You are on page 1of 2

Црно семе

Векови наназад Македонија била поле на пакосни војни кои несомнено оставиле црна
трага во животите на секој Македонец. Секој човек треба да го плати својот долг кон
татковината, колку и тоа да звучи невозможно. Лутајќи по бескрајните страници на овие
безвременски дела, полека сфаќаме дека истрајноста и восхитот кон родната земја не
водат низ животот. Без нив ништо не е возможно.
Никакви насилства, никаква физичка и психичка тортура не можат да го скршат
човековото достоинство и да му го погазат чувството за национална припадност на еден
човек. Доне е Македонец од воденските села и го наклеветуваат дека е комунист.
Неписмен е и прост, но не потклекнува на сите притисоци бидејќи гордоста,
достоинството и националното чувство според него треба да се сочуваат дури и по цена на
животот. Тој е столбот, безгранично издржлив, тој е симболот на македонскиот непокор и
истрајност. Христос, за разлика од него бил колеблив и потпишал уште од самиот
почеток, но сепак претрпува поголема тортура од онаа на почетокот. И се предал на
смртта во безизлез заедно со својата психичка болка која постојано го измачувала.
Татковината е обоена во повеќе бои. Црната боја е симбол на тешкиот живот на народот
под туѓи ропства, а црвената боја е бојата на крвта пролеана за нејзината слобода. Колку и
песимизмот да навлегува во мислата на секој испишан збор, погрешно е тоа негативно да
се сфати. Доволно е да се прочита една книга за точно да се протолкува суштината на
севкупната пожртвуваност за својот живот, семејство, околина и најважно – татковина.
Барањето на сопствениот идентитет и крвавата борба за национално и човечко
обезличување, е изразна тематика и филозофска мисла во многу романи од минатото. И
денеска, ние сеуште се бориме против отуѓувањето на човекот од неговиот национален
идентитет како најжесток и најбрутален напад врз човечката личност воопшто. Човекот
без идентитет всушност е подложен на ментално и психолошко разорување, на
национално и социјално понижување како и на најмонструозна асимилација.
За него најважно е да го зачува духот затоа што физичките рани заздравуваат, а душевните
никогаш не заздравуваат. За него, човекот треба да остане свој, да не си ја расипе душата,
да не го потпише признанието за предавство,за откажување од себе си.Смета дека треба да
се издржи, да не го обземе чувство на страв. Несака да размислува за стравот дека нема да
се врати во родното село, дека ќе ги остави коските на пустиот остров. Напротив се кали,
се челичi, националноста негова го прави да биде појак, да не ги осудува оние послабите
кои попуштаат, кои потпишуваат изјави.Доне е храбар и издржува до крај во борбата за
зачувување на својот идеал.
Основниот судир кај Георгиевски се крева на ниво на судир меѓу доброто и злото,
насилството и отпорот, љубовта и омразата, храброста и страшливоста, подлоста и
херојството, темната и светлата страна на животот.
Романот "Црно семе" преставува безвременски патоказ на возвишен отпор кон силите на
злото, кон силите што се стремат да го понижат човекот кој се бори да го сочува и
одбрани својот изворен, национален и човечки идентитет.
Овој безвремен патоказ го прави Доне лик кој треба да биде пример, кој треба да се
памети и следи.

You might also like