You are on page 1of 17

„Панонски легенди“ – житија за Светите браќа Кирил и Методиј

Следниов текст претставува една лична обемна и детална обработка на


хагиографското дело – житијата за животот на Светите солунски браќа Кирил и
Методиј. Најпрво се зборува За делото, потоа следува прераскажаната и толкувана
Содржина на делото, посебно за Житие на Константина, а посебно за Житие на
Методија. На крајот следува историски – политички осврт на најважната заедничка
мисија на браќата – Моравската мисија, насловен како Дипломатската значајност
на Моравската мисија на браќата Кирил и Методиј.

1. За делото
Опширните житија за животот и дејноста на браќата од Солун се
најстарите пишани извори на словенски јазик. За овие просветители се
напишани голем број дела на латински, грчки и словенски јазик, но
најкомплетни и драгоцени податоци за животиниот пат, на творците на првата
словенска азбука, најстарата словенска писменост и книжевност, даваат секако
нивните житија, собрани во едно дело. Ова дело уште е познато и како
„Моравско – панонски легенди“.
Сепак, знаејќи го фактот дека тие се родени на историска Византија,
досега не се пронајдени пишани извори пишувани т.е. потпишани од
византиските писатели за делото на Светите Браќа!
До денешен ден, не се пронајдени сигурни, релевантни податоци за
точното време на нивниот настанок, теренот на кој се напишани, јазикот на кој
бил напишан автографот (оригиналот), ниту пак со сигурност се знае кој е
авторот на житијата.
Историската и славистичката наука (наука која се занимава со
проучување на подрачјата на Словените, нивните јазици, литература и култура)
долго време се обидуваат да го дадат точниот одговор на овие прашања, но се се
завршувало со тези и претпоставки.
Се претпоставува дека житијата биле напишани непосредно по смртта на
браќата. Житието на Кирил во Рим, а подоцна и житието на неговиот брат
Методија, по неговата смрт во Моравија според едни или во Панонија, тогашна
Бугарија.
Мал милион претпотавки се извлечен од прашањето за авторот на
житијата. Некои велта дека Методија го напишал житието на Кирил, а
најистакнатите ученици на светите браќа – Климент Охридски и Горазд, ја
напишале биографијата на Методија. Потоа се поаѓа од тезата за група
Моравци, нивни ученици, како автори. Во последно време се повеќе и повеќе,
авторското право му се препишува на нивниот најблизок ученик – Климент
Охридски, којшто широко ја развил мисионерската и писателската дејност на
теренот на Охридско. Ова тврдење е подржано и од голем број факти.
Климент е придружник на браќата уште од своите најмлади години,
учевствувал во вршењето на мисиите во Моравија и Панонија, во Рим исто така.
Делата на овој автор содржат голем број сличности со „Панонските легенди“,
ако тргнеме од анализата на познатиот чехословачки славист В.Вондрак.
Но еден посебно се издвојува, најмногу тежи кон вистината. Климент
Охридски е автор на „Похвала на нашиот блажен учител и татко
словенски Кирил“, а традиција било оној што ќе посвети свое дело на некој
истакнат, да напише и опширна биографија за истата персона.
До денешен ден голем број популарни и научни изданија се објавени во
врска со ова хагиографско дело, а е преведено на речиси сите словенски јазици.
Хагиографија е книжевен жанр, животопис за светец, а хагиологија е
дело во кое се опишани повеќе светци.

2. Содржина

Житие на Константина
(826/827 г. – 14. II 869 г.)
Спомен и житие на блажениот учител наш Константин Филозоф, прв
учител на словенскиот народ

