You are on page 1of 2

“Крвава кошула”

Рајко Жинзифов

Тема : страдањата и неподносливиот живот на македонскиот народ под турско


ропство
Идеја: Традицијата на опејување храбри мајки кои во името на слободата го
губат најскапоценото, своите синови.
Ликови Божин(мртвиот син),Старицата ( мајката на Божин) како лик-наратор,
Грозда веренивата на Божин, авторот-поетот во улога на слушател
Дејсвото се случува во Прилеп за време на Турското ропство.
„Крвава кошуља“ е единствената поема на Рајко Жинзифов, напишана на
македонски јазик, а објавена 1870 година. во Браила, Романија на македонски
јазик.
Во стихотворниот расказ, поемата “Крвава кошула“, авторот употребува
различни раскажувачки техники со кои се стреми за ново толкување на темите,
мотивите и ликовите. Поемата е поделена на четири дела.Во првиот дел се
опишува местото каде што се сретнале старицата и аворот.Во вториот дел
авторот ја убедува старицата која седела пред црквата да му раскаже зошто
плаче и зошто ја држи крвавата кошула во раце .Во третиот бабата ја
раскажува судбината на нејзиниот син Божин. Турците и го убиле единствениот
син, ја донела неговата крвава кошула в град за да му ја покаже на народот во
црковниот двор, со цел да побуди чувство на омраза спрема долговековните
насилници. Во овој дел старицата раскажува и за Грозда, вереницата на
нејзинот син.Во стиховите на старата мајка кон поетот силно е изразена
пораката за ослободување на македонскиот народ, се осудува тиранијата и се
опишува тешкиот живот на луѓето. Поемата „Крвава кошуља“ е сведоштво за
неподносливиот живот на нашиот народ под турското ропство и повик за борба
против поробувачите. Националните чувства за слобода доаѓаат до израз во
секој стих во кој бабата ја раскажува судбината на нејзиниот син Божин. Во
четвртиот дел поетот сочувствува со судбината на старицата, до него допираат
нејзините страдања и нејзината болка.

Рајко Жинзифов (роден како Ксенофон Ѕинѕиф) (Велес, 15


февруари 1839 - 15 февруари 1877, Москва) бил познат македонски
преродбеник и  писател. Тој бил сестран деец - публицист, преведувач и
собирач на народно творештво.
Во почетокот на 1856 година се вработил во Прилеп како помошник-
учител на Димитар Миладинов. Работата како учител подоцна ја продолжил во
градот Кукуш, каде заедно со Димитар Миладинов развиле голема
преродбенска дејност.
Подоцна заминал за Русија и се запишал на Историско-филозофскиот
факултет во Москва. Таму се движел во кругот на македонските студенти и,
покрај учењето, се занимавал и со писателска, преведувачка и публицистичка
дејност.
Жинзифов пишувал песни од кои посебно се значајни „Глас“ и „На
Велигден“. Тој ја напишал и поемата „Крвава кошула“, која е издадена во 1870
во Браила, Романија на македонски јазик. Современиците на Жинзифов
сметаат дека оваа поема ја напишал уште во Македонија, некаде
во 1857 годинаТој исто така го напишал и првиот расказ во нашата литература
под наслов: "На Прошедба".
Рајко Жинзифов бил соработник на бугарските весници: „Дунавска зора“,
„Македонија“, „Слобода“, „Бугарска пчела“, „Век3, „Време“ и на списанијата
„Читалиште“, „Периодическо списание“, „Бугарски книжици“ и др.

You might also like