформувано. Затоа, не треба да се поистоветува авторот (поетот) со лирскиот
субјект.
РАКАТА НЕГОВА
Допира до сè недопирно.
Безгласно, тајно допирање.
Само до едно срце да допре
нема ни сили ни разбирање.
• Композиција на песната/лириката
• Формата на лириката е стихот, којшто е ритмичка/звуковна, синтаксичка и семантичка (значенска)
целост. Карактеристики на стихот се звучењето и значењето. Композицијата на песната го подразбира
склопот на стиховите во строфата и склопот на строфите во песната како уметничка целост.
• Лирската песна може да биде астрофична (без строфи, со стихови подредени еден по друг, без
белини меѓу нив), строфична (организирана во истородни строфи) и хетерострофична (со строфи
кои се различни по бројот на стиховите).
• Песната може да содржи моностих, дистих, терцет, катрен, квинта/квинтила, секстина, септима,
октава.
• Лириката е познава и низа графички експерименти при кои зборовите можат да дадат естетски ефект
и преку некои визуелни игри. На пример, во историјата на литературата, познати се т.н. калиграми –
цртежи направени од зборови. Аполинер е автор на вакви песни и Јован Котески од македонската
литература.
• РИТАМ – специфично – стихотворен организиран систем на звучењето, достапен да биде
восприемен од читателот. Ритмичката стапка е целина од нагласен и ненагласен слог. Видови
ритмички стапки: двосложни (јамб, трохеј), трисложни (дактил, амфибрах и анапест)
„Обетки" – Ј.Котески
• ФИГУРАТИВНОСТА НА ГОВОРОТ НА ПОЕЗИЈАТА /ЛИРИКАТА = СТИЛСКИ ФИГУРИ

