You are on page 1of 29

НАШАТА ТАТКОВИНА

ТЕМА:

Делото на
сесловенските
просветители
св.Климент и св.Наум
Охридски
Светите Климент и Наум Охридски се
најистакнатите ученици на светите браќа
Кирил и Методиј, кои го продолжиле
нивното епохално мисионерско и
просветителско дело.
Св.Климент и Наум Охридски со нивната
мисионерска, учителската и
просветителската дејност ги поставија
темелите на христијанството и на
македонско-славјанската писменост во
нашата татковина Македонија.
Свети Климент Охридски - Чудотворец е роден
во 836 год. Тој е македонски и сесловенски
просветител, заштитник на градот Охрид и на
целиот македонски народ. Тој е и патрон на
Македонската православна црква - Охридска
архиепископија.
Климент Охридски е најпознатиот меѓу
повеќето ученици на светите браќа Кирил и
Методиј, кој заедно со нив учествувал во
Моравската мисија за описменување и ширење
на Христовото учење на словенски јазик во
Моравија.
Климент заедно со светите
Кирил и Методиј кон крајот
на 867 год. биле повикани кај
папата во Рим. Таму Климент
бил ракоположен со духовно
звање со што добил круна и
жезол од римскиот Папа.
По смртта на свети Кирил во Рим, Св.
Климент заедно со Св. Методиј се вратил во
Моравија и му останал верен во одбраната на
словенскиот јазик во црковната богослужба.
По смртта на Св. Методиј, според житието
на Теофилакт, Климент бил испратен од
бугарскиот кнез Борис I во областа
Кутмичевица – Охридско, каде што во 886
год. во градот Охрид ја формирал познатата
Охридска книжевна школа која претставува
своевиден прв словенски универзитет на
Балканот во кој се обучиле 3500 словенски
свештеници и учители. Во неа се користела
глаголицата, од почит спрема нејзините
создатели Св. Кирил и Методиј.
Паралелно со црковната и педагошката
работа се занимавал и со книжевна и
преведувачка дејност. Како учител и
свештеник, Климент напишал околу 50
книжевни дела на словенски јазик.
Нему му се припишуваат опширните житија
на свети Кирил и Методиј познати како
Панонски легенди, најзначајниот извор за
проучување на животот и делото на
солунските браќа.
Исто така Св. Климент е автор и на следниве
дела:
 Похвала на словенските учители Кирил и
Методиј
 Од опширното житие на Кирил Филозоф
 Од опширното житие на архиепископот
моравски Методиј
 Похвално слово на бестелесните Михаил и
Гаврил
 Похвално слово за четиридневниот Лазар
 Поука за блудниот син и др.
Исто така Св.Климент напишал и поуки за
големите христијански празници (Рождество
Христово, за Велигден, за Зачетието на Пресвета
Богородица, за Благовештението на Пресвета
Богородица итн.), и пофални слова за други
празници на апостоли и маченици (за блажениот
пророк Захарија и за раѓањето на свети Јован
Крстител, за светите четириесет маченици, за
свети Лазар, свети Димитрија, за бестелесните
Михаил и Гаврил, за свети Климент патријарх
Римски и уште многу други дела.
Не помалку значајна е и
преведувачката дејност
на Св.Климент. На
Кирил и Методиј им
помагал во
преведувањето на целата
потребна литература за
црковната богослужба, а
самиот го превел и
целиот Цветен триод -
(Пентикостар).
Свети Климент во 910 год. се вратил во
Охрид од Величката епархија и во 910 год. го
направил манастирот Св. Пантелејмон во
Плаошник каде ја продолжил дејноста се до
неговата смрт во 916 год.
Климентовиот гроб се наоѓа во овој манастир
кој во времето на османлиското владеење бил
претворен во џамија, па со балканските
војни таа била уништена, за манастирот
повторно да биде возобновен во 2002 год.
Црквата Свети Климент и Пантелејмон во
Плаошник - Охрид
Пред да умре, својот имот и книжевните дела
Св.Климент ги доделил и завештал на
епископијата и својот манастир.
По смртта на Свети Климент Охридски -
Чудотворец, Господ го прославил со многу
чуда. Но, бидејќи свети Климент уште за
време на животот бил многу популарен меѓу
народот, веднаш по неговата смрт, неговиот
култ уште повеќе се раширил. Се создале
многу преданија во кои се среќава неговиот
лик.
Едни од нив содржат биографски податоци за
светителот, други содржат мотиви со
исцелителна содржина и раскажуваат за
неговата моќ да лекува со допир, со лековити
води или со лековити билки а извесен број
преданија зборуваат и за неговата
просветителска дејност. За тоа, како го
описменувал населението, како го подучувал
да ја обработува земјата, да одгледува овошни
дрвја и како да гради поубави куќи за
живеење.
Во последните години од неговиот живот Свети
Климент многу помогнал во создавањето на
кирилицата иако скоро во целиот негов живот
тој ја користел глаголицата.
Во чест на светецот, во Македонија многу
училишта, улици и државни институции го
носат неговото име. Најголемата црква во
Скопје (соборниот храм) го носи името на свети
Климент, исто така универзитетот во Битола,
Националната и универзитетска библиотека на
Македонија и други.
