You are on page 1of 44

TAM LINТАМ ЛИН

(Шkoкотска tskabajkaбајка)

Убавата Џенет беше ќерка на еден гроф кој живееше во Лоуленд 1, во сив дворец покрај
зелени ливади. Еден ден, кога ѝи здодеасади да шие во својата одаја и ѝ здодеасади да игра
долги партии шах со госпоѓите во куќата на својот татко, таа облече зелен фустан, ја сплете
русата коса и тргна сама во разлистаните шуми на Картерхаф.

Скиташе по сонцето, по мирните тревни полјани полни со зелени сенки, каде диви
ружи растеа во неред, а сините ѕвончиња со бели стебленца ткаеја килим под нејзните нозе.
Таа ја испружи раката и набра една бледа бела ружа за да ја надене на својот појас, и само што
го оттргна цветот од трнот, а на патеката пред неа се појави еден младич.

„Како се осмелуваш да береш ружи од Картерхаф и да се шеташ тука без моја


еодобрениедозвола?“,– ја праша тој Џенет.

„Не мислев ништо лошо“, одговори таа.

„Моја должност е да ги чувам овие шуми и да внимавам никој да не го нарушува мирот


во нив“, рече младичот.

А потоа милно се насмеа, како некој кој долго не се насмеал, и набра една црвена ружа
што растеше покрај нејзината бела.

„Па сепак, на драго срце, сите ружи од Картерхаф би ги дал на некоја толку прекрасна
како што си ти“, рече.

„Кој си ти што толку мило говориш?“, – праша Џенет примајќи ја ружата.

„Моето име е Там Лин“, одговори младичот.

„Сум чула за тебе! Ти си самовилински витез“, извикна Џенет и престрашена го фрли


цветот.

„Не треба да се плашиш, убава Џенет“, рече Там Лин, бидејќи иако луѓето ме
нарекуваат самовилински витез, јас сум роден како смртник, исто како што си ти.“.

И додека Џенет зачудено го слушаше, ѝ ја раскажа приказната за себе.

„Татко ми и мајка ми умреа уште кога бев дете“, рече, „и кај себе ме зеде дедо ми,
грофот од Роксбург. Еден ден, додека ловевме во истиве овие шуми, дувна од север ладен,
чуден ветер и го разнесе сето лисје. Почувствував како ме совладува тежок сон и,
заостанувајќи многу од својата придружба, најпосле паднав од коњот. А кога се разбудив, се
најдов во самовилинската земја, бидејќи беше дошла самовилинската кралица и ме украла
додека сум спиел.“.

Овде Там Лин застана мислејќи на таа зелена, маѓепсана земја.

„Оттогаш“, продолжи тој „цврсто сум заробен во магѓии кои врз мене ги фрли
самовилинската кралица. Дење ги чувам шумите Картерхаф, а ноќе се враќам во
самовилинската земја. Ах, Џенет колку копнеам повторно да се вратам во животот кој го
оставив; од сѐ срце сакам да ги отфрлам од себе волшепставата.“.
1
Лоуленд - – јужниот дел од Шкотска.
Говореше со толку многу тага, што Џенет извика:

„А зарем нема никаков начин да се постигне тоа?“

Тогаш Там Лин ја зеде за рака и ѝ рече:

„Вечерва се Сите Свети, Џенет, и оваа ноќ, како ниедна друга, постои можност да се
вратам на смртниот живот, .бБидејќи на Сите Свети ,самовилите јаваат надвор од својата
земја, а и јас јавам со нив.“.

„Кажи ми што би можела да направам за да ти помогнам“, рече Џенет, „бидејќи од сѐ


срце сакам да се вратиш.“.

„На полноќ“, ѝ рече Там Лин, „мора да дојдеш на крстосницата и да почекаш


самовилите тука да дојаваат. Кога првата група ќе се приближи, не мрдај и пушти ги; кога и
втората група ќе се приближи, и нив пропушти ги. Јас ќе бидам во третата група, на коњ бел
како снег, и ќе имам златна дијадема на челото.

Тогаш притрчај ми Џенет, симни ме од коњот и прегрни ме. И какви и да фрлат волшепства
врз мене, цврсто држи ме и не ме пуштај од прегратката. Така, повторно ќе ме вратиш на
земјата.“.

Таа ноќ, малку после дванаесет, Џенет отрча до крстосницата и чекаше во сенката на
трновитата жива ограда. Бунарите блештеа на месечината, трњата фрлаа сенки со чуден облик
врз земјата, а дрвјата над неа шумеа со своите гранки. Едвај осетно чујно, до неа ветрот го
донесе до неа звукот на узди кои ѕвечкаа, па таа разбра дека идат доаѓат самовилинските
коњи.

Затреперувајќи малку, таа подобро се завитка во наметката и внимателно го погледна


патот. Најпрво го забележа светкањето на сребрената опрема, потоа белиот белег на коњот кој
прв одеше; наскоро се покажа и целата самовилинска дружина. Нивните бели тесни лица беа
свртени кон месечината, и додека јаваа, нивните чудни самовилински прамени се виореја
одзади на ветрот.

Кога се наближи првата група, со самата кралица на црн, црн пастув, Џенет не се
помрдна и ја пропушти, не се помрдна ни кога помина втората група.кога помина. Но во
третата група, здогледа ат бел како снег на кој јаваше Там Лин, и го здогледа светкањето на
златната дијадема на неговото чело. ;Иистрчувајќи од сенката од трновата жива ограда, таа ја
зграби уздата, го свлечка Там Лин на земајата и го прегрна.

Одеднаш се развлече необичен крик:

„Го нема Там Лин!“ И црниот коњ на кралицата закочи застана кога таа нагло му ги
затегна уздите. Таа се свртеи и со своите убави диви очи ги погледна Џенет и Там Лин. И кога
Џенет го прегрна Там Лин, волшепствата од самовилинската кралица паднаа од него, па тој се
смали и се собра во прегратката на Џенет и се претвори во мал гаден гуштер кого таа го приви
крај срцето.

Потоа почувствува како нешто ѝ се лизга низ прстите и гуштерот се претвори во ладна,
лигава змија, која таа силно ја стегна кога ѝ се обвитка околу вратот.

Наеднаш почувствува силна болка, ѝ потекоа солзи низ образите, но таа сѐ уште цврсто
го држеше Там Лин и не го испушташе.
Најпосле самовилинската кралица спозна дека го изгуби Там Лин поради преданата
љубов на една смртна жена, и во Џенетовите раце го предаде во неговиот вистински облик; го
претвори во човек како од мајка роден. Џенет тогаш победоносно го прекри со својата зелена
наметка. А кога во самовилинската дружина повторно ги затегнаа уздите и една тенка зелена
рака дојде да го поведе како снег белиот ат кого го јаваше Там Лин, заурла гласот на
кралицата полн со жална горчина.

„Најубавиот витез на целата моја свита му припадна на светот на смртниците. Збогум


Там Лин! Да знаев само дека една смртна жена ќе те врати во светот со својата љубов, би ти
го извадила живото срце и на негово место би ставила срце од камен. И да знаев дека убавата
Џенет доаѓа во Картерхаф, би ти ги извадила твоите две смеѓи кафеави очи и на нивно место
би ставила очи од дрво.“.

Додека таа го говореше тоа, бледа трага од зората се спушти на земјата и


самовилинските јавачи со чудесен крик ги збоднаа коњите и исчезнаа заедно со ноќта. И кога
звукот од ѕвончињата на нивните узди замре во далечината, Там Лин ја зеде Џенет за едната
нејзината извалкана рака, па заедно се вратија во сивиот дворец во кој живееше нејзиниот
татко.

ХРАБРО ДЕВОЈЧИНСКО СРЦЕ

(Тибетска бајка)

Во дамнешни времиња, живееше во покраината Лока живееше едно селско семејство:


татко, мајка и ќерка која се викаше Пакма. Пакма по целиот крај се прочу со својата бистрина,
работливост и убавина. Но луѓето најмногу од сѐ го сакаа нејзиниот ѕвонлив и распеан глас.
Дури и божицата на пеењето не можеше да пее поубаво од селската девојка.

Пакма често одеше во шумата да собира суварки за оган. Собираше и пееше песни
толку ѕвонливо и пријатно што дури и крволочниот леопард забораваше на ловот и уживаше
во нејзиното пеење.

Еднаш, еден младич, кој се викаше Докцен, тргнал во шумата на лов. И среде густата
шума допре до него песната на девојката Пакма.

На Докцен за момент му блесна помислата: „Ооваа божествена пејачка мора на секој


начин да ја видам и да дознаам која е таа“. И брзо појде во правецот од каде доаѓаа звуците на
песната.

Наскоро, меѓу дрвјата, тој ја здогледа девојката која пееше, и речиси занеме од восхит.
Со својот изглед таа потсетуваше на небеска принцеза, а пееше како птицата руменка,
помисли младичот и во ист момент ја прифати песната и почна да ја следи девојката. Пакма го
слушна Докцен, а потоа и го виде, но не престана да пее.

Така, според обичајот на тибетските девојки, му даде до знаење дека ѝ се допаѓа.

Од тоа време Докцен стана гостин во домот на нејзиниот татко. Тој беше племенит
благороден и едноставен младич, па набрзо родителите на Пакма многу го засакаа. Секогаш
срдечно го пречекуваа и го служеа со сѐ што имаа. Девојката и младичот беа како создадени
еден за друг.
Но не траеја долго радосните средби меѓу Пакма и Докцен. Таткото на младичот беше
богат човек и тој еден ден реши да го ожени синот со ќерката на царскиот советник. Докцен
долго на ова се противеставуваше, но татковата одлука беше цврста, па наскоро беше
направена свадба.

Младоженецот не беше воодушевен со својата млада жена. Таа не умееше ни да пее ни


да игра и по цел ден се дотеруваше, сакаше да јаде мрсно месо и да пие слатко вино.

Докцен деноноќно мислеше на милата и едноставна селска девојка. И иако не носеше


свилени фустани, беше витка и права како стрела и со својот изглед потсетуваше на небеска
самовила. Не се белеше и не се руменеше, но лицето ѝ сјаеше со убавина. Во ушите на Докцен
и понатаму одекнуваше ѕвонливата песна на Пакма, милувајќи му го слухот како црцорење од
птицата руменка, а незаборавната насмевка на Пакма му го радуваше срцето.

Младичот многу сакаше повторно да ги посети Пакма и нејзиното семејство. Но по


свадбата, таткото му забрани на синот да ја напушта куќата, па Докцен никако не можеше да
се сретне со својата миленичка. Поради тоа, несаканата жена му стануваше уште
поомразенаната. Покрај тоа, и карактерот не ѝ беше добар: беше тврдоглава, зајадлива и
самоволна.

Поминуваа деновите, поминуваа месеците. Докцен беше уништен од силно жалење и


тага. Пред женидбата пукаше од здравје, а сега стана блед и испиен. Докцен сѐ повеќе
слабееше, просто се топеше, и еден тажен ден се прости од животот.

Пакма не знаеше за смртта на саканиот. Со копнеж го чекаше својот Докцен, но тој не


доаѓаше. Го чекаше во мај, кога почнуваа да пеат птиците певици. Но Докцен не доаѓаше. Го
чекаше за време на сончевите денови и во ноќите со месечина. Но, од Докцен ни трага, ни
глас.

Една ноќ, додека на небото светеше полна месечина, Пакма стоеше на прозорецот и
чекаше нејзиниот драг да дојде. „Ноќеска тој мора сигурно да дојде“, повторуваше во себе. И
навистина, на месечината здогледа човек кој се приближуваше кон нејзината куќа, и затропа
на вратата.

„Докцен дојде! Дојде...“, – радосно повика девојката и потрча да ја отвори вратата.

И навистина, на прагот стоеше Докцен. Тој не беше на коњ, ниту имаше оружје.
Имаше едноставна тибетска облека без никакви украси, а лицето му беше бледо и тажно.
Пакма од радост не можеше да изговори ни збор. Го зеде саканиот за рака, го внесе во куќата
и го послужи со чаша вино.

„Мил мој, зошто толку долго не доаѓаше?“,– го праша девојката Докцен.

Но тој ништо не одговори.

„Порано Докцен секогаш беше весел и разговорлив, се смееше и се шегуваше. А сега


беше блед и тажен. Што би требало тоа да значи?“,- помисли Пакма. Вознемирена од тие
мисли, таа го праша:

„Мил мој, што се случува со тебе?“

„Дојди со мене па ќе дознаеш сѐ“, одговори тој.


Докцен излезе од куќата, а Пакма право веднаш по него. Младичот ја однесе во куќата
на својот татко. Изненадена, Пакма слушна како во дворот ечи музика, тропаат тапани.

„Зошто одекнуваат тапани?“,– праша Пакма.

„Се чини ти сѐ уште не разбираш? Тоа се, погребни жртви кои се принесуваат при
закоп“, одговори Докцен.

„На чиј закоп се принесуваат жртви? Веројатно татко ти умрел?“,– повторно не разбра
Пакма.

„Не, туку се принесуваат жртви на мојот закоп“, тажно ѝ одговори Докцен и ѝ раскажа
сѐ што се случи.

Горко залипа сиротата девојка, а заедно со неа почна да плаче и Докцен. Долго плачеа
заедно, а пред самата зора Докцен ја зеде Пакма за рака и ја врати дома. Девојката го повика
да влезе, но тој ѝ одговори:

„Веќе се приближува зората и јас мора да одам. Ќе се видиме повторно за еден месец,
кога повторно ќе засвети полната месечина.“.

Во тој момент дувна ветренце и младичот исчезна, како и да не постоел. Пакма од тага
и болка се онесвести. Кога дојде при себе, почна да го довикува:

„Докцен! Докцен, врати се...“

Но никој не ѝ одговори.

Од тоа време, секогаш на полна месечина, Пакма ја посетуваше нејзиниот сакан


Докцен. Таа го гоштеваше... Разговараа, понекогаш и се шегуваа, но штом ќе засветкаше
зората, Докцен веднаш исчезнуваше.

Еднаш, за време на полна месечина, Докцен како и обично, дојде кај Пакма. Кога му
истече времето и дојде моментот за разделба, девојката рече со солзи во очите:

„Јас секогаш се радувам многу на нашите средби, но би сакала секогаш да бидам со


тебе, а не само во ноќите кога е полна месечината.“.

Се замисли Докцен и изусти:

„Ако имаш храбро срце, ти можеш да ми помогнеш. Само, тоа е многу опасно.“.

„Кажи ми што треба да направам за тебе“, одговори праша Пакма, „за мојата храброст
не грижиу се.“.

„Е, ако е така“, продолжи Докцен, „тогаш слушај. Кога идниот пат ќе изгрее полна
месечина, ти земи шолја млеко, две лепчињињаи, чаша вино и три парчиња варено месо, па
излези од куќата. Веднаш тргни на југ, оди право и никаде не скршнувај. На патот ќе сретнеш
железен човек. Тој ќе пие стопено железо и непрекинато ќе повторува: ’Жеден сум! Умирам
од жед!‘ Ти дај му ја шолјата со млеко. Потоа ќе сретнеш два големи јарци со железни рогови.
Подај им по едноа лепчеиња и продолжи. Патот ќе ти го попречат тројцаи војницика со
подигнати мечеви. Немој да се плашиш, почести ги со вареното месо и продолжи покрај нив.
Потоа ќе стигнеш до црна куќа. Таа нема прозори, а пред неа ќе стојат две страшни
чудовишта, обраснати со бујни долги влакна, накострешени, со искривени долги очници. Тоа
се слуги на Ббогот на смртта – Јама. Послужи ги со чаша слатко вино и решително влези во
куќата. Таму живеат осуммина злобни волешбницика, но за време на полна месечина не се во
куќата. Во првата одаја, на црна маса ,лежи златна чинија. Во чинијата има осум срца:; седум
стари и едно ново – моето. Старите срца ќе викаат: ’Земи ме мене! Земи ме мене, прекрасна
девојко!‘ А новото срце ќе рече: ’Не земај ме мене! Не ме земај ме, убавице!‘ Ти не ги слушај.
Без страв земи го моето срце и, не свртувајќи се, потрчај назад. И ако успееш да ми го
донесеш тоа срце, јас ќе оживеам и секогаш ќе бидеме заедно.“.

