You are on page 1of 21

Мигел де Сервантес(1547-1616)

Роден е во малото гратче Алкала де Хенарес, близу Мадрид во


семејство на хирург исто така таму и учел. Во 1569 год како
пратеник на папата бил во Италија. После една година се
придружил на шпанската војска , исто така учествувал и во битката
кај Лепанто во 1571 кога го раниле и ја изгубил левата рака. До
дека се враќал дома бил заробен и продаден на алжирски
паша .Тој се обидел да избега повеќе пати но не успеал. Тогаш го
спасиле мисионери и го вратиле во Мадрид. Тој тогаш почнал да се
занимава со пишување . Напишал пасторален роман,,Галатеја” и 12
драми . Од драмите попознати се АЖИРСКИТЕ НАРАВИ и
НУМАНСИЈА. Тој неможел да живее од пишување и затоа се
откажал и се вработил како интендант во шпанската армија.По
некое време ја напуштил армијата и работел како собирач на
данок. Во службата бил 3 пати затворен. Сервантес се откажал од
пишување на сентиментални романи и драми и почнал да писува
реалистички дела. Во 1605 год излегол од печат прв дел од ДОН
КИХОТ кој почнал да го пишува во 1602 год додека бил взатвор.
Неговиот сопствен живот го инспирирало за да го пишува. Вториот
дел од ДОН КИХОТ излегол во 1615 една год пред Сервантес да
умри. Исто така негова прва збирка на раскази нила ПОУЧНИ
НОВЕЛИ а следната година била објавена ПАТУВАЊЕТО НА
ПАРНАС. Комедиите ги издал во збирката ОСУМ НОВИ КОМЕДИИ И
ИНТЕРМЕДИИ. Романот ПАТУВАЊАТА НА ПЕРСИЛИС И СИГИЗМУНД
била објавено после неговата смрт. Романот ГАЛАТЕЈА во кој се
работи за љубовта на еден овчар и овчарка бил многу баран во
Шпанија и Европа. Исто така Сервантес имал два вида на романи.
Во првиот љубовно херојски спаѓаат ЛАВИРИНТ НА ЉУБОВТА,
АЛЖИРСКА РОБИЈА и ДОБЛЕСНИОТ ШПАНЕЦ. И второто битово-
плаутовски се знај БЛАЖЕНИОТ НИКАКВЕЦ.
Дон Кихот
„ Дон Кихот “ е трагичкомичен роман во два дела, со 126 глави на
1200 страници, во кој се опишани многу случки и ликови. Во кој
темата е животот и походите на главниот лик Дон Кихот и неговиот
придружник Санчо Панса.
Осиромашниот селски благородник Алонсо Кихано од здодевност
читал рицарски романи и толку многу се занел со нив што дури
продал дел од имотот за да си купува нови. „Со еден збор нашиот
благородник толку се зари во тие книги што читал без престан и
бидејќи Дон Кихот малку спиел, а
многу читаше, мозокот му се исуши толку што сосем си го изгуби
паметот. Вообразувањето му се наполни со сето она што го читаше
во книгите: магии, расправии, боеви, предизвикувања за двобој,
рани, умилкувања, љубовни походи, маки и какви ли не други
неверојатни измислици.“ Занесен од романите, тој решава да стане
рицар-скитник и самиот да доживее многу авантури. Најпрво, тој си
го променил името, па од Алонсо Кихано станал Дон Кихот, потоа
го исчистил оружјето од неговите прадедовци кое било `рѓосано и
распаднато, на шлемот додал картонски визир бидејќи вистинскиот
бил искршен, четири дена му смислувал достоинствено име на
својот слаб коњ со многу недостатоци – Росинант.
На крајот требало уште само да најде некоја дама во која ќе се
вљуби и накоја ќе и ги посвети своите храбри походи. Ја одбрал
девојката од соседното село Алдонса Лоренсо која ја нарекува
Дулчинеја од Тобозо, име кое му се чинело доволно благородно и
благозвучно.
Така подготвен, тргнал во поход. Првиот ден јавал по полињата не
сретнувајќи никого, а вечерта преморен и прегладнет стигнал во
некоја крчма која си ја замислувал како благороднички замок.
Двете девојки кои стоеле пред крчмата си ги замислил како две
дами кои му се воодушевуваат, иако тие се кикотеле кога го виделе
смешниот „витез“ со дрвено копје. Тој смирено и учтиво им се
обратил во стил на големите витези барајќи го „господарот“ на
замокот. И крчмарот посакал да се шегува со него и затоа му
одговорил во истиот стил и му се обратил како на вистински
благородник. Бидејќи немало место за спиење, крчмарот го
сместил Дон Кихот во шталата, а јадење – порција лошо измиен и
уште полошо сварен бакалар со парче црн и мувлосан леб, му дал
пред крчмата. Девојките пак, му помогнале да си ја соблече
рицарската облека, но не можеле да му го извадат шлемот, па тој
морал со него да спие. Сето тоа на Дон Кихот му било нормално и
убаво, само го измачувала мислата дека не е роден витез и дека
треба некој да го посвети во витешкото звање, за да може да се
впушта во авантури. Веднаш по вечерата го замолил крчмарот
утредента тој да ја има таа чест. Крчмарот, сфаќајќи со кого има
работа, прифатил. Освен тоа му дал и добри совети, како на пр.: да
си носи пари и чисти кошули со себе, зашто тоа не го пишувало во
романите, но се подразбирало.
