You are on page 1of 2

Парите се отепувачка

Меѓу двете светски војни се случува силен подем на драмското творештво во Македонија.
Карактеристично за творештво во овој период е акцентирањето на македонскиот живот –
социјалните разлики битот, обичаите, традицијата Еден од особено значајни те драматурзи од
, .

овој период е Ристо Крле. Неговите драми го збогатуваат мотивскиот комплекс на битова драма, но
воедно отвараат и нови перспективи во развитокот на македонската драма воопшто. За време на
неговиот престој во Подградец тој слушнал за трагичната вистинета случка во с. Аларуп од која ја добил
инспирацијата за својата драма “Парите се отепувачка” .Печалбарството како мотив има длабоки
.

корени во македонското народно творештво, тоа е всадено во психата, во менталитет, во животната


филозофија на мaкeдонскиот човек.

Да се зборува за ова дело од тој период значи да се погледне длабоко во животот на мк народ и
неговата положба. Од друга страна пак во Парите се отепувачка примарната инспирацција потекнува
од вистински настан кој оставил длабоки траги. Во оваа драма мотивот на печалбарството и мотивот на
непрепознавањето се испреплетуваат и доведуваат до трагичен тек на настаните. Имено , Ангеле е
принуден да оди на печалба поради социјално економската состојба на своето семејство. После многу
-

години се враќа како возрасен човек и решава да се пошегува со неговите родители така што не им
кажува всушност кој е. Решава да се претстави како гурбетчија и бара престој за една ноќ. Родителите
му дозволуваат и не го препознаваат родениот син.Кога ќе сфатат колку вредни работи носи со него,
поради алчност и желба за богатство стануваат способни да извршат злосторство. Таткото Митре
ладнокрвно го убива, но кога дознава дека всушност го убил својот син, се самоубива.

Во „Парите се отепувачка“ немаме ваков случај, но таткото Митре ја покажува истата тврдоглавост
кога заслепен од завист и поматен ум од парите што ги видел кај „туѓинецот“, не сака да ја послуша
жена си. Новата генерација, пак, веќе започнува да ги менува закоравените сфаќања и да ја руши
традицијата.

Во двете драми е претставена несреќната судбина на двете семејства.Печалбарст


семејства.Печалбарството
вото не е полно
кес туку и смрт, не е само можност да се излезе од сиромаштијата туку и закана со сиромаштија да
се остане без татко, без маж. Доколку родителите го немале оној патријархален дух, строг и
неправеден однос кон своите деца и доколку не им било важно што ќе рече светот, туку на прво
место да ја ставеле среќата на нивното чедо, никој немало да излезе повреден.

You might also like