You are on page 1of 1

ТВОРЕШТВОТО НА АНТОН ЧЕХОВ

Aнтон Павлович Чехов е руски раскажувач, романописец и драмски писател, припадник на


правецот натурализам. Оди во Москва каде добива стипендија за медицински студии.Тогаш
започнува со пишување, но под разни псевдоними, а најчесто како Антоша Чехонте. Пишувал
безброј цртички, скици, новели, пародии, шеги, кои ги објавувал по весниците.
Карактеристично за прозното творештво на Чехов, неговите раскази и новели е тоа што тој не
прикажува големи настани, ниту големи ликови. Фабулите се обично многу едноставни и со
нив тој предизвикува впечаток, создава расположение и специфична атмосфера, па преку таа
атмосфера, преку размислувањата, расположенијата, тагата или радоста, тој ликовите целосно
ги оформува и објаснува. Неговите раскази се обично куси, но содржајни, проткаени со хумор
или блага иронија и секогаш присутна една тажна нотка. Темите што ги обработува се разни,
критички опфаќајќи ги сите сегменти на општественото живеење. Ги опфатил сите аспекти на
руската стварност. Низ игривоста на хуморот Чехов лирично ја слика противречноста помегу
неостварените, но некаде по длабочините на битието насетени можости на полнотијата на
живеењето и стварноста на реализираниот живот.Новелистичката постапка на пресвртот во
раскажувањето, која Чехов ја ползува на најразлични начини и за различни цели му
овозможува-во кратки црти-да ја прикаже противречноста или конфликтноста, комплексноста
на човековата позиција во светот. Во расказот „Дебелиот и тенкиот“.
Тематското разнообразие во расказите на Чехов критички ги опфаќа сите сегменти на руското
општество :
-општествената хиерархија („Смртта на чиновникот"),
-зачмаеноста на малограѓанската средина („Човек во футрола"),
-хипокризијата на социјалната грижа (Павиљон бр. 6"),
-институцијата на бракот и љубовта („За љубовта", „Агафја"),
-руското село („Селани"). .
Во неговите драми, ликовите не ја живеат сегашноста која е сива и монотона, туку живеат во
минатото, во мечтите, во свет создаден од самите нив. Тие се одрекуваат од многу работи во
сегашноста, претставувајќи се така како жртви, а всушност нивниот избор е нерешителноста и
бегањето од реалноста. Тие не преземаат никаква акција, живеат во меѓупросторот на
минатото и иднината, сонуваат и мечтаат. И токму таа противречност помеѓу сивилото на
нивната стварност, преплавеноста од спомените и проекцијата на нивните мечтаена, а по
отсуство на решителна акција, го произведува лирскиот тон на нивното огласување и
опстанување во светот. Во нивните реплики, најчесто се има чувството дека говорат сами со
себе така што и самиот дијалог меѓу нив често се јавува како маскиран монолог.

You might also like