Житието Кирилово започнува со зборовите „Бог милостив и штедар...“


што е карактеристично за хагиографската литература, главниот лик, инаку
светец, да се упати во богодуховноста, христијанството.
Словенскиот народ и Константин, ги спомнува, односно им се обраќа со
зборовите „нашиот род/народ“ и „учителот наш“, што воедно се смета за силен
изблик на родољубието на својот авторот.
По воведниот дел, авторот пристапува кон изложувањето на
хронолошките податоци за животот на Константин.
Тој потекнувал од Солун, древномакедонскиот град кој бил
словенизиран под влијание на својата чиста словенска околина; се родил како
седмо и последно дете во семејството на Лав и Марија, кои исто така
потекнувале од Солунската област. И двата родитела воделе врски од богати и
угледни семејства. Таткото Лав вршел голема и одговорна државна службеност
- друнгар (друнгариј) подстратег инаку главен командант на поморските сили
во Солунската област и заменик на управителот на истата област. Кога се родил
Константин, мајка му го предала на доилката да го дои, но тој не сакал да фати
друга цицка, освен мајкината, што се сметало дека детето ќе биде „добар
никулец, од добар корен“.
Лав починал кога Константин имал 14 г. (841 г.). Авторот ни дава
информација и за сонот што го сонил малиот како седумгодишно дете.
Имено, командантот на Солунската област, откако ги собрал сите моми
од тој крај, му ги посочил нему и му рекол да избере една од нив за своја
животна другарка. Константин ја одбрал онаа што била „најубава, со светло
лице, богато накитена со златни ѓердани и бисери и друг накит. Името и
беше Софија т.е. мудрост“ што било јасен предзнак за идната филозофска
дејност на малиот Константин.
Богатите родители им овозможиле на своите деца сестрано да се
наобразуваат. Така Константин, кој во себе криел големи дарби за изучување на
сите науки, покажал големи успеси во сите области и наставни предмети.
За ученичката дарба, Константин се посветил на изучување напамет на
книгите на Григориј Богослов бидејќи не уживал во одењето на лов (со соколи)
и забави како останатите деца на богатите.
Григориј Боголсобв бил византиски, христијански писател, еден од
најголемите богословски умови во христијанството воопшто; живеел околу 330
– 390 г. н. е. Автор е на голем број епиграми, тажачки песни, исполнети со
филозофија. Од големиот борј книги познати му биле: „За мојата судбина“,
„За страдањето на мојата душа“, „Химната на Христос“ и др. Ценет во
христијанската црква како еден од тројцата големи светители (покрај него Јован
Златоуст и Василиј Велики).
Константин, за да му одаде длабока почит на својот патрон на учењето,
на ѕидот си направил крст и ја напишал похвалата на Св. Григориј, најверојатно
на грчки јазик:
„О Григориј, човек во телото, ангел во душата! Бидејќи си во телото
човек, се јавуваш како ангел. А твојата уста, како еден од серафимите, го
прославува Бога и ја посветува сета вселена со толкувањето на
вистинската вера. Затоа и мене, што клечам пред тебе со љубов и со вера,
прими ме и биди ми просветител и учител“.
Изучувајќи голем број на беседи од видните христијански беседници,
Константин западна во голема така бидејќи не можеше да ја сфати мудроста
покажана во нив. Во тоа време, во Солун се нашол некој туѓинец вешт во
граматиката. Младичот упорно на коленици го молел да го научи на
граматичката вештина, но туѓинецот одбил, иако Константин му го ветил
својот дел од татковото наследство.
Судбината му била светла па за ученичката надареност на младиот
Солунчанец слушнал логотетот (доглавникот) Теоктист првиот човек во
империјата после владетелот, па го зел Константина, тогаш 15 г. во Цариград за
да учи заедно со малолетниот цар Михаил Трети (842 – 867 г.) кој го наследил
престолот од цар Теофил, инаку иконоборец (бил против почитувањето на
иконите).
Во Цариград, умното дете се наобразувало во прочуената Магнаурска
школа, во палатата Магнаур која ја подарил царот Теофил и била издигната
на ранг на универзитет. Константин за многу кратко време ја изучил
граматиката – само 3 месеци!
Негови учители биле најпознатите византиски научници: Лав Солунски,
кај него кој бил познат математичар, филозоф и лекар, „го научил и Хомера“ и
геометрија; и вториот – Фотиј, вешт полемичар, дипломат, противник на
папскиот двор, кој подоцна (за време на Хазарската и Моравската мисија)
станал патријарх. Кај него, Константин изучувал „дијалектика и сите
филозофски науки, реторика и аритметика, астрономија и музика, како и
сите други елински вештини“. Толку брзо ги освладувал, „како да учел само
една“.
Неговата ученост се одразила и на физичкиот изглед: нежен и повлечен
од бучниот живот, тој почанл да се дружи само со учени и размилсуваше како
преку своето битисување на се доближи до Бога.
Логотетот слободно му дозволил на учениот Константин да се движи во
неговиот дом и царската палата, а овој му станал негов вид наставник по
филозофија. Во една пригода Теоктист го запрашал Константин да му објасни
што е тоа филозофија, на што одговорил:
„Разбирање на божјите и човечките работи, колку човек може да се
доближи до Бога, го учи човека со делата да биде слика и прилика на тој
што створил.“
Теоктист му ја нудел и својата приќерка, од богат и висок род, да ја
ожени и да се зародат, но Константин одбил, велејќи:
„Тоа е навистина голем дар за оние што копнеат по него, а за мене
учењето е над се“. По овој одговор, логотетот се посоветувал со царицата
Теодора да го запопат способниот младич и да го дадат на служба како
библиотекар кај патријархот во Света Софија.
По овие препораки, Константин ја презел работата како библиотекар на
Патријаршката библиотека во Цариград. Но, иако бил книгољубец и
вљубеник во филозофските беседи, тој на оваа функција останал многу кратко
време. Авторот на житието не ги наведува причините за апатијата на
Константин кон оваа функција, но се претпоставува дека дошол во судир со
тогашниот патријарх Јован Граматик (837 – 843 г.) кој бил против
почитувањето на иконите и особено ја ценел арабјанската религија.
Побегнал и се сокрил во еден манастир на Босфор (Тесното Море).
Дури 6 месеци, Теоктист и Теодора го барале „библиотекарот“ а откако го
нашле „не можеле да го присилат да се врати на таа должност“.
Тогаш го наговориле да ја преземе катедрата по филозофија во
Магнаурската школа и да предава на странци.
Oткако почнал да ја извршува учителската дејност кон неговото име ќе