Уште за време на животот, свети Климент својот
именден го празнувал на денот кога Светата
христијанска црква го празнувала споменот на
светиот свештеномаченик Климент папа Римски
односно на 25 ноември според стариот или на 8
декември според новиот календар.
Поради тоа денот на св. Климент Охридски – 8
Декември во Македонија е државен празник, со
кој се одбележува делото на првиот оригинален
словенски писател и просветител, првиот
словенски епископ и творец на Охридската
книжевна школа.
Свети Наум Охридски, пак, е исцелител
и просветител на македонскиот народ но
сепак за него, се знае малку. Тој е роден
во првата половина на 9 век или 830 год.
Тој бил најмладиот ученик на светите
Кирил и Методиј и тој заедно со нив
учествувал во Моравската мисија и во
Рим кон крајот на 867 или почетокот на
868 бил духовно посветен а по смртта на
Методиј во 885 година преку Бугарија
дошол во Македонија.
Во 893 година и Свети Наум му се
приклучил на Свети Климент во
работата на Охридската книжевна
школа а по заминувањето на Климент
од Охрид, го зазел и неговото место.
Наум во Охридско го продолжил
климентовото дело на описменување на
луѓето и нивно обучување за тие да
бидат идни учители и свештеници. Тој
во Охрид и Охридско изградил многу
цркви и манастири.
Свети Наум Охридски, на брегот на
Охридското езеро го основал манастирот
Свети Архангел или денешен Свети Наум
во кој собрал големо монашко братство.
Св. Наум потекнувал од богати и
побожни родители, а поради љубовта кон
христијанството, тој се откажал од
наследството и се замонашил.
Св. Наум Охридски бил познат како
учител, организатор на црковниот живот
просветата, културата и поттикнувал
учени луѓе кон творештвото. Тој бил
еден од основачите на Преславската
книжевна школа а од 886 до 893 бил и
учител таму.
Од двете кратки житија, напишани на
црковнословенски јазик, се гледа дека
бил голем просветител, кој се разбира
во народната медицина и толерантно ги
водел црковните работи.
На Свети Наум Охридски му се
припишуваат делата:
 Канонот за апостолот Андреј
 Канонот за пренесување на моштите на
Јован Златоуст
Свети Наум Охридски - Чудотворец
починал на 23 декември 910 година, во
манастирот „Свети Наум“, на возраст од
80 години.
Св. Наум бил лично
погребан од
св.Климент во
манастирската
црква која тој ја
оснивал и во која и
денес се наоѓа
неговиот гроб.
Набрзо по смртта, Наум бил канонизиран
за светец, поради чудата кои се случувале
на неговиот гроб и во манастирот, а култот
за него започнал да се шири во Македонија,
како и во Бугарија, Албанија и Грција.
Тој остана запаметен како чудотворец, со
моќта да лекува и за време на животот и по
смртта, да лекува од најразлични болести и
луѓе од разни вероисповеди, односно сите
што искрено и со верба му се обраќале без
разлика на верата и народност.
Свети Наум остана запаметен и по
заштитата на манастирот, по
наградувањето на оние што со добра
мисла доаѓале во кругот на манастирот и
казнувањето на оние што оделе со намера
да направат некоја штета, да го испоганат
објектот или да го навредат светителот.
Култот на свети Наум зрачел на поширок
простор не само во охридскиот крај, туку
и во преспанскиот, па дури до Корча.
Преподобниот Наум Охридски - Чудотворец
има два празника, едниот е во зимскиот
период и се празнува на 5 јануари, а другиот
во летниот период на 3 јули.
Поради тоа што во зимскиот период
одењето на манастир било отежнато поради
временските услови а и поради тоа што
празникот е непосредно пред големиот
празник Рождество Христово – Божик, со
одлука на Светиот синод е решено
празнувањето да се префрли на 3 јули.
Во преданијата свети Климент најчесто се
среќава со свети Наум Охридски, со кого
најчесто се претставени како браќа.
Некои истражувачи сметаат дека тоа се
однесува на браќа во духовна смисла –
собраќа, но повеќемина се склони да
тврдат дека свети Климент и свети Наум
навистина биле родени браќа.
Споменикот на Светите Климент и Наум
Охридски во Скопје
Икони од Свети Климент и Свети Наум
Охридски
Бидејќи уште од најрана младост
Климент и Наум заедно го изучиле
Светото Писмо, се заклучува дека
нивниот животен пат бил речиси
заеднички.
Благодарение на Светите Климент и
Наум Охридски и на нивните неуморни
подвизи и дела, направени во името и за
славата на Бога, ние денес ја имаме и
црквата наша, и татковината наша, и
јазикот, и националноста.
Користена литература
 Таковски.Јован, Свети Климент Охридски, Собрани
дела: Слова, поуки, житија, Скопје, 2012.
 Миловска.Добрила, Стари книжевни текстови од
Кирил Филозоф до Дамаскините, Менора, Скопје, 2004.
 Пандев. Димитар, Охридска читанка, Лестра, Охрид,
2007.
 Пандев. Димитар, Слова за свети Климент Охридски,
Графо ден, Скопје, 2017.
 Стојчевска-Антиќ. Вера, Свети Климент Охридски,
Националната установа – Универзитетска библиотека
„Свети Климент Охридски“ – Битола, 2008.

You might also like