Ноќта, како секој витез и Дон Кихот требало да бдее над оружјето
за утредента да биде посветен во витез. Бдеењето се одвивало во
задниот двор, покрај бунарот, а оружјето го ставил во корито. Но,
вечерта во крчмата дошле маскари и кога едниот од нив сакал да
си ги напои маските, отишол во задниот двор, го зел коритото, а
оружјето на Дон Кихот го фрлил. Кога го видел тоа, Дон Кихот
повикувајќи се на љубовта кон Дулчинеја, го зел копјето и со него
го претепал маскарот и продолжил со своето бдеење како ништо
да не се случило.
Малку подоцна дошол и втор маскар со истата намера и кога го
тргнал оружјето од коритото, Дон Кихот и него го претепал. Кога ја
слушнале мешаницата, луѓето од крчмата дошле да видат што се
случува. Но, тогаш крчмарот го заштитил Дон Кихот, кажувајќи им
на луѓето дека е луд и дека нема да одговара и ако убие некого. За
да ги скрати маките и за да не се случи уште некоја незгода,
крчмарот побрзува со церемонијата на здобивањето со витешко
звање – удар со рака по тилот и со сабјата по грбот, една од
девојките му го опашува мечот, му посакува да биде најсреќниот
витез – и Дон Кихот бил подготвен за своите походи.Од крчмата тој
тргнува прво дома, за да се снабди со многу потребните работи –
пари и облека. Но, по патот слушнал некои гласови и видел како
некое момче било врзано за дрво, а неговиот господар го тепал.
Заштитникот на немоќните, сиромашните и обесправените – Дон
Кихот се вмешал за да ја истера правдината. Иако господарот му
кажал дека момчето е негов слуга кој ги пасел овците и не
внимавал, па секој ден му фалела по една овца и заради тоа не
сакал да му ја исплати платата, сепак, Дон Кихот не отстапил. Го
натерал господарот да го одврзе момчето од дрвото и да вети дека
ќе му исплати онолку пари колку што му должел. Господарот
послушал, но откако Дон Кихот си заминал, тој повторно го врзал
момчето и уште повеќе го истепал. Такви се походите на Дон Кихот,
смешни, бизарни. На патот кон дома ќе налета на трговци кои нема
да имаат милост кон неговата лудост и ќе го испретепаат. Па, кога
стигнал дома тој со денови и ноќи спиел за да закрепне. Тогаш,
неговата внука, заедно со парохот и берберот ќе ги изгорат книгите
од неговата голема витешка библиотека, бидејќи сметале дека тие
се виновниците за состојбата во која се наоѓал Дон Кихот.
Останатите книги ќе ги заѕидаат во една соба надевајќи се дека ако
ја отстранат причината за болеста, на тој начин ќе ја отстранат и
последицата. Но, кога Дон Кихот се разбудил, ништо кај него не се
променило. Тој веднаш сакал да си ја види библиотеката, но му
кажуваат дека некој маѓесник направил таа да исчезне.
Петнаесетина дена останал дома и не покажувал со ништо дека ќе
ги продолжи своите будалаштини. Ама тој, во меѓувреме стапил во
контакт со еден селанец, „човек со златно срце, но со мошне малку
мозок во својата глава“, кого го наговорил да стане негов
оружоносец и придружник, а кога ќе спечалел некој остров него ќе
го назначел за губернатор. По многу зборување и убедување,
занесен од ваквите ветувања, селанецот Санчо Панса се сложил да
тргне со него. За да не оди долго пеш, тој си го зел своето магаре.
А,
Дон Кихот распродал многу нешта, други заложил за да дојде до
значителна сума пари. Така подготвени тие двајцата тргнале во
нови походи.
