You are on page 1of 22

Христијанството

Изработил: Лука Поповиќ VIII/2


• Појава на христијанството
• Светата книга (Библијата)
• Ширење на христијанството
• Православие
• Католицизам
• Поважни празници
• Центри на христијанството
• Познати цркви, манастири и катедрали
• Други гранки на христијанството
Појава на христијанството
Христијанството се појавило во I век во Ерусалем, во римската
провинција Јудеа. Христијанството започнало и израснало од
еврејски традиции и римската култура.
Христијаните веруваат во еден бог и веруваат дека Исус Христос е
божји син кој бил испратен од бога за да умре за гревовите на
луѓето. Се верува дека Исус бил распнат на крст во 33 год. во
времето на Понтиј Пилат и потоа погребан во гробница. После 3
дена 3 жени ја посетиле гробницата на Исус и ја нашле празна,
потоа било дознато дека Исус воскреснал.
Светата книга (Библијата)
Библијата е зборник на повеќе свети книги. Се дели на два дела:
Стар и Нов завет. Стаиот завет се смета за света книга на Евреите,
додека христијаните ги сметаат и Стариот и Новиот како свети.
Христијаните ја изучуваат Библијата како нивна нормативна
книга, која дава насоки за животот. Библијата е исто така и
најпродаваната книга на сите времиња (5 милијарди продадени).
Библијата имала вкупно 40 писатели. Прв писател бил Мојсеј кој
ја пишувал од 1445 – 1405 п.н.е., а последен писател на Библијата
бил апостолот Јован, кој ја пишувал од 94 – 94 год. н.е.
Ширење на христијанството
• Ширење на христијанството во Африка
- Христијанството се појавило во Африка во 50 год. н.е.
Христијанството во Африка најпрво пристигнало во Египет. Потоа
во регионот околу Картагина кон крајот на II век, а во IV век
Аскумитксата империја (денешна Еритреја и Етиопија) била една
од првите региони во светот да го признае христијанството како
официјална религија. Но поради исламските освојувања во овие
региони, христијаните од северна Африка станале муслимани
поради големиот број на даноци за христијани. Затоа денес во
овие региони има голем број на муслимани.
• Ширење на христијанството во Европа
- Христијанството на Европскиот континент пристигнал во
регионот на Македонија, поточно во Кавала и Филипи, околу 50
год. н.е. Човекот кој го донел христијанството во Европа бил
Апостолот Павле (Св. Павле). Се верува дека додека Св. Павле
сонувал, некој непознат човек го помолил него да дојде во
Македонија и да го шири христијанството. Прва која го примила
христијанството во Европа била жена по име ,,Лидија“, позната
како ,,Лидија Македонка“. Од таму христијанството продолжило
во Европа. Римското царство било прво во Европа да го прими
христијанството како државна религија во 380 год. н.е. Процесот
на христијанизација на Европа завршил со христијанизацијата на
Балтичките држави во XV век.
Православие
Православие (Ортодокција) е христијанско верско ученје. Тоа е второ
најголемо по католицизмот. Православните христијани веруваат во светата
троица: Отецот, Синот и Светиот дух, како и мајка Богородица. Поради тоа,
тие се крстат со три прсти.
Дел од православните верници го почитуваат и слават верски празници
според јулискиот календар (црквите во Русија, Ерусалим, Македонија,
Србија, Украина, Белорусија и Грузија), додека други ги слават верските
празници според реформираниот јулиски календар (Бугарија, Романија,
Грција, Албанија, Чешка, Словачка, Полска и др.) Најбројни се православните
христијани во државите од поранешна Југославија (Македонија, Србија,
Црна Гора), во поранешниот СССР (Русија, Украина, Белорусија, Ерменија и
Грузија), исто така во Бугарија, Романија, Молдавија, Албанија и др.
Католицизам
Католицизам или Римокатолицизам е најбројно христијанско верско
учење во светот. Католичката црква се смета себеси како
продолжувач на првобитната црква основана од Исус Христос.
Католицизмот се родил со поделбата на Римокатоличката и
Источната – православна како две посебни во 1054 год. н.е.
