You are on page 1of 4

Есеј по предметот македонски јазик и литература на

ТЕМА:

Истрајноста и неуништливоста на македонскиот народ прикажана преку ликот на


Велика во романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски

Романот "Пиреј" претставува дебитниот и прв роман на познатиот македонски


автор Петре М. Андреевски, кој бил објавен во 1980 година. Од самото објавување, овој
роман, чии наслов има длабоко и симболично значење, станува значаен дел од
македонската книжевност и брзо го добива статусот на дело со историска и културна
важност за македонската држава и македонската литература.
Романот се одликува со проста и лесна структура на раскажување, како и со богат и
изразителен јазичен стил. Ова го прави романот достапен и атрактивен за различни
категории на читатели. Со текот на времето, "Пиреј" стана познат како македонска верзија
на "Библија", бидејќи во него секој читател може да ги препознае колективните трагедии
од македонската историја и идентитетот на народот.
Иако се поминати години од неговото објавување, интересот на читателите кон овој
роман не заминува и продолжува да биде жив и растечки. Ова само го потврдува
долготрајното и значајно влијание на ова литературно дело во македонската култура и
книжевност.
Преку метафорички прилог, со давање на насловот Пиреј што во буквална смисла
на зборот е еден вид на пркосна трева, во својот роман, Андреевски мајсторски го
илустрира македонскиот народ како симбол на неуништливоста и вечен опстанок, како
народ кој постоел и ќе постои. Со овој наслов Андреевски се обидел да го симболизира
несопирањето, истрајноста и неизмирливоста на македонскиот народ, кој продолжува да
трае и опстанува, дури и преку сите напори да се истреби. Во "Пиреј", авторот детално го
опишува периодот од Балканските војни и Првата светска војна, и подоцна, по воениот
конфликт, вешто сплетувајќи ги различните аспекти на исцрпеноста на македонскиот
народ. Народ кој се соочува со неволјата, гладот, очајот и заболувањата, преживувајќи го
тешкото време и прикажувајќи го како народ-борец за опстанок. Дејствието се одвива во
селото каде живеат Јон и Велика, во Македонија, каде тогаш биле стационирани многу
војски - српски, бугарски, француски, англиски, германски и австриски, а притоа
војниците најмногу биле од Македонија.
Со искористување на метафората на тревата пиреј, авторот ја истакнува
впечатливата непокорност на својот народ олицетворено преку на ликот Велика. Еден од
споредните ликови во романот кој се појавува во улога на народен мудрец јасно нагласува:

1
„Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска. Ама ти колку сакаш
кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, и
пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.“
Основната симболика во романот "Пиреј" ги претставува главната порака и идеја на
текстот. Темата на романот се фокусира на животот на двајцата сопружници, Јон и Велика,
и нивните тешки и мрачни искуства за време на војната, додека главната идеја е дека
македонскиот народ, покрај сите предизвици и страдања, одолева и ќе продолжи да
одолева на предизвиците на тоа време.
Романот, во првиот книжевен дел, започнува со сцената каде се прикажува процесот
на закоп на старицата Велика Мегленоска, која пред својата смрт ја изразила желбата да не
биде закопана заедно со нејзиниот сопруг, Јон Мегленоски. Бидејќи Роден, шестото дете
на Јон и Велика, има ограничено знаење за своите родители со вчудовидување го прашува
стрикото Дуко Вендија за причините што стојат зад оваа необична одлука на неговата
мајка по што раскажувачот Дуко Вендија почнува да ги разоткрива нивните животни
приказни. Сижето, или приказните на Јон и Велика, се раскажуваат во наредните 28 глави
преку прволични наративи, односно преку раскажување во прво име, а на крајот од
романот повторно се враќа раскажувањето на Дуко Вендија.
Најголемиот успех на Андреевски е способноста преку овој роман да го воздигне
гласот на жената. Тој го прикажува животот на Велика како еден симбол на добродушност
и преданост кон традиционалните патријархални вредности, кои таа ги носи со гордост,
додека нема друг избор освен да чека. Велика била многу убава, послушна и вредна.
Издржлива личност која не умее и не сака своите емоции да ги разоткрие. Како и секоја
девојка во тоа време ја крие својата заљубеност и се мажи со стојници. Се мажи со Јон и
како млада го испраќа на фронт додека сама останува со нејзините пет деца. Како типична
македонска жена таа сама се грижи за нив и се справува со сите маки и проблеми. Го носи
товарот на плеќи и го живее македонското секојдневние. Се мачи, страда, но не офка и не
се жали. На прекрасен начин, романот ја илустрира Велика како жена која години
поминува во чекање, со сите негови потешкотии и маки. Со текот на времето, Велика
станува сведок на многу видови на смрт, односно сведок на смртта на своите пет деца но,
исто така, и смрт на својата земја, на својата татковина. Болката по загубените деца ја
убива и ја исполнува со неизмерна болка. Таа го испраќа својот сопруг Јон, кој слепо и без
двоумење се посветува на својата патријархална должност и клекнува на коленици за
одбрана на својата татковина. Но, кога Јон се враќа од војната веќе се претвора во нешто
друго, нешто што не може да се нарече човечно. Војната го проголтува и го превртува во
гневна душа, која се враќа во својот дом каде неговите деца се распаѓаат во почвата, за која
тој се борел. Добродушниот, вреден, мирен Јон, посветен родител станува ѕвер. Тој е
всушност трагична личност бидејќи ја нема силата на Велика да продолжи понатаму. Тој
не бара излез за живот, туку бара пат до смртта. За разлика од Велика, чија болка иако се
наталожува и зголемува, на крајот од тунелот преку раѓањето на своето шесто дете,
погореспомнатиот Роден, таа ја гледа светлината и со тоа станува неуништлива.

