You are on page 1of 4

Да го предадеш човештвото и не е толку голем грев, тоа нема да те осуди.

Но да го предадеш
својот ближен, својот сонародник, тогаш никој нема да ти опрости. Предавството од
непријателите е нешто што го очекуваме и што не нè допира. Кога си предаден од твојот
најблизок пријател, оној со кој заедно сте страдале, минувале низ сите тешкотии, е тоа е највисок
чин на предавство.

Што е предавството?

Некои велат да предадеш предавник и не е предавство. Но зарем не е предавство ти да се


образуваш, да уживаш додека милиони луѓе се гладни за храна и знаење, а ти не се грижиш за
тоа? И тоа е предавство. Предавство на човештвото.

Постојат различни типови на предавници. Токму тие различни типови нѝ ги претставил Коле
Чашуле во драмата "Црнила". Овде сите ликови се на свој начин предавници, но, сепак, се
разликуваат. Коле Чашуле ги поделил ликовите во три групи, а на нас нѝ останува да ги
подредиме ликовите на една скала, според степенот на предавството.

На врвот од скалата, би го ставила Луков како "глава" на оваа група, заедно со Иван и Методи.
Можеби и името Луков (лукав)не го добил случајно. Тие се предавници кои свесно ги предаваат
своите сонародници со цел да се спасат самите себеси. Така сè повеќе се заплеткуваат во
сопствената пајажина од која нема излез. Ги убиваат и оние кои се големи луѓе, за разлика од нив,
од страв да не бидат откриени нивните нечисти дела. Овие се најлошиот тип на предавници!!!

Следи втората група. Тоа се оние кои знаат дека се предавници, но се покајале. Претставник -
Фезлиев. Ваквите не се доволно силни да се самоубијат, па затоа гледат да избегаат од реалноста.
Пиењето ги води подалеку од светот околу нив за да не ги гледаат оние недела околу себе.

И за крај е последниот тип напредавници, кои можеби и не ја заслужуваат оваа етикета, премногу
е силна за нив. Тие направиле предавство без да знаат за тоа. Овде би ги ставила Младичот и
семејството Христови, кои едноставно се заслепени од идеологијата и преголемата верба во
Организацијата, па правеа сè што ќе им се каже.

Во оваа статија, како што можете да забележите, најчести зборови се предавство и предавници, па
ДА!!!Токму тоа е и најголемата причина на луѓето за нивните несреќи, ете таа грешка ја правеше
македонскиот народ. Затоа само тој беше виновен за своите несреќи и тешкотии. Тој самиот си ги
истури црнилата од изворот на злото. Ги негуваше токму со предавството на брат со брат, на
Македонец со Македонец, на големиот Ѓорче Петров, со изговор дека го прави тоа за подобро
утре.Не постои предавство кое може да се оправда, тоа е само одбрана на оние кои немаат
доверба во себе и на кукавиците!!!!

"Црнила" за да осознаеме во каков свет живееме.


Светот е веќе далеку од она за кое сите мечтаеме да биде - најблиските собрани на една трпеза
разменувајќи пријатни мисли и чувства. Сега веќе секој гледа само за себе - користољубивоста,
наместо родољубието е на сите страни. Со недоверба секој гледа во другиот и не знае кому да си
ја искаже маката. А, оние пак - мал дел кои се' уште се изгубени во своите соништа и идеали за
создавање на подобра личност пропаѓаат во црнилата кои постојано ги демнат. Црнила е драма за
убивање на сопствениот идол. Предавството е попатна тема, како и манипулацијата, и
Македонштината.

Воведните дидаскалии, пред секој чин, се пишувани во стихови. Дејствието се случува во куќата на
брачниот пар Христов и Неда, во текот на еден ден. Започнува со љубовна сцена помеѓу Иван и
Неда. Таа му кажува дека и е страв од Луков, мисли дека тој ја следи. Се буни зошто Луков сите
акции на организацијата ги подготвува во нејзиниот дом. Тогаш Иван и кажува дека Луков има
задача да го убие Ѓорчета Петров. Ја советува ништо да не прашува, бидејќи само така може да се
остане жив во условите во кои што тие живеат. Време на сомнителни сплетки и интриги, опасноста
демне од секоја страна. Доаѓа Милка сосетката на гости. Таа е жена на еден од раководителите на
комунистите. Затоа Луков и се плаши од неа. Таа му се гордее на Ѓорчета и на неговото
родољубие. Потоа влегуваат Христов и Луков. Луков го упатува/отстранува Христов надвор од
градот додека трае и е во тек акцијата . Се гледа подреденоста на Христов кон Луков, слепо му се
покорува оставајќи ја својата жена во рацете на организацијата. На почетокот од вториот дел
разговараат за Историјата. Ликовите се свесни за продирот во неа, аналогија со останатите дела.
Фезлиев, Иван и Луков го чекаат младичот. Фезлиев кажува:Овде- на Балканот—каде се што
живее задоцнува со четири века.

Доаѓа младичот. Тој е на 20 годишна возраст. Неговите родители се заклани од Турчинот, него го
спасува Ѓорче Петров кој му станува идол и поради кој тој својот живот и го посветува на
организацијата. Но, по игра на судбината, токму тој е дојден во Софија да го убие него. Оние од
дворецот, кои им ги даваат наредбите, како да се поигруваат со нив. Луков знае дека младичот не
смее никогаш да дознае кого убил и дека, и тој ќе треба да се ликвидира. Во разговорот со
Фезлиев, откриваме дека Луков пред луѓето на Ѓорчета ги има издадено своите предпоставени,
молејќи им се за својот живот. Тој е кукавица, шпиун, а Фезлиев го знае тоа. Фезлиев како да се
гледа себе си во младичот и во неговата наивност, а воедно и верност кон своите идеали.

