You are on page 1of 16

Христијанст

во
Христијанство е монотеистичка религија заснована врз
животот, учењата и делата на Исус Христос, според
раскажувањата во Новиот Завет.
Со 2,5 милијарди верници, христијанството е
најраспространетата религија. По потеклото, таа е
сродна со јудаизмот, со кој дели религиозни текстови и
својата рана историја; поточно, заеднички за двете
религии се Хебрејската Библија, која во христијански
контекст е позната како Стар Завет. Христијанството се
смета за аврамска религија, заедно
со јудаизмот и исламот.
Најраспространетата
религија
Со 2,5 милијарди верници, христијанството е
најраспространетата религија. По потеклото, таа е
сродна со јудизмот со кој дели религиозни текстови
и својата рана историја; поточно, заеднички за
двете религии се Хебрејската Библија , која во
христијански контекст е позната како Стар Завет.
Христијанството се смета за аврамска религија ,
заедно со јудизмот и исламот.
Во што веруваат
христијаните
Православието (или ортодоксијата) е христијанско
верско учење (дел од христијанството), најбројна
христијанска црква по католичката. Го разработува
животот и делото на Исус Христос, како и на
неговите дванаесет апостоли, односно Новиот Завет
од Библијата-Сетото писмо. Православните верници
веруваат во Света Троица – Отецот, Синот и Светиот
Дух, како и во мајката Божја
Библија
Христијанството ја смета
Библијата како вдахнат збор од
Бога. Библијата се состои од два
дела Стар завет и Нов завет.
Библијата е напишана од луѓе кои
се вдахновени од Светиот Дух,
затоа зборот е непогрешиво
Божјо Слово. Во протестанската
традиција се верува дека Светото
Писмо ја содржи целата вистина
неопходна за спасение.
Света Троица
• Ова е верувањето дека Бог е единствено и вечно битие кое се состои
од три засебни, вечни и неделиви личности: Отецот, Синот (Исус)
и Светиот Дух.
• Спасител: Најголемиот дел од христијаните го сметаат Исус
за месија чие раѓање било пророчено во Стариот Завет.
• Исус Христос како Бог: Ова е верувањето дека Исус е и наполно Бог
(боженствен) и наполно човек: две природи во една личност,
опишани во Халкидонската вероисповест. Како човек, се верува дека
Исус бил смртен; Страдал од болките и искушенијата на смртниот
човек. Значајно е дека Тој можел да умре. Бидејќи бил боженствен,
Тој можел да продолжи да живее.
• Распетие и воскресение: Ова е верувањето дека Исус умрел на Крстот
, воскреснал и се воздигнал во Небесите по обраќањето на неговите
ученици и апостолите.
• Исус Христос и спасението: Ова е верувањето дека спасение од „грев
 и смрт“ се достигнува преку ликот и делото на Исус. Протестантите,
католиците и православните нудат објаснение за тоа како изгледа
спасението. Најголемиот број на христијани го толкуваат спасението
 како можност за влез во рајот (и избегнување на пеколот) по смртта,
иако некои теолози не се согласуваат. Прашањето: „кој ќе е спасен“
веќе долго претставува темна мистерија за многу теолози, иако
најголемиот број на протестанти сметаат дека прифаќањето на Исус
како Господ и Спасител е релативно прост проблем.
Гулаб
Гулабот  е  симбол  на  Светиот  дух.
За  време  на  крштевањето  на  Исус
 Христос  врз  него  се  спуштил  Светиот
 дух  во  облик  на  гулаб.
Монограм  IX 
 Ова  е  еден  од  најраните  монограми  на  Исус, односно  се
 состои  од  почетните  букви  на  името  Исус  Христос
 напишано  на  старогрчки  јазик  (Ι - јота  и  Χ - хи)
Овој  симбол  се  составен  од  првите  букви  хи  и  ро  од
 старогрчкото  име  ΧΡΙΣΤΟΣ. Симболот  го  користел
 римскиот  император  Константин  Ι.

