You are on page 1of 4

1. Што е екскреција?

- Системот за излачување, кои служи за отстранување


на вишокот вода од телото, заедно со штетните материи (отпадните
продукти од метаболизмот).Всушност непотребните материи се
исфрлаат на следните начини:
 преку кожата во облик на пот
 преку белите дробови во облик на водена пареа заедно со издишаниот
воздух
 преку цревниот тракт заедно со изметот
 преку бубрезите, во облик на моч секојдневно се исфлраат 1 до 1,5
литар моч

2. Кои органски системи и органи учевствуваат во екскрекцијата? -


Учевствуваат: бубрезите кои излачуваат вода, уреа, соли и други
супстанци;кожата која излачува вода, мала количина уреа и соли;бели
дробови кои излачуваат јаглероден диоксид и вода; тенко црево кое
излачува мала количина вода и целулоза.

3. При кои реакции се продуцираат уреата и урската киселина? - Уреата се


продуцира со протеинска размена, се создава од две молекули на
амоникај и една на јаглерод диоксид. Урската киселина е краен
метаболички продукт при размена на нуклеинските киселини.

4. Набројте ги структурните делови на бубрегот? - Бубрегот е изграден од:


БУБРЕЖНА КАПСУЛА, БУБРЕЖНА КОРА, БУБРЕЖНА СРЦЕВИНА,
БУБРЕЖНО ЛЕГЕНЧЕ.

5. Наведете ги деловите од екскреторниот систем кај човекот? - Во


градбата на екскретониот систем кај човекот влегуваат:
бубрезите,мочоводи, мочен меур и мочен канал.

6. Од кои делови е составен нефронот? - Нефронот е основна структурна и


функционална единица на бубрезите, која учевствува во формирањето
на урината. Тој е изграден од:
 Бовманова капсула
 Гломерул
 Одводна артериола
 Доводна артериола
 Бубрежна артерија
 Бубрежна вена
 Капиларна мреѓа
 Собирно каналче
 Капиларна мрежа
 Дистално каналче
 Проксимално каналче
 Хенлеово стеснување
7. Каде се одвиваат процесите: гломеруларна филтрација, тубуларна
реапсорпција и секреција и во што се состојат тие? -
 Гломеруларна филтрација се одвива во МАЛПИГИЕВОТО
ТЕЛЦЕ (филтрирање на содржината на крвта, низ ѕидот на
артериските капилари на гломерулот, под дејство на крвниот
притисок. Со тоа голем број од азотни непотрбни соединенија,
вода гликоза и др. преминуваат во просторот од Бовмановата
капсула. Квните клетки и големите молекули се задржуваат во
крвните капилари. Течноста која поминува е наречена ПРИМАРНА
УРИНА.
 Тубуларна реапсорпција се одвива во цевчињата, а не кај
гломерулот. Најголем дел кои се содржат во примарната урина се
реапсорбираат по должината на проксималното бубрежно
каналче. Во венската капиларна мрежа се реапсорбираат:
АМИНОКИСЕЛИНИ,ГЛИКОЗА,НАТРИУМ, ХЛОР,БИКАРБОНАТИ и
др. Додека пак вишокот се отстранува во примарната урина. По
должината на целото бубрежно каналче продолжува реапсорпција
на јоните и електролоитите кои му требаат на организмот. 99% од
водата се реапсорбира во различни делови на бубрежното
каналче. Па вака се прави концентрација на примарната урина,
која се формира во конечна урина.
 Тубуларна секреција - формирање на секундарна урина. Овој
процес е обратен од реапсорпцијата. Подразбира активна
секреција на нормалните состојки на урината, од околното
бубрежно ткиво во бубрежното каналче. На ист начин се
секретираат и молекули кои тешко поминуваат низ
гломеруларната мембрана. Во дисталните бубрежни каналчиња се
овозможува дополнителна реапсорпција на вода или јони во крвта.

8. Наведете неколку материи кои се реапсорбираат по должина на


бубрежните каналчиња? - Вода, аминокислени, глукоза, натриум хлорид,
бикарбонати и др.

