You are on page 1of 36

Коле Чашуле (1921-2009)

„ЦРНИЛА“
Коле Чашуле(1921-2009)

 Чашуле е роден во Прилеп. Таму завршил основно училиште


и нижа гимназија, а виша гимназија завршил во Битола.
Студирал медицина на Белградскиот универзитет и активно
се вклучил во прогресивните движења (во СКОЈ), а
учествувал и во многу штрајкови и демонстрации.
 Се вклучил во партизанскиот прилепски одред, заради што
подоцна бил затворен. Од затворот избегал 1944 година и
почнал со објавување песни и раскази во партизанските
весници.
 По војната бил основач и уредник на поголем број списанија
и весници, како и главен уредник и директор на Радио
Скопје и управник на Македонскиот народен театар. 
Литературно творештво

 
 Чашуле пишувал песни, раскази, есеи, критики, но
сепак најобемно и најзначајно е неговото драмско
творештво.
 Тој е претставник на новата, повоена генерација
драматурзи. Употребува сосема нов, модерен израз
и исто така, нови тематски преокупации.
 Негови најпознати драми
се: „Црнила“, „Вител“, „Вејка на ветрот“, „Градскиот
саат“ и др.
 
„Црнила“ - Коле Чашуле

 Литературен период: современа македонска


литература
 Литературен вид: современа македонска драма
 Време и место: 1921 г. во Софија (станот на Неда)
 Тема: подготовките и убиството на Ѓорче Петров
од страна на македонските предавници
 Идеја: да се прикажат македонските црнила и
братоубиства
 Композиција: 4 чина (дејствија)
Ликови во драмата:

 Неда - македонска емигрантка


 Иван - љубовник на Неда, член на групата
 Луков - мозок на операцијата и на
терористичката група
 Фезлиев - член на групата ,алкохолочар
 Методи - член на групата
 Христов - сопругот на Неда
 Милка - сосетката на Неда
 Младичот Орце - извршителот на убиството
Време и место, композиција

 Дејството се случува 1921 година во Софија, а како


мото се дадени стихови на Анте Поповски:
            „Долу по полено, по врбацине, до срцево
            Сè е така и ноќ и нож в плеќи забиен
            Не ме уплашија векови со нож од туѓа рака
        Ме плаши час од рака своја в плеќи.“

 Композицијата на драмата е во четири дејства, а


драмскиот простор е домот на Христови каде се
подготвува заговорничкиот предавнички чин.
Композиција: 4 чина

 1. чин: претставување на мрачната и мачна


атмосфера во домот на Христови
 2. чин: подготовките за убиството на Ѓорче
Петров
 3. чин: убиството на Ѓорче Петров
 4. чин: случувањата по убиството на Ѓорче
Петров
Тема и идеја
 Темата на драмата „Црнила“  е убиството, атентатот врз Ѓорче Петров
од неговите сонародници, Македонци.
 Чашуле е нашиот прв автор кој собрал храброст на ваков начин да
проговори за македонските црнила.
 Самиот тој вели дека инспирација добил од убиството на Ѓорче Петров
во кое „видов кревање рака на својот идеал. Усмртувањето на Ѓорчета
од македонска рака, а во служба на антимакедонски однародени
интереси, за мене стана симбол на македонските црнила воопшто“.
 „Црнила“ е драма на идеја, односно драма со теза, која се остварува
преку апсурдот на еден лик дојден во непознат свет, но овде остварена
и со политички задни намери.
 Идејата во драмата е осуда на човековиот морален пад, на
братоубиството, на забивањето нож в грб – честа појава во нашата
мрачна историја.
Прв дел

 Почетната сцена од драмата го претставува


првиот дел во кој е отсликана мрачната
атмосфера која владее во станот на Христови.
Тешки завеси се навлечени на прозорците низ кои
продира еден тенок зрак светлина. На ѕидовите
има слики и исправени ормани кои личат на
мртовечки сандаци. Во една таква траорна
атмосфера Неда и Иван разменуваат чувства на
нежност кои ги кријат од љубопитните очи на
Луков. Го исчекуваат доаѓањето на Младичот и
расте тензијата поради неговото доцнење.
Прво дејство

