You are on page 1of 2

Прашања и одговори за МАГНЕТИЗАМ за IX одделение

( за период од 10.03 до 24.03.2020 )

1. Какви можат да бидат магнетите според настанувањето?


Природни и вештачки.
2. Какви можат да бидат магнетите сопоред постојаноста?
Привремени и постојани.
3. Од што се изработуваат вештачките магнети и каква форма имаат?
Вештачките магнети се изработуваат од челик со додаток на кобалт и
никел, кои со дополнителна постапка се магнетизираат. Тие имаат форма
на: прачка, потковица, игла и др.
4. Кои магнети ги нарекуваме привремени, а кој постојани?
Материјалите кои по престанување на влијанието на магнетот ги губат
магнетните својства се наречени привремени магнети. Материјалите кои по
престанување на влијанието на магнетот не ги губат магнетните својства се
наречени постојани магнети.
5. Што привлекува магнетот и низ што дејствува магнетната сила?
Магнетот привлекува само железни предмети. Магнетната сила дејствува
низ хартија, стакло, лесонит..., а не дејствува низ лим.
6. Како се наречени краевите на магнетот?
Краевите на магнетот се наречени магнетни полови. Секој магнет има 2
пола: северен (N-обоен црвено) и јужен (S-обоен сино).
7. Што се случува кога кје се доближат 2 магнети со ист пол, а што со
различен?
Ако се доближат со ист пол се одбиваат, а со различен се привлекуваат.
8. Што е магнетно поле и како се нарекуваат линиите со кои се претставува
магнетното поле?
Просторот во кои дејствуваат магнетните сили се нарекува магнетно поле.
Линиите со кои се претставува магнетното поле се нарекуваат магнетни
силови линии.
9. Што докажал Ерстед со неговиот експеримент?
Тој докажал дека околу секој спроводник низ кој тече струја постои магнетно
поле и под дејство на ова поле магнетната игла се завртува.
10. Кое правило се употребува за определување на насоката на свртување на
магнетната игла и како гласи?
За определување на насоката на свртување на магнетната игла се
употребува правилото на испружени прсти на десната рака кое гласи: ако
десната рака се постави над спроводникот, при што прстите се исправени
во насоката во која тече електричната струја, а дланката е свртена кон
спрводникот тогаш палецот ја покажува насоката на свртување на
северниот пол на магнетната игла.
11. Кое правило се употребува за определување на насоката на магнетните
силови линии кај праволиниски спроводник и како гласи?
Се користи амперовото правило на десната рака, кое гласи: ако струјниот
спроводник се фати со десната рака, така што палецт ја покашува насоката
на струјата тогаш свитканите прсти на десната рака ќе ја покажуваат
насоката на силовите линии на магнетното поле.
12. Кое правило се употребува за определување на насоката на магнетните
силови линии кај кружен спроводник и како гласи?
Се користи правилото на десната тупаница кое гласи: ако струјата тече во
насока на свитканите прсти на десната тупаница,тогаш магнетните силови
линии се во насока на палецот.

You might also like