You are on page 1of 3

ЕСЕЈ

Реализмот е уметнички правец во литературата со кој се опишува реалноста онаква каква


што е и се опишува секојдневниот живот на обичните луѓе. Во Македонија реализмот најдобро е
опишан преку делата на Стале Попов – Крпен живот и Ѓорѓи Абаџиев – Пустина. Тие со својата
содржина од психолошки аспект го претставуваат тешкиот живот на народот.

Во делото Крпен живот, Стале Попов преку главниот лик Доста ја опишува желбата на една
вдовица која не се откажала од животот. Таа продолжила да верува во можноста повторно да
најде љубов и да создаде семејство. Доста со самото стапување во брак со Илко го жртвува
градскиот живот и повторно се враќа на селскиот со надеж за подобро утре. Патот кој Доста
сакала да го изоди бил попречен со суеверните и примитивни верувања на јатрва и Митра. Митра
заслепена од желбата за пари и имот е спремна да го изврши најголемото зло – убиство на
нероденото дете на Доста. Првиот неуспешен обид не ја спречува Митра повторно да се обиде да
го убие бебето. Нешка со текот на годините израснува во семејство каде се почитуваат сите
традиции. Нешка добива помал брат Толе. Со ова некогаш незадоволни од свите животи, Доста и
Илко ја исполнуваат својата најголема желба, а тоа е семејство во кое владее љубов и традиција.
Од друга страна Ѓорѓи Абаџиев во делото Пустина преку ликот Глигор ја опишува упорноста и
борбата за подобар живот дури и во невозможни услови. Глигор е бунтовник кој не се помирува
со својата и со судбината на татковината. И покрај тоа што е во затвор неуморно се обидува и
наоѓа начин за бегство со што го продолжува животот на слобода. И покрај се тој гледа на
позитивната страна, има воља за живот за разлика од неговиот другар Арсо. Арсо дозволил да се
изгуби во минатото и да залута во своите мисли, сметајќи дека единствениот излез е смртта. Од
една страна Доста И Глигор покрај тешките околности се борат за подобар живот. Од друга страна
Арсо се предава без никаква воља и борба. Двајцата автори со овие ликови ни претставуваат две
спротивни гледишта кон животот кои дефинитивно го менуваат исходот.

Нормално е да постојат луѓе со различни ставови и сфаќања. Секој има шанса да избере
каков живот ќе живее и каде ќе заврши без разлика на тоа каде започнал. Луѓето како Митра
секогаш ќе бидат лошиот лик во сечиј живот, а нашата задача е да не дозволиме таквите
примитивни и прости луѓе да влијаат врз нашиот живот. Доколку нашите мотиви за успех се
посилни од туѓите злобни намери, ќе успееме да стигнеме поблиску до совршенството.
Независносложени реченици:

-Составни

Не само што се налути, туку и си замина.

Ана се јави и тој тргна.

-Спротивни

Јадев, ама пак сум гладна.

Не сакаше да ми каже, меѓутоа на крај ми кажа.

-Разделни

Или учи или спиј.

Ниту знаев, ниту ме интересира.

-Заклучни

Денес цел ден вееше снег, значи утре ќе се санкаме.

Била на состанот, ете зошто не ми се јави.

-Исклучни

Сите ќе одат на екскурзија, освен јас.

Добро го решив тестот, единствено последното прашање не го знаев.

ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ

-Временски

Кога ќе видам, ќе ти кажам

Откако дознав, многу ми е страв.

-Причински

Нема да одам, бидејќи немам време.

Спиев цел ден, затоа што бев многу уморна.


-Последични

Толку силно викаше, што се слушаше и надвор.

Премногу сум уморна, така што ќе си легнам.

-Условни

Ако дојдеш на време, ќе одиме.

Да знаев порано, ќе ти кажев.

-Целни

Тој не се врати од Словенија, за да не оди во карантин.

Морам да побрзам за да стигнам на време.

-Допусни

Иако се прави најпаметен, не е.

Дури и да има време, нема да напише.

-Начински

Како што дошол, така ќе си замине.

Ме излажа, како божем нема да дознаам.

You might also like