Следува авантурата – најпознатата и највпечатливата – страшната и
нечуена борба со ветерниците. Одејќи по патот и барајќи авантури,
Дон Кихот и Санчо Панса здогледале 30-40 ветерници. Дон Кихот,
во својот поматен ум задоен од витешките романи во кои
егзистирале многу натприродни суштества, си замислил дека
ветерниците се огромни џинови со долги раце. Санчо Панса го
предупредил дека тоа се обични ветерници, но Кихот не сакал ни
да слушне и тргнал во храбра борба против нив. Кога и се
приближувал на првата ветерница, задувал ветер и ги раздвижил
нејзините големи крила. Повикувајќи ја Дулчинеа да го поткрепи во
борбата, го вперил копјето и го потерал Росинант во галоп кон
првиот „непријател“. Удрил во крилото кое во тој миг ветрот толку
силно го завртело што му го искршило копјето на парчиња, а коњот
и коњаникот ги кутнал на земја. Санчо Панса му помогнал да се
крене и тие тргнале понатаму.Во блиската шума, уништеното копје
Кихот го заменил со гранка од даб. Многубројни се подвизите на
Дон Кихот, подвизи кои предизвикуваат смеа, но често и тага. Тој се
бори со стадо овци замислувајќи го како непријателска
војска…Фратарските мулиња ги замислува како едногрби камили,
окованите заробеници како невини жртви кои ги ослободува,
селанките како благородни дами, винскиот мев го замислува како
зол дух итн. итн.
Во сите походи и авантури Дон Кихот влегува со безумна храброст и
многу често излегува како поразен, но тој секогаш поразот го
припишува на магиите и лошите духови. По тажните моменти кога
не му е возвратена љубовта од неговата замислена Дулчинеа, тој
станува Витезот од Тажен Лик, по борбата со лавовите – Витезот од
Лавови…Пред крајот на романот Дон Кихот е примен во дворецот
на Војвотката ловџика која од здодевност му овозможува тој да
живее во својот имагинарен свет, му дава облека, го води на лов, а
на Санчо Панса му даваат божемна гувернерска функција. Но,
ваквиот живот набрзо им здосадува и на двајцата, па тие повторно
тргнуваат да си бараат авантури. Последна е борбата со Витезот од
Белиот Месец (всушност преправен пријател на внуката на Дон
Кихот) кој го победува и заради поразот Кихот мора да ги прифати
поставените услови. Односно, мора барем една година да се
повлече дома и да не зема оружје в раце. Тажен е крајот на
романот кога јунакот ќе умре во постела, без остварени соништа и
без возвратена љубов. Тој не умира со поматен ум, туку е свесен за
своите дела што ги сторил и за тоа ги обвинува приказните кои ги
прочитал. Вразумен, тој ги проколнува витешките романи, а на
својата внука и го остава наследството, само под услов да не се
омажи за човек кој читал такви книги.

Вилијам Шекспир
Вилијам Шекспир (1564-1616) е најголемиот драмски автор на
светот и за сите времиња. Тој е претставник на ренесансата од
Англија. Иако живеел и творел пред четири века, неговите драми
се уште се изведуваат во театрите ширум светот. Шекспир е роден
во Стратфорд каде се стекнал со основно образование. Се
претпоставува дека не бил многу образован бидејќи морал да му
помага на татка си во работата. На осумнаесетгодишна возраст се
оженил со осум години постарата Ана Хатавеј со која имал три
деца. Во 1592г. заминува во Лондон каде животот му го посветува
на театарот. Прво бил актер, потоа станал дотерувач на туѓи
текстови, а откако стекнал искуство и самиот почнал да пишува
драми. Подоцна станал косопственик на најпознатиот театар
„Глобус“. Во Лондон творел и работел 20 години (1592-1612).
Напишал книга со 154 сонета, 36 драми и 2 наративни поеми.
Во драмите, кои се поделени на: историски, комедии, трагедии и
идили, Шекспир меша проза и стих, комични и трагични елементи
и создал безброј ликови со универзални чувства, стасти и
страдања.
Во 1612 година купил нова куќа во родниот Стратфорд каде се
повлекол и живеел до крајот на животот (1616). Починал на 52-
годишна возраст, на својот роденден (23. април), а на неговиот
надгробен споменик пишува:
„По мудрост Нестор, по генијалност Сократ, по уметност Вергилиј.
Земјата го покрива, народот тагува, а Олимп го има.“
Творештвото на Шекспир
Шекспировото творештво обично се дели на три периода:
1. Ран период
Првиот период се карактеризира со сочен ренесансен хумор, буен
јазик, политички теми или љубовни заплети и расплети. Во овој
период Шекспир напишал неколку од најомилените драми на
публиката, како на пример, „Ромео и Џулиета“, „Млетачкиот
трговец“, „Хенрик Четврти“ и „Ричард Трети“ која е претходничка
на неговите големи трагедии.
2. Зрел период
На преминот кон 17 век започнува големиот „трагичен период“ на
Шекспировото творештво. Овие драми претставуваат духовно
раѓање на модерниот западен човек. Шекспировата оригиналност
пред се лежи во разновидноста на неговата инвентивност, во
прикажувањето на фасцинантни индивидуи кои се
видоизменуваат.
Меѓу најголемите трагедии се истакнуваат: „Хамлет“, дело кое
повеќепати го преправал, а во кое е прикажан харизматичниот
херој – интелектуалец и каде има изобилство на теми во текстот и
подтекстот и заради тоа останува дело-темел на западната духовна
култура; потоа „Отело“, во кое љубоморниот војник со херојски
размери го засенува Јаго – отелотворениот Сатана; „Антонио и
Клеопатра“, со фаталната Клеопатра која го надраснува реалниот
историски лик; „Кралот Лир“, каде се обелоденуваат почетокот и
крајот на човечките карактери и судбини итн.
