You are on page 1of 13

БЛАЖЕ

КОНЕСКИ

Изработил:
Кристијан Антевски
ЗА ЖИВОТОТ НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

Блаже Конески (19 декември 1921 – 7


декември 1993) е најзначајната фигура на
македонскиот 20 век. Филолог, поет,
прозаист, есеист, литературен историчар,
преведувач, професор на Филозофскиот
факултет во Скопје, академик – прв
претседател на Македонската акадамија на
науките и уметностите (МАНУ).

2
ЗА ЖИВОТОТ НА БЛАЖЕ
КОНЕСКИ
Тој е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен
јазик. Блаже Конески е роден во село Небрегово, Прилепско, каде живеел до
својата осма година. Потоа, целото семејство се преселило во Прилеп и таму
Конески учел основно училиште и нижа гимназија. Виши класови гимназија
завршил во Крагуевац, а студиите по славистика ги започнал во Белград, а ги
завршил во Софија 1944 година.
Како научник-славист, тој ги направил најголемите чекори за
македонскиот литературен јазик. Учествувал во комисијата за азбука,
учествувал во составувањето на првиот македонски правопис, ја напишал
Граматиката на македонскиот јазик, тој е еден од составувачите и главен
редактор на Речникот на македонскиот јазик (во три тома).

3
ЗА ЖИВОТОТ НА БЛАЖЕ
КОНЕСКИ
Освен со научна, Конески се занимава со творечка, препејувачка, есеистичка и
критичка дејност. Во 1945 г. се појавува неговото прво поетско дело „Мостот“, со
мотив од изградбата на земјата; 1948 г. збирката „Земјата и љубовта“ – песни со
патриотски и борбени чувства, карактеристични за првата фаза на повоената
македонска поезија. Во 1953 г. ја напишал збирката „Песни“, каде се свртува кон
себе, кон својата интима.
Следни збирки се: „Везилка“, циклусот „Стерна“, збирката раскази „Лозје“. Ги
напишал и збирките песни: „Записи“, „Стари и нови песни“
,,Чешмите“, „Послание“, „Цркви“, „Златоврв“, „Сеизмограф“, „Небесна река“
и „Црн овен“.

4
ПОЕТСКОТО ТВОРЕШТВО НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

Во првите песни на Блаже Конески среќаваме родољубиви мотиви како реакција на


штотуку завршената Револуција. Тие песни се блиски до народот, татковината е реален
поим, татковината живее во него и во секој наш човек, тој ја гледа, ја разбира и ја
прифаќа, ја оживува нејзината историја, традиција, бит и ги поттикнува родољубивите
чувства. Типична, во оваа смисла е антологиската песна „Тешкото“.

5
6
АНАЛИЗА НА ,,ТЕШКОТО”
„Тешкото“ на симболичен начин преку националното оро, карактеристично за нашиот
народ, ни ги прикажало вековните страдања, измачувања и стремежи да се биде
слободен. Бунтовноста е присутна во најтешките моменти на непокорениот македонски
народ. Поетот започнал со потресното чувство предизвикано од ударот на тапанот и
писокот на зурлата - чувство на жал и болка поради нешто недоживеано, нешто изгубено
во неколкуте векови.Орото го започнуваат старци, а до нив се фаќаат младите и се
разгорува неговиот тек - се редат слики на природните убавини на татковината. И не
само тоа, во орото е вткаена душата на Македонците. Огорчени и затворени во решетки
на темнината и со една единствена искра на надеж (во борбата гледа надеж). Искра која
може да прерасне во пламен во кој ќе изгори мрачната сила и ќе го извојува вековниот
стремеж - слободата. Понатаму поетот како низ магла се сеќава на генерациите кои
минале низ синџирот на ропството, секој до секого, „се` еден до друг во бескрајно оро
син оди по татка, по деда си-внук“

7
АНАЛИЗА НА ,,ТЕШКОТО”
 Структура на песната:
Песната има десет строфи, со по осум стихови. Секој стих е дванаестерец освен
последниот стих од секоја строфа кој е петерец.
Според местото во стиховите римата е вкрстена (рани-збрани, усти- пусти). Според
големината на римуваните зборови има машка рима (пој-твој), женска (штура-сура).
Сликовитоста на песната ја даваат големиот број  стилски изразни средства.
На почеток, самата симболика се открива во насловот на песната (орото-мачното
вековно минато на народот преполн со страдање, ама и борба за подобро утре).
Апострофата се гледа во емотивниот крик на поетот:,,О тешкото!“
Компарацијата е присутна во повеќе стихови: „да плачам ко дете“; 
„од песна -за љубов што гине со пискот
ко жерав во лет“
Намерното испуштање на сврзници со цел засилување на емоцијата ни ја дава
стилската фигура асиндетон:„да превијам раце, да прекријам лик“.