ФОНОЛОШКИ ФИГУРИ СИНТАКСИЧКИ ФИГУРИ СЕМАНТИЧКИ ФИГУРИ


АЛИТЕРАЦИЈА АНТИТЕЗА АЛЕГОРИЈА
АНАФОРА КОМПАРАЦИЈА ЕПИТЕТ
АСОНАНЦА ГРАДАЦИЈА ИРОНИЈА
ЕПИФОРА СЛОВЕНСКА АНТИТЕЗА МЕТАФОРА
ОНОМАТОПЕЈА РЕТОРСКО ПРАШАЊЕ ХИПЕРБОЛА
РИМА СИМПЛОХА МЕТОНИМИЈА
ПАРОНОМАЗИЈА ОКСИМОРОН ПЕРСОНИФИКАЦИЈА
СИМБОЛ
ФОНОЛОШКИ ФИГУРИ
• АЛИТЕРАЦИЈА – означува повторување на истите консонанти/согласки или гласовни групи во стихот.
• АСОНАНЦА – означува повторување на истите самогласки во стихот.
• АНАФОРА – означува повторување на исти гласови на почетокот на стихот.
• ЕПИФОРА – означува повторување на исти гласови на крајот на стихот.
• ОНОМАТОПЕЈА – гласовна фигура во која постои намера звуците од природата да се имитираат со „човечките“ гласови од
определен природен јазик.
• РИМА – целосно или нецелосно совпаѓање на зборовите, најчесто на крајот од стиховите.
• ПАРОНОМАЗИЈА – фонолошка фигура во која се повторуваат определени гласови и тоа во зборови кои имаат различно
значење. Пример:
Вера Чејковска
Јазливо
јазлив јазач
јазикот
се извива
над јазот
завлезен длабоко
во тлото и и Јас -то
СИНТАКСИЧКИ ФИГУРИ
• КОМПАРАЦИЈА – се гради кога се споредуваат поими или предмети по сличност.
• АНТИТЕЗА – е еден вид споредба која се базира на спротивноста.
• СЛОВЕНСКА АНТИТЕЗА – сложена стилска фигура, составена од три елементи: прашање, негација на
прашањето и одговор. И во неа се споредуваат предмети, појави идеи. Споредуваната појава или идеја се
открива во одговорот.
• ГРАДАЦИЈА – стилско изразно средство во кое се искажуваат едноподруго чувства и мисли и поетски
преку засилување на истите од стих во стих.
• РЕТОРСКО ПРАШАЊЕ – синтаксичка фигура во која се поставува прашање на кое не се очекува одговор.
• СИМПЛОХА – стилска фигура во која се повторуваат исти зборови и во почетокот и на крајот на два, три
или повеќе стихови. Најчесто се среќава во народните песни.
СЕМАНТИЧКИ ФИГУРИ (ТРОПИ)
• МЕТАФОРА – споредбена стилска фигура кај која при споредувањето на два поими или две слики се
изоставаат зборовите: како, слично и исто како.
• АЛЕГОРИЈА – споредбена стилска фигура со преносно значење, еден вид проширена метафора.
• ЕПИТЕТ – уметничка определба на важен белег на некое лице, појава или предмет, што ја засилува
сликовитоста на предметот.
• МЕТОНИМИЈА – стилска фигура во која се открива односот меѓу два поима, од кои едниот заменува друг, кој
има слично својство со него.
• ИРОНИЈА – изразно средство во кое со замена на два поима се изразува потсмев кон некого или нешто. Кога
иронијата е навредлива, тогаш поминува во сарказам, гротеска, карикатура и виц.
• ХИПЕРБОЛА – стилска фигура со која се преувеличуваат некои човечки особини.
• ОКСИМОРОН – семантичка фигура која е особен вид антитеза, каде што се спојуваат противречни поими со
кои се постигнуваат специфични ефекти во литературата: бела ноќ, жежок мраз и сл.
• ПЕРСОНИФИКАЦИЈА – семантичка фигура која подразбира поместување на значењето на зборот кон
фигуративното, при што неживото, апстрактното добива особини на живо суштество.
• СИМБОЛ – стилска фигура со преносно значење, збор што е сликовит израз за некој друг поим или за низа од
поими.
ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА НАРОДНА ПЕСНА
• Ја излези либе на пенџере • Вид на песна според мотивот: љубовна
дати видам либе бело лице. • НАДВОРЕШНА СТРУКТУРА НА ПЕСНАТА:
Бело лице либе црни очи Вид на стих: КАТРЕН
и твојте либе гајтан веѓи. Вид на строфа: СТРОФИЧНА, составена од 4 строфи
Ритам: дактил и трохеј
Да ми дадеш либе една слика
Фонолошки/синтаксички фигури:
спомен мило либе од љубовта АЛИТЕРАЦИЈА(повторување на согласките л, б),
кога ќ' одам либе во туѓина АСОНАНЦА(повторување на самогласките и, е)
да ја гледам либе, ем да плачам. • ВНАТРЕШНА СТРУКТУРА НА ПЕСНАТА
(СЕМАНТИЧКО/ЗНАЧЕНСКО НИВО):
Ќе ти дадам лудо китка цвеќе Семантички фигури преку коишто се пренесува
да ја носиш лудо на туѓина второстепеното значење на песната, особено преку
кога китка лудо ќе овени толкувањето на симболите во песната.
бело лице лудо потемнело. ЕПИТЕТ: бело лице, црни очи, гајтан веѓи, мило
либе, китка цвеќе, долги коси
Бело лице лудо потемнело МЕТАФОРАТА е во последната строфа со која се
црни очи лудо пропаднале [х2] пренесува умирањето на убавината поради
долги коси лудо земја скрила. невозвратената љубов.
ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА СОВРЕМЕНА ПОЕЗИЈА

•КОГА ЈА ЉУБЕВ ДЕНИЦИЈА


Петре М. Андреевски

Кога ја љубев Дениција,


како да калемев светлина на мракот, Оти ја љубев Дениција,
како да топев снегови фатени во движење, како што ги отворав пролетните аптеки,
како да станував единствен сведок сместени во гласот од славејот,
за бакнежот меѓу металот и громот. како што славејот ги спријателуваше
небото и земјата,
Кога ја љубев Дениција, како што таа ми ја одземаше тежината,
како да му пронајдував брзина и на каменот, додека трчав кон неа,
како да ја одделував душата од телото, како што не можев да видам ништо освен неа,
како да го палев барутот,
на тилот од смилот и трендафилот. како што таа живееше додека јас умирав,
како што и јас не знаев како би умрел,
Кога ја љубев Дениција, ако таа не се родеше.
како да внесував летен воздух во воздухот зимен,
како да ги откривав сите рудници на злато, Кога ја љубев Дениција,
како да учествував во создавањето
како да добивав телефонска врска со сонот на првата Македонска Држава.
од сите успани работници

You might also like