You are on page 1of 45

ЛИРИКА (ЛИРСКИ СУБЈЕКТ)

Формата на лириката е стихот.


Лириката е изразувачка уметност,
бидејќи лирските песни се поетски
творби со кои се изразуваат чувства,
мисли и расположенија. Тие го
изразуваат субјективниот став на
поетот и претставуваат изблик на
чувства.
Лирскиот субјект во лириката е
исто што и нараторот во епиката.
Лирскиот субјект е „гласот” во
лирската песна.
Ако поетот ја напишал песната во
прво лице еднина, не значи дека
тој пишува за себе.
Лирски видови (субјективна,
возвишена, елегиска, сатирична
лирика)
1. Субјективна лирика:
интимна;
љубовна;
пејзажна;
патриотска;
социјална;
рефлексивна.
2. Возвишена лирика:
ода
химна;
дитирамб.
3. Елегиска лирика:
тажачка песна;
елегија;
епитаф.
4. Сатирична лирика:
хумористична песна;
сатирична песна;
епиграм.
Композиција на песната (стих, строфа,
метрика, ритам)
Песната има специфична
конструкција. Нејзин основен елемент
е стихот.
Стихот претставува еден ред од
песната, кој е покус од редот во
текстот и се забележува со голо око.
Стиховите се стегнати изрази со
специфична звучност, значење и
ритмика.
Повеќе стихови оформуваат строфа.
Строфа е целина од одреден број стихови
со ритам и интонација (може и рима). Таа
претставува мисловна целина.
Според бројот на стиховите, разликуваме:
Моностих е строфа со еден стих.
Дистих е строфа составена од два стиха.
Терцет, терцина е строфа од три стиха..
Катрен е строфа од четири стиха и е
најраспространета.
Пентина (квинта, квинтила) - строфа од пет
стиха;
Секстина - строфа од шест стиха;
Септима - од седум стиха;
Октава - од осум стиха;
Нона - од девет стиха.
Песните според организацијата
на строфите може да бидат:
1. Астрофични, песни кои немаат
строфи, односно стиховите се
подредени еден под друг;
2. Строфични, песни кои имаат
строфи со ист број стихови;
3. Хетерострофични, песни кои
имаат строфи со различен број
стихови.
Ритамот е основно обележје на песната.
Тој се постигнува со метриката (бројот
на слоговите во стихот), ритмичките
стапки (нагласени и ненегласени
слогови), со повторување исти зборови
и гласови, со римата, со инверзијата на
зборовите итн.
Специфичното звучење на стихот е
ритам.
Метрика е должина на стихот, односно
го означува бројот на слоговите во еден
стих. Во стихот има и вообичаени паузи
наречени цезури. Нив ги среќаваме кај
подолгите стихови.
Стиховите го добиле името по бројот
на слоговите:
- најкраток стох е четверецот, а најдолг
стих е шеснаестерецот
Римата претставува гласовно (целосно или
нецелосно) совпаѓање на исти слогови на
крајот од два или повеќе стиха.
Има неколку видови рими.
Според распоредот во строфата разликуваме:
Паралелна (рамна) рима има во строфите кога
се римуваат првиот и вториот стих; третиот и
четвртиот стих (ААББ).
Зашчо, зашчо ја да љубам? (А)
Зашчо себе си да губам? (А)
Окул - нокул јарка младост (Б)
От љубовта барат ладост (Б)
Вкрстена рима е кога се римуваат првиот и
третиот; вториот и четвртиот стих (АБАБ).
Ах таа убавина, ах таа убавина, (А)
тоа диво во крвта завивање. (Б)
Кине, граба, сече, носи како лавина, (А)
вечна е притаеност и вечно откривање. (Б)