8
АНАЛИЗА НА ,,ТЕШКОТО”
Потоа имаме употреба и на полисиндетон (зачестена употреба на сврзници): „и чиниш...
                         и околу...
                         и враќаат ек“
Во следните стихови ја забележуваме покрај полисиндетот и анафората:
„ И во него шуми...
   и во него рика...
   и во него шепнат...“
Присутна е персонификацијата во стиховите:
„и земјата дише со пролетна ситост
  со запален здив.“
Метафората ја најдовме во:„не издржа срце - сив сокол во клетка“
За да ја зголеми убавината на песната ја употребил и стилската фигура реторско прашање: „Кој збор
ќе ми најде за ужасот зинат
                        над пустош и крв?“
Песната исто така се состои и од голем број на епитети.
Пр.  вековно ропство, родниот кат, бунтовната нога, листена гора, калеши моми, пламнати ноќи,
пеплишта пусти, лутите рани, радосна челад, слободен свет...
9
АНГЕЛОТ НА СВЕТА СОФИЈА
Ти којшто толку време мина
под малтерот на ѕидот мрачен,
пак слободен си в простор зрачен
о сине тих на мисла сина
со живот пак ти гори видот
и зори како небо ѕидот.
 
Но таа лика што се крие
под малтерот на мојте гради
и утеха од дните млади
по убост како сестра ти е,
не, нема мајстор да ја спаси,
со мојот живот ќе се згаси.
10
АНАЛИЗА НА ,,АНГЕЛОТ НА
СВЕТА СОФИЈА”
Инспирација за оваа песна е фреската во црквата Света Софија. Таа оживеана
фреска на која ѝ се обраќа лирскиот субјект е симбол на минатото, на вечното, на нашата
историја.Но, вториот дел на песната е рефлексивен и во него субјектот пее за својата
младост и за минливоста на животот.
Двата дела на песната, Конески мајсторски ги спојува во целина, споредувајќи го
ликот на ангелот со својата душа (под малтерот на ѕидот мрачен – под малтерот на мојте
гради), но сепак спротивставувајќи ги како вечност (ангелот) и минливост (својот
живот).

11
АНАЛИЗА НА „АНГЕЛОТ
НА СВЕТА СОФИЈА“
Структура:
Песната(строфична) е составена од 2 строфи со по шест стиха(секстина). Сите се десетерци.
Рима: Паралелна женска (мрачен - зрачен), (видот – ѕидот)
Од стилски фигури присутни се: Компарација (зори како небо ѕидот), Епитети (ѕидот мрачен),
(простор зрачен). Метафората ја сретнуваме во: ,,под малтерот на мојте гради’’
Во првите шест стиха е опеана овековеченоста на ликот на ангелот, наспрема која наредните шест
стиха го поставуваат поетовото доживување на сопствената минливост. Помеѓу ликот на ангелот
поетовата душа се воспоставуваат врска на сродности и разлики. Стиховите „под малтерот на ѕидот
мрачен“ - „под малтерот на моите гради“, „поубоста како сестра ти е“ ја воспоставуваат
асоцијативната низа на сродности помеѓу анелскиот лик и поетовата душа. Основната значенска
разлика е остварена во спортивноста на категориите на вечноста и минливоста.

12
,,ОДЗЕМАЊЕ НА СИЛАТА“
 Циклусот песни ,,Крали Марко“ претставува збирка на повеќе песни, меѓу кои
можеме да забележиме и една народна легенда. Овој циклус песни се јавува како
поетско толкување и лирско рефлексивен коментар на ликот од народното
предание односно Крали Марко. Воведната песна ,,Одземање на силата“ го
претставува недостатокот со кој што подоцна Крали Марко ги направил сите
подвизи опеани во останатите песни. Секој добронамерен подвиг што го прави
Крали Марко се свртува против него, за подоцна во песната ,,Песјо Брдце“ да се
опее неговата нејасна смрт,
 Карактеристично е тоа што се лирски мотиви и испреплетени рефлексивни.
(интертекстуалност)

13

You might also like