You are on page 1of 2

Романтизмот како правец во уметноста се појавува како резултат нa

бескрупулозното и неправедно општество кое владеело во тој период. Бегајќи од таквото


општество, писателите, се издвојуваат во свои субјективни светови, нагалсувајќи ја целосната
слобода на имагинацијата, спротивставувајќи се на формите на стандардизираната
креативност. Toj е обележан со субјективност и полна творечка слобода, човечката емоција е
воздигната пред сè, а писателите Бајрон, Гете и Иго како главни претставници на романтизмот
нè возбудуваат со нивните безвременски дела, оставајќи моќна порака зад себе.

Германскиот претставник Џорџ Гордон Бајрон, со бунтовнички и критизерски настроена


природа, го пишува лирско – епското дело - ‘’Странствувањата на Чајлд Харолд’’, што е можеби
една од најперфектните мешавини на одлики од времето на романтизмот. Токму овој лик е
очаен, неспособен за љубов, полн со презир, а незадоволството од неговиот развратен живот,
ќе го натера решението да го бара во бегството, во осамувањето, во потонувањето во
сопственото јас, кој покрај култот кон патувањата, го претставува очајот и длабокиот
песимизам кој бил присутен во неговата душа. Тој заминува од својата земја, но тагата за
напуштањето на родниот крај не може да ја сопре и токму поради тоа ја отпева прошталната
песна со харфа, со што е изразен култ кон музиката, типична одлика на романтизмот. Преку
оваа песна ја согледуваме чувственоста на Чајлд Харолд. Тој е осамен, обземен со болка
поради недостатокот на љубов и тажен бидејќи нема по кој да тажи. Уште една романтичарска
постапка согледуваме со неговото бегство во потрага по душевен мир. Неговата лична тага и
разочараност се зголемува и прераснува во светска тага поради доминација на злото и
несреќата што владее насекаде.
Генијалниот Гете, со штурмундранг, со бура и тресок, преку овој епистоларен роман кое
е огледало на романтизмот, нè разгалува со испомешани емоции на длабока љубов и
разочарување. Привлечноста на розовата панделка и забранетата љубов ќе бидат причината
за неговиот несреќен крај. Младиот Вертер, човек исполнет со романтичарски дух, кој
слободата од општеството кое го доживува како место за сосем лажни и неправедни односи
меѓу луѓето, ја бара бегајќи во природата. Во природата наоѓа душевен мир, хармонија и
инспирација, тој на еден суптилен начин ги претставува неговите емоции и чувства преку
временските одлики во романот. Љубовниот триаголник во кој тој се наоѓа, го носи до
самоуништување. Култот кон идеализираната жена и култот кон татковината се претставени
преку ликот на Лота – Лота е Германија, таа ќе биде причината за Вертеровиот конфликт меѓу
срцето и разумот. Осаменоста ќе биде драгоцен балсам за неговото благородно срце кое
лесно запаѓа во болка и тага. Тој е свесен и предупреден за несреќниот крај кој го очекува, но
сепак ќе турка со неговиот дух и на крај ќе заврши осамен и очаен.
Виктор Иго преку неговото најкапитално дело, го вперува писателското перо кон
општеството. Преку овој роман на ликови ја прикажува материјалната немоќ и суровиот живот
во тогашното француско општество, кое бескруполозно ги турка ликовите во неморал.
Бискупот е пресвртница, лекот за Валжан и нехуманото општество. Култот кон националната
слобода е прикажан преку бунтовноста на Мариус кој се бори против суровото општество,
додека култот кон идеализираната жена е претставен преку ликот на Козета. Таа го плаќа
данокот на суровиот систем, растејќи без родителска љубов, но на крајот добива право за
љубов и среќа која ја немала незјината мајка. Чесното срце и вредните раце на Фантина
паднале во рацете на неморалот. Понижените, угнетените, мали луѓе од дното на општеството
се хероите на Виктор Иго.

Делата на овие тројца вонвременски писатели напишани со висок стил, во кои се


опфатени сите аспекти и одлики на романтизмот, ни оставаат голем впечаток и порака до
целиот свет, со што засекогаш ќе бидат запомнети и ценети во рамките на светската
литература.

You might also like