Во третиот чин се случуваат настаните од ноќта, Фезлиев се опива, го предупредува Ивана дека
Луков ја гледа чудно Неда. Младичот му ја кажува својата историја на Лукова по што овој
одлучува тоа никој да не го дознае. Младичот сака да се сретне со Ѓорчета, Луков му ветува.

Во четвртиот чин дејствиата се збиени, сцената е раздвижена. Најпрво се расправаат Фезлиев и


Луков, потоа се враќаат останатите, Младичот дознава за измамата и заминува, односно Фезлиев
и Неда му помагаат да избега, Методи го наоѓа во царската градина, обесен за некое дрво. Успева
да го земе последното негово писмо и му го носи на Лукова. Писмото се однесува кон Историјата,
сега веќе мртвиот младич има желба предавниците да останат запомнети како такви, како нивна
најголема казна. За Луков, пак, македонската историја е врховен циник. Таа повеќе не постои,
ниту во срцата, ниту, пак, во историјата. Потоа тој напивајќи се од ракијата, и наредува на Неда да
оди во собата и да го чека, но по неговото влегување се слушаат истрели. Неда го убива. Фезлиев
освестувајќи се од ќотекот добиен од него, ја советува Неда да се заклучи во кујната и да остави
тој самиот да се справи со ситуацијата. Некои од организацијата веќе ја разбиваат вратата.
Драмата завршува со репликата на Фезлиев:

Господи, белки не умрел Македонецот во мене.

Тој ќе се соочи со проблемот, ќе им помогне на послабите притоа не плашејќи се за својот живот.


Можеби тоа ќе му ги сотре црнилата во неговата закоравена душа, предадена на црниот ѓавол од
дворецот.

Трагедијата на младичот е токму во неговото незнаење, во неговата хамартија, во неговото слепо


убедување и верување во идеологијата која не ги бира средствата за остварување на своите
интереси. Тој мислејќи дека се бори за правата на едните, во и со своите постапки, ги убива
истите. Ситуацијата, времето, земјата, сите тие се едно просто црнило, една темносана дамка во
секидневието.

“Црнила“ на Коле Чашуле е антологиска драма. Во неа е претставена задносценската режија на


убиството на македонскиот револуционер и идеолог на ВМРО , Ѓорче Петров во Софија.
Историскиот датум на атентатот извршен на Ѓорче Петров (28.06.1921) како и многу други
фактографски податоци во драмата отсуствваат, а акцентот е ставен врз осветлувањето на
егзистенционалистикиот апсурд на македонското опстојување низ историјата. Според
типолошката определба, оваа драма е драма на идеја , односно драма со теза, која е остварена во
рамките на егзистенционалистички појмениот апсурд на човековата фрленост среде светот, во кој
што нема ниту еден исход или чекор кој што е сигурен. Апсурдот на човештвото е искажан преку
еден политички задносценски контекст. Компонирана е во четири дејствија и го прикажува
приготвувањето и режисирањето на еден од најпредавничките чинови во историјата на
Македонија, самото убиство на Ѓорче Петров од момчето Орце кому , токму тој му е идеолог и
идол во неговиот живот. Оваа драма е од посебен вид, во која што дејствието и претставувањето
на карактерите се подредени на една идеја која домионира над сликата за поединечните
судбини. Коле Чашуле оваа драма ја напишал по примерот на “Сартр“ , по неговото
егзистенционалистичко дело.

Во неа отсуствува надворешниот заплет , а ликовите се биполарно обликувани. Прикажана е


статичност на драмските ситуации , а дејствието е поврзано целосно со историското време.
Градејќи драмски текст во врска со физичката ликвидација на идеологот на Македонската
револуционерна организација, Чашуле успева да освои чиста драматуршка структура, низ која се
вливаат коректно сугерираните и студиозно диференцирани ликови на групата тероисти.Предмет
на внимание зафаќаат ликвидаторите Луков, Фезлиев, Иван и Методи , но поради нив воопшто не
виновно се приклучува и Орце кој е мамка за сопствена егзистенција.Тие се пет различни
личности, со нажалост една иста тажна судбина која ги води кон братоубиството . Токму најголема
критика на братоубиството била оваа книга со чие име авторот го прикажува тој чин – “Црнила“.

Една личност не е можно да се оцрни повеќе, отколку да биде предавник на својот народ.

Невидливите центри на политичка моќ , авторот ги прикажува како режисери на стварноста, а


другите се само марионети чив живот е во улога на иссценирана стварност.

Чашулевите Црнила се драма на идеја, драма на човекот. Можеби пред се драма на идеја во
која се осудуца нечовечкото во човекот, во која се дешифрира човековиот пад, во која се
коментира со дискретен протест и строг презир еден специфичен вид на современото
расчовечување. Чашуле успеал да создаде образец на една таква потребна драма.

Македонци, туку има наши, ваши, нивни Македонци и треба едни со други да се мразат до
дното на душата. Тоа е голем хендикеп, што се гледа од преговорите за името, па до најситните
пори во нашиот живот. Во културата на особено драматичен начин.

За мене „Црнила“ е претстава за предавството на македонската идеја, иако гледам дека други ја
разбираат како компромитирање на македонската револуционерна борба, п

сите сенки и црнила во овој дом како да се негови сојузници… како да ме прогонуваат. Иване,
сеќавам цел еден железен обрач дека се стега околу мене!

You might also like