 На почетокот од драмата е прикажана љубовната врска меѓу 


Неда (домаќинката) и Иван, врска која е режирана заради
потребите на Организацијата.
 Двајцата се уплашени, се кријат, но не заради нивната „забранета
љубов“, туку стравот потекнува од Луков, главниот организатор
на атентаторската група. Неда за Луков вели:
 Неда:   Го чувствувам околу мене како сениште. Понекогаш ми се
чини дека сите сенки и црнила во овој дом како да се негови
сојузници… како да ме прогонуваат. Иване, сеќавам цел еден
железен обрач дека се стега околу мене! Иване, зошто Луков
сите свои акции ги подготвува во мојов дом? Зар организацијата
не може да најде друг дом за таа цел…?
Прво дејство
 Неда дознава каква акција се подготвува, не може да верува дека ќе
го убијат Ѓорче Петров, но мора да молчи, зашто само со молчење се
преживува.
 На вратата се појавува сосетката Милка (единствен лик надвор од
групата) која доаѓа на кафе и на малку дружба, за да избега од
затворениот круг во кој се наоѓа.
 Преку нејзините зборови дознаваме за судбината на Македонците
во Бугарија, но и секаде во светот.
 Милка:  Како само за нас, Македонците, да се создадени сите
црнила на овој век.
 Во понатамошниот разговор таа е занесена од делото и ликот на
Ѓорче Петров, кого за првпат го видела пред две недели:
 Милка: Тој не се откажал од Македонија.(…) Човек занемува пред
него. И му се сака никогаш да не престане да го слуша.
Прво дејство
 Откако Милка ќе си отиде, во домот на Неда доаѓаат Христов,
мажот на Неда, и Луков.
 Веднаш се забележува доминацијата на Луков и стравот што
сите го чувствуваат од него. Се договараат за „службеното“
отсуство на Христов и за неопходноста Неда да остане во домот.
 Нејзе ѝ забранува да се гледа со сосетката Милка, зашто според
него таа „жена има сосема нездраво…минато. Потекнува од
фамилија на наши политички непријатели – комунисти?
Мажена е за еден од нивните најактивни раководители.
Нејзините, така чести посети во овој дом имаат…
известителна цел“.
 Значи таа за него е смртен непријател и шпион. Затоа секоја
дружба – во името на Организацијата, со неа е забранета.
Прво дејство

 Потоа Луков, за да ја заплаши уште повеќе, јасно ѝ дава


на знаење дека тој знае за нејзината љубовна врска со
Иван, но дека тоа не го интересира, туку го интересира
нејзиното однесување, нејзината послушност и молк. Ја
известува дека во нејзиниот дом ќе дојдат уште
четворица од групата, а со едниот од нив, кој никој не го
познава, не смее ништо да разговара, воопшто да не
зборува..
 Тогаш доаѓа Иван и кажува дека Младичот доцни и дека
Методи останал да го чека доаѓањето на следниот воз. А
зошто доцни Фезлиев, никој не знае. Се забележува
слабоста и попустливоста на Луков кон Фезлиев.
Второ дејство

 Второто дејствие се случува во истата пустелија…


 Во собата седат Луков, Иван и Фезлиев, а тишината ја ремети
само полнењето и празнењето на шаржерот со кој си игра
Фезлиев. Тие чекаат да дојдат Методи и Младичот. Во
воздухот се чувствува нервоза, разговорот едвај се поведува.
Фезлиев зборува за Младичот и вели:
 Фезлиев:  Си го претставувам: млад, полн со идеали… Тој
мора да е од оние младичи што сосем сериозно веруваат во
својата историска мисија и кои мислат дека зад секое нивно
револуционерно поткашлување не стои никој друг туку Таа –
Историјата со голема буква.
Второ дејство