3. Доцен период
Заедно со овие врвни трагедии се и т.н. мрачни комедии, каде
нема големи, незаборавни ликови, туку само цинизам и гадење од
човечката превртливост и подлост, од политичките махинации и
воопшто од компромисниот карактер на општеството. (Овие драми
се претходници на егзистенцијализмот кој се појавува во 20 век).
Својот творечки опус Шекспир го завршил во духот на
помирувањето. Неговите драми „Цимбелин“, „Зимска приказна“ и
„Бура“, се со фантастична содржина, со многу духови, необични
случувања, заплети кои се разрешуваат на чудесен начин, а
ликовите не се реални, туку наликуваат на ликови од бајките и
народните приказни. Заради ваквата поделба на творештвото,
некои критичари сметаат дека вакво било Шекспировото
созревање: по бурната виталност, комика и оптимизам во раниот
период, следува тешкиот трагичен период во кој авторот одел по
работ на лудилото на кој се надоврзува мачниот ироничен
егзистенцијализам, за на крајот, Шекспир да се помири и прости и
да го претстави животот како сон.
Хамлет
„Хамлет“ е трагедија, врвно дело на англиската и светската
литература.
Темата во драмата е опседнатоста на данскиот принц Хамлет
со идејата да се одмазди за смртта (убиството) на својот
татко.На почетокот од драмата се претставени ѕидините на
замокот Елсинор на кој стражарите (ХОРАЦИЈ, МАРСЕЛ,
БЕРНАРДО, ФРАНЦИСКО) веќе неколку ноќи забележуваат
дух (призрак) кој им наликува на починатиот крал (таткото на
Хамлет). Тие се вознемирени и иако се плашат, сепак се
обидуваат да зборуваат со него, но тој ги одбива. Младиот
принц Хамлет, присуствува на венчавката на неговата мајка,
КРАЛИЦАТА ГЕРТРУДА со неговиот чичко КЛАВДИЈ (брат на
татко му). Таа венчавка Хамлет не можел да ја оправда,
бидејќи ја сметал за инцест (љубовни односи меѓу блиски
роднини), мајка му му станала и стрина. Од друга страна е
претставено и семејството на ПОЛОНИЈ, главниот државен
секретар, неговиот син ЛАЕРТ и ќерката ОФЕЛИЈА. Таа им
кажува на татка си и брата си за љубовта која ја чувствува
кон ХАМЛЕТ, а и за неговата љубов кон неа која ја смета за
чиста, искрена и голема. Тие ја предупредуваат да не им
верува многу во празните зборови штом не се поткрепени со
понуда за брак, и дека ХАМЛЕТ поради неговото кралско
потекло, можеби не би можел самиот да си избере жена.
Односно, неговата жена нема да ја избира само тој, туку и
целата Данска.
Потоа ЛАЕРТ заминува за Франција.
Пријателите на ХАМЛЕТ (стражарите) го повикуваат да се
сретне со духот на починатиот татко, кралот на Данска, кој
веројатно само со него сака да разговара. Таткото (духот) му
кажува на ХАМЛЕТ дека не умрел од природна смрт, туку
дека неговиот брат му ставил отров во увото додека спиел во
градината, а потоа излажал дека го каснала змија. Негова
цел била да се ожени со снаата и така да стане нов крал на
Данска.
Ова сознание многу го потресува ХАМЛЕТ и затоа тој решава
да се одмазди за убиството на својот родител. Врз ова се
темели судирот на ХАМЛЕТ со омразениот нов крал
КЛАВДИЈ – неговиот чичко и неверната кралица – мајка
муГЕРТРУДА. ХАМЛЕТ многу уверливо се преправа дека
полудел за да може да ја дознае вистината. ХАМЛЕТ верувал
во зборовите на призракот (духот), но немал никаков
материјален доказ дека татко му е убиен.
Односот кон ОФЕЛИЈА сосема го менува. Се појавува пред
неа распарталавен, нечист и со налудничав поглед.
Веста за променетото однесување на ХАМЛЕТ доаѓа до
кралот. Тој се сомнева, па ги ангажира Розенкранц и
Гилденстерн (поранешни колеги-студенти на Хамлет) да ја
испитаат вистинитоста на лудилото.
ПОЛОНИЈ им докажува на кралицата и кралот дека
причината за лудилото на ХАМЛЕТ е љубовта кон ОФЕЛИЈА
за која сметал дека не му била возвратена.