Обградена (гушната) рима е кога се


римувани првиот и четвртиот; вториот и
третиот стих (АББА).
Или минеш по првиот ред (А)
на страницата читана дамна, (Б)
па се чудиш: што толку си пламнат (Б)
а пак образот останал блед! (А)
Според местото на акцентот (на последниот
слог, на вториот слог од крајот или на
третиот слог од крајот) римата може да
биде: машка, женска и дактилска.
Машка рима е кога се римуваат едносложни
зборови (ред - блед);
Женска - кога се римуваат двосложни
зборови (дамна - пламнат; љубам - губам;
младост - ладост; даат - клаат);
Дактилска - кога се римувани трисложни
зборови (убавина - лавина; завивање -
откривање).
Сонет, сонетен венец
Песните со утврдена форма кои имаат четири
строфи, од кои првите две се со по четири стиха
(катрени), а вторите две со по три стиха (терцини)
се викаат сонети.
Сонетниот венец е најсложен по својата лирска
композиција.
Тој е составен од 15 сонети, од кои последниот е
наречен магистрал.
Магистралот е последниот, петнаесеттиот сонет од
сонетниот венец и ги содржи првите стихови на
сите претходни четиринаесет сонети.
Тој може да содржи акростих, односно почетните
букви на стиховите да го дадат името на оној кому
му е посветен.
Стилски изразни средства
(фонетско-морфолошки:
асонанца, алитерација,
ономатопеја, парономазија,
анафора, епифора, симплоха,
палилогија)
Асонанца (асонанција) е
повторување на исти
самогласки за постигнување
на звучен ефект. (На пр.: око
соколово)
Откако Ленка остави
кошула тенка ленена
недовезена на разбој...
Алитерација е повторување на
исти согласки или гласовни групи
за постигнување на звучен ефект.
Некаде ѕвони. Некаде далеку
ѕвони.
звуците се бранови на ветрот
низ тревите подгонети.
Некаде ѕвони. Продолжително и
нежно.
Глуво е се. Сал ритамот
плиска по брегот на железото.
Ономатопеја е гласовна фигура со
која се имитираат звуците од
природата, од животните итн.
Секој јазик спонтано создава
такви зборови: шушка, кукавица,
гугутка, гулаб, кокошка, грми,
бучи, грака, крека итн.
Ономатопејата ја има и во
поезијата и во прозата, а и во
секојдневниот говор.
Клип-клоп, клип-клоп, се носел
звук во ноќта црна...
Парономазија е фонолошка фигура
во која се повторуваат гласови во
зборови со различно значење. Тие
зборови може да имаат ист корен,
но сепак значењето им е различно.
Јас не сум Вардар, ни завардарен,
не сум превардарен, ни
подвардарен,
може сум варден, та недоварден,
јас тек без ширина и должина!
Анафората е фонетско-морфолошка
фигура бидејќи се повторуваат цели
зборови на почетокот од стихот. Бидејќи
често се повторуваат повеќе зборови,
односно делови од реченица, овие фигури
(анафората, епифората, симплохата и
палелогијата) приклонуваат кон
синтаксичките фигури (или фигури на
конструкцијата).
Лист по лист кини,
лист по лист нижи,
лист по лист превртуј, притискај,
лист по лист милно, таговно реди...
Епифората е фигура во која се повторуваат
зборовите на крајот од стихот.
Над мене сив облак и сива орлица се договараат за
нешто, а јас мислам дека кај тебе ме потскажуваат,
Дениција.
Оти дошто видов кула и пладневна топола
беа како твојата става, Дениција.
Дошто сретнав омарнина и жито во движење
беа како твојата коса, Дениција.
Дошто открив сончоглед и светла пушкарница
беа како твоите очи, Дениција.
Дошто сретнав залез, дошто пресеков лубеница
беа како твојата уста, Дениција...
Симплохата претставува соединување
на анафората и епифората, односно
повторување зборови и на почетокот и
на крајот од стихот.
Да видам Охрид, Струга да видам...
Палилогија е кога еден или повеќе
збора од крајот на стихот се
повторуваат на почетокот од следниот
стих.
А беше тоа кога помислував
дека веќе не можам да мислам без
тебе,
па почнував да личам на сите мои
предци,
на сите мои предци, а најмногу на
себеси.
Стилски изразни средства
(синтаксички: компарација,
антитеза, словенска антитеза,
реторско прашање, инверзија,
елипса, асиндетон,
полисиндетон, градација)
Компарацијата е една од
најзастапените фигури и во
минатото и денес, а претставува
споредба на еден предмет или
појава со друг. Секогаш при
споредбата се употребува зборот
како или ко.
На пр.: Гладен како волк.
— И најмил спомен што в душа ми
блеска
се гаси од нив ко цвеќе без боја.
Антитеза е спротивност,
односно споредување кое се
заснова на спротивност.
На пр.: Ситиот на гладниот не
му верува.
Не сум вода да прелеам,
не сум змиа да се проврам,
не сум елен да прескочам,
не сум пиле да прелетам.
Словенската антитеза е фигура застапена во нашето народно
творештво. Таа се состои од прашање, негација на прашањето и
одговор.
На почетокот од поемата „Сердарот” од Г. Прличев
ја среќаваме словенската антитеза:
Пискотници се слушаат од Галичник во Река,
