You are on page 1of 1

Одговор на прашањата од расказот „Приказна за галебот Арчибалд“

1. Што ти се допадна најмногу во оваа приказна?


Во оваа приказна најмногу ми се допадна што сите го засакале галебот Арчибалд, му
давале храна и му барале другарка.
2. Што е вистинито во неа?
Вистинити во приказната се местата кои се прикажани (Преспа, Отешево, Стење, островот
Голем Град, Брајчинска Река, Коњско).
3. Во што не веруваш?
Не верувам во тоа дека галебот бил тажен, дека биле тажни и рибарите и другите птици
кога му барале другарка, не верувам дека се запознавал со луѓето и дека кај него се раѓале
некакви желби.
4. Си летувал ли некогаш на Преспанско Езеро или на друго наше езеро?
Не сум летувал, ама сум ги посетил сите 3 природни езера во Македонија по неколку пати
и се имам капено во сите.
5. Опиши ги галебите како вешто ловат риби летајќи над водата?
Галебот лови така што лета прво над водата и бара риби за да улови, и кога ќе види плен,
се вивнува високо и потоа се спушта со поголема брзина кон водата, нурнува и ја зграпчува
рибата со клунот и летнува кон копното за да ја изеди.
6. Писателот кажува дека галебот Арчибалд залутал од некое море. За кои мориња ти си
слушнал или си ги видел?
Јас сум слушнал за Јадранско Море, Јонско Море, Егејско Море, Средоземно Море, Црно
Море и сите сум ги видел во живо и сум се капел во нив.

You might also like