Кога конечно пристигнува Младичот, Луков веднаш му се обраќа со


ароганција и покажува кој е тука главен. Му префрла за доцнењето,
за несериозноста, а исто така ги кажува правилата на игра: тука
мора да се заборави името, родното место, таткото и мајката…
 Искрениот и наивен Младич веднаш кажува дека тој нема веќе
никого, дека неговите родители биле заклани, па оттогаш
организацијата му е единствениот родител. Кажува дека за
првпат е во Софија, дека никого не познава и нема пријатели. (Тоа
на Луков сосема му одговара, бидејќи планира по акцијата да го
ликвидира и Младичот.) Потоа му образложуваат дека неговата
задача ќе биде да: „…премавне еден многу опасен предавник и
изрод на нашиот народ.(…) станува збор за лице од навистина
демонски формат, за човек пеколно лукав, расипан…“.
Втор дел

 Во вториот дел Младичот доаѓа во домот на Христови.


Подлиот Луков внимателно го испрашува Младичот
најпрвин за неговото семејство, а потоа и за
активностите на организацијата од каде што доаѓа.
Младешката чистота, наивност и неискуството кај
момчето му ја откриваат целата вистина. Му кажува
дека нема никој и организацијата му е се’. Таа го
израснала и го оформила во она што е денес. Одеднаш
Младичот изјавува дека освен организацијата го има
само Ѓорче Петров кој е негов идеал и втор татко, па
изразува желба по акцијата, ако е можно, да се види
со него.
Втор дел

 Луков е изненаден од таквиот исказ на момчето и


станува многу внимателен за да не се открие името на
човекот во кој треба да пука. Фезлиев кој отстрана го
следи разговорот и својата мака ја топи во алкохол,
којзнае по кој пат е разочаран од организацијата која
уништува уште еден млад живот. Луков не сака да ги
слуша коментарите на Фезлиев, иако длабоко во себе
знае дека се точни. Но, грешките од минатото треба
да се платат и по наредба на Иванов мора да се случи
убиството на Ѓорче Петров. Младичот ги добива
потребните инструкции за атентатот.
Второ дејство
 Младичот, целосно предаден на Организацијата, воопшто не
прашува кого треба да убие. Што и да е, ако е за доброто на
Македонија – тој ќе го направи.
 Си ги кажуваат конспиративните имиња: Луков е Рилски, Иван –
Сарски, Методи – Сувогорски, Фезлиев – Тажен, а на Младичот му го
даваат името Орце (и му го погодуваат неговото вистинско име).
 Се договараат атентатот да се изврши уште утредента, а зад
затворена врата, Луков му дава на Методи уште упатства -дека
Младичот никако не смее да знае каде се наоѓа, да биде целосно
просторно дезориентиран, и никако не смее да дознае дека треба
да го убие Ѓорче Петров.
 Фезлиев, потслушнувајќи го нивниот разговор, ја сфаќа гнасотијата
на целиот план и му кажува на Луков дека не сака да има ништо со
ликвидацијата на Младичот:
Второ дејство
 Фезлиев:  …кому му е и зошто потребно да извалка една
таква револуционерна чистота и добродетел, каква што е
Младичот? Дури отпосле, од твојот разговор со Методи, ја
разбрав вашата намера: вам ви треба човек што ќе го изврши
убиството и ќе ви овозможи вие да останете неоткриени –
човек што ќе умре, по извршениот атентат, од вашата рака
и што ќе продолжи да ви служи, онака како што ќе посакате!
Вие однапред сте ја продале и неговата смрт..
 Вечерта, Фезлиев се пријавува да стражари прв. Кога останува
сам, го зема шишето со ракија од кое жедно пие за да ја
издржи оваа ситуација во која се нашол, како и да заборави
дека некогаш во младоста и тој бил сличен на Младичот.
Трето дејство

 Третото дејствие се случува во истата пустелија, неколку часа подоцна.