Во тТој момент дувна силен ветер и Докцен стана невидлив.

Настапи повторно ноќ со полна месечина. Пакма зеде сѐ што ѝ требаше, излезе од
куќата и, не плашејќи се, тргна на југ. Добро ги запаметиомна Докценовите зборови и направи
сѐ како што ѝ рече тој.

Но штом Пакма го зеде новото срце, го стави во пазувите и излезе од црната куќа,
однекаде, одненадеж се појавија осумминатате волшебници и поквикаа:

„Слуги косесмати! Не дозволувајте да се украде срцето! Држете го крадецот!“

Но, како што се вели, дури и кај слугите на Ббогот на смртта може да се разбуди
совеста ако им се укаже почит. Тие им одговорија на волшебниците:

„Таа девојка нѐ послужи со слатко вино“, и ја пропушти ја.

Бегаше Пакма, а срцето ѝ смрзна од страв. Стигна до војниците со кренати мечеви.


Волшебниците повторно викаат:

„Прободете ја таа девојка! Украде срце од куќата на смртта!“

Но војниците одговорија:

„Таа девојка нѐ почести со варено месо“, и ја пропушти ја.

Бегаше Пакма, не свртувајќи се, а на патот ѝ се испречија двата јарци со железни


рогови.

„Јарци со железни рогови“,; им викаат злите волшебници, „таа девојка украде наше
срце, забодете ја со роговите!“

„Таа ни даде свежи лепчињаињи“, одговорија јарците и не ја допреа Пакма.

Видоа волшебниците дека девојката ќе им избега, па сами потрчаа по неа.

Пристигна Пакма до железниот човек, а волшебниците зад петиците, трчаат и викаат


на цел глас:

„Железен човеку, убиј ја таа девојка!“

„Таа девојка ми донесе шолја млеко, па како би можел тогаш да ја убијам? А вие ми
дававте стопено железо да пијам, вас би требало да ве убијам.“.

Велејќи го тоа, тој го подигна големиот железен топуз и овојпат исчезнаа злите
волшебници, грабнувачите на човечки срца.
Пакма се врати дома во зората и го донесе со себе Докценовото срце. И тогаш се
создаде пред неа младичот, жив и здрав. Тој остана да живее заедно со Пакма во куќата на
нејзините родители и тие повеќе никогаш не се разделија.

ТРСКИЧКА И КОВАЧОТ

(Јапонска бајка)

Живееше еднаш еден старец по име Такетори. Од трски и бамбуси правеше прекрасни
рогозини и корпи и ги продаваше на пазар.

Еднаш, Такетори донесе, како и обично, врзоп бамбуси, седна во аголот и се


фати за работа. Одненадеж слушна како некој рече со тенко, претенко гласче:

„Добар ден!“

„Добар ден!“, – оодговори Такетори и почна да загледува околу себе. Но колку и да


гледаше околу себе, во колибата никого не гледаше.

Мора да ми се присторило, помисли Такетори и повторно се фати за работа. Зеде


бамбусова трскичка и само што сакаше да ја свитка, кога повторно го чу крај себе она исто
гласче:

„Добар ден!“

Такетори овој пат се загледа во трскичката и здогледа една малечко девојче, не


поголемо од трошка. Такетори го стави девојчето на дланка и, восхитен од нејзината необична
убавина, долго не можеше да ги одвои очите од неа.

„Од каде се појави? Зошто си толку ситна?“, –ззапраша најпосле старецот.

А девојката одговори:

„Затоа што се родив на Месечината, а на Месечината сите девојчиња се толку мали. Но


ние многу бргу растеме. Наскоро ќе бидам сосем голема.“.

„А како стигна до овде?“, –пповторно ја праша Такетори.

„Додека се шетав по Месечевата патека, се лизнав и паднав на Земјата. Добро е што


паднав во бамбусова трскичка, инаку сигурно би се скршила.“.

„Што да правам со толку нежно девојче?“, –ппомисли на глас Такетори.

„Земи ме за ќерка“, рече девојчето. „Јас ќе ти помагам во плетењето на рогозини, ќе ти


го одржувам огнот во огништето, ќе ти ја крпам облеката, ќе го негувам цвеќето во
градината...“

„Добро, остани!“, –ррече Такетори. „Ќе ми бидеш ќерка. Ќе те викам Трскичка.“.

И така Трскичка остана да живее во колиба на Такетори.

Како што рече девојчето, така и беше. Растеше од миг во миг, му помагаше на татко си
да плети рогозини, собираше суварки за огништето, ја крпеше старата облека.
По само неколку месеци, Трскичка израсна во вистинска убавица.

Недалеку од Такеториевата колиба живееше ковач. Беше весел и силен младич. А


покрај сѐ, повешт ковач во целиот крај немаше. Тој можеше да искова секаков предмет од
злато, сребро и железо и да го украси со драгоцени скапоцени камења. По цел ден работеше
во својата ковачница гласно пеејќи.

Еднаш ковачот ја виде Трскичка и ја засака.

И Трскичка, исто така, го засака веселиот ковач.

Ковачот еднаш рече:

„Трскичке, омажи се за мене.“.

Трскичка одговори:

„Дојди утре кај мојот татко и запроси побарај ме за жена. Ќе биде така како што ќе
одлучи мојот татко.“.

Додека Трскичка разговараше со ковачот, во колибата на Такетори дојаваа


управниците на трите покраини. Прв во колибата влезе управникот Ишизукури и му рече на
старецот:

„Сакам да се оженам со твојата ќерка. Ако не ми ја дадеш за жена, ќе наредам да те


фрлат во морето и ќе бидеш храна за ајкулите. Утре ќе дојдам по одговорот.“.

Го рече тоа и излезе од колибата.

По него влезе управникот Карамочи и рече:


„Ако не ми ја дадеш за жена твојата ќерка, ќе наредам да те фрлат на тигрите. Утре ќе
дојдам по одговор.“.

Велејќи го тоа, излезе од колибата.

По него, влезе кај Такетори влезе управникот Мијуши и рече:

„Дај ми ја за жена твојата ќерка. Ако не ми ја дадеш, ќе наредам да ти ја отсечат


главата. Утре доаѓам по одговорот.“.

Кога Трскичка стигна дома, старецот ѝ раскажа сѐ.

„Што да правам?“, – ппраша Такетори.

Трскичка му одговори:

„Не грижи се. Утре јас ќе ги пречекам управниците и сама ќе поразговарам со нив.“.

Се раздени. Воколибата на Такетори прв дојде Ишизукури. На вратата го сретна


пречека Трскичка и му рече:

„Слушнав дека сакаш да се ожениш со мене. Дали е тоа точно?“

„Да, точно е. Затоа и дојдов.“.


Трскичка на тоа му рече:

„Сакам да знам дали е силна твојата љубов и дали си храбар. За свадбен подарок сакам
од Индија да ми донесеш железна чинија полна со дијаманти. Таа чинија ја чува осумглав
змеј. Запамети: чинијата е искована од железо кое е потенко од проѕирното крило на
самовилинско коњче. Донеси ми ја таа чинија и јас ќе поверувам дека ме сакаш. Ти давам рок
од сто дена.“.

„За тебе ќе го убијам осумглавиот змеј и ќе ја донесам чинијата од Индија“, рече


Ишизукури и излезе од колибата.

По пат ги сретна управникот Карамочи и управникот Мијуши.

„Трскичка се согласи да се омажи за мене“, подвикна задоволно Ишизукури. „За сто


дена ќе ве повикам на свадба.“.

Слушајќи го тоа, Карамочи и Мијуши се вратија назад, а Ишизукури, бидејќи се


оддалечи малку од Такеториевата колиба, помисли: „Ннема да се борам со змејот. Имам јас
доволно дијамнти да наполнам железна чинија. А чинијата ќе ми ја направи кој било ковач“.

Помислувајќи го тоа, Ишизукури му даде на слугата пари и му рече:

„Оди кај ковачот и речи му да ми искова железна чинија. Само железото нека биде
потеанко од проѕирното крило на самовилинско коњче.“.

Ковачот направи чинија со невидена убавина; слугата ја зеде чинијата, парите не му ги


даде на ковачот, туку си ги задржа за себе.

Истиот ден, Ишизукури облече празнична облека, ја наполни проѕирната железна


чинија со дијаманти и појде кај невестата. Штом пристигна, управникот Ишизукури го стави
свадбениот подарок крај нозете на Трскичка и почна да се фали:

„Четириесет дена пловев до Индија и дури четириесет и првиот ден мојата мојата лаѓа
лаѓа пристигна на брегот. На брегот го забележав ужасниот змеј кој имаше четири врата, а на
секој врат по две глави. Го извлеков мечот и почнав да се борам со него. Борбата траеше
многу долго, стопати за влакно избегав од смртта. Но не отстапив, не се исплашив од змејот и
на крајот сепак го победив. Потоа ја зедов железната чинија со дијаманти и, еве, сега ти ја
давам. Сакам уште денес да направиме свадба.“.

Трскичка ја сослуша Ишизукуриевата приказна, помисли на ковачот и заплака.

Такетори тогаш рече:

„Племенит управнику, бидејќи ја докажа својата љубов и храброст, веднаш одам да ги


повикам гостите на свадба.“.

Но, не успеа ни да зачекори, а во колибата влета ковачот. Тој се поклони пред


Ишизукури и рече:

„Праведен господару, твојот слуга е измамник. Ми вети дека добро ќе ми плати ако за
тебе направам теанка железна чинија која сега се наоѓа пред Трскичка, а не ми даде ни
скршена пара за тоа. Според тоа, чинијата не е твоја, туку моја.“.
Велејќи го тоа, ковачот ги истури на земја дијамантите, а чинијата ја подаде кон
девојката и рече:

„Ти ја подарувам.“.

Потоа се врати во својата ковачница.

Трскичка ја стегна чинијата на градите и му рече на управникот Ишизукури:

„Никогаш нема да се омажам за измамник. Заминувај!“

Посрамотениот Ишизукури, криејќи го лицето со лепеза, брзо излезе од Такеториевата


колиба.

Штотуку излезе, а во колибата влезе Карамочи.

„Дојдов на Ишизукуриевата свадба“, рече тој.

„Ишизукури е измамник!“, –викна Трскичка. „Никогаш нема да се омажам за него.“.

Карамочи се израдува:

„Омажи се за мене! Јас сум храбар и секогаш ја говорам зборувам вистината, а ако не
се согласиш, ќе го фрлам твојот татко на тигрите.“.

Трскичка одговори:

„Сакам да знам дали е силна твојата љубов и дали си храбар. Во океанот се наоѓа
пловечката планина Хораи. И на таа пловечка планина расте чудесна вишна. Коренот ѝ е
сребрен, стеблото златно, а плодовите бисерни. Тежок е патот до таа планина. Ако ме сакаш,
донеси ми за свадбен подарок гранка со бисерни вишни.“.

Велејќи го тоа, Карамочи замина. По пат наиде на ковачницата, а во неа го виде


ковачот како работи.

Карамочи го праша ковачот:

„Што сѐ умееш ти да правиш?“

„Сѐ што ќе наредиш можам да направам!“

„Направи ми тогаш таква вишнова гранка што на неа ќе бидат бисери наместо вишни, а
јас за тоа ќе ти подарам свилено кимоно.“.

Ковачот ја прифати оваа понуда и почна да работи. Со денови не го гаснеше огнот во


огништето, со денови не ја напушташе ковачницата, и во договорениот ден му ја донесе на
управникот Карамочи вишновата гранка со плодови.

Карамочи ја зеде гранката и побрза кај Трскичка. Ја најде во колибата каде со Такетори
плетеше корпи од бамбус.

Карамочи го положи свадбениот подарок крај нозете на Трскичка и почна да лаже:


„Многу тешко дојдов до оваа гранка. Триесет дена со лаѓа пловев по океанот. Ветрот
ги скина едрата од лаѓата едрата, виорот ја скрши крмата, но ни на крај памет не ми беше да
се вратам, туку продолжив со пловидба. Четириесет и првиот ден стигнав до брегот. Но, штом
стапнав на тлото, видов огромно чудовиште. Главата му беше слична на глава од тигар,
шепите слични на мајмунски, од челуста му испаруваше димчад, додека од очите му светеа
пламени искри. Чудовиштето ме забележа и згрми: ’Врати се дома или ќе те растргнам.‘. Но
јас ни најмалку не се исплашив, туку му реков: ’Порадо ’Со поголемо задоволство ќе загинам,
отколку да не ја исполнам желбата на Трскичка.‘. Чудовиштето се фрли врз мене. Сѐ до
вечерта се борев со него, а ноќта му ја отсеков главата и продолжив понатаму за во океанот да
ја барам планината Хораи која плови низ него. Накрај здогледав како ми плови во пресрет
толку висока планина што врвот ѝ ги допираше облаците, се качив на планината Хораи и
почнав да го барам волшебното дрво. Го најдов на самиот врв од планината, каде го чуваа три
тигриа. Ни тогаш не се уплашив. На едниот тигар му ја отсеков главата, на другиот шепата, а
третиот ја свитка опашката и побегна. Тогаш ја скршив вишновата гранка, седнав на лаѓата и
поволни ветрови ме доведоа до нашиот остров. Ја исполнив твојата желба и сакам уште денес
да биде нашата свадба.“.

Такетори на тоа рече:

„Храбриот Карамочи ја докажа својата љубов и храброст. Одам да поканам гости на


свадбата.“.

Тукушто се подготви да тргне, а во колибата влезе ковачот, го зеде в раце подарокот од


Карамочи и рече:

„Господару мој, ти ми вети свилено кимоно ако ти ја направам оваа гранка со бисерни вишни.
Зошто не го исполни својот збор? Оваа гранка не е повеќе твоја, туку моја.“.

Ковачот ја подигна од земја гранката и ѝ ја подаде на Трскичка.

„Ти ја подарувам.“.

Тоа го кажа и се упати кон ковачницата.

Трскичка тогаш му рече на Карамочи:

„Никогаш нема да се омажам за измамник! Заминувај!“

Посрамотениот Карамочи го покри лицето со лепеза и излета надвор.

Само што излезе, а во колибата се појави Мијуши.

„Дојдов на свадба“, ,рече Мијуши. „Но, каде е ценетиот младоженец? Каде е


достојниот управник Карамочи?“

„Карамочи е плашливец и измамник!“, – викна Трскичка. „Никогаш нема да се омажам


за него.“.

Мијуши се израдува.

„Омажи се за мене. Јас сум храбар и секогаш ја говорам зборувам вистината. Ако не се
согласиш, ќе наредам на твојот татко да му ја отсечат главата.“.
Трскичка на тоа одговори:

„Сакам да знам дали твојата љубов е силна и дали си храбар. Донеси ми од Кина златна
птица. Таа птица не е поголема од ноктот на малиот прст, а на секое крило има по десет
илјади пердувија. Само запамети, златната птица ја чува свиреп морски змеј. Ако ме сакаш, за
свадбен подарок донеси ми ја златната птица од Кина.“.

„Ќе ти ја донесам“, ,рече Мијуши и излезе.

Утрото, управникот седна на лаѓата и заплови на пат кон Кина. Морето беше мазно и
мирно. Мијуши пловеше два дена по мирното море, а третиот ден почна да се фали:

„Никогаш од никого не се плашев. Нема да се исплашам ни од морскиот змеј. Ќе го


најдам и ќе му ја откинам главата, а златната птица ќе ја земам.“.

Само што го рече тоа, се дигнаа ветришта и страшни бранови ја насукаа лаѓата на
карпи.

Мијуши се сети дека неговите зборови сигурно ги слушнал морскиот змеј, па


затрепери од страв и извика со сменет глас:

„Прости ми, господару! Од глупост се фалев. Како јас, ништожвноен и беден бедно
створсуштество, можаме да се борам со тебе? Остави ме да живеам и јас целиот свој живот ќе
ја фалам твојата добрина. На Трскичка нема повеќе ни да мислам.“.

Слушајќи го преплашениот управник, змејот се сожали врз на него. На небото се


расчистија облаците, се смирија брановите, а ветровите ја насочија лаѓата да пристигне на
некој брег. Мијуши се симна на земјата за да види каде се наоѓа. Се појави зад ридот
месечината, и управникот виде дека ветрот ја дотерал лаѓата во местото каде живеат Такетори
и Трскичка.

