You are on page 1of 3

Име и презиме: ____________________ Датум: 3.6.

2022 година
8 одделение

ПРОВЕРКА НА ЗНАЕЊАТА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК


(Годишен тест)

1. Кои се првите македонски просветители?


---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- /2
2. Кои се првите македонски учебникари?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- /
2
3. Каде и кога го објавиле зборникот браќата Миладиновци?
а) Загреб, 1852 б) Москва, 1862 в) Загреб, 1861 г)Охрид, 1860 /1
4. Фонетиката е дел од науката за јазикот што ги проучува:
a) зборовите б) речениците в)гласовите г)речниците /1

5. На колку родови се дели литературата?


a) еден б) два в)три г)четири /1

6. Акцентски целости се:


а) кога два или повеќе слога се акцентираат под ист акцент
б) кога два или повеќе збора се акцентираат под ист акцент
в) кога два или повеќе самогласки се акцентираат под ист акцент /1
7. Акцентирај ги следните зборови:
кисело млеко, не му кажав, жири, не би сакал /2

8. Глаголите кои покажуваат дејства што не се поврзуваат со вршител на дејство т.е. подмет се
нарекуваат:
a) лични глаголи б) безлични глаголи в)нелични глаголи /1

9. Во македонскиот литературен јазик има глаголски форми кои немаат промена по лице и тие се
нарекуваат ________________________________. Такви форми се:
______________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________ /5
10. Зборот пеење претставува:
a) глаголска именка б) глаголска придавка в)глаголски прилог /1

11. Зборот јадејќи претставува:


a) глаголска именка б) глаголска придавка в)глаголски прилог /1

12. Зборот скокнало претставува:


a) глаголска именка б) глаголска л-форма в)глаголски прилог /1
13. Која глаголска форма е лична во следниве примери:
a) Децата учат. б) Цел ден учење. в) Ми се игра. г) Пеат. /1

14. Лирско – епска песна во која се опева некој настан кој завршува среќно се нарекува:
а) елегија б) балада в) романса г) социјална песна /1
15. Напишете дали дадените искази се точни или неточни.
- Зборот училиште е именка. _________________
- Зборот многу е предлог. ____________________
- Зборот убава е придавка. _________________
- Зборот ама е прилог. _________________
- Зборот накај е предлог. ______________________ /5

16. Лирско – епска песна со епски и лирски елементи која со многу чувства опева некој настан кој
често завршува трагично се нарекува:
а) романса б) балада в) социјална песна г) љубовна песна /1

17. Автор на песната „Денови“ е:


а) Кочо Рацин б) Блаже Конески в) Константин Миладинов г) Ацо Шопов /1
18. Повторувањето на еден или повеќе стихови во една песна се нарекува:
а) метафора б) рефрен в)апострофа г) градација /1

19. Обраќањето на поетот кон неживи нешта, кон предмети и личности, или кон апстрактни поими како
кон живи суштества се нарекува:
а) градација б)метафора в) апострофа г) рефрен /1

20. Песните во кои главен јунак е крали Марко се пример за:


а) љубовна поезија б) хипербола в) роман г) синопсис /1
21. Најпознатиот дневник во светската литература e дневникот на:
a) Петар Пан б) Ана Франк в) Ана Пранк г) Петар Франк /1

22. Опасните и атрактивните сцени во филмот или во театарската претстава ги изведуваат


______________________________. /1

23. Синопсисот претставува подготовка за изготвување:


а) роман б) сценарио в) апозиција г) лирска песна /1

24. Писмениот документ кој се пишува во текот на одвивањето на еден настан се нарекува:
а) жалба б)молба в) записник г) драма /1

25. Напишете го современото значење на следните архаизми:


а) душман -
б) враг –
в) еким –
г) друм - /4
26. Зборовите хејта, скролна, бај, кисче претставуваат:
a) варваризми б) турцизми в) архаизми г) неологизми /1

27. Напишете дали дадените зборови се точни или неточни:


- отвара _________________
- корегира _______________
- сфатив _________________
- оргинал ________________
- маскембал ___________________
- сведителство _________________ /6

28. Синтаксата е дел од науката за јазикот која ги проучува:


а) гласовите б)зборовите в) речениците г) песните /1

29. Напиши пет неологизми:


а)
б)
в)
г)
д) /5

30. Анализирај ја следната реченица:


Петар ја прочита книгата, а Ана го изгледа филмот.

Оваа реченица според составот е _______________, составена од _____ дел-реченици. Првата дел-
реченица е ______________________________________________, а втората дел-реченица
е_____________________________. Подмет во првата реченица е ______________, а во втората е
_______________. Двата прирока се ______________________________. Зборовите ја/книгата и
го/филмот означуваат_______________________________________.
/8

Вкупно: 60 поени

Наставник: Маја Митева – Петроска Одличен (51-60)


Многу добар (41-50)
Оценка:
Добар (28 – 40)
Коментар:
Доволен (16-27)
Недоволен (0-15)

You might also like