You are on page 1of 4

Лектира бр.

Македонска современа поезија

Почетен дел:

Македонската современа поезија е сите уметнички книжевни


остварувања на македонските писатели по крајот на Втората светска
војна. Во овој временски период македонската книжевност бележи
интензивен развој, како последица на забрзаната културна и духовна
осамостојување на македонскиот народ. Општествено-политичката
средина, постојаните литерарни иновации, како и големите промени во
светската книжевност придонеле за жанровското разнобразие во оваа
област на македонската култура. Книжевноста од овој период може да се
издели на повеќе етапи според жанровскиот сооднос во нејзиниот
седумдецениски развоен тек.Во современата литература среќаваме
огромен број на мотиви во творбите кој имаат некаква поука.Редовни
писатели кој пишувале современа поезија биле:Блаже Конески,Ацо
Шопов, Гане Тодоровски и др.

Теза 1:

Едни од многуте дела во современата македонска поезија е и “Ангелот


на Света Софија” од Б.К и “Нерези” од Д.Б .Во песната “Ангелот на Света
Софија” главната тема е за црквата СВ.Оваа е црковна песна. Софија
која била окупирана од страна на турците во 15век во Турција. Оваа
песна има 12 стиха,скоро сите стихови имаат по девет слогови и е
астрофична(не е поделена во строфи). Во оваа песна преовладува голем
број на стилски фигури и е напишана е на Македонски литературен
јазик.

Ти којшто толку време мина


под малтерот на ѕидот мрачен,
пак слободен си в простор зрачен
— о сине тих на мисла сина
— со живот пак ти гори видот
и зори како небо ѕидот.
Во првата половина од песната се зборува за фреските кој долго време
биле покриени со малтер, но дека денес повторно се гледаат односно
дека не се веќе покриени. Има стилски фигури како метафори,епитети и
сл.Метафоричното е прикажано во 4,5 и 6 стих со тоа што се оживуваат
фреските. Епитети кој се среќаваат во овој дел се ѕидот мрачен,простор
зрачен,мисла сина,сине тих...Се среќава и компарација во последните
два стиха.Има и обгрлена рима како: мина- сина(машка .р) и мрачен-
зрачен(женска р.),паралелна рима видот-ѕидот(женска р.);

Но таа лика што се крие


под малтерот на мојте гради
и – утеха на дните млади –
по убост како сестра ти е,
не, нема мајстор да ја спаси,
со мојот живот ќе се згаси.

Во останатата половина се зборува за тоа дека фреската не е иста


како што била пред покривањето со малтер.И тука има исто така
стилски фигури.Метафора има во 7 и 8 стих каде е објаснето дека
ликата што се крие под неговите гради како дух кој е заробен и
никој нема да го ослободи и открие како ангелот на фреската и ќе
загасне само по неговата смрт.Епитет е само дните млади.Има и
паралелна рима кај гради-млади(машка р.) и спаси-згаси(машка
р.).

Теза 2:

Во песната “Нерези” авторот не носи во минатото низ


историјата. Како пример го земал Нерези каде се наоѓа
манастирот СВ.Пантелејмон.Оваа песна е патриотска песна.Исто
така во песната строфите се со различна големина.Има 22 стиха, 6
се како смостојни стиха, има два дистиха и има две шестерци.Исто
така во секој стих има најмалку по 9слога.

Во секој заглед: Занемена Големина!  

Во сека мисла: Победа на невремето!  


И одвет: Ваше сум Вчера!
Во овој дел имаме анафора во првите два стиха(Во-Во).Има еден
епитет и тоа е занемена големина.Во овој дел има восхит од
погледок кон манастирот, неговата занемена големина и победа
на невремето.

Колку е малку нужно в очи да те збереме,  

колку е многу нужно во дланките на самочувството  


да те сочуваме.
 
Во овој дел е застапена анафора (Колку-Колку) каде се кажува
колку е потребно да се чува и да се пази државата која виси на
конец.

Витосни векови време требало да се надживеат,  


векови невекувани,  
години неизгодинети,  
денови неразденети.
Тука имаме искажано со симбол ;денови неразденети; за
назаденоста на народот и за тешките денови.Присутна е и
градација каде на некој начин настаните се редат по
редослед.Изобилува со епитети овој дел исто така.

Витосни векови време во костец со забравата,  

и – пак те имаме!

Тука сме, речи ни: почесто елате тука  

и узнавајте ја смислата  
на своето постоење.  
Со други зборови сака да ни каже метафорично дека ја имаме
Македонија и народот е присутен.Нашата татковина нам ни вели
дека треба да ја разбереме суштината на постоењето на земјата и
народот.Дека е потребно тоа да си ги посетуваме својте родни
краишта и да се сетиме на тие убави места.
Бликотен врутоку влеј се во нашите пориви,  
така да истрајуваме,  
така да се осмислиме,  
така да убавееме.
Многузборлива немотијо, велиш ли:  

и покрај се —  
живееме, живееме, живееме.
Тука имаме низа на 3стиха кој имаат анафора.Со нив се искажува
тоа врутокот да се влее во нашите порови за ние да истрајуваме, да
се осмислиме и да убавееме. Секој од нас треба да биде свесен на
оваа големина (многузборлива немотија), на минатото и
традицијата и таа да биде изворот, „бликотен вруток“ од каде што
ќе ја црпиме силата за нашата иднина.

Завршен дел:

Во Македонската современа поезија се среќаваме со


најразлични мотиви и содржини на песни.Најчесто се пишуваат
песни за татковината,песни за мир и слободата,песни за
печалбарството во ново време и мнгогу други видовиГлавно за
овие две песни мислам дека двете имаат поврзаност со историјата
односно дека и во двете се зборува за историски настани кој се
протолкувале во денешноста.Двете песни се навистина убави за
читање и се напишани на Македонски литературен јазик.Нашата
современа поезија е во постојан напредок и развиток что значи
дека е богата со многу дела.Треба да му бидеме благодарни на
народот кој ја создал народната поезија, која денес е темел на
современата поезија.И двете видови на поезии се многу важни и е
дел од македонската култура.

You might also like