ХАМЛЕТ затскриен зад превезот на лудилото на сите в лице
им ја кажува вистината и нивните недостатоци. Во дворецот
доаѓа театарска група со која Хамлет се договара каква
претстава да одиграат, а самиот додава текст за да му се
вклопи во планот кој го смислил. Пред да се разрешат сите
дилеми, пред почетокот на крајот, ХАМЛЕТ го кажува својот
најпознат монолог
КЛАВДИЈ ја гледа претставата во која на заспаниот крал му
ставаат отров во увото, исто како што тој му направил на
својот брат. Му се слошува од сцената и излегува, а за
ХАМЛЕТ тоа е доказ за вистинитоста на убиството.
КЛАВДИЈ станува свесен дека ХАМЛЕТ сака да се одмазди и
веднаш почнува да подготвува нов заговор.
Врвна точка е моментот кога ХАМЛЕТ додека бил во собата
на својата мајка забележал дека некој се крие зад завесата.
Мислејќи дека е тоа КЛАВДИЈ, го прободел со меч. Но, тоа
бил ПОЛОНИЈ, таткото на ОФЕЛИЈА. Во разговорот со мајка
си ХАМЛЕТ ја истура сета своја горчина. Ја обвинува за
прељубата, за изневерувањето на кралот, но и на него како
наследник, па и на целата држава. Врз неа го фрла и гревот
за убиството. Кралот КЛАВДИЈ по убиството на ПОЛОНИЈ
сфаќа дека му се заканува убиство, па затоа го испраќа
ХАМЛЕТ во Англија со неговите придружници, Розенкранц и
Гилденстерн, да му дадат на англискиот крал писмо во кое
пишува да го убијат ХАМЛЕТ. Тој знае дека КЛАВДИЈ сака да
се ослободи од него, доаѓа до писмото и ја менува неговата
содржина пишувајќи да се убијат придружниците. Свесен е
дека мора да преземе иницијатива ако сака да го одмазди
таткото и да ја задоволи правдата.
ЛАЕРТ, братот на ОФЕЛИЈА се враќа од Франција откако
разбрира за смртта на татка си ПОЛОНИЈ. Тој е подготвен да
се одмазди и својот гнев го насочува кон КЛАВДИЈ кој тајно и
без почести го закопал ПОЛОНИЈ.
КЛАВДИЈ го искористува гневот на ЛАЕРТ и му кажува кој е
убиецот за да ја пренасочи омразата и вината кон ХАМЛЕТ.
ХАМЛЕТ се враќа од Англија токму кога на гробиштата се
одвива тајниот погреб на ОФЕЛИЈА која се самоубила (се
удавила). Тој му раскажува на својот единствен близок
пријател во кој се уште има доверба, ХОРАЦИЈ, што се се
случило и кои се неговите намери.
По смртта на ОФЕЛИЈА омразата на ЛАЕРТ кон ХАМЛЕТ
уште повеќе расте, затоа КЛАВДИЈ лесно го наговорува да го
предизвика ХАМЛЕТ на двобој. За одмаздата и смртта на
ХАМЛЕТ да бидат сигурни тие се договараат мечот да го
премачкаат со отров, а ако сепак ХАМЛЕТ се спаси во
двобојот, КЛАВДИЈ ќе му даде пехар со вино во кое ќе стави
отров.
Во двобојот ХАМЛЕТ е гребнат со отровниот меч и налутен
му го одзема на ЛАЕРТ и со него го ранува. Мајката
вознемирена го зема пехарот со отровното вино и се напива
од него. ЛАЕРТ му кажува на ХАМЛЕТ дека иако раната му е
мала, таа ќе биде доволна да го усмрти поради отровниот
меч. Разгневен, ХАМЛЕТ со истиот меч го прободува
КЛАВДИЈ.
Така, многу крваво завршува историјата на семејството и
нивното владеење. Но, за правдата да биде целосно
задоволена, последните зборови на ХАМЛЕТ се
назначувањето на Фортинбрас за наследник на престолот.
(Уште таткото на Хамлет неправедно го презел престолот, па
затоа сега Хамлет го враќа.)
