You are on page 1of 11

Сказна за

лебедот
од Десанка Максимови
ТАЊА МЕТИКОШ
На врвот на
планината живеела Снежана,
кралица на зимата. На
нозете имала чевли од
сребро, нагрната со бела
наметка, попрскана со
снежни ѕвездички, на
главата носела круна од
мраз која се прелевала во
безброј бои на сончевите
зраци.
На Кралицата на
зимата не ѝ било студено ни
на врвот на планината.
Спиела во снежно гнездо, се
тркалала по снежните
намети, по езерото се возела
качена на некоја црна птица
со тажно наведната глава.
ТАЊА МЕТИКОШ
Бидејки Снежана била многу мала, можела сосема удобно да седне на неа.
На езерото доаѓале и други птици, диви патки и гуски, но тие биле многу мали за
да можат на малечката кралица на зимата да ѝ служат наместо кајче.
Снежана често се прашувала, зошто е тажна црната птица, зошто секогаш
главата ѝ е наведната, па запрашала:
- Мое црно кајче, зошто си секогаш тажно?
ТАЊА МЕТИКОШ
- Како знаеш, моја кралице, дека сум тажно? Ти пеам пливајќи по езерото.
Кога ќе те здогледам на брегот, ти мавтам со крилјата – одговорил лебедот.
-Тажно си, тажно си, мое кајче, секогаш тажно ја наведнуваш главата и
гледаш во водата. Кажи ми, што те мачи, можеби ќе ти помогнам – рекла
Снежана повторно.
Ама птицата не одговорила ништо, само повеќе ја наведнала главата и
запловила побрзо. Снежана тој ден не сакала повеќе да ја мачи со прашања, ама
ТАЊА МЕТИКОШ
во себе цврсто решила да ја дознае тајната на црната птица.
Секогаш скришно ја набљудувала црната птица од своето снежно гнездо,
да види што прави кога е сама. Така после неколку дена забележала дека птицата
уште повеќе ја наведнала главата, како да ја гледа својата слика во водата, и плови
полека, полека, човек би рекол дека не се мрда. Само кога на неколку мига
ТАЊА МЕТИКОШ
Снежана ќе го свртела погледот на друга страна, ќе забележела дека птицата малку
се поместила од местото каде што била.
Снежана брзо се спуштила од своето гнездо до езерото, па повторно ја прашала:
- Кајче мое црно, кажи ми зошто си тажно. Јас сум кралица на целата оваа
белина, кралица сум на зимата и на снегулките. Зарем не веруваш во мојата моќ?
Ајде, повози ме по езерото, па ќе ми ја кажеш својата тајна.
Птицата тивко допловила по мирната површина на водата без да направи
ТАЊА МЕТИКОШ
ни едно бранче, го пружила своето крило, и кога Снежана седнала на него,
отпловила полека кон средината на езерото.
Околу нив сé било бело: се белееле гранките и стеблата на дрвјата, се
белееле облаците на небото, белееле и вервериците што одвреме-навреме
скокале од гранка на гранка, блескала од белина и Снежана, кралицата на зимата.
ТАЊА МЕТИКОШ -Мала кралице, премногу сум возбудена и не можам да ти кажам што ме
мачи- најпосле прозборела птицата – ама вечерва дојди повторно на брегот па ќе
слушнеш.
Цел ден Снежана била немирна и едвај чекала да падне ноќ. Кога се
стемнило, отишла на брегот на езерото, каде што црната птица веќе чекала.
Скриена во ноќта, тивко ѝ се исповедала на кралицата на зимата:
- Сé околу мене е бело: и дрвјата, и небото, и ѕверовите, и ти, мала
ТАЊА МЕТИКОШ
кралице, само јас сум поцрна од ноќта. Затоа ме мачи тага.
Кога го слушна тоа Снежана радосно рече:
- Штом ти е тоа единствена мака, кајче мое, немој да се грижиш! Ќе
направам и ти да бидеш бело, заплови вечерва на средината на езерото и чекај.
Потоа кралицата отишла до ледената кула, меѓу карпите, каде живеела
Сребрената Ѕвезда, мајката на сите снегулки. Можела да ѝ заповеда, ама
ТАЊА МЕТИКОШ
Сребрената Ѕвезда била многу, многу стара, па Снежана поради тоа милно ја
замолила:
- Добра, Снежна Ѕвездо, ти што на мојата мајка ѝ ја ткаеше облеката,
испрати ѝ вечерва на птицата која стои среде езеро, јато снегулки, и со нив покриј
ги нејзините црни пердуви. Направи утре да се разбуди целата бела, како снегот
на мојот престол.
Така молела Снежана, а црната птица возбудено чекала насред езеро.
Кога околу полноќ, сонот ја совладал птицата, таа ја положила главата на своето
ТАЊА МЕТИКОШ
крило и останала неподвижна. Истиот час паднале јато снегулки и целата ја
покриле, па за час станала бела како снегот на престолот на кралицата на зимата.
Следното утро Снежана видела како по водата плови бел лебед, прв на
светот, потоа други се раѓале и умирале, но тој првиот, уште и сега живее и по
истото тоа езеро ја вози Снежана, кралицата на зимата.

ТАЊА МЕТИКОШ

You might also like