You are on page 1of 3

Анализа на новела од Декамерон на Бокачо

Декамероне најславниот текст на Бокачо во кој го вградил раскажувачкиот


талент,животното искуство и ренесансниот дух обликувајќи ги во сочен, духовит,
народен јазик-фирентинскиот говор.Централен настан околу кој се обединуваат
збиднувањата во новелите е чумата во Фиренца од 1348-1352 година која
претставува обединувачка рамка, но го претставува и корумпираното
фирентинско општество.Основна тема е величење на животот и младоста кои се
спротивставуваат на чумата и болеста.Низ 100-те новели на „Декамерон”
дефилира една ризница на ликови со различен статус и улога во општеството кои
потекнуваат од феудални, црковни и граѓански слоеви.Во „Декамеронот”, Бокачо
со голема вештина опишува различни карактери со нивните страсти создавајќи
реална визија за животот.Тој се обидува новелите да завршат со среќен крај, дури
и кога темата е тажна, на тој начин што за последен раскажувач од денот го бира
најзабавниот од групата кој секогаш успева да долови среќен крај.Секој од
деновите завршува со балада, а заклучокот честопати е даден во форма на
морализаторска поука.Наративната структура е прилично комплексна:постои
наратор од прв степен-Бокачо и наратор од втор степен-десетте деца.Меѓу
другите теми кои ги црпе од секојдневниот живот, една од најзначајните е темата
за љубовта која Бокачо мошне слободно ја третира.Љубовта кон дамата на
неговото срце-Фјамета(Марија) провејува низ многу места, но таа не е платонска
како кај Данте или небесно-земска како кај Петрарка.Сепак, централниот мотив за
љубовта наоѓа свое место во новелите од третиот ден.

Втората новела од третиот ден(Аџилулфо и коњаникот) започнува со кус


текст кој накусо говори за централниот настан.Овде се врши т.н. смена на
раскажувачите во текстот.Темата во новелава е остварување на љубовта преку
итрина.Љубовта овде е прикажана како природна, отворена и страствена, поттик
за живот, радост и задоволство.Во оваа новела, пред сѐ се слави еротската
љубов што е типично за ренесансата.Приказната овде почнува поттикната од
љубовта на коњушарот кон кралицата, т.е. љубов меѓу припадници на два
различни слоја, што најавува интересен заплет и перипетии прикажани преку
иронично-шеговитиот ракопис на Бокачо.Значи, оваа новела се гради врз една
многу човечна особина-подготвеноста да се љуби и да се жртвува сѐ за љубовта
па дури и да се ризикува сопствениот живот.Преку ликот на коњушарот, Бокачо
покажал дека честопати итрината и досетливоста ги красат сиромашните кои
може да ги надмудрат дури и богатите и мудри кралеви.Досетливоста на
коњушарот, кој бил исто мудар и убав како и кралот, ја поттикнува и подготвеноста
да се стори сѐ да се помине барем една ноќ со саканата.Ренесансното овде се
огледа во однесувањето на коњушарот кој набљудувајќи го подолго време
однесувањето на кралот како влегувал и излегувал кај кралицата да ја мине ноќта
со неа решил да го стори истото.Така преправајќи се во кралот и ставајќи го
животот на коцка, ќе помине ноќ со онаа која толку многу ја посакувал-
кралицата.Кулминацијата ќе се случи кога кралот од однесувањето на кралицата и
нејзините зборови, ќе дознае дека кралицата била измамена, а тој
надмудрен.Кралот ќе смисли начин како да го надитри оној кој го измамил, а
воедно и да го казни за стореното.Замислената соодветна казна ќе се изјалови
бидејќи повторно коњушарот ќе го надмудри, а тоа е вториот белег на
ренесансата-интелигенцијата и брзината да се реагира и остане буден под лупата
на „противникот “ во непредвидени ситуации.Кралот, свесен дека е измамен и
дека ако јавно го открие оној кој го измамил би си го уништил угледот и извалкал
честа, решил да го потстриже изманикот кого “срцето ќе го издаде по напорниот
подвиг бидејќи мора да чука побрзо од останатите“и така утредента би го
препознал и казнил.Постапката со која кралот ќе го открие измамникот ќе го
потврди како мудар, но досетливоста на коњушаротпакќе си поигра со честа на
кралот турнувајќи го во својот безизлез:

Некои луѓе се толку неразумни, што сакаат по секоја цена да докажат


дека го знаат она што не би требало, па затоа казнувајќи ги недокажаните
грешки, веруваат дека ќе ја ублажат својата срамота, а само бескрајно ја
зголемуваат.