Сон во летна ноќ
Сон на летната ноќ е романтична комедија напишана од Вилијам
Шекспир. напишана од 1594 до 1596. Ги прикажува авантурите на
четири млади атински љубовници и група аматерски глумци,
нивното дејствување со кралот на Атина, Тезеј, кралицата на
амазонките, Хиполита и со самовили кои населуваат една месечево
осветлена шума. Претставата е една од најпопуларните
Шекспирови дела за сцена и е широко изведувана насекаде низ
светот. Претставата обработува три затворени заплети, поврзани со
славењето на свадбата на кралот Тезеј на Атина и амазонската
кралица, Хиполита, истовремено поставена во шума и во
кралството на самовилите, под месечевата светлина. Хермија
одбива да ги следи инструкциите на нејзиниот татко Егеј да се
омажи со веќе избраниот маж за неа, Деметар. Како одговор, Егеј
пред Тезеј цитира еден древен антички закон кој вели дека ќерката
мора да се омажи со додворувачот одбран од нејзиниот татко или
да се соочи со смрт. Тезеј не сакајќи оваа млада девојка да умре ѝ
нуди, доживотно богослужение во храмот на божицата Дијана како
калуѓерка. Хермија и нејзиниот љубовник Лисандар одлучуваат да
избегаат ноќе низ шумата. Хермија ја известува за ова својата
другарка Елена, но Елена скорешно одбиена од Деметар одлучува
да ја добие назад неговата добронамерност со откривање на
нивниот план на нему. Деметар решително следен од Елена,
почнува да ја брка Хермија. Хермија и Лисандар, верувајќи дека се
на безбедно, надвор од досег, заспиваат во шумата. Во меѓувреме,
Оберон, крал на самовилите и неговата кралица, Титанија, се во
шумата надвор од Атина. Титанија му кажува на Оберон дека
планира да спие таму до по присуствувањето на свадбата на Тезеј и
Хиполита. Оберон и Титанија се отуѓени бидејќи Титанија одбива да
му го предаде на Оберон своето индиско дете за да тој го
искористи како свој „витез“ или „миленик“, бидејќи мајката на
детето била богослужбеничка на Титанија. Оберон решава да ја
казни непослушноста на Титанија. Затоа го повикува пакосниот Пук
(познат и како Ѓаволестото духче) да му помогне со наоѓање на
волшебен сок од цвеќето наречено „љубичица“, кој ако се исцеди
на заспаните очи на некој човек прави да тој човек се заљуби во
првото живо битие што ќе го види. Тој му кажува на Пук дека
цвеќето му е потребно за да ја натера Титанија да се заљуби во
некое срамно суштество од шумата. Оберон и ги прошарува очите
со сок на Титанија додека спие за да може да и го одвлече
вниманието и да ја присили да и го предаде детето. Имајќи го
претходно видено Деметар колку сурово се однесува кон Елена,
Оберон му наредува на Пук да попрска малку од еликсрот на
очните капаци на младиот атињанин. Намето тоа, Пук по грешка го
посипува сокот на очите на Лисандар, кој веднаш се заљубува во
Елена. Оберон гледа дека Деметар сè уште ја бара Хермија и се
разлутува. Кога Деметар решава да поспие, Оберон го праќа Пук да
ја најде Елена додека ги маѓепсува очите на Деметар. Поради
грешката на Пук што стави сок на очите на Лисандар, сега и
двајцата љубовника се тепаат за Елена наместо за Хермија. Елена,
сепак, е убедена дека двајцата додворувачи ја исмејуваат, бидејќи
никој всушност вистински не ја сака. Четворицата се караат
меѓусебе сè додека Лисандар и Деметар толку се разлутуваат што
бараат место каде ќе водат двобој до смрт за да докажат чија
љубов кон Елена е поголема. Оберон му наредува на Пук да гледа
Лисандар и Деметар да не се тепаат додека тој ја отстрани магијата
од Лисандар, за да и се врати на љубовта кон Хермија. Во
меѓувреме, банда од шест ниско-класни работници („толпа
крпаџии“, наречени од страна на Пук) се договораат да ја изведат
претставата Пирам и Тизба за свадбата на Тезеј и се собираат во
шумата, близу женската соба на Титанија, за проба. Калем,
фанатичен љубител на театарот и ткајач, е затекнат од Пук, кој му
става магарешка маска. Кога Калем се враќа за својата реплика,
останатите работници го погледнуваат и преплашени бегаат.
Одлучен да ги чека своите пријатели, почнува да си потпевнува.
Титанија се разбудува од пеењето на Калем и веднаш се заљубува
во него. Tаа се однесува со него како со благородник и го обилува
со внмание. Додека е во оваа состојба на приврзаност, таа го
пресретнува Оберон и случајно му го предава индиското момче.
Постигнувајќи ги своите цели, Оберон ја ослободува Титанија и му
наредува на Пук да ја отстрани магарешката глава од Калем.
Маѓепсаноста е отстранета од Лисандар, но не и од Деметар, за да
тој може да и ја возврати љубовта ма Елена. Самовилите потоа
исчезнуваат и Тезеј и Хиполита пристигнуваат на сцената, за време
на утрински лов. Ги будат љубовниците, и бидејќи Деметар не ја
сака Хермија повеќе, Тезеј ги прекорува барањата на Егеј и
подготвува групна венчавка. Вљубениците решаваат дека ноќните
настани мора да биле сон. Откако сите си заминуваат, Калем се
буди и тој решава дека искушил сон „надвор од моќта на човечкиот
разум“. Во Атина, Тезеј, Хиполита и вљубениците гледаат како
шестте работници ја изведуваат Пирам и Тезба. Таа е смешно и
лошо изведена и на сите им дава непредвидено задоволство, а
потоа сите се повлекуваат в кревет. Веднаш потоа, Оберон,
Титанија, Пук заедно со нивните придружби влегуваат, и ја
благословуваат куќата и нејзините сопственици со успех.