Тогаш Мијуши се сети на златната птичка која ѝ ја вети на невестата. Што ќе рече сега
Трскичка? Како ќе ѝ признае дека се уплашил од злите ветрови и дека се одреконал од
љубовта кон неа? За таков плашливец таа сигурно нема да се омажи. Одеднаш, управникот во
далечината слушна удари на чекан.

Тоа Ова сигурно некаде кова работи ковач, се досети Мијуши. „Сонцето уште не
изгреало, а тој веќе работи...“

И управникот побрза кон ковачницата.

„Направи ми до пладне златна птица“, му нареди тој на ковачот. „Таа птица не треба да
биде поголема од ноктот на малиот прст; и, запамети: на секое од нејзините крилја треба да
има по десет илјади пердувјиа. Ако ми направиш таква птица, ќе добиеш за награда свилен
чадор и нови сандали.“.

Напладне дојде управникот во ковачницата, а златната птица веќе беше готова. Мала
како нокт, а на секое крило по десет илјади пердувија. Стои птицата во дланаката на ковачот
како жива и штотуку не полетела.

Мијуши ја зеде оваа прекрасна птичка и отрча во колибата на Такетори. Во колибата го


затекна старецот со ќерката, ѝ пријде на Трскичка и, ставајќи го подарокот покрај нејзините
нозе, рече:
„Ја исполнив твојата желба и сакам уште денес да ја прославиме свадбата.“.

Такетори тогаш ѝ рече на својата ќерка:

„Племенитиот Благородниот управник го исполни своето ветување, сега на тебе е


редот.“.

„Јас својот збор ќе го исполнам“, рече Трскичка. Само сакам да слушнам како
управникот ја доби оваа прекрасна птичка од морскиот змеј.“.

Управникот ја фрли својата чест под нозете и почна да ја зборува оваа лага:

„Десет дена ветровите ја носеа мојата лаѓа по морето. Единаесеттиот ден на брегот
видов змеј со десет глави. Почна борбата. Му отсеков девет глави на чудовиштето, сакав да
му ја отсечам и десеттата, но тогаш се преплаши плашливиот змеј: ’Земи ја златната птица‘,
рече тој, ’само не ме убивај.‘. Се сожалив и го оставив змејот да живее змејот, а златната
птица ти ја донесов тебе како свадбен подарок.“.

Трскичка ја сослуша приказната, воздивна тажно и во истиот момент виде дека во


колибата влегува ковачот.

„Нечесен управнику!“, – ввикан ковачот. „Јас направив сѐ што ми рече: ти исковав


златна птица мала како нокт и на секое крило ѝ направив по десет илјади перја. Но ти ништо
не ми даде за целата таа работа. Значи, тоа не е твоја птица, туку моја.“.

Велејќи го тоа ковачот ѝ ја подаде златната птица на Трскичка:

„Ти ја подарувам.“.

Трскичка му пријде на ковачот, застана крај него и луто му рече на управникот:

„Никогашнема да се омажам за измамник! Заминувај!“

Посрамениот Мијуши побрза да се сокрие. Смеејќи се радосно, Трскичка му рече на


ковачот:

„Сите прочуени управници испаднаа лажговци и плашливци. Само ти единствено


умееше да го направиш она што го барав од нив. Нека Ттатко ми нека го одреди денот на
свадбата, бидејќи сакам за тебе да се омажам.“.

Само што го изговори тоа, сонцето се смрачи, а на црното небо се појави огромна
црвена месечина.

Трскичка од страв плесна со рацете и солзи ѝ потекоа низ образите.

„Знам зошто во јасно пладне исчезна Ссонцето и се појави Ммесечината на црното


небо! Тоа, на небото се разгневи царот на Месечината затоа што на земјата засакав човек.
Сега ќе ме врати назад на Месечината!“

„Нема да те дадам на Месечевиот цар!“, – иизвика ковачот и замавна со чеканот.


„Твојата колиба ќе ја чувам ден и ноќ.“.

Трскичка на тоа не одговори ништо, само тажно сзаврте со главата и влезе во колибата
заедно со татка си.
Ковачот остана да ја чува колибата. Но силниот Месечев цар ги фрли своите зраци на
ковачевите очите на ковачот – ковачот заспа. На полноќ, Месечевиот цар ги испрати своите
слуги по Трскичка. Слугите на царот на Месечината се спуштија преку облаците во колибата.

Трскичка почна да ги моли:

„Ве молам, вратете се на Месечината без мене. Јас го сакам ковачот и не сакам да се
разделам од него.“.

Итрите слуги на царот на Месечината тогаш рекоа:

„Почитуваниот цар на Месечината ти испрати свадбен подарок. Погледни!“

Слугите потоа отворија сандак во кој лежеше толку убаво кимоно што ни царевата
жена не би се посрамила да го облече.

Трскичка се израдува и го облече кимоното.

Не ни насетуваше дека тој дар е маѓепсан: кој ќе го облече, веднаш го заборава своето
минато. Единствено сончевите зраци можеа да ја поништат волшебаната моќ на Месечевиот
подарок.

Така Трскичка, облекувајќи го кимоното, веднаш го заборави својот татко, стариот


Такетори, и својот младоженец, највештиот ковач на Земјата.

Месечевите слуги ја ставија Трскичка на облак, а облакот заплови по небото.

Истиот миг се разбуди ковачот, влета во колибата и таму го најде Такетори без
Трскичка.

Такетори му раскажа како слугите на Месечевиот цар ја излажале неговата ќерка и


како ја одвеле на облак.

Ковачот погледна кон небото, го зеде чеканот и потрча по облакот. Долго трчаше така,
сѐ додека облакот не запре над врвот на висока планина. Ковачот се качи на планината и
повика:

„Трскичке, јас сум тука, ќе те спасам!“

Но, штотуку го извикна тоа, облакот се подигна и заплови кон Месечината. Надвор од
себе и од преголема тага и жалост, ковачот со таква сила удри по планината, што врвот ѝ се
распука, а од пукнатините на планината се подигна огнен столб и го допре облакот. Облакот
се стопи од огнот и во пламен изгореа слугите на царот на Месечината. Само Трскичка остана
неповредена бидејќи ја штитеше волшебното кимоно.

Трскичка се спушти на врвот од планината, жива и неповредена. Ковачот радосно


повика:

„Да побрзаме да се сокриеме додека царот на Месечината не пратил потера по нас!“

Но, сиротата кутрата Трскичка на себе го носеше маѓепсаното кимоно: го гледаше


ковачот, но не го препознаваше.
„Ајде да бегаме, ајде да бегаме одовде што побргу!“, –ја брзаше ковачот.

Но Трскичка, како и претходно, не можеше да го препознае својот младоженец.

„Кој си ти?“,– налутено го праша таа. „Заминувај, јас не те познавам!“

И таа го оттурна ковачот.

Несреќниот ковач тогаш извика:

„Зошто да живеам кога престана да ме сакаш!“

Велејќи го тоа, се фрли во клисурата.

Во истиот момент се појави сонцето; неговите зраци го осветлија маѓепсаното кимоно,


а волшебната моќ на поклонот подарокот од Месечевиот цар исчезна. Тогаш Трскичка се сети
на сѐ: како ја грабнаа слугите на царот на Месечината, како ковачот ја спаси, како го отфрли и
како тој се фрли во клисурата.

Трскичка тогаш викна:

„Ќе останам засекогоаш со оној кој го сакав!“

Велејќи го тоа, Трскичка се фрли по ковачот во клисурата. Десет илјади години


поминаа од времето кога од земјата исчезнаа Трскичка и ковачот, но луѓето во Јапонија до
денешен ден ги паметат. Многумина се уверени дека Трскичка и ковачот не загинале, туку
дека живеат во подземен дворец криејќи се од гневот на царот на Месечината, а кога го палат
своето огниште, тогаш од пукнатините на врвот од планината се подига столб од огнен
димчад кон Месечината.

Оттогаш, Јапонците ја нарекле таа планина Фуџи-сан, што значи планина на


бесмртноонста.

ЦРВЕНИОТ ИЗВОР

(Кинеска бајка)

Некогаш одамна живееше младичот Ши Дун и беше најспособен и највреден од сите.


Во пролетта тој се ожени со девојка која се викаше Красула, чија убавина тешко е и да се
замисли. Беше прекрасна домаќинка, а мажот ѝ ја сакаше повеќе од сѐ на светот.

Но Шин Дун имаше маќеа, крута и бесчувствителна. Наоѓаше мана на секое јадење,
колку и да се трудеше Красула да го зготви убаво. Оризот, според маќеата, секогаш беше или
премногу врел или премногу ладен или послужен премногу доцна. Без оглед на тоа колку
младата жена се трудеше околу свекрвата, оваа ѝ префрлаше и ја тепаше, а кога се случуваше
тоа, Ши Дун чувствуваше болка како него да го навредуваат или да го тепаат.

А беше беспомошен бидејќи во тоа доба беше обичај свекрвата да ја тепа снаата. Синот
не смееше да се меша.

Од ден на ден Красула стануваше сѐ послаба, а лицето ѝ венеше.


Еден ден, Ши Дун влезе во куќата и ја виде Красула како седи на работ од креветот, а
низ образитеот ѝ се тркалаат солзи. Ши Дун длабоко воздивна.

„Ши Дун“, рече Красула загледувајќи се во него, „премногу патев. Не можам веќе да го
поднесам сево ова, а не можам ни да те оставам сам.“.

Ши Дун почувствува остра болка во срцето.

„Красула“, рече тој малку размислувајќи, „те чека смрт ако останеш со мојата маќеа.
Ајде оваа ноќ некаде да побегнеме.“.

На тие зборови Красула светна. По полноќ, тие извадоа изнесоа два коња од шталата,
полека ја отворија задната врата и одгалопираа на северозапад.

Иако слаби, коњите беа брзи. Којзнае колку села Ши Дун и Красула поминаа. Не знаеја
повеќе ни каде се повеќенаоѓаат, ниту се грижеа за тоа. Ши Дун рече:

„Не трчајте, коњи, по широкиот друм. Следете ја тесната планинска патека.“.

Се чинеше дека коњите го разбраа. Тргнаа зад стрмнината, додека копитата им


одѕвонуваа по каменото тло.

Кога се раздени, беа во некоја пуста планина. Беше пролет. Тревата беше зелена, а
цвеќето расцветано. По небото се лизгаа галеби, а во гранките на дрвјата пееја птици.

Красула воздивна:

„Дури и птиците имаат свои гнезда“, рече таа. „А каде е нашиот дом?“

Ши Дун се насмевна:

„Можеме да ја поминеме ноќта во пештерата или во сенките атана дрвјата.“.

Красула одговори:

„Јас и не сакам ништо друго, туку целиот живот да бидам со тебе.“.

Веќе не беше тажна.

Го поминаа со магла обвиениот канал, па високиот гребен, и стигнаа до некоја


висорамнина. Коњите запреа. Младиот пар се изненади гледајќи извор чија вода беше црвена
како цреша и сјајна како месечината на модро небо. Дури и дивата трева и цвеќето наоколу
блескаа со црвен сјај.

Красула почувствува чуден тежок мирис. Не знаеше дали доаѓа од водата или од
цвеќето.

„Уморни сме“, му рече таа на Ши Дун, „и ние и коњите. Ајде да се одмориме.“.

Ши Дун се согласи, скокна од коњот кој веќе почнуваше да грицка црвена трева крај
изворот. Кога Ши Дун и Красула се приближија до изворот, видоеа дека водата е кристално
бистра. Красула почувствува жед. Со дланката нацрпаи вода од изворот и се напи голтка
црвена вода. Беше послатка од мед. Само што ѝ се лизна ледената течност низ грлото, таа
почувствува топлина низ целото тело. Кога се исправи, Ши Дун забележа дека е посвежа од
праскин цвет. Одеднаш слушнаа шум од коњите, и свртувајќи забележаа дека коњите се
промениле – влакната му им беа посјајни, телата пополни. Не знаејќи ја причината за оваа
изненадна ненадејна промена, беа истовремено и зачудени и исплашени. Брзо јавнувајќи ги,
тие ја напуштија висорамнината.

Коњите сега беа побрзи и галопираа преку стрмните планински патеки како по широк
рамен пат, прескокнувајќи ги широките канали и долини. Јуришаа така, денови и ноќи. Не
можеа да пресметаат колку оддалеченост поминаа. Кога се свртеа, високата планина, сина и
магловита, исчезна од видикот.

Таа вечер Ши Дун и Красула стигнаа до некое селце. Пред нив беа три куќи со
запалени светла. Слегувајќи од коњите, тие затропаа на првата врата. Им отвори една старица,
кратко ги набљудуваше и рече:

„Изгледа дека не сте од овој крај. Зошто затропавте на мојата врата?“

„Мајко“, Красула побрза да објасни, „доаѓаме оддалеку. Се смрачи и тешко дека ќе


најдеме место за преноќевање. Те молам, пушти нѐ тука да преноќиме.“.

„Во ред!“, – рече старицата. „Живеам сама. Ако немате ништо против, јас би спиела во
собата свртена кон исток. Вие двајца ќе бидете во западната соба.“.

Среќни што старицата ја услиша послуша нивната молба, појдоа по неа во куќата.
Старицата зготви ориз и направи супа за нив. Беше пргава и срдечна жена. И Красула и Ши
Дун набрзо гледаа на неа како на мајка. Сѐ ѝ раскажаа – како избегаа од дома, што преживеаја
по патот, и тоа дека го видоа црвениот извор. Уште пред да ги дослуша до крајот на
приказната за црвениот извор, старицата беше во солзи.

„Деца“, рече таа жално, „се плашам дека вие двајцата нема да бидете долго заедно.“.

Ужасно збунети, сакаа да ја прашаат зошто, кога таа рече: „Црвениот извор кој го
видовте, извира од Црвената Ппланина. На врвот од таа планина се наоѓа и џиновско јаворово
дрво од чиј корен извира сок и во пролет настанува водата од ЦЦрвениот извор. Секоја година
кога јаворовото лисје поцрвенува, јаворот се претвора во црвенолик ѓавол со огнени ѕвезди
наместо очи кои продираат и гледаат низ илјадници камени ѕидови. Тој црвен ѓавол се качува
на врвот од планината и ги набљудува девојките кои пијат вода од ЦЦрвениот извор. Потоа ја
одбира најубавата, ја грабнува и таа му станува жена. Подоцна, кога ќе падне снег, и
црвеноликиот ѓавол и жената се претвораат во јаворово дрво.“.

Старицата се сврте кон Красула.

„Се плашам дека нема да му избегаш дете!“,– рече и од очите ѝ капнаа солзи.

Красула се возбуди, се загрижи и се исплаши. Но, гледајќи колку старицата е тажна


поради нив, таа тешејќи ја, рече:

„Нема мене да ме однесе црвеноликиот ѓавол!“

„Мајчичке“, рече Ши Дун, „без оглед на неговата моќ, црвеноликиот ѓавол нема да
може да нѐ раздели.“.

Старицата ги избриша солзите.

„Вие сте добри деца!“, – рече таа. „Јас сум сама откако мажот ми умре. Останете овде и
ќе бидеме едно семејство.“.
Оттогаш Ши Дун и Красула живееја со старицата и таа не мораше повеќе да се грижи
за шиење на облеката или собирање на жетвата. Ши Дун не ѝ дозволуваше да се умори, а
Красула готвеше највкусни јадења за неа.

Времето леташе. Жетвата беше собрана. Просото и горзјето созреаја, а јаворовото лисје
зарумени. Старицата стана толку нервозна што не можеше ни да спие, ни да јаде. Без прекин
ги броеше деновите, надевајќи се дека есента набрзо ќе помине. И на сон и на јаве сакаше
деновите што побрзо да се тркалаат.