се додаде и епитетот – Филозоф. Тогаш патријархот Јован VII покреа ерес
учејќи да не се почитуваат светите икони. Врвот на Византија свика собор, го
осудија дека учи криво и го симна од престолот. Тој само велел: „Со сила
мепротераа, но не ме победија во препирањето, зашто никој не може да се
спротивстави на моите зборови“.
Со одговор истапија царот Михаил III и новопоставениот патријарх
Методија. Откако го подготвија Константин Филозоф, го испратија против
Јован VII Граматик и го предизвикаа на беседничка расправа, ветувајќи му го
престолот ако го победи Константин во филозофија. Авторот, кој жив
присуствувал на препирањето, во солидни мери го изнесува говорот и на
двајцата. Константин благодарејќи на својот интелект, го победил Јован
иконоборецот и тој „осрамотен замолче“.
Византија опфаќала голема територија, но нејзините завладеувачки и
политички аспирации кон соседните држави, продолжиле. Така, кога
Константин имал 24 год. (можеби и повеќе), бил повикан од византискиот
имеператор, да тргне во политичко – верска мисија во Багдад кај муслиманите
Сарацени т.е. Арабјаните.
Императорот Михаил III како што тврдат историските извори, сакал да
постигне размена на заробениците и заштита на христијанските поданици во
рамките на Арабискиот (Багдатскиот) калифат. И така, кон крајот на 855
година Контантин тргнал во својата Сараценска мисија.
Житиеписецот со големо познавање на христијанската и муслиманската
вера го изнесува филозофскиот дијалог меѓу Константин и учените Арабјани за
време на ручекот. Византискиот пратеник успешно по сите прашања ги победил
своите противници, бранејќи го учењето за Света Тројца (Отецот, Синот и
Светиот Дух) и истакнувајќи го христијанството пред исламот.
По добиениот спор, Агарените (Сарацените) огорчени од поразот, му
дале отров да испие, но бидејќи Бог бил со Константина, тој жив и здрав се
вратил во Цариград во 865 година. Овој настан претставува чист хагиографски
елемент.
Откако се вратил од успешно извршената мисија, Константин се
повлекол на мирно место, раздавајќи се на сиромашните, од ден на ден се
повеќе се доближувал до Бога. Дури за време на еден празник немал корка леб
во својот дом. На ова место авторот реално ни раскажува за некој човек кој
донел храна и 10 златника, бидејќи домаќинот верувал силно во Бога, кој ги
нахранил Израелците само со 2 риби и 5 леба.
Потоа Константин му се придружува на својот брат во
храмот/манастирот Полихрон каде се собрани светите отци, на планината
Олимп во Мала Азија.
И тогаш во Цариград дошле пратеници на хазарскиот каган, кои го
замолиле византискиот цар Михаил III да им испрати мисионери кои ќе ја
потиснат еврејската и муслиманската религија и ќе им ја протолкуваат
вистинската вера. Освен тоа, побарале и воена помош при одбраната од
нападите и навлегувањата на руските племиња кои се спуштале кон топлите
брегови на Црно Море. Императорот без двоумење оваа доста тешка
дипломатска задача им ја доверил на Солунските браќа.
Хазарската мисија е прва заедничка за двајцата браќа, па житиеписецот
на житието на Константин, речиси половина од делото и посветил.
Таа започнала 860 година (според некои извори 859 год.). Попат
застанале во градот Херсон, на полуостровот Крим, каде интелегенниот
Константин го совладува еврејскиот јазик и преведува 8 дела на еврејската
граматика. Патем наидел на човек од Самарија (Самарјанин) кој му помогнал
да го научи и самарќанскиот јазик, услужувајќи го со книги пишувани на тој
јазик.
Овде не застанал! Нашол евангелие и псалтир, пишувани на руски јазик
(рушки или рошки јазик, за кој повеќето слависти се согласуваат дека
станувало збор за готски јазик/писмо) и човек кој говорел на тој јазик. За
кратко време го изучил и овој, трет по ред, јазик.
Во овој град, нашиот јунак ќе се потврди и како археолог откако
убедувајќи го тамошниот архепископ, ги пронашол моштите на папата
Климент I Маченик, 4 – ти по ред римски папа, наследник на Апостол
Петар, кој бил прогонет од римскиот цар Трајан, на Крим каде постигнал
видни резултати во христијанизирањето и поради овој бил маченички
удавен во морето во 101 год.
Со голема чест моштите ќе бидат пренесени во Херсон а биографот овде
не известува дека по повод наоѓањето на посмртните останки на светецот,
Константин составил 3 творби на грчки јазик: една во проза (во која го опишал
изнајдувањето на моштите) и 2 во стих, воспевајќи го борецот за
христијанството.
Во тоа време некој хазарски војвода опколил мало христијанско гратче.
Без да се двоуми, византискиот пратеник пошол кај него и по разговорт го
разубедил во намерата да им наштети на жителите. Константин со својата
делегација продолжил кон Хазарија, пловејќи во водите на Азовското Море
(во житието Меотско Море).
Откако стапнува на хазарската земја, Константин ќе ја започне својата
долга беседа за да ја одбрани христијанската вера. Авторот на житиево, со
големаматерија од беседништво ќе истапи на неговите страници, презентирајќи
солидно познавање на повеќе библиски текстови: Мојсиевите книги, Книгите
на царевите, „Псалмите“ на Давид, Притчите на Соломон, книги од
старозаветните пророци: Исаија, Еремија, Језекиљ, Данаил и др.
Солунскиот побожник со збор ќе ги победи во сите прашања своите
противници. Хазарскиот каган, задоволен што неговиот народ ја прифатил
вистинската вер,а ќе му пише писмо на Михаил III во кое вели:
„Сите ние сме му пријатели на твоето царство и готови сме да ти
служиме каде ќе ти биде потребно.“, со што јасно покажува и дека била
исполнета и втората цел на мисијата – воена помош и сојуз. Скромниот и
побожен Филозоф, одбил многу дарови од каганот, туку измолил 200 грчки
пленици, што овој радо му ја исполнил желбата. Така 861 година Константин и
Методија и 200 заробеници ја завршил мисијата.
На пат кон татковината, застанале кај едни безводни пусти предели „каде
ретко се наоѓа питка вода, а умирале од жед.“ Успеале да пронајдат слатина, а
во неа за жал солена вода. Тогаш Константин, силен во божјата верба и
богоугоден, се помолил и водата, со божјо чудо, станала „слатка како медовина
и студена“. Уште еден доказ дека авторот добро го владеел стилот на кој му
останал верен – хагиографскиот.
Потоа застанале во Херсон каде Константин го поканил тамошниот
архепископ заедно да се помолат бидејќи му претскажал смрт.
И навистина, архиепископот во длабока старост ја дочекал својата
