You are on page 1of 2

Херберт Спенсер

Херберт Спенсер се смета за еден од најголемите и


највлијателните социолози. Но поточно тој е основач на
биологизмот, односно на биологистичкиот еволуционизам
во социологијата.  Исто така придонел и во многу други
научни области, вклучувајќи
ги етиката, религијата, политиката, филозофијата, биологиј
ата и психологијата. Тој е најпознат по создавањето на
поимот преживување(опстанок) на најсилните. Роден е на
27 април 1820 година . во Дарби, Англија, а починал во
Брајтон , 8 декември 1903.

1. Според Спенсер, еволуцијата е основен закон на постоење на


стварноста. Според него, пониските форми на развиток се
кумулираат во повисоките. Општеството, според Спенсер, е
како жив организам, кој расте и е составен од поединци . Во
него постојат исти органи и системи на органи. Во
примитивното општество, како и во неразвиените организми,
постојат само органи за одржување (исхрана) и органи за
врска со надворешниот свет (одбрана). Понатаму во развојот
тие се повеќе се усложнуваат и настапува потреба од
комуникација што во општеството му одговара на развиениот
сообраќај.

2. Тој развитокот и структурата на класите во општеството ги


споредува со живиот биолошки организам. Односно секоја
класа според својата функција претставува одреден орган или
органски систем. Па така според него воениот сталеж и
одговара на ектодермата , трговскиот сталеж на
мезодермата , селанството на ендодермата а Влдеачкот
сталеж или владечката класа на нервниот систем. Начинот на
функција на општеството е многу сличен на оној на живите
организми. Како што сите делови на организмот добиваат
наредби од нервниот систем, така и по ниските сталежи на
општеството добиваат наредби и живеат според владеачката
класа.

3. Според учењето на Херберт Спенсер, постојат два вида на


општества, милитаристичко и индустриско општество.
Милитаристичкото општество е она кое постојано војува, во
него владее покорноста, а главната основа се силата и
депотизмот, додека пак кај индустриското општество владее
демократијата и слободата. Индустриското општество е
поврзано со т.н. индустриска револуција, која пак подразбира
брзи социјални, економски, демографски и технолошки
промени кои се случуваат во Велика Британија во втората
половина на 18 век и првата половина на 19 век.

Изработил:
Матеј Совкаровски
II-6

You might also like