Разликата кај двете цркви е во традициите, богослужбата и начинот
на крстење. За разлика од православните христијани, католичките се
крстат со две прсти наместо три. Седиште на римокатоличката црква
(Католичката црква) е во Ватикан, а патријарх е папата (папата
Францис). Католиците се најбројни во западно – европските и
средно – европските земји, потоа во Северна Америка, Филипините,
Бразил, Хрватска, Словенија итн.
Поважни празници
• Божиќ
Божиќ е втор најголем христијански празник по
Велигден. На Божиќ христијаните го слават
раѓањето на Исус Христос. Католиците (католичките
цркви) според грегорианскиот календар го слават
на 25 декември, додека правосланите христијани
(православните цркви) според јулијанскиот
календар го слават на 7 јануари до 2100 год., потоа
до 2200 на 8 јануари, а до 2300 на 9ти итн.
Со вечерата пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости.
Во црковната и народната традиција во предвечерието на
Рождеството се пејат песни наречени каланди, кои имаат елементи
од византиската и македонската традиција.
• Велигден
Велиден или Восресение христово е најголем и најважен хрстијански
празник. На Велигден христијаните го слават воскресувањето на Исус
Христос. Се верува дека по 3 дена од неговата смрт тој воскреснал. Затоа
христијаните на тој ден се поздравуваат со ,,Христос воскресна“, на што се
одговара ,,Навистина воскресна“.
Христијаните се подготвуваат за Велигден со ,,Великите пости“. По петтата
недела од започнувањето на великите пости, доаѓа Цветната недела која
завршува со Лазарова сабота. Овој ден го означува завршувањето на
великите пости.
На велики четврток се вапцуваат првите три јајца. Посветени на Бога,
домаќинот на куќата и на среќата. Потоа на велики петок е строгиот пост.
Правилниот пост е само да се пијат вода и течности. На сабота кога Исус
умрел, се кружи околу црква, по што се кршат вапцаните јајца. Потоа на
недела се мрси, затоа што на тој ден Исус воскреснал.
• Други христијански празници (дванаесет големи празници)
 Рождество на Пресвета Богородица - 21 септември
 Воведување во Храмот на Пресвета Богородица
 Благовештение на Богородица - 7 април
 Рождество Христово (Божиќ) - 7 јануари
 Сретение Христово - 15 февруари
 Крштевање Христово (Водици)- 19 јануари
 Преображение Христово - 19 август
 Влегување во Ерусалим (Цветници)
 Вознесение Христово (Спасовден) - четврток, 40 дена по Велигден
 Слегување на Св. Дух (Духовден) - недела, 10 дена по Спасовден
 Успение на Пресвета Богородица - 28 август
 Воздвижение на Чесниот Крст
Центри на христијанството
•Православие
Афтоќефални православни цркви се:
•Македонска православна црква
•Цариградска патријаршија
•Александриска патријаршија
•Антиохиска патријаршија
•Ерусалимска патријаршија
•Руска православна црква
•Српска православна црква
•Грузиска православна црква
•Романска православна Црква
•Бугарска православна црква
•...
• Католицизам
 Центар на католичката црква се наоѓа во Ватикан. Врз сите
католички цркви владее папата (папата Францис).
Познати цркви, манастири и катедрали
• Православни:
- Св. Пантелејмон, с. Горно Нерези, Скопје - Македонија
- Марков манастир, Македонија
- Храм на Христос спасителот, Москва – Русија
- Св. Сава, Белград – Србија
- Катедрала Преображение, Одеса – Украина
- Св. Јован, Охрид – Македонија
- Св. Благовештение, Тинос – Грција
- ...
Св. Пантелејмон Марков манастир
Св. Јован

Катедрала Преображение

Св. Благовештение
• Католички:
- Нотр Дам де Париз, Париз – Франција
- Миланската катедрала, Милано – Италија
- Катедрала Санта Марија дел Фиоре, Фиренца – Италија
- Келнска катедрала, Келн – Германија
- Катедрала Св. Патрик, Нју Јорк – САД
- Базиликата Св. Марко, Венеција – Италија
- Црквата на светиот гроб, Ерусалем – Израел
- ...
Нотр Дам де Париз Миланска катедрала
Св. Патрик

Црква на светиот гроб


Други гранки на христијанството
• Баптиство
• Протестантство
• Англиканство
• Методиство
• Лутеранство
КРАЈ

You might also like