последна издишка како што Константин претскажал. И овде авторот вовел
хагиографски елемент – претставувајќи го главниот лик како пророк!
По успешно завршената мисија, браќата се разделиле извесно време.
Константин останал во престолнината, живеејќи повлечено во црквата Св.
Апостол втората по значајност црква во Цариград, која била изградена во VI
век, со пет куполи, со величествена содржина на 10 генерации византиски
владетели (василевси). Методиј пак се вратил во манастирот Полихрон на
Олимп каде станал егумен на 70 калуѓери.
Во Св. Софија (Цариградската патријаршија) имало една чаша која
припаѓала на царот Соломон и на неа биле напишани стихови на еврејски и
самарјански јазик кој никој не ги прочитал. Константин Филозоф, кој ги имал
совладано давата јазика за време на последната мисија, ја зел скапоцената чаша
и ги превел неодгатнатите натписи. На крајот пресметал точно кога била
направена чашата, по заповед на царот Соломон.
Еден ден во Цариград се појавиле пратеници испратени од моравскиот
кнез Ростислав со порака која најдобро зборува за маките кои ги снашле:
„Нашите луѓе се откажаа од паганстовото и придржувајќи се за
христијанските закони, но ние немаме таков учител што да ни ја објасни на
наш јазик вистинската христијанска вера за да не следат и другите земји
гледајќи го тоа. Затоа испрати ни, господаре, таков епископ и учител. Оти
откај вас секогаш тргнуваат на сите страни добри закони“.
Византискиот василевс свикува собор и прием за моравската делегација
на чело со младиот наследник на моравскиот престол, нитренскиот кнез
Свјатополк.
Го повикува и Константин. Условот кој го поставиле пратениците бил
учителот или учителите (мисионерите) да знаат словенски јазик. На Михаил III
му било јасно дека единствено Солунчанецот е способен за оваа задача.
Константин иако болен и уморен од последната мисија, се согласил да ја води
оваа мисија и да ја создаде првата словенска азбука.
Биографот излага дека по молитвата на Константин, тој чесен и
богобојазлив маж ги создал 38 – те букви на глаголицата. Но, историските
факти непосредно посочуваат дека Константин при составувањето на првата
словенска азбука ги искористил познавањата на грчкиот, самарќанскиот,
еврејскиот јазик, но сепак од бесценета помош му се нашол говорот на
Македонските Словени од Солунско, што овој „новозодаден“ јазик можеме да
го наречеме и старомакедонски, без да се создаде дилема спровдувајќи го
називот со оној на Античките Македонци.
Проучувачите на Солунските браќа се исполнети со восхит и
одушевеност за снаодливоста на Константин, секој глас од говорот на неговите
сограѓани да изнајде соодветна буква. Буквите кои ги создал имале свои имиња:
АЗ – А, БУКИ – Б, ВЈЕДИ – В, ГЛАГОЛ – Г... Некои од нив имале и борјна
вредност, слично како кај буквите од грчките алфавити: А – 1, B – 2, Г – 3, К –
20, Л – 30, Р – 100, C – 200, 2Т – 300, Ф – 500, Х – 600, Ц – 900 итн.
Откако била создадена азбуката Константин со своите соработници се
зафатиле со преведување на потребните богослужбени книги од грчки на
старословенски јазик.
Првите зборови кои ги превел Константин биле: „Во почетокот беше
Зборот и Зборот беше во Бога, и Бог беше збор и друго“ со кои започнувало
најпоетичното од сите евангелија – евангелието од Јован. Мудрите браќа од
Солун со изнајдувањата на првата словенска азбука и преведувајќи голем број
боголсужбени текстови ги удрија темелите на идната самостојна словенска
култура и просвета!
Сега веќе се беше спремно за на пат и таа 863 година Контантин ќе ја
води својата последна просветно – верска мисија. Византискиот император му
пишал писмо на Ростислав во кое меѓу другото вели: „... за да се придружите и
вие кон големите народи што го слават Бога на свој јазик. И ете ти го
испраќаме оној што му се јавил на Бог, маж чесен и богоугоден, мошен
учен и филозоф.“
Константин и делегацијата пристигнале успешно во Велика Моравија.
Солунските браќа биле топло пречекани и од кнезот Ростислав од самото
население. Кнезот веднаш собрал млади ученици – Моравци кои почнале да се
собираат за од устите на Константин и Методиј да ја слушаат богослужбата на
словенски јазик.
Создателот на словенските букви за кратко време го превел целиот
црковен чин, Библијата како и законски дела со кои се регулирале односите
внатре во црквите. За учителската дејност на Констнатин во Моравија,
писателот само не известува дека учениците ги научил „да служат утрена,
часови, вечерната, малата вечерна и тајна служба или литургија.“
Но секако пред да отпочнал процесот на елемнтарното црковно
описменување на младите Моравци, најверојатно Константин обрнал големо
внимание на пишувањето на словенските букви, објаснување на смислата на
напишаното итн.
Со зголемувањето на учениците на Браќата, латинско – германските
свештеници, архиреи и ученици нивни, кои проповедале на неразбирлив
латински јазик, останале без своите неуки верници а и приходите им се
намалиле. Почнале да ги хулат и византиските мисионери и луѓето кои учеле на
тајните на Писанието на словенски јазик велејќи: „Не се слави Бог со ова. Да
му било тоа угодно, зарем не можел да направи тие, уште отпрвин,
пишувајќи ги совите беседи со букви, да го слават Бога? Тој одбрал само
три јазици: еврејски, грчки и латински, на кои е достојно да се слави Бога.“
Константин откако разбрал дека ја подржуваат теоријата за 3 „свети
јазици“, затоа што се наоѓале на крстот на кој бил распнат Исус Христос ги
нарекол тријазичници, но процесот на оспособување на учениците во
свештеници и останати црковни звања, продолжил.
Сепак, таму во овој краен стадиум недостасувал словенски епископ за
да ги посвети учениците во разни свештенички чинови. Латинските архиреи
биле единствените со такво боголсовско учење и чин за да го направат тоа, но
било премногу апсурдно од непријателот на словенството и неговото учење да
го изврши посветувањето.
Но Константин не можел овде да запре и затоа по „40 месеци“ престој во
Моравија почнувајќи од 863 година тргнал, најверојатно кон Византиската
престолнина за да побара епископ. На патот кон својата таковина Константин
морал по еден воден пат од кај Венеција (Царицата на морињата како што тогаш
ја нарекувале). Пред да стигне во оваа италијанска република застанал во уште
едно словенско кнежество - Панонија со кое управувал кнезот Коцељ. И овде
заедно со својата група следбеници, бил пречекан со сите почести од умниот