Фезлиев стражари, потпрен со главата на ѕид, веќе пијан. Прв се
разбудува Иван, кој го обвинува Фезлиев што не го разбудил за да
стражари.
 Неда го повикува Иван во нејзината соба и ја бара неговата љубов, но
тој е сосема поинаков, поуплашен и несигурен. Сака побрзо да избега
од кај неа, но и да избега од сè:
 Иван:  Зар ти мислиш дека јас немам очи и дека не гледам што
станува и каде сме? И дека сева оваа глутница што вие околу нас не
ми е дојдена преку глава? Не, мила моја. Јас само чекам времињава да
се смират, ќе појдам во Америка и не ќе сакам веќе да знам ниту за
Луков, ниту за сета оваа врескотница што ја крчмиме на дребно како
борба за Македонија..
Трето дејство
 Во станот доаѓа Методи, подисплашен, и кажува дека стражата фатила некој човек
кој цела ноќ се врткал околу куќата и гледал во прозорците. Тоа всушност бил
Христов кој не сакал да ја остави Неда сама. Се будат сите, станува и Младичот и во
кујната, во разговор со Луков, тој ја кажува својата единствена желба, да се види со
еден човек – со Ѓорче Петров. Скаменет, Луков го распрашува понатаму, а Младичот
вели:
 Младичот:  Ми се чини дека уште синоќа ви расправив – сите мои беа заклани од
Турците. Откако се заситија од колењето и грабежите Турците го напуштија
дворот. Токму во тој момент на нив удри четата. Турците се дадоа првин на јуриш,
потоа во бегање. Тогаш во дворот влезе човек со голема, веќе подбелена брада,
опашан со колани и почна да им дава наредби на комитите на наш јазик. Дури кога
ги чув неговите македонски зборови – се отцепи плачењето од мене. Тој ме чу, дојде
и ме сметна. Ми ги затвори очите да не гледам и ме изнесе од дворот. (…)
 Сиве овие години Ѓорче беше за мене сè: и мој животен идеал и совест човечка и
самата – Македонија. Сиве овие години јас неотклоно ја следев таа права линија: да
бидам како него, да постапувам како што тој би постапил, да се борам за она за
кое се бори тој – со еден збор, да го правам само она што би го направил единствено
тој.
Трето дејство

 Младичот одамна не го видел Ѓорче Петров, па Луков се


надева дека од зад грб, како што е планирано убиството,
тој нема да го препознае, само бара од Младичот никому
да не му го каже ова свое исповедување. Дури ни Луков не
може лесно да се помири со оваа приказна, па му вели на
Иван.
 Луков:  …ни испратиле младич на кого Ѓорче му го спасил
животот и кој на светов го има само него – Ѓорчета.
Свинштина..
 Сепак, акцијата продолжува. На пијаниот и заспан
Фезлиев му ги вадат куршумите од пиштолот, а Младичот,
Методи и Иван тргнуваат во извршување на атентатот.
Трет дел

 Излегуваат на терен и одат на местото


каде треба да се изврши злосторството. Се’
е испланирано. Утредента Младичот го
носат на местото на настанот и тој пука од
зад грб „на непријателот“ како што му е
наредено и го убива. Задачата е извршена
и без да знае во кого пука (убиство во
непрепознавање), Младичот го убива
својот идол - Ѓорче Петров.
Четврто дејствие

 Четвртото дејствие се случува на истото место.


