You are on page 1of 3

Странствувањето на Чарлд Харолд

„Странствувањето на Чарлд Харолд“ претставува дело коешто е особено типично за


романтизмот, еден лирски дневник во којшто поетот го искажува својот став кон животот и
дава оценка за ерата во којашто живее, за европските земји, социјалните конфликти и
општеството, дело коешто извршило големо влијание врз многу генерации писатели и
читатели, вклучително и врз творештвото на А. С. Пушкин и Лермонтов.
Во периодот од 1809-1811 г. Бајрон тргнал на големо патување, посетувајќ и ги
Португалија, Шпанија, Грција, Албанија, Турција, Малта. Впечатоците од патувањето ја
формираат основата на првите две песни од оваа негова поема објавена во 1812 година,
поема којашто ќ е му донесе огромна популарност. Ова дело на Бајрон е живописен пример за
романтична лирско-епска поема. Сепак, мора да се запомни дека Бајрон како поет се развива
под влијание на англиските класицисти, односно тој бил под силно влијание на идеите на
просветителството.
Активната улога на главниот лик е отелотворена во творештвото на поетот и не само
преку моќ та на лирскиот принцип, туку и преку принципот на универзализмот (т.е.
споредбата на индивидуалното и универзалното, судбината на една личност со животот на
универзумот), во максимализмот (т.е. во бескомпромисната етичка програма, врз основа на
која негирањето на реалноста добива општ, универзален карактер).
Овие карактеристики го прават Бајрон романтичар.
Чувството на трагичната некомпатибилност на идеалот и реалноста е исто така
романтично, како и спротивставувањето на природата (како олицетворение на една убава и
голема целина) наспрема расипаниот свет на луѓето, нивниот индивидуализам (т.е.
спротивставувањето на човекот, делувајќ и како единствен, уникатен феномен наспроти сè
што е надвор од него и што делува како маса, група без печат на единственост).
Централниот проблем во делото се манифестира преку проблемот на слободата на
поединецот и народот. Во првата и втората песна, концептот на слобода е двосмислен, се
раздвојува. Ова е поврзано со ослободувањето на цели народи од нивните угнетувачи. Во
првата песна, Бајрон покажува дека Шпанија, окупирана од Французите, може да ја ослободи
само народот, целиот народ. Откривајќ и го проблемот со слободата од оваа страна, авторот
на поемата е заинтересиран за личноста како олицетворение на тиранијата. Тиранинот го
уништува достоинството на народот и само срамниот сон, мрзеливоста, понизноста на
луѓето му дозволуваат да владее. Поробувањето на другите народи е корисно само за
тираните. Но, вината не ја сноси само тиранинот, туку и целиот народ којшто е поробен.
Најчесто, при откривањето на националната вина, поетот прибегнува кон примерот на
Англија, како и на Франција и на Турција.
Како втор и не помалку важен момент во поемата е осврнувањето на Бајрон кон
проблемот за индивидуалната слобода. Првата етапа во отелотворувањето на слободна
личност е поврзана со ликот на Чајлд Харолд којшто претставува прва и единствена
разновидност на целиот литературен тип, наречен „бајронски херој“. Ако го споредиме
Харолд со Корсар, Каин, Манфред и другите херои од поемите и драмите на Бајрон, тогаш
можеме да ги потенцираме карактеристичните црти на овој литературен тип.
Овој совршено создаден лик е презаситен од животот, обвиткан со најдлабока
меланхолија, „болест на умот“, лик којшто го изгубил контакт со светот околу него и којшто
живее со страшно чувство на осаменост, чувство на коешто навикнува. Донесен до
границите на егоцентричност, Чајлд престанува да ги чувствува прекорувањата на совеста,
правејќ и лоши чекори и постапки за коишто никогаш не се осудува себеси и секогаш се
смета себеси за исправен. Така, херојот ослободен од општеството е несреќ ен, но
независноста за него е поскапоцена од мирот, удобноста, среќ ата.
„Бајронскиот херој“ е бескомпромисен, лицемерието му е туѓо бидејќ и неговите
врски со општество се раскинати, а во тоа општество лицемерието е начин на постоење.
Поетот препознава само една човечка врска за возможна со таквото опшество за
својот слободен, нелицемерен и осамен херој, а таа врска е чувството на голема љубов,
коешто прераснува во страст, страст којашто „голта“ сè околу себе.
Претставувањето на Харолд не може да се сведе на одредена личност. Бајрон не сака
да биде преокупиран со личните моменти, туку со општите, универзалните - тој ги сумира
мислите, соништата и разочарувањата на една цела генерација.
Чајлд Харолд влегува во светската литература како лик на сосема нов херој, кого
литературата сè уште не го познава. Тој ги отелотворува најкарактеристичните црти на
просветлениот дел од помладата генерација на ерата на романтизмот. Самиот Бајрон
изјавува дека тој сакал да го покаже својот херој „онаков каков што е“ во дадено време и
дадена реалност, иако „би било поубаво и веројатно полесно да се претстави попривлечно
лице“.
Уште на самиот почеток во својата поема составена од четири песни, Бајрон вели:

Си бил во Англија и еден човек млад:


