You are on page 1of 2

Проблеми и правци во Филозофијата

Во историјата на филозофијата се појавиле и поставиле голрм број на проблеми и правци


и во зависност на дадените одговори ги разликуваме следните правци

ОНТОЛОГИЈА

На прашањето Од што настанал светот? Разликуваме

1. МАТЕРИЈАЛИЗАМ- е филозофски правец според кој светот настанал од материја


која е прва, примарна и одредувачка. Во однос на ова ги разликуваме седните
правци

а) Антички материјализам- се јавува кај првите грчки филозофи кои материјата од која
настанал светот е одреден квалитет - вода, воздух, оган, земја.

б)Метафизички материјализам- материјата од која настанал светот е вечна,


непроменлива, дадена еднаш и засекогаш

в) Механички материјализам-се појавил во 17-18 ти век под влијание на механиката


според кој светот кој настанал од материја се движи според законите на механиката.
Тоа движење е просто и неразвојно, движење во круг при што се менува квантитетот ,
но не и квалитетот.

г)Дијалектички материјализам-светот кој е настанат од материја е во постојано


движење и менување, од пониско кон повисоко, од попросто кон посложено, при што
се менува квантитетот и квалитетот.

2. ИДЕАЛИЗАМ - е филозофски правец според кој светот настанал од нешто


нематеријално, идеја, дух, бог, мисла. Тука разликуваме

а)Објективен идеализам - светот настанал од идеја која постои надвор и независно од


цовекот и неговото мислење

б)Субјективен идеализам - светот е наша претстава, се што постои е збир на нашите


осети и за да нешто постои мора да биде перцепирано.

На прашањето Од колку елементи настанал светот? разликуваме

1. МОНИЗАМ- светот настанал од еден елемент, материја или идеја


2. ДУАЛИЗАМ- светот настанал од два подеднакво важни елементи материја и идеја
3. ПЛУРАЛИЗАМ- светот настанал од повеќе елементи (вода,воздух,оган,
земја)претставник Емпедокле
ГНОСЕОЛОГИЈА

На прашањето Дали човекот може да го осознае светот? Разликуваме

1. ДОКМАТИЗАМ - човекот може да го осознае светот целосно, еднаш и засекогаш


2. АГНОСТИЦИЗАМ - човекот може да ја осознае само надворешната страна на светот,
а внатрешната останува несознаена
3. СКЕПТИЦИЗАМ-(скепса-сомневање) претставниците се сомневаат во способноста
на човекот да го осознае светот т.е. се сомневаат во моќта на разумот да ја откие
вистината на светот. Затоа се воздржуваат од давање на било какви одговори и
најчесто одговараат ,, можеби е така, изгледа, ми се чини ....

На прашањето Кој е изворот на човечкото сознание? разликуваме:

1. СЕНЗУАЛИЗАМ- изворот на човечкото сознание се сетилата


2. РАЦИОНАЛИЗАМ- изворот е во разумот
3. ЕМПИРИЗАМ – изворот е во искуството
4. ИРАЦИОНАЛИЗАМ-изворот се бара надвор од разумот,
а)Волунтаризам- во волјата
б)Сентиментализам- во чувствата, емоциите

ЕТИКА

1. ЕГОИЗАМ – љубов кон себе си АЛТРУИЗАМ – љубов кон другите


2. ИНДИВИДУАЛИЗАМ - КОЛЕКТИВИЗАМ
3. ХЕДОНИЗАМ – доброто се бара во задоволството
4. УТИЛИТАЛИЗАМ- доброто се бара во корисното
5. ЕВДАЈМОНИЗАМ – доброто се бара во блаженството

You might also like