кнез, вљубеник во словенската просвета и богослужба.
Самиот кнез го изучил слевенското писмо а исто така и големиот број на
ученици на мисонерот, давајќи му 50 ученици. Ниту од Ростислав ниту од
Коцељ, Константин не земал никакви парични надоместоци и дарови за своето
предавање и ширење на евангелскиот збор туку обајцата измолил 900 пленици
кои веднаш ги ослободил.
Откако ја напуштил Панонија биографот ни го дава Константин во
Венеција додека чека број кој ќе го однесе во Цариград. „Како врани на
сокол“ се собраа венецијанските тријазичници и ја покреноа својата ерес за
трите признаени јазици.
„Човече кажи ни како си им ги создал на Словените книгите и ги
учеш од нив, што досега никој не измислил, ниту апостолите, ниту
римскиот папа, ниту Григориј Богослов, ниту Јероним, ниту Августин? А
ние знаеме само три јазика на кои е достојно во книгите да се слави Бог“.
Со овие зборови го нападнале „венецијанските врани“ создавачот на
словенската азбука. А Константин добро подготвен и како ускусен беседник,
логичар, дијалектичар следејќи ги каноните на демократичноста и разумноста
на убеден хуманист и либералист им одговорил:
„Не паѓа ли дожд од Бога еднакво врз сите? А Сонцето не грее ли
исто така за сите? Зарем не дишиме воздух сите еднакво? Па тогаш како не
се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи сакате да
бидат слепи и глуви? Кажете ми дали Бога го сметате толку бессилен што
да не може да го даде тоа или толку завидлив па тоа да не го сака?“
Житиеписецот сигурно присуствувал на оваа беседа додека неговиот
учител им ги разнесувал предувите на „венецијанските врани“. Откако жестоко
им врати за нивната ракционерна и нехумана филозофија, мудриот Солунчанец
им укажа на тријазичниците на големиот број народи кои го слават Бог на свој
разбирлив, чист, народен јазик: Ерменците, Персијанците, Авазгите, Иверците,
Сугдите, Готите, Обрите, Турсите, Хазарите, Арабјаните, Египќаните и
Сиријците и уште многу други.
Кон својата величествена беседа обогатена со цитати од библиските
текстови (12 вкупно на број) и кон тоа ако ги додадеме примерите од животот
кои ги навел, слободно можеме да ја оцениме оваа дискусија за најмоќна,
праведна и хуманистичка која Константин ја одржал некогаш:
„Во црквата сакам 5 збора со својот ум да кажам и другите да ги
поучам, отколку илјадници зборови на разни јазици.“ – мисла која е била
изработена од големи народни умови: Бембо (ренесанса) од Италија, Доситеј
Обрадовиќ (Србија), Јосиф Брадати (Бугарија), Кораис (18 и 19 век од
Грција) и македонскиот просветител Теодосија Синаитски.
Константин добива покана од римскиот папа Никола I да појде во
вечниот град на апостолот Петар, за да му ја изложи својата наука и воедно да
ги посвети неговите ученици во свештеничките звања.
Солунчанецот веќе бил на пат за Рим и со себе ги носел моштите на
папата Климент I Маченик кога на папскиот престол се одиграле промени.
Папата Никола I починал а бискупите и кардиналите по брза постапка и водејќи
се по канонските дела за нов папа го поставиле Хадријан II. Со мноштво
Римјани папата му излегол во пресрет да го пречека тој кој носи свети мошти на
римски папа. Придружен од бискупите и кардиналите со свеќи во рацете папата
Хадријан II ги пречекал гостите од далечниот свет. Папата ги примил
словенските книги и ги осветил во цркавата Света Марија – Маџоре, една од
највеличествената црква што може да се гордее како една со најголемиот број
на уметнички дела. Потоа двајцата епископи Формиз и Гондрих ги посветуваат
словенските ученици со свештенички чинови. И при посветувањето се пеело
света литургија во сцркавата на светиот апостол Петар каде Методија,
првоучителот добил свештенички чин, а исто така се спомнуваат и Климент и
Наум.
Вториот и третиот ден од престојот во Рим се пеело света литургија на
словенски јазик во црквите Света Петронила и Свети Андреја во чест на
Солунските просветители и ученици. На крајот во црквата на вселенскиот
учител апостол Павле „се пеело сеноќно бдение славејќи го Бога“ на словенски
јазик а наредното утро и над неговиот свет гроб. Во оваа литургија биографот
непристрасно споменува 7 епископи меѓу кои Арсениј и библиотекарот
Анастасиј кој на латински ги превел делата на Константин по повод
изнајдувањето на моштите на папата Климент. Неговите дела се важен извор за
извлекување податоци за животот на Солунецот.
Среќата и радоста од признавањето на неговото епохално дело не ги
делело и неговото слабо и болниково тело. Уште пред да тргне кон Моравија тој
не се чувствувал добро а долгиот пат го истрошил и последниот атом енергија
од него и на 14 февруари 869 година, по педесетдневно боледување и
подлегнал на болеста.
Во тие 50 дена иако тешко болен тој ја пречувствувал својата срмт и
преминал во еден построг калуѓерски ред и го заменил своето име Константин
во чисто – словенското Кирил. Му остава аманет на својот брат Методиј да го
продолжи започнатото словенско дело и го замолува да не оди во манастир.
И папата откако дознал за смртта на Кирил Солунски наредил на сите
Грци и Римјани со свеќи в раце да пеат заупокоени песни над починатиот како
да е самиот папа! Методиј ја презел улогата околу погребувањето на својот
брат. Нивната мајка Марија ги заколнила дека оној што прв ќе почине ќе биде
пренесен од живиот брат во манастирот во кој бил закалуѓерен и ја облекол
калуѓерската риза.
Папата наредил починатиот да го положат во ковчег да го заковаат со
железни клинци и така го држеле 7 дена додека се готвеле на пат бидејќи дал
согласност да биде погребан во татковината. Но римските бискупи го
разубедиле папата Хадријан II - Кирил требало за век и векови во Рим да
почива инаку животниот пат не би го донел во вечниот град.
Тогаш ја сменил одлуката – Кириловото тело да се погреба во папската
црква Св. Петар но Методиј издејствувал последно, својот брат да почива во
црквата Климент I Маченик со чии останки и дошол во Рим. Па така
посмртните останки на творецот на словенската култура, просвета и боголсужба
засекогаш почиваат во долната црква на базиликита Сан Клементе „од
десната страна на олтарот“, која денес се наоѓа во близина на Колосеумот и
Нероновите градини.
Житиеписецот на крајот внесува уште еден хагиографски елемент – над
гробот на Кирил се насликала неговата слика (икона) завршувајќи со зборовите:
„Затоа нему нека му е слава и чест и почит до векот на вековите.
Амин.“

