You are on page 1of 1

Сликата на општеството. Позицијата на човекот во општеството.

Развој на човековите вредности. Будење на човекот

Расказите на Чехов ни даваат целосна слика за трулото и болно руско општество


коешто го создава талогот т.е. малиот човек. Темите во неговите раскази критички ги
опфаќаат сите сегменти на општественото живеење. Неговите раскази се универзални
бидејќи го претставуваат човекот точно таков каков што е. Преку ликовите тој ги
претставува универзалните проблеми и погледи на човекот. Во однос на ликовите што
Чехов ги дава, Кориган вели: „Во својата онтолошка осаменост, ликовите на Чехов
се налик на оние беспомошни патници што ги опиша Кафка во своите «Белешки».
Возот на нивниот живот е, исто така, уништен; не постои никаква постојаност
од која ќе можат да зависат; сѐ изгледа комично и апсурдно, болно и беспомошно.“
Овие ликови претставуваат образец на малиот човек, оној за којшто нема правда и
закон во општеството. Малиот човек којшто се покорува на повисоката класа,
бирократите. Пример за покорување проткаено со стравопочит имаме во повеќе од
расказите на Чехов меѓу кои се и „Камелеон“ и „Смртта на чиновникот“. За камелеонот
знаеме дека ги менува боите, па како што камелеонот ги менува боите така и малиот
човек го менува своето однесување пред оние со висока позиција. Кога зборуваме за
расказот „Смртта на чиновникот“, велиме дека овде повторно има покорност заради
различна позиција. Чиновникот чувствува потреба да се извини на генералот за нешто
што е природно за секој човек, кивањето. Сепак, во секој од расказите на Чехов, има
негативен опис на општеството. Па, така, расказот „Павиљон бр.6“ претставува
критика за општеството и лицемерието на социјалната грижа. Во овој расказ Чехов на
ироничен начин го критикува општеството кое воопшто не се грижи за болните,
општеството во кое не се знае кој е навистина луд, од која страна на решетките се
наоѓаме или може да се најдеме. Расказот завршува со смрт на главниот лик кој
казната за сопстевните пограшни постапки и филозофија ќе ја почувствува врз своја
кожа. Тој се водел по филозофијата дека смрта е за секого. Зошто да ги лекува
болните кога еден ден сите ќе умреме!? Преку обичните секојдневни обврски на
лекарот, ни е претставена неговата несвесност за својата надредена позиција во
однос на болните. Ако општеството се насочело кон казнување на крадците, а не на
ментално болните, тогаш можеби здравствениот систем на Павилјонот и би бил
споредлив со здравствениот систем на некој поголем град.

You might also like