Есенските денови беа кратки. Една вечер, кога месечината го замени сонцето на
должност, Ши Дун се врати од полето, а Красула од гумното. ИсПокосувајќи ја тревата,
појдоа да ги нахранат коњите. Готвејќи го јадењето, старицата појде низ дворот кога огромен
јаворов лист се заврте – растејќи, додека не се разви во вител во чие средиште беше
црвеноликиот ѓавол – со црвена коса, црвена брада, црвени очи и црвена руба со долги
ракави. Нагло ги протресе ракавите и јаворовиот лист се претвори во невестинска затворена
носилка. Старицата крикна и падна на земја. Слушајќи го нејзиниот крик, Ши Дун и Красула,
кои ги хранеа коњите, истрчаа надвор.

„Испи вода од Црвениот извор. Моја е.“.

Бабата заплака. Ши Дун беше надвор од себе, но не плачеше. Помагајќи ѝ на старицата


да стане на нозе, тој рече:

„Мајчичке, мора да одам и да ја вратам по која било цена.“.

Старицата престана да плаче и возбудено рече:

„Подобро не оди синко! Црвениот ѓавол досега однел безброј девојки и ниедна сѐ уште
не е пронајдена. Ако заминеш, ќе страдаш за ништо!“

Ши Дун ништо не рече. Но кога влегоа во куќата, изусти:

„Не грижи се мајко! Ќе појдам и ќе ја најдам.“.

Гледајќи дека не може да го наговори да остане, старицата рече:

„Не можеш да одиш голорак синко! Понеси го барем овој бодеж.“.

Земајќи го бодежот, Ши Дун се качи на коњот и тргна да јава кон високата планина.
Нестрплив, помисли дека коњот пребавнспоро му се качува, па рече:

„Ајде, Лисест, прескокни гои овој канал.“.

Во мигот коњот го прескокна. Ши Дун рече:

„Качи се на гребенот!“

И коњот се качи. Утрото Ши Дун се најде на високата планина. Беше стрмна, полна со
дрвја и дупки, но никаде го немаше Црвениот извор. Од јад, по лицето му се стркалаа солзи.

Потоа стоеше и зјапаше во планината како да ја прашуваше каде цЦрвениот ѓавол ја


однесе Красула. Но, планината беше нема. Бришејќи ги солзите, тој му рече на коњот:

„Лисест, јас мора да ја најдам Красула макар и да ги поминам сите планински врвови
на овој свет. Ајде, тргни кон оној највисокиот во далечината.“.
Прескокнувајќи ги каналите, коњот полета качувајќи се по карпите и паѓајќи по
стотина метри длабоките бездни. Но, без оглед на опасностите, Ши Дун не го заузда коњот.
Зад една планина имаше друга, па трета. Никако да стигне до онаа највисоката.

Во огромна пештера, на половина пат кон највисоката планина, цЦрвениот ѓавол ја


криеше Красула. Пештерата беше раскошно украсена. Сликите од пејзажи висеа по карпите, а
креветот беше прекриен со свила. Претворајќи се себеси во млад учен убавец, цЦрвениот
ѓавол се смешкаше и ѝ говореше на Красула:

„Бидејќи пиеше вода од Црвениот извор, ќе ми бидеш жена. Заборави на мажот ти. Тој
до овде не може да стигне, па и да има три глави и шест раце.“.

Красула трепереше од гнев слушајќи го ѓаволовиот глас. Затворена во пештерата, таа


не можеше да го чуе шумот на ветрот и црцорењето на птиците, но чувствуваше дека Ши Дун
ја бара и дека тагува по неа. Затоа гордо ја подигна главата и рече:

„Јас навистина пиев од водата од Црвениот извор, но никогаш нема да ти бидам жена.“.

Црвениот ѓавол на тоа само се исклешти и ѝ рече:

„Гледам дека сѐ уште го чекаш. Не се фалам. Но ако твојот маж помине низ Црвената
Ппланина, ќе го пуштам да те земе!“ Црвениот ѓавол злобно се закикотие, но кога погледот му
падна на клисурите и ритчињата, тој не верувајќи во сопствените очи, виде како Ши Дун на
коњ ита кон Црвената Ппланина. Со голема брзина тој се врати во својот стар облик и итро
откопчувајќи го појасот, го метна во воздухот. Овој, вчас се претвори во тигар и излезе од
пештерата.

Прескокнувајќи ги карпите и бездните, Ши Дун молневито иташе кон Црвената


Ппланина кога тигарот со разјарена челуст и црвени очи се појави пред него. Коњот не беше
во состојба да запре и Ши Дун главечки падна во разјарената челуст како во казан со врела
вода. Поднесувајќи ја болката од стисокот на забите, тој со бодежот го разори тигроварскиот
стомак и падна на патеката. Погледна околу себе, но од тигарот ни трага. На патеката лежеше
само пегав шарен појас.

Поминувајќи уште две гори, Ши Дун беше веќе на дофат на својата цел.

Уверен дека Ши Дун завршил во стомакот на тигарот, цЦрвениот ѓавол таман сакаше
да ја зграби Красула, кога низ пукнатините на ридот го здогледа Ши Дун.

Итно симнувајќи го свитокот со пејзаж од ѕидот, цЦрвениот ѓавол замавна со ракавот и


гола стрмна карпа исплови од пештерата.

Поминувајќи уште еден рид, Ши Дун наиде на голата стрмна карпа. Коњот се залета,
но се истркала назад. Ши Дун слезе од коњот и почна да ползи надолу по ридот. Со најголеми
маки доползи до половина од карпата, но тогаш се лизна наназад. Лицето му беше изгребано
од осштрите камења, а телото рането и полно со модрици. Но, тој не отстапи. Подигајќи се на
нозе, се обиде уште еднаш да се искачи, па уште еднаш. Од неговото лице и облеката капеше
пот. Потта му влегуваше во очите заслепувајќи го. Тој се избриша со раката, па повторно
полета по стрмнината на лизгавиот брег, но него наеднаш го снема. Се наоѓаше во долина
наместо на рид. Крај него имаше некое дрво од чии гранки висеше свиток со нацртана
планина. Хартијата беше мокра од неговата пот.
Ши Дун го јавна коњот и продолжи да оди напред, додека не се најде пред највисоката
планина. Беше сета црвена. „Ова мора да е Црвената Ппланина“, помисли, ги повлече уздите и
коњот тргна надолу.

Во пештерата, цЦрвениот ѓавол замавна со ракавот кон Красула и таа се вкочани.


Потоа лесно ги удри перниците со ракавот и тие се претворија во две девојки налик на
Красула. И двете беа неподвижни, исто како и таа. А потоа исчезна.

На половина пат кон врвот на ридот, Ши Дун забележа дека дури и камењата и
јаворовите лисја се црвени. А потоа ја забележа пештерата украсена со разнобојни драгоцени
скапоцени камења и го запре коњот. „Можеби е ова е домот на цЦрвениот ѓавол?“,–
промрмори, ја турна и ја отвори камената врата. Влегувајќи во пештерата, Ши Дун застана
како вкопан. Во пештерата се наоѓаа три Красули со исти тенки веѓи и со крупни очи, а сите
три беа неми и неподвижни. Обземен од тага, Ши Дун длабоко воздивна.

„Красула“, рече, „со најтешки маки те најдов. Зошто не ми речеш кажеш нешто? Зошто
не ми пријдеш?“

Красула јасно го слушаше секој негов збор. Колку само копнееше да му раскаже за сѐ
низ што мина, но јазикот ѝ беше како од камен! Колку само копнееше да му полета во
прегратка! Но, нозете не сакаа да се помрднат. Велат дека разделбата на вљубените е најболна
од сѐ, но таа болка не беше ни приближнао на онаа која таа ја чувствуваше. По лицето ѝ
потекоа солзи и Ши Дун разбра: единствено вистинската Красула би заплакала за својот
сакан. Подигајќи ја во прегратка, тој ја изнесе од пештерата. Телото ѝ беше тврдо и тешко
како камен. Беше речиси невозможно да се качи на коњ и со неа да се јава, но, не испуштајќи
ја од прегратка, Ши Дун му рече на коњот:

„Ти го знаеш патот, Лисест. Ајде дома!“

Носејќи ја Красула во прегратка, Ши Дун со мака чекореше преку камењата,


ползавиците и џбуновите. Попрво би се согласил на триста рани отколку неа да ја гребне
макар едноа гранчекичка. Така, со Красула во прегратките, тој влезе во јаворовата шумичка.
Нозете му беа разранети, а рацете вкочанети, но не сакаше да ја спушти на земја.

Солзите од Красула пресушијеа.

„Ши Дин“, му рече таа во себе, „спушти ме на земја, далек е патот пред тебе. Никаде
нема да стигнеш носејќи ме.“. Ах, на какви маки беше Красула бидејќи не можеше ништо да
му каже. Ши Дин пак, плашејќи се дека Красула се сомнева во него, рече:

„Дури и ако потполно се скамениш, нема да те оставам.“.

Ши Дин го продолжи патот носејќи ја скаменетата жена. Одеднаш, јаворовото лисје


зашушка и пред нив се појави цЦрвениот ѓавол. Со едната рака држејќи ја Красула, Ши Дин
таман сакаше јќи да влета кон цЦрвениот ѓавол со ножот во другата рака, кога овој ја подигна
раката во воздух и го запре.

„Младичу“, рече цЦрвениот ѓавол, „моето срце е потврдо и од камен. Никогаш ништо
не ме допрело, ниту пак некогаш сум признал дека сум поразен. Денес тоа ти го признавам и
знам дека никогаш повеќе нема да имам срце да одвојам жена од маж.“.

Само што го рече тоа, низ образот му капна солза и, додека да трепне, цЦрвениот ѓавол
се претвори во јаворово дрво на чии црвени лисја светкаа сребренести капки од роса. Кога Ши
Дин помина под дрвото со Красула во прегратката, гранките од дрвото се занишаа и сјајни
капки паднаа на младата жена. Истиот момент таа се придвижи и проговори.

Преку планините и широките друмови, јаваа Ши Дин и Красула сѐ додека не стигнаа


до куќата на старицата.

А во високата планина, жените повторно пиеја вода од Црвениот извор, бидејќи, кога
лисјето од јаворот порумени, Црвениот ѓавол веќе не се појави, ниту пак исчезна некоја
девојка повторно.

МАЛАТА СУРЈА-БАЈ

(Индиска бајка)

Сиромашната млекарка еднаш тргна во градот да го продаде млекото и ја понесе со


себе и ќерката од една година, затоа што немаше каде да ја остави. Попат, изморувајќи се,
седна, ја стави покрај себе стомната со млеко и го спушти девојчето. Одеднаш, два орлиа
пролетаа над неа, а еден како стрела јурна надолу, го зграби детето и исчезна во облаците.

Орлите летаа далеку, далеку, зад границите на таа земја; летаа долго сѐ додека не
стигнаа до своето гнездо на необично високо дрво. Гнездото им беше огромно, свиено од
железо и прачки; имаше седум железни врати, кои се затвораа со помош на седум железни
брави. Во тоа гнездо го сокрија орлите малото девојче и ја нарекоа Сурја-бај, односно
Ггосподарка на Сонцето.

Секој ден орлите летаа далеку и носеа скапоцени шарени фустани, украси и играчки –
воопшто, сѐ најскапоцено што можеа да најдат, само за да го израдуваат своето Сонценце.
Еднаш, кога девојчето наполни дванаесет години, орлите одлучија да ѝ набават дијамнатски
прстен. Тогаш орелот ѝ рече на својата женка:

„Прстенот можеме да го најдеме само крај Пурпорното Мморе, кое е далеку дванаесет
месеци летање одовде. Ќе му оставиме на Ссонценцето храна за дванаесет месеци и одма
веднаш ќе полетаме за да се вратиме што поскоро.“.

Остана девојчето во гнездото зад седумте железни брави, а со неа и куче и маче.
Мачката беше крадлива и некако ја украде храната, за што девојчето ја казни. Се разлути
мачката и одлучи да ѝ се осветиодмазди: дотрча до огништето и го изгасна огнот кој
деноноќно гореше. Сиротата девојка не знаеше што да прави бидејќи мачката ѝ ја искраде
сета спремена оставена храна, а оган во гнездото немаше и немаше со што да се разгори.

Така, тие тројцата поминаа три дена без храна – и девојчето и кучето и мачето.
Најпосле, гладната мала Сурја-бај се обиде да се спушти од гнездото на земјата. Ги отвори
една по друга сите седум железни врати и дојде до работ на гнездото. Оттаму почна да се
спушта гранка по гранка. Спуштајќи се, девојчето забележа на крајот на небото мал дим чад и
заклучи дека таму може да добие оган. Се симна таа од дрвото и појде во правец на
димотчадот. Така одеше цел ден, а пред вечерта стигна до една мала куќичка. Овде, покрај
огонот седеше старица, гледаше во огнот и ги грееше своите стари раце.

Девојчето не знаеше дека дојде во земјата на страшните ракшаси-човекојадци. Се


зачуди старицата на убавото девојче, на нејзините скапоцени фустани и украси, па помисли:
„Евте за мене и за син ми слатко парченце. Ќе имаме што да јадеме“.
Синот живееше со неа, но тоа утро отиде на лов и сѐ уште се немаше вратено.
Човекојадката се направи добра и љубезна, па го запраша девојчето:

„Која си ти, гулабице, како се викаш и како можам да ти помогнам?“

Се викам Сурја-бај“, одговори таа. „Јас сум ќерка на големите орли на високото дрво.
Тие одлетаа до Пурпурното Мморе за да ми набават брилијантски прстен. За тоа време ми
снема оган, и јас, бабо, дојдов да те замолам за малку оган.“.

„Со задоволство ќе ти дадам оган, детенце мое. Само, сожали се над мојата старост и
најпрво истолчи ми ориз.“.

Старицата го рече тоа за да го задржи девојчето: се надеваше дека за тоа време ќе


стигне син ѝ.

Сурја-бај беше добро девојче и со задоволство ѝ помогна на старицата дна истолчи


ориз. Оризот веќе беше истолчен, а човекојадецот сѐ уште се немаше вратено. Тогаш
старицата го замоли девојчето да сомелеи жито, да ја измете куќата и, најпосле, да донесе
вода од бунарот. Сурја-бај сето тоа го направи и почна да моли да си оди дома. Старицата
веќе не можеше да ја задржи, ѝ даде оган и вреќа жито, а потоа ѝ рече:

„Кога ќе појдеш накај дома, истурај од житото по патот. Така ќе ни го покажеш патот
до твојата куќа.“.

Девојчето тргна дома, кон своето гнездо, и по пат цело време истураше на земјата
жито, не насетувајќи ништо. Се врати во гнездото, ги затвори сите седум врати, запали оган,
зготви јадење, ги нарани мачката и песот, се најаде и легна.

За тоа време, синот на старицата се врати. Кога чу за девојчето во орловското гнездо,


одма веднаш тргна да ја бара по трагите на расеаното жито. Стигна до дрвото, исползи и
почна да тропа на вратата говорејќи:

„Тоа сум јас, орелот! Ти донесов брилијантски прстен од Пурпурното Мморе. Отвори
ја вратата побргу!“

Но, малата Сурја-бај беше толку уморна што спиеше како мртва и ништо не слушна.
Ракшас се обиде сам да ја отвори вратата, но не можеше, туку само си го скрши ноктот. А
човекојадците-ракшаси имаат долги и отровни нокти и, за несреќа на сиротата Сурја-бај,
ракшасовиот нокт остана зариен во вратата. Не постигнувајќи ништо, човекојадецот лут се
врати дома, а мајка му му префрли дека поради него останала без толку вкусен плен.

Утрото Сурја-бај скокна од креветот и појде да ја отвори вратата од гнездото. Шесте


врати ги отвори среќно, а на седмата ја набоде раката крај седмото резе – во раката ѝ се забоде
ракшасовиот нокт; штом ноктот ѝ ја прободе раката, девојчето падна мртво на прагот од
гнездото.

Така таа лежеше, а песот и мачката стоеја над неа и плачеа. Времето поминуваше, а
Сурја-бај лежеше како жива, но без здив. Долетаа најпосле радосни орлите радосни од
Пурпурното Мморе, носејќи брилијантски прстен и го најдоа своето Сонценце мртво. Тие, не
можејќи да го поднесат тоа, ѝ го ставија прстенот на раката и одлетаа на друг крај од светот.