Житие на Методија
(??? – 06.IV 884 година)
Спомен и житие на блажениот наш татко и учител Методија,
архиепископот моравски

Житието започнува со слични зборови како првото: „Семоќниот и благ


Бог...“ величејќи го создавањето на материјалниот свет од устата Господова –
се што ќе изговорел се создавало.
Житиеписецот со солидна наобразба зборува за Св.Троица инаку
актуелно прашање од верски карактер во тоа време. Со големо познавање и осет
за поетично излагање на знаењето го спомнува создавањето на човекот,
искушенијата во Рајот и пакоста на Ѓаволот за човекот да стане смртен.
Служејќи се со цитати и личности од Стариот Завет, мајсторски не уведува во
карактерот и сличноста на главната личност за која ќе пишува. Ги наведува
имињата на луѓето кои го познале Бога и му се претставиле, давајќи му пример
на неукиот и пагански ориентиран народ: Енох, Ное, Аврам, Исак, кој по
пример на Исус Христос бил качен на гора за жртвување; Јаков кому му се
претставиле скалите по кои се качувале и симнувале ангелите; Јосиф кој го
нахранил египетскиот народ; Јов Австидиски, Мојсеј со Арон наречен бог на
фараонот; го накажал Египет, морето го пробил, ги наситил луѓето со ангелски
леб и на 2 плочи ги држеше Десетте божји заповеди; Исус Навин, Самуил,
псалмопевецот Давид еврејски цар; мудриот цар Соломон; Илија со огнена
двоколка и огнени коњи, Елисеј и др.
Кон личностите за кои излишно е да зборуваме бидејќи се сметаат за
легендарни и невистинити, ги спомнал и великиот Јован, Крстител Христов,
потоа и светите апостоли Петар и Павле кои „како молња го обиколија
светот и ја осветлија сета земја“.
Понатаму го разгледува прашањето за осудата на разните верски
скршнувања т.е. ереси и нивните судии кои биле главните „виновници“ за
погибијата на тие верско – пагански ширења. На Првиот веселенски собор во
Никеја одржан 325 год. „чесниот Силвестер“ со 318 отци со помош на царот
Константин го укинал аријанството и го проколнал главниот свештеник
Ариј. Дамас и Григориј Богослов со 150 отци и великиот цар Теодосиј го
победиле Македониј и неговата хула на Светиот дух.
На Третиот вселенски собор во Ефес 431 год. здружените Келестин и
Кирил го собориле Нестор, а неговото учење – несторијанство го прогласиле
за ерес.
Учењето на Евтихиј и „монофитизмите“ било проколнато на
Четвртиот вселенски собор во Халкидон 451 год. свикан од Лев и Анатолиј
во присуство на царот Маркијан. На следниот вселенски собор Вигилиј и
„богоугодниот“ Јустин и 165 отци ги казниле виновниците. Во Цариград 680
– 681 год. Агатон, папата апостолски со 270 отци и цар Константин осудиле
многумина како еретици.: Теодор Фарански, Севгир, Кир Александриски,
Енориј Римски, Макариј Антиохиски и др.
Сите овие изложувања НЕ СЕ ОД ГОЛЕМА ВАЖНОСТ за сфаќањето
на понатамошната содржина на житие туку еден историски осврт на најстарите
личности и настани од христијанството.
Дури по овие споделени факти и истории, биографот почнува со
пишувањето на животот на Методиј, кое му било монашко име на светецот, а
вистинското не се знае со сигурност; се претпоставува на Михаил или Миноло
бидејќи било обичај децата на благородниците да носат име на императорот и
при добивањето на монашкото име да се задржи првата буква М.
За жал не дава прецизни податоци која година бил роден, но
славистичката наука претполага дека се родил 810 – 820 год. а некои извори
позиционираат на 825 год. што е помалку веројатно бидејќи бил најстарото дете
во семејството, а седмото било родено една година подоцна – Константин.
Семејството на Лав и Марија броело 7 деца. Уживајќи ги привилегиите
на своето богато, благородничко педигре се здобил со солидно обрзаование за
подоцна да извршува воено – административна дејност во царството. Авторот
вели: „Затоа и правниците што го љубеа од детинство, за него зборуваа
чесни зборови, а кога разбра царот за неговата бистрина му даде да
управува со словенска област.“
Но биографот не дал информации за поточно која област станува збор и
која година Методиј станал управник. Сепак анализата на поголем број
слависти цели кон словенско кнежество во струмичко – брегалничките
краишта и тоа 845 год.
Сепак овие податоци односно претпоставки, не можат да се сметаат
докрај веродостојни. Во таа словенска област живееле припадници на Слвените
поточно немирните Струмјани. Оваа управничка должност, Методиј ја
извршувал околу 10 год. за потоа да ја напушти областа и да се замонаши во
манастирот Полихрон на Олимп во Мала Азија, над турскиот град Бурса
или Бруса. Оваа планина во Мала Азија не е истата онаа на која живееле 12 – те
Антички грчки богови, која пак се наоѓа во грчката област Тесалија.
Исто така ни овде авторот не наведува конкретна причина за отказот на
Методиј туку во хагиографски – поетичен стил вели: „И откако виде многу
нереди и буни во овој живот, го размени стремежот кон земна темнина со
небесна мисла, зашто не сака да ја пороби својата чесна душа.“
Во меѓувреме на византискиот двор дошле пратеници на хазарскиот
каган кои барале учен кој ќе им ја протолкува вистинската вера. Изборот
паднал на најмладиот брат на Методиј – Константи Филозоф кој веќе се
прославил со успешно завршената мисија кај Сарацените во Арабија (856 год.)
на чие чело стоел калифот Мутевакил, кој се спомнува и како јунак во 2
приказни од познатата „Илјада и една ноќ“ со наслови: Приказна за Ал –
Мутевакил и неговата робинка (353 ноќ) и втората приказна – Приказна за Ал –
Мутевакил и Ибн Ханан (419 ноќ).
Задачата обврзувала поголема делегација па за поуспешно организирање
Константин го повикал својот брат калуѓер на помош. Методиј без да се двоуми
прифатил. Заедно тргнале 860 год. и за една година престој во државата на
Хазарите успешно се вратиле во татковината. Цариградскиот патријарх
Методиј I и царот Михаил III сакале да го постават за архиепископ.
Солунецот ги одбил и потоа заминува пак во Полихрон каде станува
игумен или старешина на 70 отци.
Не поминало многу време а за браќата од Солун наишла нова задача.
Имено кнезот словенски Ростислав преку својот внук Свјатополк му испраќа
порака на византискиот василевс со молба да му испрати „учител и епископ“
за да го упати неговиот народ во христијанската религија бидејќи не го
разбирале латинскиот јазик на кој се вршела богослужбата во моравските цркви.
„Кај нас дошле мнозина учители, христијани од Италија, Грција и
Германија кои не учат различно. А ние, Словените, прост народ сме и
немаме кој да не упати кон вистината и да не научи на разум. Та, добри
господару, испрати ни таков маж што ќе ни ја разјасни секоја вистина“.
Од овие молбени зборови јасно се согледува незадоволството на
великоморавските власти од проповедувањето на Писанието (Библијата) на
латинско – германското свештенство. На приемот на пратениците Михаил III
знаел кого да повика за да тргне во Велика Моравија. Константин Филозоф,
докажаниот мисионер требало да тргне во извршувањето на мисијата. Тој му се
обратил со зборовите:
