You are on page 1of 9

СОУ,,Јане Сандански’’-Штип

Проектна активност по предметот биологија


Тема: Регулаторен систем (нервен и ендокрин)

Нервен систем ендокрин систем

Изработила: Професор:
Мартина Гичева Лидија Јордева

Смер:физиотерапевтски техничар

Клас: III-7

учебна 2013/2014 год.


Кај човекот нервниот и ендокриниот систем се регулатори на
процесите во организамот. Тие вршат детекција на информациите, ја
регистрираат секоја промена што потекнува од внатрешната и
надворешната средина и соодветно реагираат на неа. Одговорни се
за усогласување на функциите на сите клетки во телото. Со тоа
учествуваат во воспоставување на хомеостазата во организамот.

Ендокриниот систен главно е поврзан со регулацијата на


метаболичките процеси.

Нервниот систем ги регулира функциите кои овозможуваат брзо


приспособување на организамот кон новонастанатите промени.

Нервен систем

Градба:

Нервниот систем е изграден од централен и периферен дел.


1.Централниот нервен систем се состои од ‘рбетен и черепен мозок .
2.Периферниот нервен систем го сочинуваат: сите нерви кои носат
нервни импулси од органите до черепниот или ‘рбетниот мозок и
ганглиите. Тој е поделен на:
а) цереброспинален дел, кој опфаќа 12 пара главни (мозочни) нерви и
31 пар ‘рбетни (спинални) нерви.
б) вегетативен дел, изграден од вегетативни ганглии и нерви .Се
состои од: симпатичен и парасимпатичен дел.
Нервна клетка (neuron)

Нервните клетки се основни единици во градбата на нервниот систем.


Постојат 3 типа нервни клетки:
1.Сензитивни неврони, пренесуваат нервен импулс од рецепторните
клетки до ‘рбетниот или черепниот мозок.
2.Интерневрони, пренесуваат нервни импулси од ‘рбетниот до
черепниот мозок и спротивно.
3.Моторни неврони, пренесуваат нервни импулси од ‘рбетниот и
черепниот мозок до ефекторните органи.

Нервниот систем остварува врска меѓу надворешната и


внатрешната средина преку приемниците на нервни дразби
(рецептори).Рецепторите претставуваат влез на информации во
нервниот систем.
Тие можат да бидат слободни нервни завршетоци, специјализирани
нервни клетки за прием на точно определени дразби, или да се
групирани со други ткива формирајки сетилни органи (око, уво..).
Физиологот Иван Павлов сите нервни клетки кои учествуваат во
примањето и спроведувањето на нервните стимулацуии, заедно со
нервните клетки кои учествуваат во обработка на дразбата во
мозочната комора, ги дефинирал како анализатор .

Според тоа анализаторот се состои од: рецептор, сензитивен нерв и


нервен центар
Рецепторите во зависност од видот на стимулацијата која ја примаат
може да бидат: хеморецептори, механорецептори, терморецептори
и фоторецептори.

Спроводни нервни патишта

Спроводните нервни патишта влегуваат во градбата на периферниот


нервен систем. Тој се состои од соматски или цереброспинален
нервен систем и од вегетативен или автономен нервен систем.
Нервот е изграден од повеќе аксони кои се обвиткани со заедничка
сврзна обвивка. Разликуваме:
- сензитивни нерви, кои ги поврзуваат рецепторите со нервните
центри во ‘рбетниот или черепниот мозок. Тие на излез од ‘рбетниот
мозок формираат сенситивен, качувачки (аферентен) нервен пат.
- моторни нерви, кои ги поврзуваат нервните центри со ефекторите и
го формираат моторниот слегувачки (еферентен) нервен пат.
- мешовити нерви, кои се изградени и од сензитивни и од моторни
нервни влакна.

Аферентниот нервен пат го пренесува нервниот импулс од


рецепторите, преку сензитивните нерви до задниот корен од сивата
маса на ‘рбетниот мозок, од каде преку продолжениот мозок и мостот
на Вароли се пренесува во средниот, малиот мозок и во
ретикуларната формација на меѓумозокот. Од тука, аферентниот
нервен пат продолжува во кората на големиот мозок до примарните
нервни центри.

Еферентните патишта поаѓаат од нервните центри во кората на


големиот мозок, ја поврзуваат со супкортикалните јадра, потоа
минуваат низ ретикуларната формација и преку продолжениот мозок
се спуштаат до ‘рбетниот мозок.

Нервен центар

Нервниот центар се дефинира како збир од повеќе неврони кои


учествуваат во остварување на некоја определена рефлексна
активност.