на доброчинството му бил тој туѓ… Крај жена
разгалено, до бес, би уживал, од јад!
Ја чекал зората со вино, полно пена; …
Чајлд е дамнешно име на еден млад човек од благородничката класа. Се чини дека тој
треба да биде задоволен од животот и да биде среќ ен. Но, неочекувано дури и за него, тој се
разболува од „чудна“ болест.
Новиот свет, новите земји постепено ги отвораат неговите очи кон еден поинаков
живот, полн со страдања и несреќ и - далеку од неговиот претходен светски живот. Во
Шпанија, Харолд повеќ е не е оној светски човек, како што беше опишан на почетокот.
Големата драма на шпанскиот народ, принудена да избере помеѓу „покорност или гроб“, го
исполнува со вознемиреност, му го стврднува срцето. На крајот од првата песна, тој е веќ е
мрачен човек, разочаран од светот. Оптоварен со целиот начин на живот на аристократското
општество, тој не наоѓа смисла ниту во земниот, ниту во задгробниот живот, многу брза и
многу страда. Дотогаш, ниту англиската, ниту европската литература не познавале ваков
херој.
Сепак, веќ е понатаму, наоѓајќ и се на планините на Албанија, Харолд тој веќ е
подлегнува на благотворното влијание на величествената природа на оваа земја и нејзиниот
народ. Херојот сè повеќ е покажува одзив, духовно благородништво, сè помалку
незадоволство и меланхолија. Душата на Харолд како да се опоравува.
По Албанија и Грција, Харолд се враќ а во својата татковина и повторно се втурнува во
„виорот на светската мода“, во „ салата каде што врие од суета“. Повторно почнува да го
прогонува желбата да избега од овој свет на празна суета и аристократско ништавило. Но,
сега „неговата цел е ... подостојна од тогаш“. Сега сигурно знае дека „меѓу пустинските
планини се и неговите пријатели“. И тој „повторно го зема стапот на аџијата“
Чајлд Харолд е искрена, длабока, иако многу контрадикторна личност која се
разочарува од „светлината“ на својата аристократска средина, бега од неа и страствено бара
нови идеали.
Овие карактеристики се до одреден степен манифестирани преку структурата на
самиот лик, а оваа слика на ликот е во сложена врска со ликот на авторот, лирскиот херој:
тие или постојат одделно, или речиси се спојуваат.
„Измислениот херој беше внесен во поемата со цел да ги поврзе нејзините одделни
делови“, ќ е напише Бајрон за Чајлд Харолд во предговорот на поемата.
Можеби се чини дека на почетокот на делото, односот на авторот кон херојот е близу
до сатиричен: Харолд е „подеднакво туѓ и на честа и на срамот!“….Но,…
Композицијата на поемата се заснова на нови, романтични принципи. Јасното јадро
се губи. Не настаните од животот на херојот, туку неговото движење во просторот,
движењето од една во друга земја (всушност „странствувањето“) го одредуваат
разграничувањето на деловите. Во исто време, движењата на херојот се лишени од
динамика, тој не се задржува никаде, ниту еден феномен не го заробува, во ниту една земја
борбата за независност не го возбудува за да остане и да учествува во неа (на таа „станица“
помеѓу движењата, вистинската динамика ќ е влијае на внатрешниот свет на херојот,
карактеристичен за жанрот на романтичната поема.
По неколку години, Бајрон ја продлжил поемата пишувајќ и ја третата песна (во
Швајцарија, во 1816 година) и четвртата (во Италија, во 1818 година). 
Во третата песна, поетот се осврнува на пресвртницата во европската историја -
падот на Наполеон. Чајли Харолд го посетува местото на битката кај Ватерло. И авторот
размислува за фактот дека во оваа битка и Наполеон и неговите противници не ја бранеа и
штитеа слободата, туку тиранијата. Во овој поглед, се раѓа темата за Големата француска
револуција, којашто своевремено го истакнува Наполеон како бранител на слободата. Бајрон
високо ги ценел активностите на просветителите Волтер и Русо, кои идеолошки ја
подготвувале револуцијата.
Во четвртото песна, главниот проблем е улогата на поетот, уметноста во борбата за
слободата на народите. Тука, ликот на Чајлд Харолд, туѓ на настаните, народните интереси,
најпосле заминува како таков од поемата и на централно место се позиционира ликот на
авторот. Поетот се споредува со капка којашто се влева во морето, со пливач, зближен со
морската стихија. Оваа метафора станува разбирлива ако земеме предвид дека преку
сликата на морето се отелотворува народот кој со векови се стреми кон слободата. На ваков
начин, авторот во поемата е поет-граѓанин кој има право да извика: „ Затоа јас живеев, и не
живеев залудно!“
Во основата на естетиката на Бајрон лежи просветителското разбирање на умот.
Омилен поет на Бајрон е Александар Поуп, најголемиот претставник на англискиот
класицизам. Во 1821 година, Бајрон ќ е напише: „Најголемата сила на Поп е тоа што тој е
етички поет ... и, според мене, таквата поезија е највисок вид поезија воопшто бидејќ и таа во
своите стихови го достигнува она што најголемите генијалци се обидуваат да го
реализираат во прозата“. Сепак, овие мисли не го позиционираат Бајрон против
романтичарите бидејќ и и разумот и етичкиот принцип делуваат како израз на активно
присуство на уметникот во уметноста.

You might also like