You are on page 1of 3

Страдањата на младиот Вертер од Јохан Волфганг Гете

Ова е прв роман на Гете објавен 1774 година и е едно од неговите најдобри дела покрај делото
Фауст. Пишуван е во облик на дневник или писма и овде писателот пишува за насреќен стравствен
млад човек кој е безнадежно заљубен во Шарлот-жената на својот пријател. Страдањата на
младиот Вертер станале значаен дел од движењето „Олуја и стрес„ и влијаеле на романтизмот
предизвикувајќи лавна на самоубиства кај младите кои имале невозвратена љубов.

Делото во форма на полу-автобиографско е напишано во 1772 година. Гете поминал низ сличен
период во времето кога бил заљубен во Шарлот Баф која во тоа време била верена за неговиот
пријател Џон Ктистијан Кестнер.

Откако ја искусил болката заради неможноста да биде со жената која ја сака и сфатил дека
никогаш нема да ја има, Гете престанал да биде романтичен, бидејќи романтичната љубов
создава сериозни проблеми и доведува до разочарувања во животот.

Во оваа книга тој го открива падот на романтичноста, темната страна на романтизмот и што е она
кое таквата љубов може да му го направи на човекот, а тоа го покажува со непрестаната
деградација на Вертер и неговото самоубиство.

Романот е поделен на два дела. Во првиот дел се опишува како Вертер оди во нов град и е
воодушевен од природата, ја опшува нејзината убавина, селаните кои живеат таму,
запознавањето и првата средба со Лота, потоа неговото заљубување, опсесија, почетокот на
емотивна деструктивност и заминувањето.

Вториот дел се однесува на враќањето и повторната средба со Лота, неможноста да ја контролира


својата љубов и опсесија, болката, скршеноста, неможноста да ги прелаже сопствените емоции,
неговата неснаодливост во општеството и светот, позајмувањето на пиштолот кој му го носи
самата Лота и самоубизтвото.

Вертеровото прераскажување започнува со писмото кое го напишал на својот пријател Вилијам.


Во ова писмо тој опишува колку е среќен во малиот неименуван град во кој отишол за да го реши
прашањето за наследството од мајка му и откако Леонора која била заљубена во него побегнала.

Мајката на Вертер останува неименувана што ни укажува на тоа дека не се сложувале добро,
бидејќи во писмото не се обраќа директно на неа туку го прашува својот пријател Вилијам за мајка
си.

Додека Вертер го смета градот за убав, неговата природа, дрвјата и ова го опишува идилично при
што се гледа дека прв пат се среќава со природа. По шест дена во следното писмо пишува дека
местото потполно го обзема и признава дека ги запоставил студиите-книгите почнале да
изгледаат недоволно во споредба со убавините околу него. Тој е исто така и помеѓу селаните и
изразува каење за начинот како младите од неговиот статус гледаат на селскиот живот. Тој
насликал портрет од Вилијам и недопрениот селски начин на живот па пишува- селаните живеат
едноставно.

Во следното писмо отворено признава дека селскиот живот е супериорен и дека необразовните
луѓе се најсреќните луѓе во светот. Исто така во писмото од 22 мај веќе наговестува за своето
самоубиство и пишува дека секој човек може да го напушти овој затвор кога и да посака.

Неколку дена подоцна Вертер поминува во градчето Валхајм кое се наоѓа околу еден час од
неговата куќа. Во него се чувствува многу поспремен од руралниот град каде живее. Во Валхајм
постои гостилница каде Вертер може комотно да чита и да пие кафе а во близина се селските
пејсажи кои може да ги скицира.

И читањето и цртањето се вештини кои сега Вертер ги отфрлил во корист на едноставното


упивање на природата но се чини дека Валхајм го инспирира Вертер да се врати на она што го
забавува. Во следното писмо Вертер признава на Вилијам дека во Валхајм сретнал жена Лота
ќерка на управник која тој ја нарекува чисто совршенство и за која ниту зборот ангел не е доволна.

Тој опишува како ја сретнал Лота , на патот кон селскиот бал на отворено. Пред да ја запознае,
тетката на Лота го предупредила дека не смее да се заљуби во неа бидејќи таа е верена за Алберт.

Вертер го игнорира овој совет и влегува во куќата за да ја пронајде Лота каде ги запознава
нејзините браќа и сестри а најпосле и самата Лота. Веднаш е маѓепсан. На балот тој ја бара
нејзината рака на секој танц и се восхитува на секое нејзино допуштање. Се развива
емоционалниот жар кај Вертер, а надвор се појавува олуја - парот се воодушевува на необичната
убавина на пролетната олуја.

Следуваат писма каде Вертер му објаснува на Вилијам за се поголемата преокупираност со Лота и


на крајот љубовта кон неа. Секојдневно патува за Валхајм. Додека Алберт - нејзиниот вереник е
деловно надвор од градот, Вертер станува се повеќе посесивен спрема Лота, пишувајќи му на
Вилијам за болката која ја чувствува кога Лота гледа во други кога возат кола или во текот на некој
разговор.

Љубомората на Вертер станува криза што се гледа во писмата кои стануваат се пократки и
растроени.

Одговорите на Вилијам се насочени кон тоа да го оттргнат Вертер од Лота. Го прашува Вертер за
цртежот и му предлага дека може да најде добра работа кај дипломати.

Кога се вратил Алберт, Вертер го смета за човек за почитување и го поздравува однесувањето на


Алберт кон Лота. Поради тоа Вертер одлучува да се откаже од Лота и да стои понастрана од
Валхајм иако неговиот очај и неговото однесување се претвора во манија што ја плаши
Лота.Сфаќајќи го тоа Вертер ја бара Лота секогаш кога е сама. Со тек на време во неговите писма е
јасно дека тој сепак одлучил да не си оди и се обидува да се спријатели со Алберт. Тој и алберт
водат долга расправа за моралноста на самоубиството а Вертер тврди дека за некои луѓе
самоубиството е валидна опција. Тој всушност верува дека самоубиството понекогаш не може да
биде бегање од смртта. Оваа изјава го шокира и вознемирува Алберт.

Во месеците од доаѓањето на Алберт писмата на Вертер стануваат се подолги, подраматични и


филозофски. Станува преокупиран со саможалување и се предал на мислите на самоубиство и
болка. Во еден момент одлучува да замине а во следниот дека може да продолжи да биде овде
засекогаш. Раскажува за мајката на Лота за нејзината прерана смрт и тоа толку го вознеморува и
затоа одлучува да замине од Валхајм и да се вработи како секретар кај еден дипломат во друг
град.

Иако Вертер има агонија која се повеќе расте и незадоволство на работното место, во главно ја
смета работата поднослива. Дипломатот се покажал како тежок човек за работа но Вертер сепак
пронаоѓа пријател во грофот Ц. кој го советува како најдобро да се однесува со дипломатот.

Се спријателува и со госпоѓица вон Б. локална аристократка за која мисли дека може да стане
романтично заинтересиран.

Но манијата кај Вертер се обновува кога Лота одненадеш му пишува и тогаш тој станува
неподнослив. Повторно сака да побегне, бидејќи добива порака од Алберт дека тој и Лота
конечно се венчале.

На еден настан го исмејуваат дека не е од класата на аристократијата и заради тоа тој го напушта
работното место. Се враќа кај Лота, но повторно запаѓа во агонија и на крај се самоубива со
пиштол кој му го дава самата Лота.

You might also like