Токму во тоа време, во шумата беше на лов царот на таа земја, млад и убав. Тој
забележа два огромни орлиа како летаат жално квичејќи; такви орли тој никогаш не видел;
истовремено забележа на дрвото некакво огромно гнездо. Нареди веднаш да се види какво е
тоа гнездо. Исползеа потчинетите на дрвото, па почнаа да довикуваат дека тоа е некое чудо:
огромно железно гнездо со седум отворени врати стои како куќа, а на прагот на првата врата
лежи мртва девојка, каква што тие дотогаш не виделе. На раката ѝ свети брилијантски прстен
каков што нема ниеден цар. А над неа стојат пес и мачка и плачат.

Царот се зачуди на тоа и самиот отползи по дрвото. Виде дека е сѐ така како што му
опишаа. Но, од белата дланка на онаа рака на која беше прстенот стрчеше нешто налик на црн
трн, а под него имаше капка црна крв. Царот го дофати тој трн и го извлече. Штом го извади,е
Сурја-бај ги отвори очите, стана и запраша:

„Што се случува со мене? Кој си ти? Дали сево ова е сон или јаве?“

„Сето ова е јаве“, одговори царот. „Јас сум цар на оваа земја. Кажи ми која си ти?“

Таа одговори:

„Јас сум орловската ќерка Сурја-бај.“.

Но царот не ѝ поверува, туку рече:

„Ти сигурно си царска ќерка, бидејќи името ти е царско – Ггосподарка на Сонцето.“.

„Не, јас сум ќерка на орлите и цел живот го поминав на ова дрво“, говореше Сурја-бај.

„Ако не си царска ќерка“, рече царот, „дозволи ми да те направам царица. Омажи се за


мене.“.

Царот беше толку убав и млад, што Сурја-бај со задоволство се согласи. И така,
Сонценцето стана царица. Тие двајца среќно живееја во својот прекрасен дворец.

Но царевата прва жена беше зла и завидлива; по обичаите на таа земја, него го ожениле
уште кога бил дете. Царицата ја замрази младата Сурја-бај поради тоа што царот ја сакаше.
Младата царица ја предупредуваа на тоа, но таа беше безгрижна и добра, и не сакаше да
верува во тоа што ѝ го говореа за другата царица.

„Таа ми е сестра и никогаш нема да направи нешто против мене“, одговараше Сурја-
бај.

И Сурја-бај и понатаму се гледаше со првата царева жена, одеше кај неа и ја викаше кај
себе.

Еднаш и двете царици стоеја крај рибникот и постарата царица ѝ рече на Сурја-бај:

„Колку прекрасен накит имаш! Дај ми го да го ставам на мене, да видам како ми стои.“.

Една слугинка, која нарочитоособено ѝ беше предана верна на Сурја-бај, ѝ шепна:

„Не ѝ го давај царице, ќе има неволја.“.

Но Сурја-бај не ја послуша слугинката. Царицата го стави накитот, се погледна во


водата од рибникот, сјајна како огледало, па ѝ рече на Сурја-бај:

„Сонценце, погледни колку убаво ми стои твојот накит и како тој се прелева на водата!
Приближи се до водата и самата погледни!“
„Не приоѓај, те преколнувам царице“, ѝ шепна слугинката, „ќе има неволји.“.

Но Сурја-бај притрча до водата, го здогледа во неа прекрасниот отсјај и заплеска со


дланките од задоволство. Во тој миг царицата ја турна во длабоката вода и сиротата Сурја-бај
се удави. Царицата, под закана на со смрт, ѝ нареди на слугинката да молчи за тоа што го
виде.

Но, не се вели залудно дека тајното секогаш станува јавно, колку и да се крие. И
навистина, на тоа место каде што се удави Сурја-бај, од длабоката вода израсна златен
сончоглед и почна да се ниша на долгото стебленце како огледало над рамната и сјајна
површина.

Сите веднаш забележаа дека Сурја-бај исчезна. Самиот цар секаде ја бараше, но не
можеше да ја најде. Се разлути царот на нејзината главна слугинка поради тоа што не пазела
внимавала доволно добро на својата господарка и нареди да ја фрлат во темницазандана,
макар што таа се колнеше дека не е ни малку кривавиновна. Но, за царицата ништо не смееше
да каже, бидејќи се плашеше.

Сиротиот цар никаде не можеше да се скраси смири од болка. Каде и да одеше,


секогаш пред него искрснуваше лицето на Сурја-бај, а кога во градината шушкаше лисјето, го
слушаше нејзиниот глас. Тој беше надвор од себе и сите говореа:

„Царот наскоро ќе умре.“.

Еднаш, нешто го привлече кон рибникот. Тој го забележа златниот сончоглед, го приви кон
себе и ги бакна златните цветни ливчиња. ;Ттогаш, му се причини дека од водата го слуша
гласот на Сурја-бај, како таа го повикува. Оттогаш секој ден доаѓаше кај рибникот и цело
време од утро до мрак го поминуваше кај милиот цвет.

Слушна за тоа царицата и нареди сончогледот ноќе да се пресече и да се запали во


шумата. Така и направија. Царот не можеше да се утеши и не можеше да дознае кој го лиши
од милиот цвет. Само штоНо, колку и да се труди човек да ја угуши сокрие вистината, сепак
не успева.

На местото каде беше спален сончогледот, израсна чудесно дрво, израсна на волшебен
начин, за една ноќ. На самиот негов врв расцвета прекрасен цвет, а кога тој отпадна, на негово
место се појави прекрасен плод – толку прекрасен што народот доаѓаше да го гледа. Но никој
не се осмелуваше да го откине, и сите говореа дека тој плод е само за царот.

Еднаш, покрај дрвото поминуваше млекарката, мајката на Сурја-бај, од која орлите го


грабнаа девојчето. Таа, како и обично, носеше млеко на продажба. Еднаш, ја стави стомната
под дрвото, а и самата седна под дрвото да се одмори. Одеднаш волшебниот плод се откина
од дрвото и падна во стомната. Млекарката се исплаши, брзо истрча дома и ја скри стомната
под рогоузината. Ноќта таа ги викна сите станари соседи и рече:

„Погледнете што ќе ви покажам! Во мојата стомна падна царевиот плод од она дрво.
Ајде да го изедеме.“.

Едно дете потрча по стомната, но не стигна да ја земе в раце, туку повика:

„Мамо, мамо, овде нема никаков плод! Погледни што има тука!“
Сите притрчаа до стомната, кога – имаа што да видат: на дното седи преубава мала
девојка во црвен фустан порабен со злато. Ја извадијаоа од стомната и таа почна пред нивните
очи да расте додека не стана млада жена со ретка убавина. На нејзината глава светеше
скапоцен украс, сличен на кругот околу сонцето, а на раката засветкуваше брилијантски
прстен. Младата жена се поздрави со сите, и рече дека се вика Сурја-бај.

Така, Сурја-бај почна да живее во куќата на млекарката, но секогаш беше тажна,


нажалена, тивка и молчелива. Никој не ја прекинуваше, никој не смееше за ништо да ја праша,
а млекарката ја негуваше како родена ќерка – толку многу ја засака.

Некако се случи Сурја-бај да вади вода од бунарот, кога од тука поминуваше царот. Тој
ја погледна и веднаш си ја позна жена си, па отрча во куќата на млекарката викајќи:

„Мојата жена! Мојата жена!“

Но, млекарката се налути, па му одврати:

„Кој си ти? Што сакаш?“

„Јас сум цар. Овде е мојата жена“, одговори тој. „Дај ми ја мојата жена. Како смееш да
ја задржуваш?“

„Твоја жена? Од каде твоја жена? Овде е само мојата ќерка. Како ти падна на памет
овде да ја бараш својата жена? Ти си цар кај во својата куќа, таму на дворот, а овде јас сум
господарка и домаќинка! Заминувај брзо!“

Тогаш , таа зеде стап и почна да вика по мажот и синовите. Виде царот дека треба што
побрзо да се тргне за да не дојде до тепачка, па замина; но тој одлучи тој да не го остава тоа
така, туку да ја најде трагата до жената која исчезна. Пред сѐ, тој ја сослуша слугинката на
жена си во темница, се увери дека таа е невина и веднаш ја прати кај млекарката за да се
распраша не се крие ли некаде кај неа Сурја-бај. Освен тоа, од слугинката се увери дека
постарата царица ја убила Сурја-бај.

Слугинката отиде кај млекарката, брзо се спријатели со неа и дозна како чудесниот
плод паднал во нејзината стомна и како од него настанала Сурја-бај. Тогаш веднаш сфати дека
тоа е нејзината господарка која на чуден начин е вратена во живот. Потоа обете, млекарката и
слугинката, почнаа да ја испитуваат Сурја-бај за нејзиниот живот. А кога младата жена
раскажа како кога била дете ја однеле орли, и за сѐ што бидна се случи подоцна со неа, стана
јасно дека таа е и ќерка на млекарката и царева жена. Одеднаш Додека сите три седеа заедно и
говореа за тоа што ќе биде и како за сѐ да го известат царот, кога одеднаш го слушнаа топотот
на коњските копита. Царот не можеше да чека дома – беше уверен дека неговата жена не
умрела, туку дека живее кај млекарката, па тргна по неа да ја поведе во својот дворец. Целото
семејство на млекарката богато го дарува и добро ја награди верната слугинка, а злата цаарица
ја затвори во висока кула за да не им прави повеќе зло на луѓето.

Долго, Сонценце и нејзиниот маж ги бараа орлите кои толку го засакаа своето девојче
Сурја-бај и толку тагуваа кога ја изгубија – но залудно.

Сурја-бај многу години живееше со својот споруг, а тој нежно ја сакаше и околу
дворот засади двоен ред од сончогледи и од она чудесно дрво во чиј плод се криеше малата
царица Сонценце.
ПЕРЈАНИОТ ЕЛЕН

(Бразилска бајка)

Си беше една кралица која немаше деца. А таа најмногу од сѐ на светот сакаше да има
син и беше многу тажна што желбата никако не ѝ се остварува. Еднаш, заборавајќи дека е
пладне, времето кога на небото пеат ангелите, извикна:

„Боже! Те колнам во сѐ што е свето! Прати ми син, па макар и да личи на диво


животно!“

И ѝ се роди син, цврст и силен, но наместо лице имаше муцка од елен.

Тој растеше брзо, имаше послушен и мирен карактер и беше надарен со необична
мудрост и волшебна сила. Кралот и кралицата го криеја за никој да не дознае дека
престолонаследникот има еленска муцка.

Кога принцот порасна и стана строен младич, побара да го пуштат да патува по светот,
бидејќи сакаше авантури. Кралот и кралицата се согласија и принцот отпатува во една мрачна
нмоќ, за да се избегне можноста да го видат поданиците на неговиот татко.

Одеше, многу денови по ред, и на крајот стигна во едно големо и убаво кралство.
Кралството го делеше на два дела една провалија без дно, па жителите мораа да обиколуваат
сто милји за да поминат на другата страна. На градската капија се наоѓаше натпис во кој
стоеше дека оној кој ќе направи мост преку провалијата, ќе добие како награда онолку злато
колку што и самиот тежи, освен тоа, ќе може да се ожени со една од трите кралски ќерки. А
оној кој ќе започне работа, а нема да ја заврши, ќе биде погубен.

Многу луѓе настрадале во обидите да направат мост. Секогаш, кога работата била при
крај, ќе дувнел страшен ветер и сѐ ќе однел.

Принцот Еленска муцка исто така се пријави да направи мост. Тоа му беше дозволено
и тој, задоволен, легна на падината од провалијата, ја преспа цела ноќ како во своја постела.
Речиси целиот следен ден го помина шетајќи и посматрајќи разгледувајќи на сите страни,
како да нема никаква работа. Малата принцеза го следеше од највисокиот прозорец на
дворецот, секој чекор на принцот Еленска муцка.

Кога се смрачи, принцот продолжи да оди напред и назад, како да се моли. Потоа
застана, замавна со рацете и одеднаш се појавијале безброј работници на обете страни од
провалијата.

Тие веднаш се фатија за работа. Цела ноќ одекнуваше вревата на мравјалникот од луѓе,
а утрото цврст и широк камен мост ги поврзуваше двете страни од провалијата. Сите беа
восхитени.

Кралот беше многу задоволен со принцовата работа. Еленска муцка се одрече од


златото и ја очекуваше девојката. Постарата и средната сестра не сакаа ни да чујат да се
омажат за таква грдотија. Но, најмладата изјави дека е подготвена да стане жена на
таинствениот принц.

Свадбата беше направена набрзина бидејќи на сите им беше непријатно да гледаат


како убавата девојка се мажи за некаков получовек-полуживотно. По свадбениот обред,
кралот го праша зетот каде сака да живее.
„Господару, сакам да живеам во својот дом“, одговори принцот и покажа на
раскошниот дворец кој на волшебен начин се појави крај кралската палата.

Принцезата беше многу среќна во бракот, но Еленска муцка никаде не се појавуваше


со жената, плашејќи се да не ја изложи на потсмев.

Постарата и средната сестра се омажија за прекрасни принцови. Тие се гордееја со


своите мажи и помладата сестра потајно им завидуваше.

Кај Ккралот имаше обичај еднаш годишно да се приредува и витешки натпревар. Во


таа прилика се собираа луѓе од сите краеви на светот. Сите витези се натпреваруваа во коњски
трки, симнуваа со копје златни прстени и ги фрлаа кон дамите со ракоплескање на публиката.
А потоа цела ноќ траеше игранката.

Така беше и овој пат. Кога свеченоста беше најавена, двете постари принцези веднаш
почнаа да се подготвуваат, спремајќи подготвувајќи ги со денови фустаните и фантазирајќи
за игрите и витезите.

Најмладата сестра само на изглед беше весела, но всушност беше тажна бидејќи
нејзиниот маж со такво лице нема да може да земе учество во натпреварите.

Утрото, на денот на натпреварите, Еленска муцка ја повика жена си и ѝ рече:

„Еве ти фустан во кој ќе одиш на свеченоста. Измиј се, исчешлај ми ја муцката, па


затвори ме во собата додека не се вратиш. Не сакам останатите да забележат дека те нема на
свеченоста.“.

Малата принцеза направи сѐ како што бараше мажот ѝ, макар што тоа не ѝ беше по
волја, го затвори во собата, се облече, седна во кочијата и замина. Кога се појави на
борилиштето, сите заплескаа зашто таа беше поубава од сите жени.

ЗаОтпочнаа трките. Одеднаш, меѓу витезите се појави некој непознат. Убав, силен,
добро вооружен. Неговиот коњ трчаше како молња. Тој победи во сите трки и ги собра сите
златни прстени. Никој не знаеше кој е тој. А кога витезите во строј поминуваа покрај кралот
поздравувајќи го, непознатиот го спушти своето сребрено копје и ги положи сите златни
прстениња на колената на од жената од на Еленска муцка.

Нему му ракоплескаа така што целиот град се тресеше.

Жената на Еленска муцка сакаше да ги фрли прстените, но не го направи тоа за да не


го навреди витезот. Веднаш седна во кочијата и се врати дома. Таму го најде мажот во истата
соба во која го остави. Тој ја праша како ѝ се допаднаа трките. Таа му раскажа сѐ што се
случило.

„Зар ти не би сакала да се омажиш со таков убав витез каков што е тој што ти ги дал
прстените?“

„Не би го менувала јас својот маж за сите витези на светот“, одговори малата принцеза.

„Сега е за две помалку“, рече Еленска муцка.

Принцезата не ги разбра неговите зборови, а тој ништо не ѝ објасни.


Следниот ден се случи исто. Непознатиот витез се појави повторно, облечен и
наоружан уште подобро од претходниот ден, и ги освои сите прстени. Му пријде на кралот да
го поздрави и ги стави сите прстени во скутот на од жената на Еленска муцка. Потоа го збодна
коњот и одјава.

Принцезата се врати и сѐ му раскажа на мажот. Еленска муцка ја праша дали таа би


била посреќна со непознатиот отколку со него.

„Не би го менувала јас својот маж за сите витези на светот“, одговори таа.

„Уште две помалку“, промрморе Еленска муцка.

Следниот ден се повтори истото. Еленска муцка ја сослуша приказната, а потоа


одговорот од својата жена и повторно рече: „Уште две помалку.“.