 Луков седи сам, нестрпливо чека и полека се опијанува. Тој напишал писмо до
Иванов, неговиот претпоставен.
 Фезлиев се буди и го гледа поднапиениот Луков. Меѓу нив разговорот е
рамноправен. Фезлиев си ги бара куршумите од пиштолот, но Луков не му ги
дава и му вели дека треба да му го однесе писмото на Иванов. Фезлиев го чита
писмото каде е опишана целата историја на Младичот и потребата тој да се
ликвидира. На Фезлиев не му преостанува ништо друго освен повторно да се
опие.
 Тогаш Неда бара да оди кај сосетката Милка со која се договарале да се видат за
да не дојде таа во нејзиниот стан. Кога Неда излегува, доаѓа Методи затрчан и
кажува дека е готово – дека Ѓорче е мртов. Тој ја опишува акцијата, кажува дека
немале проблеми, Младичот пукал, па заедно со Иван продолжиле без никој да
ги забележи, а тој отишол до телото заедно со другите љубопитни луѓе за да
провери дали е мртов. Имале среќа, бидејќи некои луѓе почнале да трчаат, па
полицијата тргнала по нив.
Четврто дејствие
 Луков му го дава писмото на Методи да му го однесе на Иванов.
Но, Методи брзо се враќа и му кажува на Луков дека долу го чека
колата на Иванов кој пратил да го донесат кај него, а писмото да
го однесат „горе“.
 Тогаш стравот расте кај Луков. Тој одбива да оди оправдувајќи
се дека акцијата не е уште завршена, дека кога ќе се врати Иван,
ќе оди кај Иванов заедно со него. Збунетоста и стравот за првпат
ги гледаме кај Луков. Не можејќи да ја одбие наредбата тој сепак
ќе отиде во автомобилот што го чека, ќе го земе револверот од
Методи и ќе му рече да го испрати Иван по него веднаш кога ќе
се врати. Методи уште повеќе се збунува гледајќи го Луков во
таква состојба. Останува со писмото в раце, а Фезлиев,
трезвено, му вели да го носи таму каде што му е наредено –
горе.
Четврто дејствие

 Конечно доаѓаат Младичот и Иван. Фезлиев го праќа Иван по Луков, а


тој останува со вознемирениот Младич. Тој тешко дише, забрзано, го
стега грч, му се повраќа и го фаќа несвестица.
 Тогаш на вратата доаѓа Милка и кажува дека го убиле Ѓорче Петров.
Младичот се скаменува, му станува јасно што се случило. Крикнува од
болка, го грабнува револверот на Фезлиев и се заканува дека сите ќе ги
убие. Фезлиев, смирено, без страв, му вели да бега зашто тие го
испланирале и неговото убиство. Младичот истрчува надвор.
 Неда сочувствува со Фезлиев, ги турка фотелјите, го растура станот како
божем некој да се борел. Но, Фезлиев е помирен со својата судбина и не
сака да бега од неа. Во станот се втурнуваат Луков и Иван и кога гледаат
дека го нема Младичот, ги фаќа страв и бес.
 Луков го удира со пиштолот Фезлиев и го заврзува со јажиња, а Иван го
праќа да го бара Младичот.
Четврти дел

 Фезлиев сфаќа дека Луков се подготвува да го


елиминира Младичот откако тој ќе го убие Ѓорче
Петров. Од сосетката Милка Младичот дознава
дека пукал во својот идол, во својот втор татко и
смета дека се убил себеси. Фезлиев сака да му
помогне бидејќи во него се гледа себеси на
млади години. Младичот го напушта станот и ќе
се обеси во блискиот парк, а писмото во кое ги
посочува вистинските атентатори и предавници
ќе го земат луѓето на Луков и тоа завршува во
негови раце.
Четврто дејствие

 Затрчан и вознемирен, доаѓа Методи со


писменце во раката. Му кажува на Луков дека
го видел Младичот обесен во паркот и дека
тоа писменце му го зел од пазувата.
 Откако го прочитува писменцето, Луков го
испраќа со ново писмо Методи кај Иванов за
да ја образложат целата ситуација.
 Останувајќи сам со Неда, Луков станува
циничен и зборува, но всушност си зборува
самиот на себе:
Четврто дејствие

 Луков:  Во ова писмо, оној Младич, ме нарекува…предател.


И ми се заканува со Историјата. И порачува нејзе, на
Историјата, да го задржи во убав спомен. Како Историјата
да е споменарник или момински дневник. Е, драги мој,…
Можеби, сето тоа, во некој друга Историја да е ново. Во
нашата – не е. Во македонската историја, драги мој, има
само … предатели … досега барем. (…)           
 Сигурен сум дека дури и не помислувал дека врховниот
циник, македонската историја, тоа писмо ќе ми го предаде
мене в раце. (…)
 Останува само уште финалето на … комедијата. Си го
претставувам утре Иванов, со каква трогателност ќе
говори над гробот на Ѓорче: „Скапи  Ѓорче…“
Четврти дел