„Филозофу, ги слушна ли овие зборови? Освен тебе, друг не ќе може
да го сврши ова. Еве ти многу подароци и оди, откако ќе го земеш со себе
брата си Методија, игуменот. Вие сте Солунчани, а сите Солунчани чисто
словенски зборуваат.“
Најважната причина за актот на цар Михаил III да им ја довери
мисионерската работа на Солунските браќа е нивното одлично познавање на
дијалектот на Македонските Словени од Солун, нивниот роден град, а и
престојот на Методиј во словенското кнежество со кое управувал добри 10
години што му овозможило поблиску да се запознае со животот и обичаите на
словенските луѓе – браќа и сестри на Моравјани.
Константин заедно со Методиј и останатите соработници ја создава
глаголицата од 38 букви бидејќи Моравскиот народ немал свои букви за
нивниот јазик. Ниту во ова житие нема да ги штедиме зборовите за генијалноста
и филолошкото чувство на Константин додека ги составувал буквите. Извесен
славист, добар познавач на делото на Солунските браќа тврди дека девете
десетини од гласовите на глаголицата се во одлична фонетска симетричност со
гласовите од азбуките на денешните словенски народи што секако е за пофалба.
Моравската мисија византиските мисионери ја започнале во 863 год.
пристигнувајќи во Велика Моравија. Заедно со своите придружници биле топло
пречекани од разумниот кнез Ростислав кој веднаш им доделил месни граѓани
на Константин и Методиј да ги учат на христијанското верување и обичаи, на
словенски јазик.
По престојот од речиси 3 години Солунските браќа морале да ја
напуштат Велика Моравија бидејќи биле повикани од папата Никола I да се
оправдат за нивната учителска дејност на словенски јазик. Од житието на
Константни дознаваме дека папата Никола I ненадејно починал а за негов
наследник дошол Хадријан II. По пристигнувањето во Рим, папата и неговите
поданици – кардинали и бискупи со свеќи во рацете ги пречекуваат гостите од
Моравија бидејќи тие ги носеле моштите на светиот папа Климент I Маченик.
Хадријан II дозволил и да се постави Писанието на словенски јазик на
олтарот во цркавата на светиот апостол Петар. Ги осудил епископите кои ја
подржувале тријазичната ерес, ги нарекол пилатовци а на еден од нив,
Формоз му наредил да ги посвети учениците на Константин и Методиј во разни
свештенички чинови. Самиот Методиј бил посветен во калуѓер од висок ред а
учениците како Климент, Наум во разни свештенички звања.
Константин кој уште пред да тргне во Велика Моравија не се учествувал
најдобро а во Рим чувствувајќи го својот крај, се замонашува и го добива
монашко – словенското име Кирил. Неговиот живот завршува на 14. II 869 год.
Пред да почине му остава задача на својот брат Методиј со следниве зборови:
„Еве брате, ние двајцата бевме впрегнати да ораме една бразда и јас
паѓам на нивата, окончувајќи ги своите дни, а ти мошне многу ја љубиш
гората. Но немој заради гората да го оставиш нашето учење зашто со него
ќе бидеш спасен.“
Методиј бил избраниот да ја продолжи мисионерската работа во
образувањето и културно издигнување на својот словенски род.
По молба на панонскиот кнез Коцељ тој бил испратен лично од
римскиот папа да ја преземе Панонската архиепископија откако претходно
Хадријан II го ракоположил за архепископ. Во житието биографот ни го
презентира писмото со кое папата го испраќа својот застапник за кој има само
велелепни зборови и верба во способностите на Методиј.
Но веднаш по пристигнувањето во 870 год. на Методиј во работата ќе се
замеша латинско – германското свештенство обвинувајќи го дека без право ја
организирал словенската црква. Латинските духовници се охрабриле и повторно
ја приграбиле власта над црквата во Моравија откако со помош на лековерниот
кнез Свјатополк го собориле кнезот покровител на словенството – Растислав.
Тој бил фатен, фрлен и ослепен во затвор. Останувајќи без својот патрон и
Методиј бил накажан пред новиот кнез Свјатополк како еретик. Бил многу
грубо малтретиран на судењето но со својата достоинствена волја и преданост
на Бога мирно им одговорил:
„Вистина кажувам пред царевите и не се срамувам, а вие правете со
мене што ви е волја. Оти јас не сум подобар од тие што зборувајќи правда
го изгубиле животот во многу маки.“
И така бива затворен 2 и пол години во затвор во Швапско. Неговата
тешка ситуација ќе се промени дури во 873 год. кога и римскиот папа,
апостолксиот намесник ќе разбере што го снајдело неговиот пратеник. Веднаш
издејствувал ослободување на Методиј. Тој кратко престојува кај кнезот Коцељ
се до неговата смрт (874 год.).
Епископите кои се осмелиле да го обвинат Методиј ги стигнал судниот
ден од Бога – еден типичен хагиографски – фантастичен елемент. По смртта на
Коцељ, Методиј оди во Моравија каде повторно енергично се посветува на
преведување богослужбени книги на словенски јазик и организирање на
словенската црква.
Но латинските и германските свештеници повторно се обидуваат да му
напакостат на „добриот пастир и учител“. Тој на двапати мора да оди во Рим
за да се оправда пред папата. Историските извори откриваат дека Свјатополк
повеќе им бил наклонет на латинските попови бидејќи тие му угодувале а
Методиј го критикувале за неговиот несигурен и наивен став на управување.
За успешниот развој на Моравската мисија, Методиј во едно помирно
време се враќа во престолнината на својата татковина за да му реферира на
императорот и патријархот за успесите на нивните мисионери. Потоа пак се
враќа во Велика Моравија и успешно со огромен труд паралелно извршува
учителска дејност, архиепископска и организаторска служба во тамошната
црква.
Претчувстувајќи го својот крај, тој одбира двајца свои ученици –
брзописци и во рок од 6 месеци, „почнувајќи од месец март до 26 ден на
месец октомври“, го преведува целото Свето Писмо (Библијата), освен
Книгата на Макавеите, од грчки на словенски јазик! Уште придонесува со
преводот на Номоканонот т.е. Правилата за законот и Книгата за отците,
кои се најважните законски дела за регулирање односите внатре во црквата.
За свој наследник, добриот учител Методиј го одбира Горазд кој бил
Моравец. На празникот Цветници, изнемоштен веќе во снагата тој само ќе
соопшти: „Пазете, деца, на мене, до третиот ден.“
Кажаното ќе се оствари и Методиј, учител и пастир на Словените ќе се
упокои на 6. IV 884 год. Неговите ученици му направија одар и со достојни
почести и му ислужија служба на латински, грчки и словенски јазик па го
погребаа во Соборната црква. За жал на археолозите сеуште не им пошло од
рака да го откријат неговиот гроб. Биографот завршува со:
„А ти од височина, света и чесна главо, со своите молитви пази на
нас, што те сакаме; избави ги од секаква напаст своите ученици и
распростанувај го достојно учењето, а ересите прогонувај ги, за да
преживееме овде достојно за нашето звание и да застанеме со тебе, ние,
твоето стадо од десната страна на Христа, нашиот Бог, примајќи од него
вечен живот, оти негова е славата и честа во сите векови, амин“.