И тој ѝ наложи нареди на жена си да се подготви и да оди на игранката. Таа не сакаше,


но тој со сила ја натера. Принцезата замина, решена со никого да не игра кога веќе не може со
својот маж. За време на свеченоста, повторно се појави непознатиот, облечен толку раскошно
што сите се восхитуваа. Сите дами и девојки сакаа да играат со него, но тој ѝ пријде на жената
на Еленска муцка и ја замоли да му укаже чест и да одигра со него една игра. За да не ја
расипе општата веселба, принцезата се согласи и тие многу грациозно одиграа неколку игри.

Околу полноќ принцезата го напушти балот и се врати дома. Го најде Еленска муцка во
истата соба и со него ги размени вообичаените прашања и одговори.

„Уште две помалку“, -повтори тој.

Утрото жената му подготви доручек појадок на мажот си и почна да ги извршува


работите во домот. Во една зафрлена соба, во длабочината на дворецот, забележа голем
сандак покриен со прашина и го отвори. Се запрепасти стаписа кога ја виде целата опрема
која беше на таинствениот витез ја носеше за време на натпреварите и на вчерашниот бал.
Зинувајќи од запрепастеностзачуденост, го набљудуваше вистинското чудо и одеднаш слушна
зад себе нечие издишување. Се сврте и го виде Еленска муцка.

„Зар не забележа дека трипати реков ’за две помалку?‘ Секогаш кога ќе добиев доказ
за твојата верност, за две години се намалуваше рокот на товарот со кој сум маѓепсан. Оваа
соба не смееше да се отвори. Твојата љубопитност ја промени мојата судбина, и јас повеќе не
можам да останам овде.“.

Принцезата заплака. Еленска муцка отвори огормен прозорец и ја замоли жената да


погледне на исток и да му каже што гледа таму. Жената го послуша.

„Гледам црн облак!“

„Не, тоа не е тој...“

„Гледам пепелавсто-сив облак!“

„Не, тоа не е тој...“

„Гледам бел облак!“

„Тоа е тој. Збогум!“


Белиот облак растеше, растеше, ја исполнуваше собата и Еленска муцка скокна во
него. Облакот почна да се подига крева и принцезата го виде големиот Перјан елен, кој ја
набљудуваше одозгора. Потоа сѐ исчезна. И дворецот веднаш се распрсна, како да беше
направен од димчад. Малата принцеза се врати во татковата палата, плачејќи како да
осиротелаосиромашила. Кралот ја прими убаво, но двете сестри ѝ се смееја:

„Кој те тераше да се омажиш за диво животно, а не за човек? Сега барај го својот маж
во шумата!“

И принцезата реши да тргне по светот и да го бара својот маж. Зеде стап и тргна на пат.

Една вечер стигна до чиста убава куќичка и забележа уредно облечена, насмеана
старица. Таа ја пречека непознатата љубезно, ја напои и ја нахрани. Принцезата ѝ го раскажа
целиот свој живот. Старицата на тоа рече:

„Ќерко моја, тоа е многу опасна работа, но ќе се обидам да направам нешто за тебе.
Сокриј се зад ова огниште, бидејќи кога ќе наидедоаѓа мојата ќерка, сѐ наоколу се смрзнува.“.

„А која е твојата ќерка?“

„Луна2.“.

Кога дојде Луна, целата куќичка ја осветли бела светлина, бела како млеко. Луна беше
нерасположена и силно воздивна:

„Што мириса овде на кралска крв?“

„Овде нема никој, ќерко. Седи да вечераме, па потоа ќе разговараме.“.

Луна јадеше и се смири. Мајка ѝ ја праша:

„Ќерко, кога сега би наишла уморна и сирота непозната девојка, што би направила?“

„Јас, мајчичке? Убаво би ја пречекала...“

Тогаш девојката излезе од огништето и Луна ја прими љубезно и ја сослуша


приказната за нејзината судбина. Потоа Луна рече:

„Би сакала да ти помогнам, но не знам каде се наоѓа кралството на Перјаниот елен. Тоа
веројатно го знае мојата кума Ноќта.“.

Во престојувалиштето на Ноќта се случи исто што и во она на Луна. Ноќта не знаеше


ништо за кралството на Перјаниот елен и ја прати кај Сонцето.

Принцезата тргна таму. Сонцето, кое, откако го смири неговата мајка го смири,
поразговара со девојката, но не можеше да ѝ го покаже патот.

„Јас не знам. Но ветровите би можеле тоа да го знаат.“.

Принцезата тргна да го бара живеалиштето на ветровите. Мајката на ветровите ја


нахрани, ја сокри и го смири гневот на своите синови кои влетаа во куќата со диво завивање.
По вечерата омекнаа и започнаа разговор. Ни Северниот ни Јужниот ветер ништо не знаеја.
Западниот ветер нешто наслушнал, но Источниот го знаеше она што е најважно.

2
Луна - Ммесечина.
„Јас знам каде е е тоа кралство. Тоај е далеку одовде. Многу е убаво и со него управува
елен со бело блескаво перје. Утре ќе те однесам таму.“.

Во зората, мајката на веторвите ја разбуди принцезата и ѝ рече:


„Ќерко моја, кога ќе стигнеш таму, сокриј се во трските покрај езерото. Таму на брегот
постојат две сребрени карпи и тука секој ден доаѓаат сите маѓепсани животни да пијат вода.
Штом Перјаниот елен ќе ја спушти главата во водата, ти зграпчи го и не пуштај го, што и да
се случи. Нека те послужи среќа!“

Источниот ветер ја поведе девојката и леташе со неа речиси цел ден. Кога се спушти
ноќта, ја остави на патот, недалеку од шумата. Девојката забележа езеро во далечината.
Потрча таму и се скри зад двете сребрени карпи.

Животните полека почнаа да доаѓаат на поилото. Во самракот се слушна кршење на


гранки и крцкање на суварки и сите престрашени животни избегаа. Тогаш се појави
огромниот Перјан елен, величествен како крал. Се приближуваше полека, со подигната муцка,
душкајќи го воздухот, недоверливо посматрајќи разгледувајќи наоколу. На момент
притрчуваше сосем близу, на момент со еден скок отскокнуваше настрана. Потоа се враќаше,
тешко и вознемирено дишејќи. Најпосле, пријде токму до местото каде се криеше принцезата
и ја спушти муцката во вода. За миг принцезата му скокна на грбот и се фати за неговиот врат.
Се држеше толку цврсто како да е запрврзана со ланец.

Перјаниот елен илјадапати потскокнуваше, се стресуваше, се превртуваше, риташе


силно, мукаше, се триеше од дрвото, но принцезата не го испушташе, туку напротив, се
држеше цврсто, одолевајќи на вителот од скокови и клоцања. Еленот толку скокаше и се
чешаше од трњето, што перјата од кожата , перјата едно по друго му паѓаа, а таа постепено
добиваше изглед на човечка кожа. Кога сосем исцрпен запре, тоа веќе не беше елен, туку убав
строен принц, кого принцезата го гушкаше околу вратот.

И тие заедно тргнаа во дворец сместен насред среде шума. Таму ги дочекаа витези кои
до неодамна беа маѓепсани диви животни. Приредена беше величенствена вечера. Цела ноќ го
прославуваа своето ослободување.

Утрото кралот, дедото на Еленска муцка, погледна низ прозорецот од својата палата и
погледна крај неа виде замок кој беше далеку многу пораскошен од кралскиот дворец. Тој
нареди да прашаат кој живее таму и кога дозна дека му се вратила ќерката со мажот, отрча кај
нив и почна да ги гушка и да плаче од радост.

Трир дена траеја веселбите...

МОРСКИОТ ЦАР И ВАСИЛИЦА ПРЕМУДРА

(Руска бајка)

Си беше еден богат трговец. Обиколувајќи ги туѓите земји, тој еднаш дојде до некоја
река, па бидејќи беше жеден, се наведна да се напие вода. Одеднаш, го зграби Чудо-Јудо
беззаконието и му рече:

„Дај ми го тоа што не знаеш дека го имаш дома.“.

Трговецот мислеше, мислеше: „Мми се чини дека сѐ знам што имам!“, пПа му
одговори:
„Добро ќе ти го дадам!“

Чудо-Јудо го пушти. Тргна трговецот назад во својата земја и по долго патување


стигна дома, кога таму – жена му родила син. Растеше тој син не спо години и денови, туку
впо часови и минути.

Чудо-Јудо му побара да го одржи ветувањето:

„Дај ми го“, вели, „она што ми го вети.“.

На таткото не му се дава, му е жал за синот, но самиот син му рече:

„Ни нема спас, татко! Дај ми благослов да одам.“.

Одеше тој, ни самиот не знаеше колку долго, додека не дојде до мрачна шума и таму
здогледа куќичка на кокошкини нозе и со овновски рогови. Иван, трговскиот син, рече:

„Куќичке, куќичке! Сврти се кон шумата со задната, а кон мене со предната страна.“.

Куќичката се сврте, тој влезе, кога таму седи баба Јага, коскена нога.

„Охо“, рече, „одамна овде ништо руско не се осетило! Здраво, Иване, трговски сине!
Мојот брат Чудо-Јудо те чека, не може да ти се изначека.“.

„А како да стигнам до него?“, – запраша тој.

Баба Јага му даде топче и му рече:

„Каде што ќе се стркала топчето, таму оди!“ Топчето се дотркала до куќичка. Иван,
трговскиот син, влезе и ја затекна во неа баба Јага - , коскена нога, седи на столица, носот го
вперила во таванот, едната нога до десниот, а другата до левиот агол.

„Здраво Иване, трговски сине! Мојот брат веќе одамна те чека!“

„А како да дојдам до него?“

Баба Јага му даде топче и велиму рече:

„Оди таму каде што се тркала топчето.“.

Топчето се дотркала до третата куќа. Иван, трговскиот син, влезе во куќичката, во неа
седи Чудо-Јудовата ќерка.

„Здраво Иване, трговски сине! Мојот татко веќе одамна те чека.“.

„А како да дојдам до него?“

„Оди по оваа патека и таа ќе те доведе право до мојот татко.“.

Тој тргна по таа патека и дојде до синото море. Од една страна на синото море пловат
седумдесет и седум пловки, а од другата страна стои тараба, а на тарабата само човечки глави
висат. Иван, трговскиот син рече:
„И мојата глава ќе виси на оваа тараба!“ – и почна горки солзи да рони. Му пријде
прекрасна девојка и го запраша:

„Зошто плачеш, јунаку?“

„Како да не плачам? Ни самиот не знам веќе колку долго одам, а никако не можам да
го најдам Чудо-Јудо , беззаконието.“.

Девојката на тоа му одговори:

„Направи три чекори назад и ќе бидеш таму.“.

Тој направи три чекори назад и се најде во голема куќа. Чудо-Јудо му рече:
„Одамна веќе те чекам, Иване, трговски сине! За казна што одамна те нема, еве ти загатка:
изгради ми за една ноќ амбар, а ако не го изградиш, со глава ќе платиш.“.

Излезе Иван, трговскиот син, од куќата. Стои и покрај бунарот и плаче. Му пријде
девојката Василиса Премудра.

„Зошто плачеш, добар јунаку?“

„Како да не плачам? Твојот татко ми нареди за една ноќ амбар да изградам.“.

„Не плачи, Иване, трговски сине! Помоли се на Ббога и легни да спиеш.“.

Излезе Василиса Премудра на тремот и викна:

„Таткови работници, мајкини претприемачи! Дојдете ваму со вилите, секирите и длетата.“.

Работниците дојдоа и за една ноќ изградија амбар. Василиса Премудра го викна Иван,
трговскиот син:

„Оди во амбарот и забиј некоја шајка.“.

Тој појде. Во тој миг дојде и Чудо-Јудо:

„А, Иване, трговски сине! Јас сум вешт, но ти си повешт од мене.“.

Потоа му нареди за една ноќ полето да го изора, да го изрила, со пченица да го посее,


да го ожнее, да го сомелеи и во амбарот да го собере. Иван, трговскиот син уште посилно
заплака. Повторно му пријде Василиса Премудра и велиму рече:

„Зошто плачеш, Иване, трговски сине?“

„Како да не плачам? Твојот татко ми заповеда полето да го изорам и пченицата да ја


соберам.“.

„Не плачи Иване, трговски сине! Помоли се на Ббога и легни да спиеш; сѐ ќе биде
направено.“.

Излезе Василиса Премудра на тремот и викна:

„Таткови работници, мајкини надзорници! Дојдете ваму и донесете рала и лопати,


српови и мотики, полето обработете го и пченицата соберете ја.“.
Тие веднаш полето го изораа, житото го собраа и во амбарот го однесоа. Василиса
Премудра порача:

„Оди Иване, трговски сине, амбарот измети го.“.

Дојде во амбарот Чудо-Јудо:

„А, Иване, трговски сине! Ја сум вешт, но ти си повешт од мене.“.

Потоа му нареди за една ноќ да изгради дворец, покрај неговиот, а тремовите еден
покрај друг да им бидат. Иван, трговскиот син, уште повеќе се обли во солзи. Му пријде
Василиса Премудра:

„Зошто плачеш, Иване, трговски сине?“

„Како да не плачам? Твојот татко ми нареди за една ноќ дворец да изградам.“.

„Не плачи Иване, трговски сине! Јас сето тоа ќе го направам, а ти помоли се на Ббога и
легни да спиеш.“.

Василиса Премудра излезе на прагот ивикна:

„Таткови работници, мајкини претприемачи!Дојдете ваму со сиот алат и за една ноќ


дворец изградете!“

Утрото, Василиса Премудра рече:

„Иване, трговски сине! Оди во дворецот и приковај шајки.“.

Тој појде. Дојде Чудо-Јудо:

„А, Иване, трговски сине! Јас сум вешт, но ти си повешт од мене. А сега ќе ја
препознаеш помеѓу моите седумдесет и седум ќерки Василиса Премудра. Ако ја препознаеш,
ќе ти ја дадам за жена.“.

Иван, трговскиот син, уште посилно заплака. Му пријде Василиса Премудра:

„Зошто плачеш?“

„Како да не плачам? Твојот татко ми нареди да те препознам меѓу сите негови ќерки.“.

„Не плачи Иване, трговски сине! Сѐ може да се направи. Кога ќе влегувам во собата, ќе
удрам со ногата влегувајќи преку прагот; кога ќе седнам на клупата, ќе мавтам со марамата и
ќе го преместувам прстенот од рака на рака – по тоа ќе ме препознаеш!“

Чудо-Јудо ги повика сите ќерки да се соберат во една одаја и му нареди на Иван,


трговскиот син, да ја препознае Василиса Премудра. Иван, трговскиот син, ја погледна и ја
препозна Василиса Премудра. Чудо-Јудо му вели:

„Јас сум вешт, но ти си повешт од мене!“ –Ии му ја даде Василиса Премудра за жена.

Иван, трговскиот син, почна да ја моли жена си да тргне со него во неговата земја:

„Кај нас толку убаво се живее!“


Василиса Премудра се подготви, ја зеде шамијата со себе, сапун и чешел и тргнаа на
пат. Во куќата оставија во секој агол по една кукла. Чудо-Јудо прати луѓе да ги повикаат
Василиса Премудра и Иван, трговскиот син, кај него чај да испијат, а куклите одговорија:
„Ние штотуку станавме!“

Нешто подоцна, повторно испрати луѓе да ги повикаат, а куклите одговорија:


„Сега ќе дојдеме!“

Чудо-Јудо прати по нив и по третпат:

„Одете и погледнете дали се дома?“

Влегоа во собата, а во собата во сите четири агли седат кукли, а од нив ни трага ни
глас. Чудо-Јудо се разлути и прати потера по нив. Потерата речиси им се приближи и тогаш
Василиса Премудра рече:

„Иване, трговски сине! Наведни се над црната земја и провери да не идат по нас.“.

Тој се наведна над земјата и рече:

„Идат!“

Таа го фрли чешелот и се создаде густа шума – не може ни да се помине ни да се јава


низ неа. Тие што ги гонеа, дојдоа до шумата и се вратија назад, да известат:

„Не може никако да се пројде!“

Чудо-Јудо нареди да земат секириа и да ја исечаткоа шумата. Истиот час почнаа да ја


сечат и го расчистија патот. Повторно им се доближија.; Василиса Премудра рече:

„Иване, трговски сине! Приклони се на црната земја; ќе нѐ стигнат ли?“

Тој се приклони кон земјата и рече:

„Стигаат!“

Василиса Премудра го фрли сапунот и се створи создаде висока планина. Тие што ги
гонеа повторно се вратија назад:

„На патот се испречи висока планина; не може ни да се помине, ни да се јава по неа.“.