Досетливиот коњушар ќе ги потстриже на истиот начин и другите, а утредента


кралот ќе сфати дека бил двапати надмудрен:

Тој што јас го барам, колку и да е од низок род, излегува дека е многу
повозвишен во умот.

Овие зборови се перипетија во новелата кои го најавуваат и расплетот,т.е.


приказната иронично се превртува кога кралот мора да се помири со судбината и
да ја проголта својата гордост во одбрана на честа, т.е. да не дозволи една мала
одмазда да му го уништи угледот и да го извалка името на својата
сопруга.Новелата завршува со казна за оној кој всушност не е виновник, а во
прилог на вистинскиот виновник.Затоа кралот е исмеан, понижен, а неговата
гордост погазена, па и казната за него е страшна-не само што не може да се
одмазди на оној кој го измамил и му ја украл жената на една ноќ, туку и мора да
молчи и во сопствениот дом да го чува оној кој му работи зад грб.Виновникот, пак,
останал да живее среќно на дворот на својот крал никогаш не дозволувајќи тој да
ја дознае вистината, а воедно задоволувајќи си ја својата желба, притоа
решавајќи никогаш повеќе да не си го ризикува сопствениот живот.Ваквиот хумор,
слобода во постапките и афирмирање на итроста и досетливоста се одделуваат
како ренесансни карактеристики кои поентираат со тоа дека честопати
досетливоста и итроста ги надминуваат и најголемите пречки на патот до
љубовта, а понижените и навредените мора да молчат пред вистината и да ја
продолжат играта на измамникот.

Во своето ремек-дело, Бокачо успеал да го прикаже животот во целиот


негов интензитет и да создаде богата галерија на ликови.Во новелава се огледа
способноста на Бокачо за создавање шеговити ситуации, па така и овде Бокачо
потсмевот го насочува кон богатите кои се надмудрени од остроумните притоа не
заземајќи некој цврст став ниту кон едната ниту кон другата страна, но во секој
случај повторно изопштувајќи го името на дамата, од Теуделинга во кралицата,
искажува почит кон припадничките од женскиот пол-карактеристика која дефилира
во многу негови дела сѐ до моментот на религиозната конверзија.Во оваа новела
Бокачо ги усогласува љубовните поставки на ренесансниот дух кој не се грижи за
моралните норми на средновековното доба.Лоцирањето на местото на
приказната-Павија, и временската рамка на владеење на кралот( од 591 до 615
година) се сведоштво за реализмот во новелите на Бокачо.Бокачо всушност и не
сочувствува со судбината на кралот иако тој е измамен, а неговата гордост
погазена, напротив ја величи досетливоста на оние кои и покрај тоа што се сенка
во општеството, успеваат да се спротивстават на „сонцето”, т.е. оној кој е
власт.Освен остроумноста, овде се слави и еротизмот сфатен како ослободување
на телото и духот кој бил заробен во срамот на средновековието.Интересно е што
и Бокачо се осврнува на темата за “забранетата љубов“(љубов меѓу припадници
на два различни слоја).И оваа новела е целост за себе, но композициски и
тематски се вклопува во рамката на тема која ја одредува кралицата на овој ден-
Неифиле.Прилагодувајќи ја темата во формата на новелата, Бокачо и овде, како и
во другите новели, ја велича љубовта, оптимизмот и радоста притоа ставајќи се
во одбрана на природноста и спонтаноста на човековите желби и нагони кои се
карактеристика на секое живо суштество, па така и на јунакот во оваа новела-
КОЊУШАРОТ со кого, вклопувајќи го во ризницата на ликови, ја надополнува
сликата на животот на крајот на средниот век,но и карактеризацијата на ликовите
чии особини може да се препознаат и ден-денес.

You might also like