ХИ  РО
Овој  симбол  е  монограм  на  крстот. Составен  е
 од  старогрчките  букви  тау  и  ро. Старогрчки
 σταυρός -  крст. Стаурограмот  во  почетокот  се
 користел  како  кратенка  за  староргчкиот  збор  за
 крст  и  тоа  во  најстарите  записи  на  Новиот
СТАУРОГРА  завет.

М
Христијански крст 

• Христијанскиот крст е најпознатиот и


најраспространетиот религиозен симбол
на христијанството. Како основа за
употреба на овој симбол во
христијанството се зема фактот што Исус
Христос бил распнат на крст. 
Риба

Ихтис е ранохристијански симбол кој во
првобитната црква се користел
како акроним за изразот: »Исус Христос,
Божји Син, Спасител«. Ихтис на грчки
значи риба.
Дванаесет апостоли (апостол, грч. απόστολος,
„пратеник“) се дванаесетте ученици на Исус
Христос, избрани од него за да го
шират Евангелието.
Најпознати апостоли се
• Апостол Петар (Симон)
• Апостол Андреј (брат на Петар)
• Апостол Јаков
• Апостол Јован (брат на Јаков)
• Апостол Филип
• Апостол Вартоломеј (Натанаил)
• Апостол Тома
• Апостол Матеј
• Апостол Јаков Алфеев
• Апостол Тадеј (Леви, Јуда Јаковов)
• Апостол Симон

Апостоли • Апостол Јуда Искариот


Црква

Црква има двојно значење. Под зборот црква ние


подразбираме две нешта: заедницата на
христијаните (Црква со голема буква) и самото
богослужбено место на христијаните, храмот (црква
со мала буква). Крстените членови на православната
христијанска заедница во Литургијата се остваруваат
како Црква, т.е. Тело Христово, па оттаму и самото
место на литургиските заедничарења почнало да се
именува така – црква (онаму каде што Црквата се
остварува како таква)
Чин на прекрстување
Ги спојуваме палецот, показалецот и средниот прст, додека малиот
и домалиот прст ги прилепуваме до дланката. Првите три прста ја
симболизираат нашата вера во Бог Света Троица – Отецот, Синот и
Светиот Дух, а другите два прста на дланката – исповедањето дека
Христос има две природи – дека е вистински Бог и вистински
Човек. Потоа, со трите прста го допираме челото, па стомакот,
изобразувајќи ја вертикалата на Крстот. Од стомакот, го допираме
десното, па левото рамо, на тој начин изобразувајќи ја
хоризонталата на Крстот.
Самиот чин на прекрстување, односно изобразување на Крстот е
еден вид на прозба, молба за благослов Божји. Го следиме овој
редослед, за да го одразиме давањето благослов од страна на
свештеникот. Самиот свештеник, кога благословува, тоа го прави
од лево надесно. Оттука, самите верници, за да го одразат
свештеничкиот благослов, кој е благослов на Црквата, односно на
Христа, истото го прават оддесно налево.
Христијански празници
Дел од Православните Христијани ги почитуваат и
слават верските празници според ЈУлијанскиот
календар, односно 14 дена поназад од католиците.
• Рождество на Пресвета Богородица - 21 септември
• Воведување во Храмот на Пресвета Богородица
• Благовештение на Богородица - 7 април
• Рождество Христово (Божиќ) - 7 јануари
• Сретение Христово - 15 февруари
• Крштевање Христово (Водици)- 19 јануари
• Преображение Христово - 19 август
• Влегување во Ерусалим (Цветници)
• Вознесение Христово (Спасовден) - четврток, 40 дена
по Велигден
• Слегување на Св. Дух (Духовден) - недела, 10 дена по
Спасовден
• Успение на Пресвета Богородица - 28 август
• Воздвижение на Чесниот Крст
Земји со најбројно
православно население
• Земји со најбројно православно
население во Европа се: Русија (и
неколку држави од поранешниот
СССР како Украина, Белорусија,
Грузија и Ерменија) Македонија,
Србија, Црна Гора, Бугарија, Романија,
Молдавија, дел од Албанија, Босна и
Херцеговина и некои други земји
надвор од Европа со православна
христијанска заедница како Египет,
Етиопија во Африка, Јапонија и Кина
во Азија.

You might also like