Што тешка несреќа ги збра
и мажите, и жените, та гласи тажна ека
и навева сал коб и зла?
Дал’ град полињата житородни ги беше фатил?
ил’ рој од скакулци се вдал?
Дал’ султанот арачлии пред време беше пратил
да збира арач лут без жал?
Ни град полињата житородни ги беше фатил,
ни рој од скакулци се вдал,
ни султанот арачлии предвреме беше пратил
да збира арач лут без жал!
Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега,
тој сердар прочут падна в бој,
и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега,
и да ги брани нема кој...
Реторско прашање е фигура во
која прашалната реченица служи
како исказна. Прашањето, а
најчесто повеќе прашања не се
поставуваат за да добиеме
одговор на нив, туку целта е да го
изразиме чувствениот однос.
Везилке, кажи како се роди
проста и строга македонска песна
од ова срце што со себе води
разговор ноќен во тревога бесна?
Инверзија е преметнување на
редот на зборовите - обратен
ред од оној што граматички е
најисправен.
Телото твое црна маслина...
Елипса настанува кога од
реченичната целина
изоставуваме зборови, но
смислата сепак можеме
да ја разбереме.
На пр.: Дожд. (значи дека
врне дожд).
Асиндетон е кога нижеме
зборови без нивно граматичко
поврзување.
А се се случи една ноќ,
ноќ стебла,
ноќ лисје,
ноќ, студен ров.
Полисиндетон е кога нижеме
сврзувачки зборови без
граматичка потреба.
Од темни зори на утрини
летни
до никоја доба на вечери
зимни
тој гладно пие тагата наша
и потта и крвта и снагата ни.
Градација е степенување кое
настанува со таков избор на
зборови, слики и мисли со кои се
изразува постепено засилување
или слабеење од почетната
позиција.
Прва година помина
грутка в срцето и легна,
втора година намина
болест ја в гради искина.
Трета година земјата
на Ленка покри снагата.
Стилски изразни средства
(семантички: епитет,
метафора, алегорија, симбол,
метонимија,
персонификација, хипербола,
литота, иронија, парадокс ) -
тропи
Епитет во најширока смисла е секој атрибут,
односно секој додаток на именката. Во
следниот пример има многу епитети и
компарации:
Кога бев преполн сила
што придојдува како матна речна глава,
кога се сетив вреден за мојот подвиг,
достоен за слава,
кога ми закрепна гласот за најдобар збор,
раката за најтежок меч,
ногата за најверен од —
тогаш се сломив.
Паднав како црешово дрво од премногу род.
Метафората е скратена споредба.
Кај неа не се кажува што со што се
споредува, туку се искажува само
вториот член на споредбата.
Метафора може да биде и замена на
значењето на еден збор со
значењето на друг.
...Срце - порта највисока
срце - куќа најширока...
Алегоријата е продолжена метафора,
односно употреба на зборовите во
преносна смисла.
Алегоријата може да биде во состав на еден
стих или строфа, но многу често таа се
среќава и во цели состави како што се
басните. Басните се засновани на алегорија,
животните во нив настапуваат како типови
луѓе со одредени карактеристики.
„Божествената комедија” од Данте Алигиери
е во алегорија.
Симбол е знак. Предметот,
појавата или поимот ги
заменуваме со нивната
алегориска ознака.
На пр.: крст - значи црква;
вага - правдина итн.
Голапче мало хубаво, голапче
златокрилесто...
Метонимија е употреба на
зборот во преносно значење.
На пр.: храбар и јак човек се
нарекува сила.
Го читаш ли Достоевски? (Дали
ги читаш делата од
Достоевски?)
Македонско име
нема да загине!
Песонификација е кога на
предметите, природните
појави, апстрактните
предмети, животните и
растенијата им се даваат
човечки особини.
Стивна сегде шумот ... градот
молкна.
Скопје заспа в ноќен сон.
Хипербола е претерување, преувеличување
заради нагласување на одреден
емоционален став.
На пр.: Те чекам цела вечност.
Глава има колку еден казан,
уши колку два таруна,
очи има колку два шиника.
Он ми сака голема таина:
на ден ми сака една фурна леба,
и ми сака по две бочви вино,
и ми сака по бочва ракија,
и ми сака по три млади крави...
Литота е спротивна на
хиперболата, односно
претставува ублажување.
Вистинскиот израз се
заменува со поблаг и тоа
негативен и спротивен. На
пр.: Нема да ти биде лошо
таму. (Таму ќе ти биде добро.)
Иронија е преправање, всушност
го мислиме спротивното од она
што го кажуваме.
На пр.: Ти си ми навистина добар
другар (а мислиме дека е лош).
Тогај рече Марко Крале:
“Бог те убил, црна Арапино!
Ал’ се смееш, ал’ навистина маваш,
ал’ од кожува правот ми го
тресеш?”...
Парадокс е она што е неочекувано.
Порекнуваме некоја мисла која
наизглед во себе е противречна или
спротивна на општото мислење.
Парадоксот има секогаш подлабока
смисла.
На пр.: Знам дека ништо не знам.
(Сократ)
Ништо не е повидливо
и ништо не е поприсутно од твоето
отсуство.

You might also like