Централниот нервен систем е претставен со ‘рбетен мозок


(medulla spinalis) и черепен мозок (cerebrum).
‘Рбетниот мозок се протега долж грбната страна на телото и го
поврзува черепниот мозок со остатокот од телото. Кај ‘рбетниците,
‘рбетниот мозок е опкружен со ‘рбетот.
Сивата маса на ‘рбетниот мозок се состои највеќе од невроцити и
дендрити, додека околната бела маса се состои од аксони групирани
во ганглии. ‘Рбетниот мозок учествува во рефлексните функции во кои
не е задолжително вмешан и черепниот мозок.
Во черепниот мозок белата маса е распоредена во централниод
дел, а сивата маса во периферниот дел е претставена со мозочна
кора и супкортикални јадра.

Продолжениот мозок (medulla oblongata) се надоврзува на


‘рбетниот мозк за кој се карактеристични две задебелување-
пирамиди.Во нив доаѓа до вкрстување на моторните нервни патишта.
Од него поаѓаат главни нерви .На предниот дел се надоврзува мостот
на Вароли (pons Varollii).

Малиот мозок (cerebellum) содржи две хемисфери меѓу кој се наоѓа


црвовиден израсток (vermis) .Сивата маса е периферно поставена, а
белата маса внатре формира структура во форма на стебло.

Средниот мозок (мesencephalon) содржи: четири задебелувања 2


видни и 2 слушни, црна супстанција и централно поставено црвено
јадро.

Во меѓумозокот (diencephalon) сивата маса формира јадра кои го


сочинуваат таламусот во базалниот дел-hypothalamus.
Хипоталамусот преку нервно-хипофизарната дршка се поврзува со
ендокрината жлезда –хипофизата.Над него е расположен
епиталамусот. Функциите на продолжениот мозок се под директна
контрола на кората наголемиот мозок и супкортикалните јадра.

Големиот мозок (telencephalon) се состои од две хемисфери кои


меѓу себе се поврзани со мозочна греда.Во него се лоцирани првата и
втората мозочна комора.
Синапса

Синапсата претставува функционална врска меѓу две надразливи


клетки чии цитоплазми градат електрогени (електросоздавачки)
мембрани.

Според локализацијата во организмот синапсите се делат на


централни и периферни. Функцијата на централните синапси се
состои во создавање на врски меѓу нервните клетки во централниот
нервен систем. Синапсите се наоѓаат во сивата маса на централниот
нервен систем.

Централните синапси се делат на:


аксо - соматски синапси остваруваат контакт меѓу телото на едната
нервна клетка со аксонот од другата нервна клетка;
аксо - дендритиски синапси ги поврзуваат аксоните со дендрити од
невронот;
аксо - аксонски синапси создаваат врска меѓу аксоните на нервните
клетки.

Многубројните врски меѓу невроните што се остваруваат преку


централните синапси овозможуваат сложена координација и
интеграција на рефлексната активност на организмот.

Постојат два вида периферни синапси - мионеврални и


невроепитеријални. Мионевралните синапси или моторните плочи
претставуваат формации во кои се остварува функционална врска
меѓу аксонот од моторниот неврон и мускулното влакно. Преку
невроепитеријалните синапси се врши регулација на работата на
жлездените ткива во организмот.
Во мионевралните синапси постојат три основни структури:
пресинаптичка мембрана, синаптичка пукнатина и постсинаптичка
мембрана.

Ефектори

Ефекторите се последното ниво во регулацијата на нервниот систем.


Претставени се со мускули и жлезди. Мускулите се состојат од
напречно-пругаво, мазно и срцево мускулно ткиво.Тие се органи
кои ја извршуваат наредбата која доаѓа од нервниот центар.

Во контракцијата на сите три типа мускули се разликуваат три


периода:
1.латентен период кој трае од моментот на примање на дразбата до
почетокот на мускулната контракција
2.период на мускулна контракција и
3.период на релаксација или опуштање на мускулот.
Вегетативен нервен систем

Вегетативниот (автономен) нервен систем се појавил многу рано во


текот на еволуцијата. Составен е од централен дел, формиран од
јадра и нервни влакна, сместени во централниот нервен систем, и
периферен дел, формиран од ганглии и нерви кои спаѓаат во
периферниот нервен систем. Градбата на вегетативниот нервен
систем е слична кај сите ‘рбетници (вклучувајќи го и човекот). Тој ги
инервира внатрешните органи, ѕидовите на крвните садови и
жлездите.

Вегетативниот нервен систем е поделен на симпатичен и


парасимпатичен систем. Центрите на симпатичниот дел се сместени
во вратниот, градниот и слабинскиот регион од ‘рбетниот мозок.
Повеќето органи се инервираат двојно, односно со нервни влакна ѝ од
симпатичниот, ѝ од парасимпатичниот дел, кои имаат антагонистичко
дејство. На пример, симпатикусот ја забрзува работата на срцето,
додека парасимпатикусот ја кочи и забавува неговата работа, или
парасимпатикусот ја стимулира перисталтиката на цревата, додека
симпатикусот ја забавува.

You might also like