You are on page 1of 2

Романтичарските свќања за жената и природата(“Евгениј Онегин”)

Романтизмот е литературен правец кој се појавува кон крајот на 18ти век


и почетокот на 19ти век, во услови кога селанството како класа исчезнува. Сите
писатели од овој период имаат чувство на песимизам и безнадежност поради
што тие својата утеха ја барале во минатото и религијата, притоа бегајки од
реалноста Романтизмот претставува субјективно исажување на личните
чувства, а најчесто се прикажувани незадоволствата од сегашноста, поради
што се копнеело за нешто ново и непознато, нешто егзотично... Се градел култ
кон минатото, мистичноста, хероизмот и се разбира жената.
Едно од најпознатите дела од времето на романтизмот е “Евгениј
Онегин”, чиј автор е Сергеј Андреевич-Пушкин. Главниот лик во овој роман е и
истоимениот Евгениј Онегин, чиј лик се претставува низ целиот роман.
Главната тема на овој роман е љубовта помегу Евгениј Онегин и Татјана.
Татјана се вљубува во Евгениј уште на првиот поглед, но неможејки да му
напише писмо на точно граматички руски јазик таа се одлучува да му напише
писмо на Француски. Тој го добил нејзиното и писмо по што отишол да се
сретне со Татјана, само за и каже дека не е подготвен за брак но дека сепак е
заљубен во неа. По тоа, таа заминува за Москва каде што ке ја жртвува својата
љубов и ке се ожени за еден стар кнез, иако старата љубов кон Евгениј сеуште
владеела во нејзиното срце. Одкако Евгениј сфаќа дека згрешил, почнал да и
пишува писма на Татјана, со цел тие повторно да се видат за тој да може да ја
запроси,но таа не му враќала на писмата. Тој целосно заслепен од љубовта
решил своеволно да отиде кај Татјана без нејзино знаење. Кога отишол во
нејзиниот дом, ја видел како таа плачејки ги држи и ги чита писмата испратени
од негова страна. Таа повторно има шанса за брак со Евгениј, но му вели дека
е прекасно и дека нема да го изневери кнезот, колку и да е голема нејзината
љубов кон Евгениј. Таа е паметна и повлечена ќерка на провинциски
земјопоседник. Таа има чисто, искрено срце и ја сака природата. Длабоко
зафатен читател на француски романтични романи.Татјана е сосема поинаков
лик од Евгениј, постојана во својата љубов и реална. Уште како мала таа била
различна од другите деца во селото. Таа не се интересирала за женските
работи и везењето, облеката и модата, туку за стреашните приказни ,
природата, изгрејсонцето и слично. Исто така таа многу сакала да чита
романтичарски книги. Нормално, натопена во тие романи со денови, Татјана
почнува да се гледа себеси како хероина која живее не еден, туку многу
животи. До средбата со Онегин, Татјана го помина својот живот лутајќи
наоколу, читајќи за романси и возбудливи авантури, но никогаш не доживеала
ништо од тој вид, и сега, одеднаш, странец доаѓа во нивното осамено село и ја
вознемирува нејзината душа. Таа мисли на него дење и ноќе и не наоѓа одмор
сè додека, во писмото, не напише сè што лежи на нејзината душа. Сè што
нејзината срамежливост ја спречи устата да и каже, раката се осмели да
напише. Но, нејзиниот страствен излив на чувства беше пречекан со студ од
другата страна. Кога ќе се сретнат на забавата, таа вознемирено го чека во
градината, а тој со непочитување и го враќа писмото, советувајќи ја да ги
ограничува своите чувства во иднина, да ги избегнува нејзините наклони и да
постапува со резерва и студ затоа што друг маж, не толку „љубезен“ како што
беше, сигурно би искористил нејзината наивност и невиност. Исто така таа е и
споредувана со меселината односно Татјана станува тесно поврзана со
Месечината за нејзината мистериозна природа, како и љубовта за пешачење
под месечината.
Со самото прикажување на нејзината ладнокрвност при средбата со
Евгениј во нејзиниот дом, таа дава до знаење дека жената во текот на
романтистичкиот период се одликувала со голема сила и одлучност, а
писателот пронашол одличен начин да го прикаже тоа во своите дела.

Изработил:
Матеј Совкаровски
III-6

You might also like