2
Односот помеѓу Велика и Јон ја симболизира борбата на човекот со самиот себе си
во текот на воените периоди, но и страдањето на човекот во светот во кој толку тешко се
живее. Елементите кои се појавуаат во романот, како ликот на гатачката, го искажуваат
пристапот на македонскиот народ во тоа време кон животот, како тој се справува со
животните предизвици и суеверно се однесува кон нив, пробувајќи се и сешто само за да
го оттгрне негативното од нивниот живот, надевајќи се дека со тоа ги отвораат вратите кон
позитивниот и скромниот живот. Преку описот на разни аспекти како сиромаштија, војна,
неукост, болести, глад и студ, авторот го истакнува социјалниот и економскиот контекст на
тоа време и ни го претставува животот и условите во Македонија во тоа период.
Во историскиот и културен контекст во којшто се сместува романот, исклучително
значење придобиваат мајките и трагичната загуба на нивната деца. Главниот лик во
романот, Велика, се соочува со смртните загуби на сите пет свои деца, кои се случуваат
последователно и во различни контексти. Во секој момент, таа се чувствува како
безпомошна пред овие трагични настани и тежината на болката што ѝ ги предизвикуваат.
Преку овој аспект на романот, се акцентира значењето на мајките и се претставува нивната
болка и предизвикот пред загубата на сопствените деца како универзално искуство, кое
може да се почувствува и разбере во секоја култура и временска епоха. Ова го истакнува
важниот аспект на мајчинството и човековата способност за разбирање и сочувство кон
оние што ги опфаќа истата трагична судбина.
Заклучок:
"Пиреј" ги содржи сите елементи потребни за едно вистинско литературно
меѓународно важно дело. За читателите тоа претставува раскажување кое допира и го
потресува читателот, изразува голема емпатија, ги поттикнува на размислување и ги
потресува однапред. Андреевски виртуозно го прикажува секојдневието и борбата на
луѓето од тоа време, како и нивното страдање. Овој роман претставува маркирана точка во
македонскиот модернизам, кој истовремено може да конкурира со највисоките стандарди
во светската литература. Како дел од модернизмот, тој ги изнесува пред читателите сите
темни и безнадежни слики од човечката природа, војните и последиците од нив,
проследувајќи го особено фокусот на разорувањето на човечката психа по Првата светска
војна, која беше најголемата катастрофа во историјата на човештвото.
Романот "Пиреј" ги вклучува трите примарни карактеристики на стилот на
Андреевски: патриотизмот и длабоката љубов кон неговата земја и историјата на својот
народ, доброто разбирање на човечката психологија и високото почитување кон жените.
Преку женскиот лик, Велика, во "Пиреј," иако таа е фиктивна илузија, зад нејзината
постојаност стои името на жена која реално постоела и ја преживеала истата судбина во
овие тешки времиња. Таа жена ги претставува нашите предци, нашите баби и прабаби, и
преку оваа приказна се креира вистинската слика на македонскиот народ која постоела во
тој период. Главниот лик, иако изложен на многу тешкотии и лишувања во животот,
опстанува до крајот и претставува симбол и олицетворение на несопирливата и
непобедливата сила на македонскиот народ. Оваа приказна ја истакнува живописната и

3
сурова реалност за македонскиот народ, истовремено сугерирајќи ја неговата вечност и
одржливост, како што е случајот со Пирејот.
За крај би заклучиле дека името на еден од главните ликови, Велика, во романот
"Пиреј" не е случајно избрано и има значително влијание врз нарацијата на романот.
Преводот на името Велика може да се разгледа како следно: Велика се однесува на
нејзината важност и големина како индивидуа, како жена и како мајка. Велика е голема, не
само во физичко значење, туку и во контекстот на нејзината симболичка смисла. Таа
претставува типичен претставник не само на македонската жена, туку и на македонската
земја, и тоа не само за време на Првата светска војна. Овој роман кај секого остава белег и
спомен за историјата на нашиот народ за време на војната, белег и одлика на силната и
истрајна македонска жена и јасна порака дека македонскиот народ покрај сите неволји и
суровости пак ќе најде начин да се покрене и да продолжи понатаму.

You might also like