Класицизам
Во 16-17 век имало обиди на католичката црква за да се врател
човекот во средновековието кои небиле успешни. Идеита за
ренесансата во германија прераснале во верско општествено-
политичко движење кое се знае како реформација. Луј 16 ја
скршил гордоста на феудалците и од Франција создал монархија со
апсолутна власт. Тој ја укинал слободата и самоуправувањето на
градските општини и така го смирил третиос сталеж.Луј не ги
укинал класите , но првите две класи продолжиле со користење на
привилегии и продолжиле да живеат на сметка на ниските
сталежи.
Услугите во литературата придонеле да се создаде нов стил, познат
какко КЛАСИЦИЗАМ. Тој се темели вр култот на антиката и разумот.
Најпознат теореточар на класицизам во Франција е Боало со
дело ,,ПОЕТИКА НА УМЕТНОСТА,, кое било издадено во 1674
година. Во ПОЕТИКАТА на Боало има неколку правила според кои
се создава едно уметничко дело. Такви се хармонија и сразмерност
на деловите, логичка градба на композицијата, едноставност на
сижето, јасност и читливост на јазикот, место и време на драмата.
Тој литературните жанрови ги поделил на ВИСОКИ и НИСКИ.
Во ВИСОКИ се: епопеја,одата и трагедијата. Тука темите се од
историја, или од животот на кралевите и војсководците и од
митологијата.
Во НИСКИТЕ се: сатира, басна и комедија со теми од секојдневниот
живот.
Најпознати претставници на францускиот класицизам се Корнеј,
Расин, Молиер и Лафонтен.
Класицизмот исто така претставува подготовка за ново идејно
движење кое ја зафатило Европа во 18 век познато како
просветителство.
Никола Боало(1636-1711)
Тој немал поголема поетска дарба и затоа се формирал како
литературен критичар и теоретичар. Најпознато дело на
Боало е расправата “Поетска уметност”, издадена во 1674
година.
Книгата доживеала голем успех во редовите на образованата
француска аристократија и Боaло бил прогласен за идеолог
на францускиот класицизам. Во “Поетска уметност” се
одредени основните насоки на класицистичката литература.
Како награда и признание за ова дело Боало бил назначен за
официјален дворски историограф на кралот Луј ХIV и бил
примен за член на Француската академија на науките.
Теоретската расправа “Поетска уметност” се состои од
четири песни. Во првата песна Боало ги поставува општите
правила за стихот и стилот. Паралелно со ова
дава краток историски преглед на француската поезија. Од
прегеледот е видливо дека Боало не ја сфатил суштината ни
на средновековната , ни на ренесансната француска поезија.
Во втората песна проучувајки ја лириката Боало се задржал
на лирски видови: идила, елегија, ода, сонет,
епиграм, сатира, ронда, балада и мадригал. Според него
правилата за пишување на овие лирски видови произлегуват
од нивната содржина а не од нивните формални белези. Во
третата песна Боало се задржал на трагедијата, комедијата и
епопејата. Толкувањето на епопејата го направил од респект
кон Хомер и Вергилиј, бидејќи во француската литература
немало напишано епопеја. Особеностите на трагедијата ги
одредил, анализирајки ги трагедиите на Расин, вториот
трагичар по Корнеј во францускиот класицизам. Во
определувањето на својствата на комедијата, тој тргнал
повеќе од комедиите на Теренциј, а не од комедиите на
Молиер, кој го сметал за премногу народен писател.
Во четвртата песна Боало давал морални поуки на
писателите и им велел да не бидат лакоми. Песната
завршила со пофалби и славење на Луј 14 и неговите воени
успеси.
Пјер Корнеј(1606-1684)
Тој е француски трагичар, еден од тројцата големи
француски драматурзи на 17 век, заедно со Молиер и Расин.
Со драмското творештво од речиси четириесет години,
Корнеј се смета за „татко на француската трагедија“.Корнеј е
роден во францускиот град Руан. Тој потекнувал од
службеничко семејство: дедо му бил правник, а татко му
службеник во дирекцијата за шуми и води. Основното и
средното образование ги стекнал во родното место, во
прочуениот језуитски „Бурбонски колеџ“. Притоа, Корнеј бил
познат како надарен ученик, кој бил наградуван за убавите
стихови составени на латински јазик. Потоа започнал да
студира право, а дипломирал во јуни 1624 година, по што
работел како адвокатски стажант во адвокатската комора во
Руан. Сепак, поради недостигот на дарба за ораторство,
Корнеј се откажал од адвокатурата, а неговиот татко му
обезбедил место во Министерството за шуми и реки на Руан,
каде останал на работа дури 21 година.
Сид
Сид е трагикомедија во пет чина, дело на францускиот писател Пјер
Корнеј. Првата изведба на драмата била во јануари 1636 година, во
Париз. Таа е заснована врз драмата на Гијен де Кастро, од 1618
година. Драмата на Кастро, од друга страна, се темели врз
легендата за Ел Сид. „Сид“ се смета за најдобрата драма на Корнеј
и по премиерата била толку популарна што довело до голема
расправа околу нејзиниот квалитет, позната како „Кавгата на Сид“ .