Чудо-Јудо нареди со шилци да ја проријат планината.

Ископаа премин и повторно им се прближија.

„Иване, трговски сине!“,– рече Василиса Премудра. „Приклони се над црната земја; ќе
нѐ стигнат ли?“

Тој се приклони кон земјата и рече:

„Идат!“

Василиса Премудра брзо ја фрли шамијата и се создаде широко море. Тие што ги бркаа
пријдоа до морето: не можеше никако да се помине, и се вратија назад.
А Иван, трговскиот син и Василиса Премудра стигнаа во неговата земја. Се подготви
тој да појде кај татко му, а Василиса седна на дрвото покрај рибникот и му вели:

„Со сите поздравувај се, само не се поздравувај со детето што лежи во колевка; ако
него го бакнеш, мене ќе ме заборавиш!“

Иван, трговскиот син, дојде дома, со сите се поздрави, го бакна и детето, и ја заборави
својата Василиса Премудра. Татко му му најде невеста и науми да го жени. Утрото појде
Ивановата сестра по вода, го здогледа во водата ликот на Василиса Премудра и рече:

„Колку сум убава, колку сум прекрасна! Не е за мене вода да носам!“

Ги фрли ведрата и се врати дома. По неа појде втората сестра:

„Ах, јас сум уште поубава! Па, нема веројатно вода да носам!“

И таа ги фрли ведрата. Појде по вода мајката; додека зафаќаше вода со ведрото,
Василиса ѝ викна од дрвото:

„Здраво теткичке! Пушти ме кај тебе да се згреам.“.

Таа ја поведе Василиса во својата куќа. Зеде да спрема подготвува пита, а Василиса ѝ
вели:

„Теткичке, дај ми малку тесто.“.

Домаќинката ѝ даде, а Василиса го зеде тестото и во него процеди крв од својот прст,
направи пита и ја стави да се пече. Питата од Василиса Премудра испадна толку убава, толку
прекрасна што тоа беше вистинско чудо! Домаќинката ја замоли Василиса Премудра да ја
стави на масата пред младоженците. Ја ставија на главната трпеза, отсекоа парче – од него
излета гулаб; отсекоа уште едно парче – излета гулабица. Гулабот слета на прозорецот, а
гулабицата на печката. Гулабот почна да гугутка, а гулабицата му вели:

„Гукај, гукај, гулабу! Не заборавај ја својата гулабица, како што Иван, трговскиот син,
ја заборави својата!“

„Слушајќи го тоа гукање Иван, трговскиот син, скокна одзади масата и им рече на
татко му и мајка му:

„Не е ова мојата судена, мојата жена е Василиса Премудра.“.

И така тие продолжија да живеат среќно и да се сакаат вечно.

ОВЧАРОТ И ТРИТЕ САМОВИЛИ

(Македонска бајка)

Чувајќи ги овците на една чистина помеѓу шумички, во близина на една бистра река,
некој млад овчар виде едно утро како во реката се капат три убави девојки.

Гледајќи ја нивната убавина, на овчарот му останаа очите на нив. „Ах, како не сум
поблиску до реката – си говореше самиот себе – да грабнам една од оние убави девојки, па да
ја земам за жена.“. Девојките се избањаа, се облекоа и заминаа попреку, па на овчарот му се
изгубија од видот. Утредента рано, уште неразденето, овчарот ги дотера овците повторно
таму и се сокри во еден џбун за да ги набљудува оние девојки додека се капат. Штом огреа
сонцето – еве ги тие три девојки повторно дојдоа да се капат. На овчарот никако не му тргаше
од рака некоја да грабне, бидејќи беше доста многу далеку од нив.

И тоа утро овчарот не можеше да грабне ниедна од нив. Третиот ден овчарот тој
повторно се сокри во една грмушка која беше најблиску до реката, па остана да ги чека
девојките. Кога сонцето излезе, ете ти ги кај идат насмеани и весели, како јасни ѕвезди, па ги
соблекоа кошулите и влегоа во реката да се капат. Овчарот само седеше и мислеше како да
дојде до една од нив. Никако не му поаѓаше од рака, освен да им ги земе кошулите и да ги
остави голи, па со тоа можеби би дошол до една, ако дојдат до него и си ги бараат кошулите.
ДПреомислувајќи се така, поверува дека ќе успее, па се стрча и им ги зеде кошулите. Кога го
видоа тоа девојките, се најдоа во чудо и застанаа среде реката, па почнаа да го молат овчарот
да им ги врати кошулите, а тие ќе му возвратат со некое добро. Кога овчарот чу дека
девојките го молат, поверува дека ќе добие некоја од нив, па им рече:

„Ќе ви ги дадам кошулите, девојки, ако една од вас појде со мене, инаку кошулите
нема да ви ги дадам, и, да знаете – ќе наложам оган и ќе ги изгорам, па одете дома голи.“.

„Добро, младичумомче“, рекоа девојките, „сакаш една од нас, но треба да знаеш дека
ние сме три сестри, три самовили, па затоа не треба да земеш ниедна од нас за светот да не ти
се смее што имаш самовила за жена.“.

„Не само самода сте вили, туку и да сте и зли самовили, па пак ќе сакам една од вас и
дури тогаш ќе ви ги дадам кошулите“, им рече младичот.

Кога самовилите ги слушнаа тие зборови, уверувајќи се дека нема да им ги даде


кошулите додека една од нив не се омажи за него, рекоа:

„Е, кога е така, младичу, земи една од нас, која сакаш, и дај ни ги кошулите да одиме
дома, бидејќи живееме многу далеку.“.

Слушајќи ги овие зборови, младичот ја побара најмладата. Двете сестри му ја дадоа


најмладата и го повикаа настрана, па му рекоа нејзе да не ѝ ја дава кошулата бидејќи во неа ѝ
е силата, па ќе му побегне ако ја облече, туку да ѝ даде друга кошула да облече. Овчарот
направи така и на двете самовили им ги даде двете кошулите и тие побрзаа дома, а најмладата
сестра вечерта појде со овчарот кој ѝ облече невестински фустан, се венча со неа и така доби
за жена самовила, поубава од сите жени.

Живееја овчарот и самовилата близу речиси една година, па дојде ред да оидат на
свадба кај некој роднина на овчарот.

На свадбата, се фатија сите млади невести кои беа таму се фатија да играат на орото,
само овчаровата самовила не се фати. На сите невести би им било мило да се фати и
самовилата да игра, но таа не се фаќашела на орото бидејќи ја немала својата самовилинска
кошула. Почнаа да го молат овчарот да ѝ ја даде самовилинската кошула само за да видат
како таа игравилата. Поради големото молење од жените и девојките, тој се согласи и отиде
дома, па ја зеде оттаму кошулата каде што беше сокриена и ја понесе на свадбата. Пред да ѝ ја
даде кошулата на својта жена, овчарот ги затвори сите прозорци и врати; самовилата потоа ја
облече кошулата.
Кога вилата таа се фати на орото и почна да игра самовилинско оро, во чудо останаа и
мали и големи, сите што беа на свадбата, кога видоа како игра самовилата. Кога заврши
играта, вилата таа дојде кај мажот ѝ, и му рече:

„Остани здрав, домаќине!“ и– одлета низ оџакот. Кога виде овчарот дека жената му
побегна, повика по неа и ја праша:

„Жено, жено, зошто ме зеде на душа и бегаш низ тој проклет оџак кој го оставив
отворен? Те молам, драга жено, кажи ми каде да те барам за уште еднаш да те видам?“

„Побарај ме, домаќине“, му рече самовилата од оџакот, „во селото Кушкундалево, таму
ќе ме најдеш.“.

Така , самовилата му рече од оџакот на својот маж и одлета во облаците.

По неколку дена, овчарот се подготви да оди на далеченк пат и да го бара селото


Кушкундалево. Одеше по селата и по градовите и прашуваше каде се наоѓа селото
Кушкундалево. Секој кој ќе го чуеше името на селото од овчарот, се чудеше на тоа име и
никој не знаеше да му каже. Бидејќи ги помина сите села и градови, тргна по планините и
пустините за некако да го најде тоа село. Идејќи преку планините, забележа еден старец како
стои навален на една бука, со стап во рацете. Старецот го праша овчарот:

„Каде скиташ, момче, по оваа пустина, каде петел не пее и каде не стапнала човечка
нога?“

А овчарот му одговори:

„Неволја ме гони, чичко, да одам по оваа пустина. Нешто ќе те замолам чичко, ако знаеш да
ми кажеш: не се наоѓа ли можеби во оваа пустина селото кое се вика Кушкундалево?“

„Не сум слушнал, момче, такво село да постои во овој крај, иако овде живеам веќе
двестеа години. А зошто го бараш тоа село?“, – го праша старецот.

МА момчето одговори:

„Чував пред една година овци крај некоја река и видов како во реката се капат три
девојки. Третото утро им ги зедов кошулите: за да им ги вратам, ми ја дадоа најлмладата за
жена. Но тоа беа самовили и двете сестри ми рекоа да не ѝ ја давам кошулата бидејќи со неа
ќе ми побегне, зашто снагата силата ѝ била во кошулата. И јас, чичко, поверував во тоа и ја
држев кошулата скриена до неодамна. За да не се замерувам со селските жени и девојки, ѝ ја
дадов да ја облече и да поигра на оро на свадбата на која бевме. Сите врати ги затворив да не
побегне, но заборавив да го затворам проклетиот оџак, а кога ја прашав каде да ја барам, ми
рече да ја барам во селото Кушкундалево. Ете, тоа е мојата неволја, чичко, па сега ако знаеш
нешто,речи кажи ми.“.

„Не го знам, момче, името на тоа село, но патувај понатаму уште околу еден месец, па
ќе најдеш друг старец како што сум јас и поздрави го од мене; тој ми е постар брат и има
триста години. Тој е цар на сите шумски ѕверки и можеби ќе ти каже нешто за селото“, му
рече старецот и го испрати.

Бидејќи Оовчарот патуваше уште еден месец,еве и го најде другиот старец кој седешеи
крај некој извор. иСсе поздрави со него, па му раскажа сѐ по ред како што му раскажа и на
неговиот брат.
„Почекај малку, младичу“,; му рече старецот, „додека ги соберам сите ѕверки и ги
прашам за селото кое го бараш.“.

Прати абер старецот по сите ѕверки да се соберат, па за кратко време сите дојдоа и сите
застанаа пред него. Тој ги праша:

„Слушајте вие лавови, и вие мечки, и вие волци, и вие лисици, и сите ѕверки, што ќе ве
прашам: вие доаѓате во близина на селата и градовите, дали сте чуле за селото
Кушкундалево?“

„Не сме чуле, честит царе, не сме чуле за тоа име“, одговараа сите ѕверки во еден глас.

„Ете, момче, гледаш дека нема село со такво име кое го бараш. Ако не те мрзи патувај
уште едне месец и таму ќе го најдеш мојот постар брат. Тој е цар на сите птици кои летаат по
облаците, па можеби тие чуле за селото кое ти го бараш.“.

Тргна младичот момчето на пат и после еден месец наиде на третиот брат, царот на
сите птици. Откако Бидејќи се поздрави, му прати пренесе поздрав од браќата и му ги кажа
своите неволји од почеток до крај. Старецот прати абер по сите орли и врани и останати
птици да дојдат кај него. За дваесет и четири саати часа долеатаа сите птици пред царот и го
чекаа неговото прашање или заповед. Тој ги праша:

„Слушајте вие орли, гаврани и останати птици, дали некој од вас слушнал за селото
Кушкундалево?“

„За такво име досега не сме чуле царе“, – рекоа птиците.

„Е, изгледа дека не постои такво село, момче, бидејќи за него не чул никој, ни суриот
орел ни другите птици; еве јас сум стар четиристотини години и не сум чул за такво село“, му
рече старецот.

На тие зборови една куца страчка му се приближи на царот. Штом ја виде, царот ја
праша:

„Зошто толку задоцни, страчко? Доаѓаш кај мене последна.“.

„Задоцнив, честити царе, прво затоа што сум куца, а и друго затоа што живеам многу
далеку, дури близу селото Кушкундалево, каде живеат самовилите. Кога ми пристигна глас од
тебе, честити царе, да дојдам ваму, бев прегната да вршам смил и додека вршев, ме удри по
ногата една проклета вила, па од болка не можев да летам брзо за да стигнам навреме“, му
рече страчката на царот.

„Еј, момче, слушна ли што кажа страчката?“,– му рече старецот на младичотмомчето.


„Ете, таа е од селото кое го бараш. Ајде, подготви се ако сакаш да одиш со страчката. ЈасА ќе
ти дадам еден орел да јавнеш и тој да те однесе дури доКушкундалево.“.

„Ако ми ја направиш таа добрина, честити царе“, рече овчарот, „тоа никогаш нема да
го заборавам.“.

Тогаш царот му заповеда на еден од најголемите орли да го однесе овчарот во селото


Кушкундалево. Страчката напред, а орелот по неа; рано стигнаа во селото, а близу селото се
симна овчарот од орелот и влезе во првата куќа да праша каде живеат трите сестри самовили.
За среќа, тоа беше нивната куќа. Штом влезе во дворот, го видоа двете сестри и се сожалија
над него.
„Леле, сиротиот наш зет,; се здробил идејќи и прашувајќи додека да стигне до овде, за
да ја најде својата неверна жена“, рекоа обете сестри. „Кога олкава мака истрпели нашиот зет,
сестро, треба нашата сестра да ја врзеиме за седлото и нека ја води дома.“.

Потоа двете сестри излегоа надвор и убаво го пречекаа зетот, па го прашаа како ѝ ја
дал кошулата и на кој начин таа побегнала, а овој му им раскажа сѐ по ред како дошол до нив,
па ги замоли да му ја вратат жената.

„Не грижи се, зете“, му рекоа тие, „и ние тоа го мислиме, па сега ќе ја врземе за
седлото кое лета и ти ќе се качиш на него, па ќе мора брзо да леташ за што побрзо да ги
поминеш оние три планини, а кога нив ќе ги поминеш, за ништо повеќе не грижи се. Сега
влези дома да ја врземе за седлото додека спие и ти да се качиш, а додека бегате, таа ќе се
разбуди и ќе вресне колку што може силно за да ја чуе нејзиниот коњ, кој веднаш ќе дотрча да
ја спаси. Но, ако коњот те стигне кога веќе си ги поминал трите планини, ништо не може да ти
направи, а ако те стигне пред нив – ќе те искасапи и ќе ти ја земе жената.“.

Кога го чу тоа младичот од самовилите, брзо се качи на седлото за кое беше врзана
жената, а ветровите го подигнаа седлото. Кога ги поминаа оние три планини, се разбуди
самовилата и завриште за помош. Штом ја чу коњот, полета да го стигне овчарот. Но кога
дојде до оние три планини, тој се врати назад бидејќи имаше сила само дотаму. А овчарот
појде дома со жената самовила, па веднаш ѝ ја изгоре кошулата во оган за да биде мирен и
остана да живее со неа. Ним им се родија неколку убави, преубави девојчиња.

Ете, од тие девојки се родија најубавите жени на светот.

ДЕВОЈКАTA РИБА

(Бајка од Алјаска)

Многу одамна, жената на еден Индијанец роди девојче кое го нарече Очигансе-екво,
Девојка Риба. Уште од малечка таа се разликуваше од другите деца; колку повеќе растеше,
стануваше сѐ понеобична и почудна. Кога дојде во годините кога индијанските деца го
почнуваат својот пост, мајката се посоветува со таткото.

„Би требало нашето дете сега да пости за да ѝ биде покажано по кој животен пат да
тргне за да биде пример за другите деца.“.

„Ако мислиш дека време ѝ е да пости“, одговори тој, „нека го направи тоа. Ние ќе ѝ
подготвиме место каде ќе се повлече да пости.“.

