You are on page 1of 14

Предмет:

Oдделение: II
Наставник: Катерина Митевска
Техничка поддршка:
Директор: Марина Манојловска
Основно училиште: ООУ „Браќа Миладиновци“ Куманово

Датум: 21.03.2020 г.
Грдото пајче
Ханс Кристијан Андерсен
Ќе откриеш:
• Што е бајка
• Кои ликови во бајката се позитивни (добри), а кои
негативни(лоши)
• Која е пораката
• Секоја прочитана книга ја буди твојата фантазија и го проширува
твоето знаење.
Што е бајка?
Бајка е приказна во која се зборува за измислени работи, лица,
предмети и случки со среќен крај.
Грдото пајче
Во едно село, во еден
селски двор, во своето
гнездо трпеливо на своите
јајца лежела една пајка. Секој
момент очекувала нејзините
малечи да се изведат... Но во
гнездото на пајката останало
уште едно јајце неизведено,
поголемо и чудно. И покрај
опомените на другарки ѝ
дека тоа јајце е подметнато,
сепак таа била трпелива и
чекала и тоа да се изведе.
Најпосле пукна и големото јајце. Од јајцето излегло едно големо, сиво
и грдо пајче. Гордата мајка сакала да ги покаже своите пајчиња во дворот.
Кутрото пајче никој не го сакаше бидејќи беше грдо. Сите го потчукнувале,
го тепале и лошо се однесувале со него. Мајка му прво го бранела, но сѐ
повеќе почнувало да ѝ се чини дека другите жители на селскиот двор
можеби имаат право. 
Големото пајче веќе и на неа ѝ изгледало неподносливо грдо. Ништо
не му преостанувало на пајчето освен да си замине и да избега далеку
во мочуриштето. По долго трчање, исплашено од куршумите на
ловците, пајчето дошло до една сиромашна колиба во која живеела
една старица со своите миленици - кокошката која несела јајца и
мачорот грбко.
Новиот жител таму постојано го исмевале и понижувале, го гледале
со потценување. Пајчето не можејќи да ја поднесува нивната
надуеност и подсмев решило да си замине и да избега. Трчало, трчало,
додека не дошло до една голема бара во која живеале диви патки.
Станало тивко и пајчето мирно ја поминало ноќта. Дури утрото се
осмелило да излезе од скривалиштето. Го здогледале дивите патки го
избркале.
Пајчето го напуштило мочуриштето. Тоа долго талкало, додека еден
ден се нашло на брегот на едно големо езеро. Останало да живее
таму. Пливало и се нуркало цело лето. Така ја поминало и есента.
Наскоро дошла зимата, билo многу студенo. Секој имал топол
дом. Само грдoто пајче шетало надвор. Од студениот ветер постојано
се тресело, немало кој да му помогне.
Тоа пливало, без да запира, за да не замрзне водата околу него. Но
на крајот се уморило и се предало. Во близина поминал еден
селанец. Тој го видел премрзнато патче, го раскршил мразот и го
однел во својот дом.
  Таму патчето се стоплило и си дошло на себе, домаќинката го
негувала. Еден ден децата на селанецот побарале да си играат со него.
Тоа се уплашило и почнало да бега низ куќата. При тоа направиле
штета, го истуриле млекото. Домаќинката се налутила, сакала да го
удри пајчето со метлата. Тоа се уплашило и истрчало низ отворената
врата. За среќа најстудените денови поминале и тоа ја дочекало
пролетта на брегот на езерото.
На брегот се појавиле деца кои им фрлале храна на лебедите и
коментирале дека тој е најубавиот лебед меѓу сите лебеди...
Грдото пајче се претворило во прекрасен лебед.
Наскоро дошла пролетта. Лебедите долетале од југ и се спуштиле во
езерото. Грдото пајче се прашувало каде да се скрие од срам при
доаѓањето на овие прекрасни птици, па и тоа се нурнало во водата.
Одеднаш со изненадување го забележал својот лик во водата.
Кога се огледал во водата на неговата среќа немало крај. Лебедите
запливале околу него милувајќи го со клуновите. Тој засрамен и збунет
не знаел што се случува со него....
Среќно завршува приказната за грдото пајче, со кое судбината
горко се поиграла само заради тоа што јајцето од кое се извело,
по грешка се нашло во гнездото на пајката, а не таму кај што
требало да биде, во гнездото на неговата мајка - лебедица.
Новиот лебед бил многу среќен, но не и горделив, бидејќи
доброто срце никогаш не може да биде горделиво!
• Нацртај го грдото пајче како ти го замислуваш!
• Напиши ја пораката!

You might also like