You are on page 1of 2

„Ретки се оние кои паѓаат без да бидат деградирани, постои една средна точка каде

несреќните и озогласените се поврзани и вметнати во еден збор, фатален збор-


клетници“

Постојат и оние кои умеат да го пренесат човековото страдање на лист хартија, да го


изнесат пред светот. Францускиот писател Виктор Иго несомнено е еден од најумешните
„сликари“ на општествените околности од неговото време и нивното трансформативно
влијание врз човековите вредности. Иго е предводник на романтизмот и најголема фигура во
француската книжевност во 19 век. Преку овие свои дела тој ги опишува политичко-
социјалните проблеми, страдања и неправди од тој период.

Романот „Клетници“ зазема централно место во неговото творештво. Во него Иго ја истражува
природата на доброто и злото, законот и славата, правдата, религијата, политиката, моралната
филозофија како и природата на романтичната и семејна љубов.

Наративниот дел содржи повеќе заплети, меѓу кои главниот носител е Жан Валжан, осуденик
кој по излегувањето од затворот го менува својот живот со помош на епископот Мириел во чиј
манастир се сокрива, откако никој не сака да го прими и да му помогне. Самиот Жан Валжан
уште на почетокот на дејствието, искусува две крајности од човековиот карактер. Од една
страна суровоста на системот олицетворена преку чуварот Жавер, од друга страна милоста на
епископот која го спасува Жан Валжан и покрај неговиот обид за кражба и бегство.

Жан Валжан можеме да го претставиме како човек кој на својот грб имал товар од два животи,
товар кој за него претставувал една мала слатка мака.Неговата добрината го довела до
распарчување, до пропаст на својата личност. Личноста која секојдневно се бори сама со себе
за да усреќи друг. Искреноста и храброста се одраз на неговиот морал и издржливост. Тој вели
дека причината за казната што тој ја добил е општесвото, осудувајќи го за својата несреќна
судбина и сакајќи во првата можност да се пресмета со него.

Жавер и самиот со тешко минато е на страна на принципите , а на крајот се самоубаива


неможејќи да го издржи конфликтот во себе меѓу законските наложби и човечноста.

Животната приказна на Валжан се испреплетува со онаа на младата работничка Фантина.


Несреќната судбина ја приморува да ја даде својата ќерка Козета во грижа на алчните
Тенаридеви.Фантина го продава своето тело за пари, живее на улица насред најголема
мизерија, губејќи го своето здравје. Во една ситуација Жавер за апси, но Валжан успева да ја
спаси и однесе во болница, дознавајќи за нејзината судбина. Таа изнемоштена умира.

Валжан ја пронаоѓа Козета и ја откупува од алчните Тенардиеви, прифаќајки ја како своја


ќерка, па зедно успеваат да избегаат од потерата и да се засолнат во манастир каде живеат
неколку години.

Приказните на сите ликови се испреплетуваат, а речиси секој од нив е практично отсечен од


нормален дом и семејство. Сите се жртви на нездравиот систем, каде трагите од социјалното
влијание се очевидни во ефектите на Француската револуција.Индивидуалните судбини на
јунаците кои се метафора на ликовите претставени во делото, секојдневно живеат единствено
со надежта. Веруваат дека нејзината моќ е најдоброто орудие на кои тие можат да се потпрат.
Веруваат дека темните длабочини еден ден ќе бидат рефлексија на блесокот на нивниот
живот, кој ќе ја претставува нивната сурова и топла душа.

You might also like