9. Каде се формира примарната и секундарната урина, и кои се разликите


меѓу нив? -

 ПРИМАРНА - Нефронот е изграден од топчест и цевчест дел, кој


се надоврзува на собирно каналче од пирамидите. Топчестиот дел
кој се вика ГЛОМЕРУЛ, е обвиен со капсула од сврзно ткиво,
наречена Бомванова капсула. Во овој топчест дел се врши
филтрација на крвта. Од топчестиот дел, гломерулот продолжува
во цевчест дел, во кој патува филтратот кој во себе покрај
непотребни материи содржи и потребни материи, при што се
нарекува примарна моч.
 СЕКУНДАРНА - Од примарната моч, корисните материи
преминуваат преку мембраната на цевчестиот дел од нефронот, а
непотребните материи се враќаат во цевчестиот дел на нефронот.
Овој процес се вика реапсорпција,со што се добива СЕКУНДАРНА
или конечна моч. Таа се упатува во собирното каналче, собирните
каналчиња ги градат бубрежните пирамиди. Од таму мочта оди во
чашките на бубрежнотот каналче, а од легенчето оди во
мочоводите, мочен меур и преку мочен канал се исфрлува.
 РАЗЛИКИ: имаат разлики во однос на некои компоненти кои се
поконцентрирани, како на пример, уреа, мочна киселина,јони на
К,NH4,Ca,Cl.

10. Набројте ги структурите низ кои поминува и се собира формираната


урина? - како и претходните прашања.

11. Кои се основните функции на кожата и како таа учевствува во


терморегулацијата? - Кожата учевствува во екскрецијата на водата,
уреата и солите. Но сепак има и други важни функции како на пример,
заштита на внатрешниот дел на телото од физ. и хем. влијанија; штити
од губење на вода; лачи масти; заштита од ултравилетовите зрачења и
др. Терморегулаторна улога на кожата се остварува преку
ВАЗОМОТОРИКА(ширење и стегање) на крвните садови. Во ладни
денови кожата го заштитува телото од губење на топлина со стеснување
на површинските крвни садови. Во топли денови, садовите се
прошируваат, со што се зголемува зрачењето топлина од телото. Па
така се штити телото од прекумерно загревање.

12. По што се разликува термолизата од термогенезата? - При промена на


температурата во надворешната средина, секој организам, ја одржува
константна внатрешната температура, со воспоставување на рамнотежа
меѓу оддавање и создавање.
ТЕРМОЛИЗА - ОДДАВАЊЕ во услови на зголемена надворешна
температура се активираат механизмите за оддавање топлина.
Физичка терморегулација
ТЕРМОГЕНЕЗА - СОЗДАВАЊЕ во услови на намалена надворешна
температура се активираат механизми за создавање топлина.
Хемиска терморегулација.
Сето ова се остварува со промена на интензитетот на
метаболичките процеси во клетката.

13. Кои се основните механизми за борба против студ? - Механизмите за


заштита од студ се: зголемена продукција на топлина ( се остварува со
дејство на хормоните ТИРОКСИН и АДРЕНАЛИН;засилена активност на
скелетните мускули и ослободување на топлина од некој внатрешни
органи ( црн дроб, бубрези, срце, бели дробови).

14. Како организмот се заштитува од хипертермија? - Постојат повеќе


принципи, кои користат при превенција од хипертермија, како на пример:
 Радијација или зрачење
 Евапорација или испарување
 Конвекција или струење на воздухот
 Кондукција или спроведување на предмети
Радијација ,евапорација и конвенкција се основни начини на одавање топлина.

15. Објаснете каква е улогата на тироксинот и адреналинот во


терморегулцијата? - Тироксинот и адреналинот се вклучени во
хемиската терморегулација. Тироксинот влијае врз општиот
метаболизам на органските материи во клетките и ослободување на
енергија. Адреналинот ја поттикнува мобилизацијата на гликогенот од
црниот дроб, а со тоа врши дотур на гликоза за оксидација во клетките.

You might also like