You are on page 1of 1

Чичко Горио

Еден од првите професионални писатели во франицја, а истовремено претснавник на


францускиот реализам е Балзак.Тој зад себе остава речиси дваесет илјади испишани и потпишани
страници – обем коишто малкумина во светската литература го постигнале. Во неговата личност се
соединети голем талент, ретка енергија, нереални амбиции, а во неговиот практичен живот-
постојани долгови. Балзак ја започнува својата литературна дејност со пишување на романи во
ародолженија за многу весници. Уште во текот на животот наречен секретар на современото
општество,, Балзак многу брзо открил дека парите се основа за се. Неговите политички убедувања
биле блиски до феудалните велесопственици, ја почитувал аристократијата, но не можел да не ги
забележи експлотацијата, суровата индустрија, лихварите, банкарите. Па затоа во бројните
романи на Балзак ќе будат опфатени темите на револуционерите, граѓански идеали, пропаѓањето
на феудалното стопанство и капиталистичкиот систем. Ниту една класа не е испуштена од живото
перо на Балзак. Грандиозното дело на балзак Човечка комедија е збир од сто романи поделени
во три групи : студии за општеството , филозофски студии и Аналитички студии.Најзначаен роман
во ова грандиозно дело е Чичко Горио.

Главниот лик во овој роман е Горио, кој е типичен лик на татко кој безмерно ги сака своите
ќерки. Неговата љубов е толку голема што нему не му е тешко да ја поднесе секоја жртва за нив.
Заради нив тој живее бедно и се надева дека за возврат од нив ќе добие љубов. Кога бил млад,
Горио бил работник во фабрика за тестенини. Со упорност и ризик за време на економската криза
успеал да се збогати. По смртта на својата жена, тој целото внимание им го посветил на ќерките
кои бескрајно ги разгалил, незабележувајки ги претворил во нечуствителни, себични и
неблагодарни изроди. Тој уште во нивното детство им купува скапи подароци со тоа искажувајќи
им ја својата љубов, но таа релација е ѓаволски круг. Огромната љубов кон двете ќерки го фрла во
судир со моралот. Тој им нашол богати и угледни мажи и им го поделил богатството оставајќи си
за себе само колку што му било неопходно. Тие се однесуваат со него како со "лимон, кој " откато
бил исцеден до капка... го фрлаат .Толку многу ги разгалил и расипал што тие немаат ни трошка
почит кон него. Тие пак го посетуваат таткото само кога од него треба да добијат пари, срамејки се
од него обичниот граѓанин, бидејки тие се движат во аристократските кругови. Поведен од општо
прифатениот критериум дека парите се она волшебното стапче во кое е содржана полнотијата на
живеењето .Горио е татко чија несреќа станува се поголема колку што расте неговата љубов
спрема чедата, неговите две ќерки. На крајот, сфаќајќи дека создал бесчувствителни монструми
тој паѓа во очај и умира. Родителот и неговите ќерки се слика на моралниот пад и обезвреднување
на семејната врска.

Ондре де Балзак ја покажува својата генијалност преку своите дела, тој е социолог,
економист, филозоф, најзадлабочен аналитичар на своето време.

You might also like