You are on page 1of 1

Прераскажување на басната „Јазовецот и зајакот“

Еден ден, јазовецот и зајакот си шетале низ шумата и здогледале парче месо. Почнале да се
расправаат кој го виде прв и на крајот се договориле да одат кај лисицата за таа да пресуди чие е
месото.

Кога отишле кај лисицата, таа им рекла дека треба да се подели месото на 2 дела, едниот дел за
јазовецот, а другиот за зајакот. Лисицата го поделила парчето месо ама на зајакот делот бил
поголем. Таа им рекла дека ќе го израмни делот и ќе го гризне.

Кога сфатиле зајакот и јазовецот дека лисицата сака да ги измами и да им го изеди месото,
решиле да ги изедат парчињата така како што се поделени и во иднина да не чекаат друг да им ги
решава проблемите за да не бидат измамени.

You might also like