А мајката повторно рече:

„Оваа девојка како да неѐ ни припаѓа нам. Јас вистински верувам дека таа е дете на
Великиот дух.“.

И така родителите одбраа соодветно место каде ќе пости и ѝ изградија мал вигвам.

Другиот ден во зората, мајката ја пробуди својата ќерка:

„Станувај, бидејќи Творецот на денот сака да почнеш да постиш.“.

„Девојката се дигна и само климна со главата без збор.


„Ајде“, рече мајката, „Великиот дух сака ти да постиш во знак на признание за
големите дела направени на земјата и на небото. И нека секогаш те споменуваат како онаа
која ги послушала наредбите на Великиот дух во времето кога светот и човештвото добиле
свој конечен облик.“.

Таткото и мајката ја одведоа во нејзиниот мал вигвам.

„Еве го твојот мал вигвам, а ова ти е мала постела од гранки. Овде ти сама ќе лежиш.
Пет дена нема ниту да јадеш ниту да пиеш. Тогаш ќе дојдам јас; па ако добиеш благослов, јас
ќе ти донесам месо и пијалак; но ако благословот не биде онаков каков што би требало да
биде, ќе постиш уште пет дена.“.

Девојката Риба не рече ништо, туку повторно само климна со главата. Родителите ја
оставија. Тогаш Творецот на денот се дигна над врвовите од дрвјата и го расеа својот
прекрасен сјај над неа, како веќе да го подготвува благословот за неа од земските и небеските
сили.

Не лежеше долго во својот вигвам, кога се појави прекрасен и силен човек и ѝ рече:

„Ти ги дарувам сите моќи кои постојат на светот и на небото, под Творецот на денот и
надвор од него, над земјата и под неа, на брановите и во длабочините на водата. Утре во овој
ист част повторно ќе ти дојдам.“.

Исчезна, но утрото повторно ѝ дојде, наизглед многу задоволен, и рече:

„За твоите родители ти си само мало дете, но не и за духовите на небото. Великиот дух
те благослови со сите моќи кои се под негова власт. Затоа, прекини го постот и биди ми жена.
Засекогаш ќе бидеме среќни. Стани и ајде да јадеме заедно.“.

На таинствен начин се појави пред неа во изобилство од секакво прекрасно овошје.


Среќни го јадеа заедно.

Нејзиниот посетител проговори:

„Утре пак ќе дојдам и ќе донесам месоа за нас двајцата. Не мораш повеќе да лежиш и
да постиш, бидејќи ги поседуваш сите моќи кои ги имаат духовите на небото и земјата и
водата, дури и на оние кои престојуваат под земјата и под водите. Никогаш ништо нема да
посакаш, бидејќи твојата моќ е еднаква на моќите на невидливите духови на небото. Кога
Творецот на денот ќе потоне зад хоризонтот, легни да се одмориш и да спиеш, но стани пред
тој да стане и повторно ќе јадеме заедно.“.

Кога заврши, исчезна и девојката остана сама чудејќи се од чудото.

„Кој можеше да биде тоа?“, размислуваше. „Дали да верувам во сѐ што ми вели? Не


знам. Но мене моите родители ме сместија во овој вигвам за да постам и јас мора да постам по
нивна желба. Ќе легнам да видам што ќе ми дојде на сон“.

Таа повторно легна на својата мала постела од гранки и одмоараше. Тогаш до ушите ѝ
допре глас:

„Добро е и паметно од тебе што ги слушаш своите родители, како што јас го наложив
тоа на човештвото уште од времето кога го создавав универзумот и човекот. Но, ти си одбрана
да го завршиш создавањето на небото, да му дадеш облик кој тоа ќе го има засекогаш. Веќе ти
се дадени сите моќи кои постојат на небесата и на земјата и во водите, па дури и на моќите
кои постојат под земјата и под водите кои ја опкружуваат. Поради тоа, послушај го оној кој ти
доаѓа, бидејќи сѐ што тој вели упатено ти е од силите видливи и невидливи.“.

Гласот потона во тишината. Девојката напрегнато гледаше во правецот од каде што


доаѓаше гласот, но не рече ништо. Веќе помисли во себе: „Ссигурно Великиот дух мене ми
говореше. Јас сама себе си изгледам како девојче; но ако треба да бидам жена, јас ќе работам
како жена и ќе ги извршувам должностите кои ми се одредени; тогаш полна со радост ќе се
вратам кај своите родители. Ќе бидам среќна да работам дома и да ги исполнувам желбите на
мојата мајка“.

Таа заспа; но пред да се појави Творецот на денот, таа се подигна и ги замени гранките
во својот вигвам со свежи гранки. Тогаш Творецот на денот се појави на исток и ја разлеа
својата светлина по земјата, благосветлувајќи ги дрвјата и билките, но повеќе од сѐ нејзиниот
мал вигвам. Наскоро се појави нејзиниот посетител со ветеното месо, кое го стави во фина
чинија од брезова кора украсена со неописливи убави билки. Полни со веселост јадеа заедно.
Тогаш тој рече:

„Утре е последниот ден од твојот пост. Јас ќе појдам во пресрет на твојата мајка кога
ќе доаѓа наваму; и ќе ѝ речам дека ти си благословена со сите моќи земски и небески, дека
сите битија видливи и невидливи ќе дојдат на нашата свадба. Сите се повикани да дојдат,
дури и оние што престојуваат во големите води. Засекогаш тие ќе се сеќаваат на свадбената
гозба на големата Девојка Риба. Не плаши се, бидејќи сега си господарка над сите нив.“.

Само малку остана со неа; тогаш, посакувајќи ѝ добар одмор, исчезна. Денот брзо
помина додека таа седеше размислувајќи за тоа што значи сето ова. Овој пат, Творецот на
денот брзо замина. Дури и ноќта изгледаше кратка.

Утрото осамна величенствено; со прекрасниот сјај од Творецот, се дигна и ја фрли


својата прекрасна насмевка над целиот универзум. Мајката на девојката се приближуваше кон
виагвамот, а од спротивната страна, како по договор, посетителот од небото. Тие се сретнаа и
се гледаа, не говорејќи ни збор.

„Дали е тоа твојата мајка?“, – праша тој.

„Да“, прошепоти таа.

Тој ѝ се обрати на жената:

„Јас ја избрав твојата ќерка за себе за жена и ѝ ги дадов сите моќи на земјата и небото, како
што ми беше наложено. Денеска ја прославуваме нашата свадбена гозба. Сите живи битија на
земјата и од водата и од небото, видливи и невидливи, ќе се состанат за прв и последен пат
заедно, да бидат сведоци на венчавањето на големата Девојка Риба, твојата земска ќерка, која
сега припаѓа на небесата. Оди, донеси го твојот маж и целото семејство.“.

Мајката се врати дома, ја ги собра целата сите роднинибина и ја ги однесе во малиот


вигвам. Тукушто седнаа, се појави неописливо мноштво на битија какви што дотогаш никој
немаше видено, ниту некогаш се чуло за нив, дури не се ни сонувало. Господарот на небото го
објави венчањето, дека отсега тој и Девојката Риба ќе бидат соединети засекогаш, на што
моќниот восклик го скрши небото и ја затресе земјата.

Започна свадбената гозба. Радост и среќа завладеа секаде, на сите четири страни од
светот и меѓу величенствените небесни тела. Додека Девојката Риба седна и се чудеше како и
зошто така испадна таа да биде господарка на сите тие чудесни битија, хармоничен хор на од
гласови допре до неа од небесата:

„Тебе ти е дадено да владееш над сите нас, затоа немој да се чудиш.“.

Во меѓувреме, Творецот на денот брзаше по својата патека и се приближуваше кон


залезот. Во моментот кога го усмери насочи својот последен блесок на земјата, веселбата
прекина и земјата се затресе од прошталниот поздрав на силните гости.

„Збоугум, збоугум. Нека среќата вечно ве пратиследи.“.

Поздравите замреа. Настана длабока тишина. Мажот на Девојката Риба брзо подигна
шатор за себе и за жената и се повлекоа да спијат.

Деновите поминуваа мирно. Секое утро нејзиниот маж одеше во лов и носеше животни
и птици од шумата: некои за храна, некои за крзно од кое правеа за себе облека, постелнина и
прекривки. Девојката Риба остануваше во вигвамот; таа штавеше кожи и спремаше месо,
трудејќи се на сите начини да му угоди на мажот; а кога тој вечерта ќе се вратеше со својот
улов, ќе го пречекаше со подготвена храна. Една вечер тој се врати нешто подоцна, но не ѝ ја
кажа причината. Следната вечер се врати уште малку подоцна, но повторно не кажа ништо.
Девојката Риба не го праша ништо, туку работеше околу него да му угоди и грижејќи се сите
негови потреби да бидат задоволени. Третото утро тој се двоумеше пред да појде во лов и се
врати уште подоцна од претходно. Четвртото утро не се подготвуваше воопшто за лов, туку
седеше молчејќи во вигвамот покрај огнот. Девојката Риба исто така не говореше ништо, туку
ги вршеше своите работи.

Додека седеше така молчејќи, осум убави високи девојки, со долги расплетени коси,
смеејќи се пријдоа кон огнот и седнаа покрај него. Некое време никој ништо не говореше.
Тогаш една од нив се подигна, го зеде за рака и го изнесе од вигвамот, а останатите седум
појдоа по нив. Девојката Риба ги следеше до излезот и гледаше како се качија на небото,
одејќи како по земја, додека не ѝ се изгубија од видот.

Тогаш таа луто заплака:

„Го одведоа од мене мојот сакан маж. Јас ќе се осветамодмаздам. Ќе ги употребам сите
сили кои ми се беа дадени кога постев. Во почетокот мојата вера беше слаба, а и јас бев
легнала и понатаму да постам; но Великиот дух ми проговори од небото и ми наложи веќе да
не постам, бидејќи моќите ми беа веќе дадени веќе. Сега ќе ги употребам; ќе го барам својот
сопруг каде и да го одвеле. Ќе го барам на земјата или под неа, на големите води или во
нивните длабочини, секаде ќе одам додека не го најдам. Тој ми ја вети својата љубов, секаде
ќе одам додека не го најдам. Тој ми ја ветуваше својата љубов вечно и засекогаш, па сепак ме
остави без зборови и без збогување. Каде одеше не кажуваше, ниту кога ќе ми се врати. Јас
нема да ги прашам родителите што да правам, туку ќе им се осветам одмаздам на девојките од
небото кои толку ме исмеаја. Ќе ги пронајдам и ќе ги убијам, потпирајќи се на моќите кои ми
се дадени во детството кога постев, моќи кои ги потврди и Великиот дух.“.

Влезе повторно во својот виагвам и стави борбена опрема, говорејќи додека се


облекувашше:

„Ќе ја носам отсега секогаш оваа опрема. Народот на земјата ќе ме види и ќе говори:
’Гледај, Девојката Риба сѐ уште е жива‘, и ќе ми принесуваат на жртва тутун, ќе го фрлам во
оган. Подготвена сум да го барам својот маж, да се борам со сите свои сили, земски и небески,
додека не го вратам. Но прво ќе им се покажам на своите родители да видат каква ќе бидам
отсега; ќе им кажам за својата намера: дека одам да си го вратам мажот и да го потсетам на
неговото ветување.“.

Додека го говореше тоа, се претвори во блескава бела риба каква што никогаш никој не
видел. Чекорејќи со долги чекори како човечко битие, со црни очи кои секаа како оган и
сечејќи ги со прекрасниот бел опаш грмушките, се упати кај своите родители пророкувајќи:

„Мојот маж тие го одведоа,

Мојот маж тие го одведоа“.

Нејзиното племе ја гледаше со стравопочит, а мајка ѝ ја праша загрижено:

„Да не се случи некоја несреќа?“

„Да мајко“, одговори таа. „Небеските девојки ми го грабнаа мажот; јас ќе го превртам
небото и земјата и морињата и океаните додека не го откријам местото каде го сокрија.
Бесрамно го излажаа Великиот дух. Сѐ додека беше со мене мојот маж, јас верно ги вршев
моите должности на негова жена, и подготвена сум повторно да ги вршам. Но сега, ќе се
борам за своите права.“.

Се врати во својот вигвам и легна да спие, а нејзините родители се приближија преку


ноќта за да внимаваат што ќе се случи. Во зората се слушна како потпевнува:

„Денес ќе гонајдам својот маж кого го зграпчија од мене...“

Тогаш сонцето се дигна и нејзините родители и браќа пријдоа до вигвамот.

„Не оди“, ја преколнуваше најстариот брат.

Но таа одговори:

„Твојот совет е добар, брате. Но, тие ми ветија голема милост. И ако сега јас постапам
погрешно, тогаш и тие за моите дела би биле одговорни. Тие ми ја зедоа среќата; го однесоа
од мене мојот драгоцен живот. Мора да умрат. Мора да бидат фрлени од небото на земјата и
уништени. Никогаш повеќе нема тие да се вратат на небото, ако само успеам да ги фатам.“.

Таа се искачи на врвот на највисокото дрво и зачекори нагоре кон синото небо, пеејќи
со гласот кој одѕвонуваше и откако таа веќе се изгуби од видот веќе:

„Тие ми го зедоа мажот,

Јас го барам, ќе го најдам.

Девојките кои ме разжалостија, мора да умрат,

Уште денес тие ќе паднат на земјата

И сами ќе станат земја за вечни времиња“.

Го најде. Четири девојки му седеа од едната страна; четири од другата; и тие ѝ се


потдсмеваа додека им се приближуваше. Но, таа одеше право кон својот маж и извлекувајќи
го борбениот боздоган, таа ги погуби една по друга, извикувајќи:
„Никогаш повеќе нема да ми го земете. Никогаш повеќе нема ниедна небеска девојка
да слезе на земјата за да ги исмева смртните.“.

Потоа го приврза мажот ѝ со цврсто сидро додека не му се придружи повторно на


небото, и се врати во својата куќа на земјата. Нејзините родители и браќата појдоа кај неа, но
таа ги опомена велејќи им:

„Небеските битија се лути што ги убив нивните девојки. Држете се настрана, бидејќи
наскоро ќе ме нападнат. Но не стравувајте: не можат да ме уништат.“.

На врвот на највисокиот бор истрча таа, потпевнувајќи ја својата песна и


предизвикувајќи ги невидливите духови да ја нападанат:

„Внимавајте“, им викна таа долу на своите. „Еве ги, доаѓаат да ме нападнат.“.

Заслепувачки блесок на молња полета на неа, но таа слета од дрвото на земјата и


молњата не ја погоди ни неа ни дрвото. По првата молњата следеше друга, додека гласовите
од небото одекнуваа: „Ене ја. Застрелај ја.“.

Ја гонеа по целиот универзум, потресувајќи ја земјата и големите води со своите


молњи и громови. Таа побара засолниште под големите карпи, но тие и нив ги здробија со
своите громови; па сепак, помеѓу громовите ја слушнаа како пее. Најпосле, исцрпена од
борбата таа побегна на небото, побегна зад моќниот Творец на денот, додека не стигна до
Големата мечка која владее со Млечниот пат.

„Јас наредив да дојдеш ваму“, рече тој. „Одовде јас бдеам над земјата да не биде
уништена. Никогаш веќе не смее да дојде до таква кавгакараница. Врати се сега и сокриј се
зад големата карпа до која овој мој дух ќе те одведе, најмоќниот од сите кои успеваат да
продрат на земјата. Тој ќе те одведе длабоко под нејзините темели, кои јас ќе ги утврдам и ќе
ги направам вечни, така што никаква сила на земјата не ќе може да им наштети. Твоите
непријатели залудно ќе го таупат своето оружје врз неа, додека не се откажат од нападите врз
тебе. Тогаш кога ќе падне мрак, качи се горе и погледни. Овде на небото ќе ги видиш своите
траги кои ќе бидат вечна ознака за годишнотоите доба. Ти и твојот маж ќе престојувате вечно
на небото; тој ќе се вика Очигананг, Ѕвезда-Рриба, а ти ќе кружиш околу него. Карпата под
која најде засолниште ќе биде позната како Акакуџиш, Дом на големиот мрмот, .бБидејќи
Великиот дух одреди да поминеш низ сите овие неволји за да може да го заврши создавањето
на небото и на земјата.“.

You might also like