You are on page 1of 1

Парите се отепувачка

Парите се отепувачка на Ристо Крле е битово социјална драма која содржи мотиви од
печалбарскиот живот и ја прикажува социјално - економската положба на
македонскиот народ во дваесеттите години на дваесеттиот век во Западна
Македонија.
Темата во драмата е трагедијата која се случува во едно македонско семејство.
Таткото Митре и мајката Мара го испраќаат својот единствен син Ангеле на печалба.
После 20 години печалбарски живот Ангеле се враќа дома, во татковата куќа, но за жал
неговите родители не го препознаваат него туку неговите пари. Неговиот татко Митре
е сиромашен, но чесен и трудољубув селанец кој е приморан да го испрати синот на
печалба. Но, кога Ангеле доаѓа дома тој целосно се менува. Парите му го свртуваат
умот и целосно го заслепуваат па дури до тој степен да изврши убиство. Чесниот и
трудољубив селанец станува алчен, лаком и агресивен злосторник кој го убива својот
син. Кога дознава дека „туѓинецот“ е всушност неговиот син, Митре се самоубива.
Неговата жена Мара, го опоменува и не се согласува со неговата намера да го убие
„туѓинецот“ бидејќи се плаши да не бидат откриени, но во неа проработува и
мајчинскиот инстинкт. Таа е патријархално воспитана жена која ги почитува сите
обичаи. Преку ликот на Мара се прикажани најголемиот дел на битовите елементи во
драмата – софрата на која што печалбарот мора да седне за повторно да се врати
дома, неговата сестра му истура вода за да има добар пат и не го испраќа бидејќи
куќата не треба да остане празна, благословите на Мара и нејзината клетва како и
останатите суеверие кои се споменуваат во драмата. Ангеле е жртва на проклетството
и моќта на парите. Поради сиромаштијата во која живееле како дете оди на печалба.
Дваесет години чесно заработувал, им праќал пари на родителите и неговата сестра и
постојано мислел на нив. Кога се враќа со неговата сестра Кате сакаат да се пошегуваат
со Митре и Мара, но нивната игра станува кобна за сите нив.
Самиот наслов ни алудира на тоа што сакал авторот да ни прикаже преку ова дело.
Парите се отепувачка – убиваат кога нема разум, наместо тоа преовладува лудост,
алчност и себичност. Парите се основно средство за егзистенција но истите носат и
голема несреќа.

You might also like