You are on page 1of 3

ПРАШАЊА –БРАНОВИ –трет дел

1.Какви бранови се електромагнетните бранови?


ЕМБ се трансферзални бранови во кои векторот на електричното поле осцилира нормално на векторот на
магнетното поле. За нивното простирање не е потртебна материјална средина и затоа тие се шират и во вакум.

2.Како се создаваат ЕМБ?


Со отворен осцилаторен круг- антена.
Услов за создавање на ЕМБ е постоење на забрзани електрони т.е движење на полнежи со постојана
промена на брзината.

3.Да се набројат некои својства на ЕМБ?


-ЕМБ се рефлектираат од спроводници ,а се простираат во диелектрици. За нив важат појавите на интерференција
и дифракција. -Брзина на ЕМБ во вакум 3∙ 108 m/s. исто како и светлината. Во друга средина се простираат со
помала брзина дадена со равенката V=c/n , каде n e индекс на прекршување на средината.

4. Спектарот на електромагнетното зрачење се состои од 7 видови на зрачење. Наброј ги!Која е нивната примена
*радиобраново (радио и телевизиски пренос)
*микробраново(микробранови печки, радар,мобилни телефони, бежичен интернет)
*инфрацрвено –топлинско (инфрацрвена фотографија и терапија)
*видлива светлина
*ултравиолетово- хемиско( предизвикува хемиски реакции , се користи за стерилизација и идентификација на
фуоресцентни материјали)
*х-зрачење или Рентгенско зрачење-(се користи за дијагностика и лечење на малигни заболувања.
*Гама зрачење-(се користи за отстранување на малгните клетки.)

5. Што претставува корпускуларната теорија на светлината ? Кои појави се објаснале со неа?


Според неа светлината е рој од честички – корпускули(топчиња) светлина.
Докажани се појавите на рефлексија и прекршување на светлината.

6.Што претставува брановата теорија на светлината ? Кои појави се објаснале со неа?


Спред неа светлината e бран кој се шири низ етерот.
Потврдена со откритието на интерференцијата и дифракцијата на светлината.

7.Што претставува електромагнетната теорија на светлината ? Кои појави се објаснале со неа?


Според неа светлината е електромагнетен бран. Потврдена со дисперзијата на светлината и светлинскиот притисок

8.Која е денешната претстава за природата на светлината. Објасни!


-корпускуларно-бранова теорија ( Ајнштајн)- светлината има дуална природа. Во некои случаи се однесува како
рој на корпускули ,а во некои случаи како електромагнетен бран. Докажани сите појави на светлината

9.Зошто природната светлина е неполаризирана?


Ако се набљудува светлинскиот зрак во рамнина нормална на ширење на бранот , тогаш ќе се види дека векторот

Е осцилира во сите можни правци ( голем број на атоми кои сосема независно и во сосема случајни рамнини
емитираат бранови

10.Што е линиски поларизирана светлина?Кои начини се користат за поларизирање на светлината?


Ако на било кој начин се постигне светлинскиот зрак да осцилира само во една рамнина тогаш ваквата светлина е
линиски поларизирана. Та се прави со поминување на светлината низ кристали како турмалинот и при рефлексијас
на светлината под Брустеров агол

11.Што е дисперзија на светлината?


Зависноста на индексот на прекршување на светлината од нејзината боја (нејзината бранова должина ) се вика
дисперзија на светлината.

12.Како се добива спектар со призма? Објасни зошто се добива?


Ако на патот на бела светлина поставиме призма , тогаш призмата ја разложува светлината на спектар. Тоа е така
затоа што секоја боја од светлината т.е секоја бранова должина има различен индекс на прекршување. Најмногу
се прекршува-отклонува виолетовата боја ,а најмалку црвената
13. Од што зависи бојата на телата?
Бојата на телата зависи од фреквенциите на светлината што телото ги рефлектира.
Бојата на телата кои пропуштаат светлина зависи од фреквенцијата на светлината што тие ја пропуштаат

14.Што се спектри?Какви спектри постојат?


Апаратите со кои се добиваат спектри се викаат спектрометри
Кај спектрометрите како дисперзен елемент се користат призми или дифракциони решетки

15.Кој спектар е емисионен ,а кој апсорпционен? Која е разликата меѓу нив? Како се добиваат?
Спектрите кои се добиваат со разложување на светлината добиена од загреани или озрачени супстанции со
електромагнетно зрачење се викаат емисиони спектри. Емисионите спектри можат да бидат: линиски-атомски,
лентести-молекулски и континуирани.Апсорпционен спектар е се добива од ладни супстанции низ кои поминува
бела светлина. Во апсорпциониот спектар има темни линии кои одговараат на брановите должини што ги
апсорбирала супстанцата низ која претходно поминала светлината. Апсорпционите спектри можат да бидат
лински (атомски) и лентести (молекулски).

16.Зошто се користат спектрите?


Откривање на составот на даден материјал
Откривање на просувство на даден елемент во сложен материјал кога масата на тој елемент е 10-10g
Определување на чистотата на супстанциите
Определување на количинскиот износ на хемиските елементи во супстанцијата

17.Што е рамно огледало?Каков е ликот кај рамното огледало?


Рамна мазна површина која најголемиот дел од светлината што паѓа на неа ја рефлектира. Ликот е исправен,
имагинарен и ист по големина со оглдална симетрија( левото кајпредметот е десно кај ликот)

18.Што е сферно огледало? Какво може да биде?


Сферни огледала се делови од сферни површини кои ги рефлектираат светлинските зраци. Според обликот на
површината од која се одбиваат зраците огледалата се конкавни ( вдлабнати) и конвексни ( испакнати)

19.Што е фокус кај сферно огледало?


Фокус – точка во која се сечат рефлектираните зраци од паралелниот сноп зраци кои пашаат паралелно со главната
оптичка оска.
Кај сферните огледала фокусот е половина од растојанието меѓу оптичкиот центар и темето.

20. Кој се карактеристичните зраци кај сферното огледало?


зракот кој е паралелен со главната оптичка оска по рефлексијата од огледалото поминува низ фокусот
-зракот кој поминува низ фокусот по рефлексијата од огледалото е паралелен со главната оптичка оска
-зракот кој минува низ оптичкиот центар на огледалото по рефлексијата се враќа по истиот пат
-зракот кој паѓа на темето на огледалото се рефлектира под истиот агол

21.Што е леќа?
Оптички леќи се хомогени проѕирни тела со определен индекс на прекршување, ограничени со две сферни
површини или една сферна и една рамна површина.
Оптичките леќи според оптичките својства се делат на: собирни и растурни

22.Кои се карактеристичните зраци за добивање на лик кај леќа?


1.Зракот кој е паралелен со главната оптичка оска по прекршувањето низ леќата поминува низ вториот фокус
2.Зракот кој поминува низ оптичкиот центар не се се прекршува низ леќата
3.Зракот кој минува низ првиот фокус по прекршувањето низ леќата излегува паралелно со оптичката оска

23.Што е линиско зголемување на леќата?


Линеарно зголемување на леќата е количник од диманзиите на ликот и и предметот т.е количник од растојанието
од ликот до леќата и предметот до леќата

24.Запиши ја равенката за леќа и за огледало!


±1/𝑓=1/𝑝±1/𝑙

You might also like