You are on page 1of 1

“Црнила” од Коле Чашуле

Драмата е литературно дело наменето за сценска изведба на која таа прикажува,


а не раскажува. Македонската драма своите корени ги поставува во фолклорната
драма. Основоположник на македонската современа драма е Коле Чашуле, додека
основоположник на македонскиот театар е Војдан Чернодрински. По стекнувањето
на независност на Македонија, македонската драма и театар доживуваат особен
подем.
“Црнила“ на Коле Чашуле е антологиска драма. Во неа е претставена
задносценската режија на убиството на македонскиот револуционер и идеолог на
ВМРО , Ѓорче Петров во Софија. Историскиот датум на атентатот извршен на
Ѓорче Петров (28.06.1921) како и многу други фактографски податоци во драмата
отсуствуваат, а акцентот е ставен врз осветлувањето на егзистенционалистикиот
апсурд на македонското опстојување низ историјата. Според типолошката
определба, оваа драма е драма на идеја , односно драма со теза, која е остварена
во рамките на егзистенционалистички појмениот апсурд на човековата фрленост
среде светот, во кој што нема ниту еден исход или чекор кој што е сигурен.
Апсурдот на човештвото е искажан преку еден политички задносценски контекст.
Компонирана е во четири дејствија и го прикажува приготвувањето и режирањето
на еден од најпредавничките чинови во историјата на Македонија, самото убиство
на Ѓорче Петров од момчето Орце кому , токму тој му е идеолог и идол во неговиот
живот. Оваа драма е од посебен вид, во која што дејствието и претставувањето на
карактерите се подредени на една идеја која доминира над сликата за
поединечните судбини. Коле Чашуле оваа драма ја напишал по примерот на
“Сартр“ , по неговото егзистенционалистичко дело.
Во неа отсуствува надворешниот заплет , а ликовите се биполарно обликувани.
Прикажана е статичност на драмските ситуации , а дејствието е поврзано целосно
со историското време. Градејќи драмски текст во врска со физичката ликвидација
на идеологот на Македонската револуционерна организација, Чашуле успева да
освои чиста драматуршка структура, низ која се вливаат коректно сугерираните и
студиозно диференцирани ликови на групата тероисти. Предмет на внимание
зафаќаат ликвидаторите Луков, Фезлиев, Иван и Методи , но поради нив воопшто
не виновно се приклучува и Орце кој е мамка за сопствена егзистенција. Тие се пет
различни личности, со нажалост една иста тажна судбина која ги води кон
братоубиството . Токму најголема критика на братоубиството била оваа книга со
чие име авторот го прикажува тој чин – “Црнила“. 
Една личност не е можно да се оцрни повеќе, отколку да биде предавник на својот
народ.
Невидливите центри на политичка моќ , авторот ги прикажува како режисери на
стварноста, а другите се само марионети чиј живот е во улога на иссценирана
стварност. 
Чашулевите Црнила се драма на идеја, драма на човекот. Можеби пред се драма
на идеја во која се осудува нечовечкото во човекот, во која се дешифрира
човековиот пад, во која се коментира со дискретен протест и строг презир еден
специфичен вид на современото расчовечување. Чашуле успеал да создаде
образец на една таква потребна драма.

You might also like