Professional Documents
Culture Documents
Содржина
Поемата нема класично развиено дејство, нема
заплет, ни композиција освен што е составена од
четири пеења. Дејството се одвива хронолошки,
како што се одвивало патувањето задржувајќи се
на позначајните места. Тоа се: војните на
Наполеон; соочување со освојувачки и
ослободителни војни; ја велича борбата на
Шпанците против Наполеон; ја велича античката
цивилизација; ја опева славата и пропаѓањето на
Рим; ја опишува битката кај Ватерло,
потенцирајќи го ужасот и апсурдноста на војната.
1 песна
Поемата започнува со описот на Чајлд Харолд,
кој е млад човек, почитуван и познат, од
благороднички род, кој наместо да се посвети на
полезна и творечка работа, се оддава на бурен,
развратен живот со оргии и пир. Презаситен од
таквиот живот кој веќе му здодеал, решава да го
напушти родниот кат. Разочараноста не
произлегува само од ваквиот живот туку и од
односите во општеството, па решението го бара
во бегството, во осамувањето, во потонувањето
во сопственото јас.
2.
Си бил во Англија и еден човек млад:
на доброчинството му бил тој туѓ… Крај жена
разгалено, до бес, би уживал, од јад!
Ја чекал зората со вино, полно пена;
сред развратот тој сам и идоли си кренал.
На порокот во плен – се спуштил тој во шир:
го презрел сето сам што другите го ценат.
Но среќен само бил сред оргија и пир,
крај жени паднати сал нашол сладок мир!
3.
Пред вас е Чајлд Харолд. Јас нема тука таен
да водам разговор: од каков беше род.
А родот негов беше чествуван и знаен,
со честа беше познат тој под овој свод.
Постапките на внуков беа срамен плод
и честа дедова тој почна да ја гнаси.
Ни летописецот што тоне сиот в пот
не би можел со неа легенда да краси,
а камо ли поет со лаги да ја спаси.
5.
Не се плашел од грев – во гревот тонел цел;
по патот тргна сам што в неморал го тера.
Но – една љубел тој со силен занес врел –
па сепак, можеби, во себе немал вера.
Со ласки развратни кон неа имал мера:
на својот идол свет тој не фрлил со кал:
та неверен би бил и утре како вчера!
Би била скршена од клетников без жал:
да скине оков јак тој потем се би дал.
6.
Од сешто заситен без желба и без страст,
не сакаше да види близок другар сега.
Во очите му често солза видов јас,
но знаеше со гордост срце тој да стега.
Скитајќи в мисли, сам, се реши не на шега
да напушти за долго бучен, роден кат.
Од својата судбина тој нејќеше да бега:
би примил удар нејн, тргајќи Чајлд на пат,
би барал нови луѓе, макар и сред ад!
10.
Не прегрна тој мајка штом на пат се крена,
ни сестра си ја виде пред да тргне в свет.
Тој замина со тага душа што му свена.
Без поздрав другарски по море тргна, клет.
Не затоа што беше корав, студен сет –
та не! Но само оној којшто љубел знае
од ошто толку многу болката без ред
засилува, та човек – колку корав да е –
на разделба од тага не може да трае.
По описот на главниот лик
следува Прошталната песна во која
преовладува возвишениот и патетичен тон на
разделбата на главниот јунак од својата
татковина.
Песимистичкото расположение и копнежот по
светли хоризонти се причината тој да ги изрече
топлите исповедни зборови на љубов кон
родниот крај, родителите и пријателите.
Проштална песна
2 песна
Чајлд Харолд чувствувајќи симпатии кон
поробените народи го продолжува своето
патување во Грција и Албанија каде се соочува
со истото страдње и несреќа. Поетот не може да
сфати дека потомците на Античка Грција можат
да го поднесат теророт што се врши врз нив од
страна на османлиската власт. Сликата на
Балканот е мрачна и крвава.
Албанецот, со чалма, застанал на патот,
а пиштолот со резба беше шарен сет,
навезена му беше дреата со злато…
Македонец со појас, крвав, сиот блед
крај делија што држи јатаган…И ред
од вакви робје гледаш…
Особено е воодушевен од љубезноста и
гостопримството на Албанците. Во оваа песна
освен разочараноста која ја чувствува, поетот
повикува на борба .
3 и 4 песна
Харолд го продолжува своето патување во
Холандија, Германија, Швајцарија и други
европски земји за да го задоволи својот
авантуристички дух, како и да се пронајде себе.
Во овие песни е поприсутен мотивот на
осаменоста, како и мотивот на природата која е
единственото нешто недопрено од човекот и
можност да се избега во нејзините прегратки.
Пејзажот е во функција на романтичарскиот
идеал каде човекот го пронаоѓа својот мир и
спокојство. Единствено во природата Харолд се
чувствува исполнет и среќен.
Во последната песна при посетата на Италија
исто така се навраќа на нејзиното античко
минато. Тој и понатаму е во истото
расположение, осамен бунтовник кој останува
само набљудувач на општествените збиднувања.