You are on page 1of 4

МИНАТО ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

Минато определено несвршено време е проста глаголска форма. Означува глаголско


дејство што се вршело во минатото во присуство на лицето кое зборува.

Се образува од несвршени глаголи.

Минато определено несвршено време се образува од општиот дел на глаголот, основниот


вокал и наставките:

еднина
1л. – в
2л. – ше
3л. – ше

множина
1л. – вме
2л. – вте
3л. – а

На пример:

глагол од а-група

еднина
1л. вик-а-в
2л. вик-а-ше
3л. вик-а-ше

множина
1л. вик-а-вме
2л. вик-а-вте
3л. вик-а-а

Глагол од и-група

еднина
1л. нос-е-в
2л. нос-е-ше
3л. нос-е-ше

множина
1л. нос-е-вме
2л. нос-е-вте
3л. нос-е-а
 Во примерот забележуваме дека кај глаголите од и-група (носи) основниот вокал и
преминува во е.

Глагол од е-група

еднина
1л. плет-е-в
2л. плет-е-ше
3л. плет-е-ше

множина
1л. плет-е-вме
2л. плет-е-вте
3л. плет-е-а

 Кај глаголите од и- и е-група чиј општ дел завршува на самогласка, во 3л. множина
се јавува наставка – ја (наместо -а): пееја, пиеја, спиеја, итн. (Според правописното
правило дека во македонскиот јазик не може да стојат три самогласки една до
друга, оваа наставка е логична појава.)

Други значења на минато определено несвршено време

Освен основното, за означување минати дејства осведочени од говорителот, формите на


ова време може да ги употребиме и за:

 блага заповед: Да ми го вратеше пенкалото, ќе може? (Врати ми го пенкалото!)


 условно значење: Да дојдеше навреме, ќе ја видеше тортата. (Ако дојдеше навреме,
ќе ја видеше тортата.)
 готовност за извршување некое дејство: Ја отепав, ако ја фатев со него.

Минато определено несвршено време од помошниот глагол СУМ

еднина

1л. бев

2л. беше

3л. беше

множина

1л. бевме

2л. бевте

3л. Беа
Минато определено свршено време

Минато определено свршено време е проста глаголска форма. Со него се искажува


глаголско дејство кое се извршило во минатото во присуство на лицето што зборува.

Се образува од свршени глаголи.

Минато определено свршено време се образува од општиот дел на глаголот, основниот


вокал и наставките:

еднина
1л. -в
2л. /
3л. /

множина
1л. – вме
2л. -вте
3л. -а

На пример:

Глагол од а-група

еднина
1л. прочит-а-в
2л. прочит-а-/
3л. прочит-а-/

множина
1л. прочит-а-вме
2л. прочит-а-вте
3л. прочит-а-а

Глагол од и-група

еднина
1л. изработ-и-в
2л. изработ-и-/
3л. изработ-и-/

множина
1л. изработ-и-вме
2л. изработ-и-вте
3л. изработ-и-(ј)а
Глагол од е-група

еднина
1л. запр-е-в
2л. запр-е-/
3л. запр-е-/

множина
запр-е-вме
запр-е-вте
запр-е-а

Во примерите се издвоени: општиот дел (коренот), основниот вокал и наставките. За


деловите на зборот прочитај на следнава ВРСКА.

 Кај глаголите од и- и е-група чиј општ дел завршува на самогласка, во 3л. множина
се јавува наставка – ја (наместо -а): пееја, пиеја, спиеја, итн. (Според правописното
правило дека во македонскиот јазик не може да стојат три самогласки една до
друга, оваа наставка е логична појава.)
 Можеме да забележиме дека, за разлика од минато определено несвршено време,
глаголите од и-група го задржуваат својот основен вокал и.

Други значења на минато определено свршено време

Освен основното значење на засведочени завршени дејства, со ова време можеме да


искажеме и:

 идност: Побрзај, те фати ноќ. (Побрзај оти ќе те фати ноќ.)


 условно значење: Те видов ли со него, тешко тебе. (Ако те видам со него, тешко
тебе.)

You might also like