Прв чин
Химена ја прашува својата гувернанта Елвира за мислењето на
нејзиниот татко во однос на дон Родриго во кого таа е вљубена.
Елвира ѝ соопштува дека нејзиниот татко е благонаклонет кон дон
Родриго. Химена е пресреќна поради тоа, но претчувствува некаква
несреќа. Кралската ќерка е, исто така, вљубена во дон Родриго, но
свесна дека мора да земе маж од кралско семејство, таа ја
потткнува љубовта меѓу дон Родриго и Химена. Истовремено, дон
Диего го посетува контот дон Гомез, кажувајќи му за љубовта меѓу
нивните деца. Меѓутоа, дон Гомез му е љубоморен на дон Диего,
кој е повикан да му биде личен воспитувач на кралскиот син. Иако
дон Диего уживал голема слава поради храбрите дела во младоста,
дон Гомез (кој ужива слава како голем војсководач) смета дека тој
треба да го воспитува принцот, зашто сегашните заслуги се
поважни од минатите. Притоа, во расправата, тој му удира
шлаканица на стариот дон Диего, кој потоа бара од дон Родриго да
ја одмазди неговата чест. Така, дон Родриго е растргнат меѓу
љубовта кон Химена и должноста кон семејната чест.
Втор чин
Кралот веќе слушнал за расправата меѓу дон Диего и дон Гомез и
сака да ги смири, но истовремено е бесен поради горделивоста на
дон Гомез, кој смета дека е премногу важен за кралството за да
биде казнет. Истовремено, слушајќи за кавгата, повторно се буди
надежда на инфантата дека ќе може да го освои дон Родриго.
Кралот заповеда да го доведат дон Гомез, но тој и дон Родриго
излегуваат на двобој при што победува дон Родриго. По двобојот,
Химена доаѓа кај кралот барајќи казна за убиецот на нејзиниот
татко, но во исто време дон Диего застанува во одбрана на својот
син, оправдувајќи ја неговата постапка како оправдана и чесна.
Трет чин
Дон Родриго оди во домот на Химена и ѝ ја нуди својата глава како
цена за убиството на татко ѝ. Химена е растргната од две чувства:
од една страна, таа ја посакува смртта на Родриго, а од друга
страна, не сака да го загуби саканиот. Дон Диего, кој насекаде низ
градот го бара својот син, конечно го среќава и му соопштува дека
кон градот се приближува војската на Маварите, поттикнувајќи се
да ја искаже храброста на бојното поле.
Четврти чин
До Химена пристигнува веста за херојството на дон Родриго, кој
успеал да ја победи маварската војска при што заробил двајца
нивни крала. Целиот град го слави дон Родриго како спасител на
кралството, но таа не сака да попушти пред желбата да ја одмазди
смртта на својот татко. Во меѓувреме, кралот го прима дон Родриго
и му укажува најголеми почести за стореното дело. Тогаш, во
дворецот доаѓа Химена која бара правда, а за да ја провери, кралот
ѝ кажува дека Родриго погинал во борбата, со што ја открива
нејзината љубов. Сепак, таа останува тврдоглава и бара да се
организира двобој во кој некој од рицарите би го убил Родриго, а
за возврат, таа би се омажила за победникот. Кралот го зема во
заштита Родриго, но дон Диего се спротивставува на тоа, барајќи
веднаш да се организира двобојот во кој Родриго ќе ја сочува честа
или ќе умре. Еден од благородниците, дон Санчо, кој е вљубен во
Химена, прифаќа да се бори со дон Родриго.
Петти чин
Дон Родриго повторно ја посетува Химена, кажувајќи дека
доброволно ќе умре во двобојот, само за да ја задоволи нејзината
чест. Водена од љубовта кон него, Химена бара од него да се бори
чесно и да го убие противникот. Во меѓувреме, откако дон Родриго
станал херој на Кастиља, повторно се буди љубовта кај инфантата,
кој сонува дека тој ќе стане крал и така ќе може да се омажи за
него. Кај Химена пристигнува дон Санчо носејќи го мечот на
Родриго. Уште пред да може да раскаже што се случило, таа
помислува дека Родриго е мртов и го напаѓа дон Санчо, изјавувајќи
дека, наспроти претходното ветување, никогаш нема да се омажи
со него, зашто вечно ќе го сака Родриго. Подоцна, Химена ја
признава својата љубов пред кралот, со молба да замине во некој
манастир, но тој ѝ соопштува дека Родриго е жив. Притоа, бидејќи
смртта на дон Гомез е сè уште свежа, кралот го испраќа Родриго во
војна со Маварите, со ветување дека ќе се ожени со Химена откако
ќе помине една година.

You might also like