You are on page 1of 2

Магнетно поле-одговори

1.Што е магнетно поле и каде се јавува?

Магнетно поле е просторот во кој дејствуваат магнетните сили. Полето не можеме да го


видиме, но преку неговото дејство врз околните предмети може да го визуелизираме.

2.Што се магнетни силови линии?

Магнетните силови линии се затворени линии, при што насоката на силовата линија е од
север кон југ.

3.Како гласи и со кое правило се определува насоката на магнетното поле околу


праволиниски проводник?

Насоката на магнетното поле околу праволиниски проводник се определува со правилото


свиткани прсти од десната рака. Ако палецот ја покаже насоката на течење на струјата,
тогаш свитканите прсти на десната рака ќе ја покажат насоката на магнетното поле.

4.Со која равенка се определува и зошто се јавува Амперова сила, во кој случај таа има
најголема вредност?

Силата со која магнетното поле дејствува на спроводникот низ кој тече струја се вика
Амперова сила. (Fm=B•I• ℓ• sinα) Најголема вредност има кога ќе ја зголемиме должината
на спроводникот што се наоѓа во магнетното поле.

5.Со која равенка и со кое правило се определува Лоренцова сила?

Лоренцова сила е силата со која магнетното поле дејствува врз полнеж во движење.
Нејзината големина се определува како производ од количеството електричество q,
неговата брзина v, магнетната индукција на полето β и синусот од аголот α помеѓу
брзината и магнетната индукција. (Fl=q•v• β•sinα) Отклонувањето на полнежот е по
Флеминговото правило.

6.Што е магнетна индукција (дефиниција и равенка) и со која единица мерка се мери


(равенка)?
Магнетна индукција е основна карактеристика на магнетното поле. Се определува со
големината на струјата Fm со која магнетното поле му дејствува на проводник со должина
ℓ, кога низ него тече струја со јачина I. (В=Fm/I• ℓ) Единица мерка е Тесла. (1T=1N/1A•1m)

7.Со која равенка се определува и како се дефинира магнетен флукс?

Со магнетен флукс се определува бројот на силови линии што поминуваат нормално на


дадена површина. Магнетен флукс се определува како производ од магнетната индукција
B, плоштината на површината S и косинус од аголот помеѓу магнетната индукција и
нормалата на површината. (Ф=B•S• cosα)

8.Што се домени и кај кои супстанции се создаваат?

Магнетното поле на секој елементарен магнет кај феромагнетиците е толку силно, што
заемно дејствувајќи си еден на друг се подредуваат и на тој начин формираат големи
зони во кои сите елементарни магнети се подредени во една насока. Овие зони се викаат
магнетни домени. Се создаваат кај железо.

9.Дефинирај ја единицата мерка Ампер.

Низ два многу долги и многу тенки паралелни спроводници тече еднаква струја со јачина
од по 1А, ако тие се поставени во вакуум на растојание од 1m и на секој 1m од својата
должина си заедмно дејствуваат со сила од 2•10–7N.

10.Објасни што се случува со два проводника кога низ нив тече струја.

-Два паралелни спроводника низ кои течат струи со исти насоки се привлекуваат.

-Два паралелни спроводника низ кои течат струи со спротивни насоки се одбиваат.

Сара Петрушевска II-5

You might also like