You are on page 1of 2

Џордано Бруно

Италијанскиот филозоф Џордано Бруно, живеел кон крајот на


ренесансата и почетокот на развиениот Нов Век и е познат како
значаен мислител од ова време. Неговите идеи имаат трајна важност
и денес, особено во областа на антропологијата и космизмот.

Џордано Бруно е роден во близината на Неапол. Учел кај


Доминиканците и станал (свештеник)монах. Студирал античка.
арапска и сколастичка филозофија, но бил под влијание на идеите на
Коперник (хелиоцентричкиот систем на Коперник) И покрај неговите
важни придонеси, Бруно бил обвинет за ерес на млада возраст
бидејќи искажувал забелешки за незнаењето на свештениците па на
27 год побегнал од неговиот манастир. Талкал низ северна Италија,
Швајцарија и Франција, а во Париз се здобил со слава како предавач.
Подоцна бил уапсен од рисмката инквизицијата и мачен седум години
за да се откаже од свое учење. Инквизицијата го осудила на смрт,
бидејќи учел дека вселената е бесконечна и дека има многу светови.
( Ѕвездениот простор е бесконечен). Бруно останал цврст во своите
верувања и кога му ја кажале пресудата им рекол дека ја искажуваат
со поголем страв отколку што он ја слушал. На 17 февруари 1600
година Бруно е жив запален на Цветниот плоштад во Рим.

Најпознатите дела на Бруно се : За причината, за принципот и за


едното".. За бесконечноста на вселената и световите“ и „За монадата,
за бројот и за фигурите", меѓу другите.
Бруно не ги презентирал своите ставови систематски, туку во поетски
стил

Неговата филозофија

Џордано Бруно разликува три сознанија Сетилното Разумското


сознание според логиката за да се дојде до вистината Највисоко ниво
на сознание Интуицијата која ја создава нашата реалност.

Тој верувал дека светот е вечен, бесконечен и еден и дека суштината


на аветот е Бог или природата. Според пантеистичко гледиште на
Бруно, Бог не е надвор од природата, туку божествената моќ што се
манифестира во сите нешта но сепак во сите нешта е присутно
бесконечното и вечно Едно.
Тоа е пантеизмот на Бруно во сите нешта престојува Бог со својата
моќ Светската душа ја води целата материја, и е составен дел на се
Светот е совршен затоа што Бог е присутен во секој негов дел, а
суштината на ставовите на Бруно е универзалната врска помеѓу се.
Целата вселена е жив организам, а од неговата душа го проникнува.
Светот е совршена хармонија, а индивидуалните несовршености се
губат во него, што го прави навистина убав.

"Човекот е микрокосмос во макрокосмос". Човекот може да ја осознае


целината и искреноста на затоа што и самиот е дел од него и е
бесконечно битие( се што има во универзумот го има и во нас). Светот
е убав и совршен, а неговата целина е претставена со единството на
макрокосмосот( целиот свет) и микрокосмосот( секое тело, секое
нешто ), каде она што е во едниот е присутно и во Другиот. Она што е
во минимумот (најмалечкото) тоа е и во максимумот (најголемото,
сеопфатното).

Монади

Светот е бескраен во просторот, а се состои од најситни делчиња


монади (атоми како центри на силите). Монадата е и материјална и -
духовна, таа е единство на материјата и ФОРМАТА. Најсовршената и
најразвиена монада е Бог којшто му дава живот на сè, оживотворува
сè. Според Џордано Бруно, секоја монада е огледало на бесконечниот
свет кој нема крај на неговиот развој.

Целата вселена е жив организам, а од неговата душа го проникнува


Светот е совршена хармонија, а индивидуалните несовршености се
губат во него, што го прави навистина убав.

космизам-учи дека сето постоење треба да го разбереме како


универзална целина. Човекот полека се движи од темнина кон
Светлина, освојува позиции во светот. Тоа го прави само ако е творец.
работник homo faber. Cè што е создадено, за живеење и како
цивилизација, е дело на творештвото на човекот. Тоа значи победа на
Светлината над темнината на науката над незнаењето, на трудењето
над неактивноста. Иако човекот не е центар на вселената, тој има
своја вредност и животна смисла. Според Бруно, тн. "златна епоха" на
човештвото не е во минатото, туку во иднината. Човекот треба само
да го следи борбениот принцип на својата творечка храброст.

You might also like