 Можноста да се откријат вистинските предавници


станува невозможна. Во домот на Христови се
одвива нова драма. Луков посегнува по честа на
Неда и таа во своја одбрана го убива.
 Фезлиев ја презема одговорноста за убиството на
Луков и се подготвува да го сочува оној мал дел
од човекот што останал во него. На вратата тропа
Иванов, Фезлиев се прекрстува и го зема
револверот со зборовите: „Господи, белки не
умрел Македонецот во мене?!“. Тука е и крајот на
драмското дејство.
Четврто дејствие

 Неда, не можејќи да ја издржи неговата грубост,


цинизам и пијано однесување, го зема пиштолот и го
убива Луков. Во тој миг влегува Фезлиев целиот
раскрвавен. Тој ја успокојува, да не се плаши од него.
На вратата силно тропаат…
 Доаѓа Иванов да ја расчисти ситуацијата. Но,
Фезлиев, очаен, разочаран од целиот негов живот,
посакува да се ослободи од сопствените црнила и со
зборовите: „Господи, белки не умрел Македонецот во
мене“– тргнува во пресметка со Иванов, преземајќи
ја одговорноста за смртта на Луков врз себе.
Луков
 Луков има доминантно место во драмата. Тој знае сè за сите и на тој
начин, со уцена, ги држи во раце. Неговата супериорност е несомнена.
Од него сите се плашат и ги слушаат без приговор неговите наредби. Тој
манипулира со сите и со целата ситуација.
 Неговиот лажен патриотизам е најодвратен. Тој е голем народен
предавник кој се крие зад лажните пароли за ослободување на
Македонија.
 Цинично ù се потсмева на историјата, му се потсмева на идеалот што во
себе го носи Младичот, сметајќи го тој идеал за младешки занес.
Искуството и минатото него го научиле дека сето тоа е илузија. 
 Луков му се оддава на предавништвото како неминовност, не гледајќи
друга можност. И повисоките од него се предавници, уште поголеми и
уште поцинични (како Иванов). Сите тие, невидливите од врвот, од горе,
што ги влечат конците – сите се предавници. Тој во споредба со нив се
чувствува како ситна риба, ситен предавник.
Фезлиев

 Фезлиев е најконтроверзна личност во драмата. Тој и е


и не е со групата. Самиот не може да сфати како станал
предавник.
 И тој некогаш бил како Младичот, и тој верувал во
Македонија, во нејзиното ослободување. Длабоко
навлегол во црнилата од кои не знае како да излезе.
Честопати излезот го гледа во пијанството, па дури и
во смртта. Помирен со сопствената безизлезност, тој не
се плаши од никого, а најмалку од Луков.
 За колку-толку да се исчисти, го пушта Младичот да
избега, па дури на крајот му се спротивставува и на
Иванов, а преку него и на сите предавници.
Младичот
 Најизманипулиран во целата ситуација е Младичот.
 Неговата приказна е толку трагична, што дури и не можеме да поверуваме во едно
такво поигрување со човекот и неговата личност.
 Тој е иднината на Македонија, тој ја носи револуцијата во себе, тој е подготвен да
се бори и да го даде својот живот за својот идеал – слободна Македонија.
 Во детството бил сведок на бруталното убиство на родителите и тогаш родител му
станува Ѓорче Петров, кој му го спасил животот и го извел на патот за борба против
тиранијата.
 Оттогаш, тој целосно се посветува и и се предава на Организацијата.
 Тој ќе даде сè што таа ќе побара од него. За жал, таа го прави убиец на неговиот
втор татко – на Ѓорче Петров. За ова дури и Луков ќе каже дека е свинштина.
 Се разбира дека Младичот не ќе може да се помири со она што го направил, што го
измамиле да го направи и затоа се обесува, оставајќи писменце со целата вистина
во него.
 Жртвата што ја прави е залудна, идеалистичкото самоубиство е најголемата
иронија – зашто наместо вистината да излезе на виделина – писмото доаѓа
повторно во рацете на предавниците. Кругот се затвора. Нема излез за правдата.

You might also like