3. Дипломатската значајност на Моравската мисија на браќата Кирил и


Методиј

Моравската мисија претставува најобемно опишаната мисија на


Солунските браќа и речиси 95% од 10000 – студии посветени на
просветителите зборуваат за почетокот, причините, прогресот и последиците по
словенскиот народ. Големата посветеност од славистичките умови, оваа мисија
ја заслужила благодарение на својот дуалистички карактер – како просветно –
духовен така и дипломатскиот т.е. политичкиот апсект на истата.
Иницијатор на мисијава бил кнезот на Велика Моравија – Ростислав
(846 – 870 год.). Познат по својата властодршна способност успешно ја
стабилизирал и утврдил државничката власт. Но барал решение за затекнатата
ситуација со организацијата на цркавата во земјата.
Од историските извори е познато дека моравската црква се наоѓала под
јурисдукција на Римската (Папската) Црква (Архиепископија) кои ја
признавале тријазичната теорија за вршење на богослужбата. Богослужбата
во моравската црква ја воделе германски и латински свештеници на латински
јазик, неразбирлив за Моравците. Она што особено го загрижувало моравскиот
кнез биле постојаните „наминувања“ на германската војска на неговата
територија, со оправдување, заштита на франачките/германски и латинки
свештеници.
Вистината била – политичкото и територијалното ширење на Велика
Моравија не им се допаѓало на владателите и нејзините соседни држави –
Германија од северозапад и Бугарија на југоисток. Во тој период со
германската држава управувал источно франачки крал Лудвиг Германски
(843 – 876 год.), а со Бугарија ханот (кнезот) Борис (852 – 889 год.) кој исто
така барал начин да основа повод за напад на кнезот Ростослав.
Таа можност му била укажана кога германскиот крал побарал од кнез
Борис да му биде сојузник во походот кон Велика Моравија. Лично Лудвиг
Германски во 863 год. во Тулно на Дунав ја примил бугарската делегација
на чело со Борис.
Откако бил создаден германско – бугарскиот сојуз, кнезот Ростислав ја
почувствувал опасноста од здружените држави. Ниту тој не седел со скрстени
раце па токму затоа во 862 год. испраќа своја делегација на чело со
нитренскиот кнез Свјатополк директно во Цариград за да го замоли
византискиот цар Михаил III (842 – 867 год.) за воен сојузник во одбрана од
можниот напад на сојузничките војски.
Михаил III веднаш ја прифатил понуданата рака бидејќи можел да
организира поход кон Бугарите. На овој начин, државата на кнез Борис се нашла
во слична ситуација како Велика Моравија – од една страна и се заканувала
државата на кнез Ростислав а од друга Византија.
Заострените односи ескалирале со војна во летото 864 год. кога
Германските војници навлегуваат во Велика Моравија а во исто време
византиските војници навлегуваат во Бугарија. Воениот пакт на Ростислав со
Михаил III ќе му донесе успех и бугарскиот кнез ќе биде принуден да го прими
христијанството лично од рацете на византиските свештеници, покрстувајќи се
и земајќи го христијанското име Михаил во знак на „благодарност“ на својот
кум – императорот Михаил III.
Со смирувањето на агресивните Бугари, византиските мисионери
предводени од Константин и Методиј можеле слободно да пристигнат во
Велика Моравија во 863 год. и да започнат со облагородувањето на Моравјани и
воедно вклучување на словенскиот народ во орото на најкултурните народи во
цела Европа.

4. Користена литература
„Во мугрите на словенската писменост“ (издание „Мисла“ 1973 год.) д-р
Харалампие Поленаковиќ

You might also like