You are on page 1of 13

Акцент

➔ Акцент е нагласеното, посилно изговарање на еден слог


во зборот.
➔ Слогот врз кој паѓа акцентот се вика акцентиран слог.
➔ Македонскиот акцент е динамичен и определен.
Динамичен акцент значи дека се одликува со силата на
издишната струја, а определен значи дека се наоѓа на
точно определено место во зборот.
➔ Местото на акцентот во македонскиот јазик е на третиот
слог од крајот на зборот кај трисложните и
повеќесложните зборови (на зборовите што ѝ припаѓаат
на основната, наследена и приспособена неутрална
лексика).

2
Правила за акцентирање
➔ Акцентот се обележува со знакот `  на нагласената самогласка.
➔ Кај трисложните и повеќесложните зборови акцентот стои на третиот
слог од крајот на зборот (на пр.:слатк`арница).
➔ Кај двосложните зборови акцентот стои на почетниот слог од зборот,
односно на вториот слог од крајот на зборот (на пр.: с`eло).
➔ Кај едносложните зборови акцентот стои на единствениот слог (на пр.:
с`oн, д`oм, б`oл, в`oл).
➔ Ако зборот се зголемува со додавање претставки и наставки (префикси
и суфикси), акцентот се поместува за да застане секогаш на третиот
слог од крајот на зборот (на пр.: гр`ад — гр`ади — д`оградба —
догр`адбата).

3
Отстапувања од
третосложното
акцентирање
➔ 1) Глаголскиот прилог: вик’ајќи, од’ејќи.
➔ 2) Прилозите за време: годин’ава, зим’ава, лет’ово.
➔ 3) Одделни прилози за степен (деминутивни
образувања со засилена емоционалност):
малк’уцка (и м’алкуцка), олк’уцка, толк’уцка (и
т’олкуцка), трош’ичка.
➔ 4)Некои именки од турско потекло: апс’ана,
барут’ана, тарап’ана.

5
Отстапувања кај зборови со
туѓо потекло
➔ Голем број зборови преземени од други јазици се акцентираат во
согласност со правилата за акцентирање во македонскиот стандарден
јазик. Некои од нив се неприспособени, па затоа може да се издвојат
акцентски потсистеми со поинаков акцент од тој во македонскиот.
➔ Акцент на првиот слог од крајот: сиж’е, фоај’е, деб’и, жир’и, рел’и,
бир’о, деп’о, лаваб’о; генер’ал, журн’ал, иде’ал, интерв’ал, капит’ал
итн.
➔ Акцент на вториот слог од крајот: романт’изам, тур’изам, гениј’алец,
иде’ален, специј’ален, театр’ален, акту’елен, визу’елен (кај именки и
придавки); глаголите на -ира: дискут’ира, лак’ира, парк’ира

6
“Акцентски целости

7
➔ Во македонскиот јазик неколку зборови можат да се подведат под
ист акцент.
➔ Група зборови поврзани со заеднички акцент се нарекуваат
акцентска целост.
➔ Групата зборови всушност ја сфаќаме како еден збор и ја
акцентираме според правилото: на третиот слог од крајот на зборот,
односно на целината.
➔ Во зависност од тоа какви видови зборови влегуваат во акцентската
целост, разликуваме:
➔ — акцентски целости од два полнозначни збора и
➔ — акцентски целости со клитика (клитички зборови).
➔ Клитики се зборови што немаат свој акцент, неакцентогени.

8
Клитички изрази
➔ Клитичките изрази претставуваат една изговорена
целина составена од клитика (неполнозначен збор)
и акцентогена форма (полнозначен збор).
➔ Клитика претставува збор кој нема свој акцент и
може да се најде пред зборот носител на акцентот
(проклитика) и по зборот носител на акцентот
(енклитика).

9
Акцентски целости со
полнозначни зборови
➔ Во акцентските целости со два полнозначни збора
најчесто влегуваат: придавка + именка (сув`о-
грозје); заменка + именка (м`oј-човек, `oвој-ден);
број + именка (п`ет-пари, трет`а-вечер); број + број
(п`eт-шест, педесет-и`-пет); прилог + именка
(колк`у-време).

10
Акцентски целости со клитики
➔ Разликуваме:
➔ — акцентски целости со енклитика (клитиката стои зад
полнозначниот и акцентоген збор).
На пр.: м`ајка-ми, т`атко-ти, з`еми-го, `оди-си и
➔ — акцентски целости со проклитика (клитиката стои пред
полнозначниот и акцентоген збор). На пр.: н`е-може, не-ми-ј`а-
даде (во потврдна форма акцентот стои на глаголот, ми-ја-
д`аде); што-ти`-рече? к`ој-дошол?; н`а-раце, в`о-вода, п`од-маса
итн.
11
Со енклитика
➔ Кај клитичките изрази со енклитика секогаш имаме
задолжително пренесување на акцентот во составите од:
➔ Именка + кратка заменска форма: бр’ат ми, брат’учед ми,
братуч’етка ми, ж’ена му, м’ајка ми, т’атко ти, жен’ата му.
➔ Показен збор + кратки заменски форми: ‘еве го, ‘еве ја, ‘еве
ти, ‘ене ги, ‘ене го, ‘ете ги; ев’е ти ја, ен’е им го.
➔ Заповеден начин + кратка заменска форма: вид’ете го, ‘види
се, д’ајте ја, дон’еси ги, ‘оди си, ‘речи му.
 

12
Со проклитика
➔ Задолжително пренесување на акцентот:
➔ Во прилошки синтагми образувани од предлог + именка: (со просторно
значење) в’о вода, д’о дома, д’о небо, з’ад врата, н’а гости, н’из поле, п’о
пат, п’од земја, (со временско значење) д’о зори, з’а час, прек’у лето,
ср’ед зима, (за начин) н’а сон, н’а нога, н’а рака, н’а смеа, н’а срце.
➔ Во состави од предлог + долга заменска форма: б’ез нас, д’о мене, к’ај
тебе, меѓ’у себе, пр’ед вас, с’о мене.
➔ Во состави од негација + едносложни или двосложни глаголски форми:
н’е бев, н’е гледам, н’е дојде, н’е одам, н’е пиј, н’е трчај, н’е чекам.
➔ Во состави од прашален збор + глагол: к’ој рече? шт’о рече? ког’а дојде?
шт’о виде? к’ај одиш? шт’о сакаш?
➔ Во состави од сврзник + полнозначен збор: ‘и јас ‘и ти, ‘и ние ‘и вие, н’и
ваму н’и таму.
13

You might also like