You are on page 1of 6

1.

ПЕРИОДИЧНО ДВИЖЕЊЕ
Деф. 1: Движењето коешто после одредено време се повторува на ист начин, се
вика периодично движење.
Деф. 2: Движењето на телото околу рамнотежната положба се вика осцилаторно движење,
а телата (системите) коишто изведуваат вакво движење се викаат осцилатори.

2. ХАРМОНИСКО ОСЦИЛИРАЊЕ
Ако силата што го враќа телото во рамнотежна положба ја означиме со F, a со x која било
оддалеченост од рамнотежната положба, тогаш:

Осцилирањето го викаме периодично движење затоа што за ист временски интервал се


повторува.

Деф: Осцилирањето кое што се извршува под дејство на сила F = -kx, која што е право
пропорционална на оддалеченоста од рамнотежната положба и секогаш е насочена кон
рамнотежната положба, се вика хармониско осцилирање.

3. КАРАКТЕРИСТИЧНИ ВЕЛИЧИНИ
Оддалеченоста на телото од рамнотежната положба се вика елонгација и се означува со
буквата x

Најголемата oддалеченост од рамнотежната положба се вика амплитуда

Елонгацијата и амплитудата се мерат со единиците за должина

Времето за кое телото прави една осцилација се вика период на осцилирањето (Т) и се


изразува со формулата:

каде n е бројот на осцилации, а t е времето за кое се извршени n-осцилации


Мерна единица за периодот на осцилирањето Т е секунда (s)

Бројот на осцилации во единица време се вика фреквенција или честота (f) и се изразува


со формулата:

ако n = 1, тогаш t = T, следува врската помеѓу периодот и фреквенцијата:

Мерна единица за фреквенција во SI е херц (Hz). Еден херц е фреквенција на осцилаторно


движење чие времетраење на една осцилација е една секунда

4. ВИДОВИ ОСЦИЛАЦИИ
Осцилациите кај кои амплитудата во текот на времето не се менува и осцилаторот
осцилира со константна брзина и неограничено (вечно) се викаат непридушени осцилации.
Осцилациите чија амплитуда, поради губење на енергија на осцилаторот се намалува, се
викаат придушени осцилации

Осцилациите што се одржуваат само со постојано дејство на надворешна сила, односно


постојано доставување енергија на осцилаторот, се викаат присилни осцилации.
Периодичната сила која што предизвикува присилни осцилации се вика присилна сила

5. НИШАЛО
Деф.1: Секое тело што е обесено на една хоризонтална оска и може да осцилира (ниша) со
определена амплитуда, околу една рамнотежна положба, се вика нишало

Деф.2: Метално топче обесено на долг, цврст, нерастеглив конец со занемарлива маса, кое
може да осцилира во вертикална рамнина, под дејство на Земјината тежа, се
вика математичко нишало

Периодот на осцилирање на математичкото нишало се пресметува по формулата:

каде што l е должината на математичкото нишало, а g e Земјиното забрзување

6. МЕХАНИЧКА РЕЗОНАНЦИЈА
Деф.1: Појавата на нагло растење на амплитудата на присилните механички осцилации, во
случај на совпаѓање на фреквенцијата на надворешната периодична сила со фреквенцијата
на осцилаторот, е наречена механичка резонанција

Деф.2: Осцилаторот кој ја прифаќа фреквенцијата на надворешната периодична сила е


наречен резонатор.

Математичко нишало
Кога нишалото е во рамнотежна положба силата на затегнување на конецот (Т) се
урамнотежува со силата на тежата( Земјината тежа) (P).
Кога нишалото е надвор од рамнотежната положба, тогаш силата на тежата се разложува
на две компоненти, една во правец на нормалата, а друга во правец на тангентата во таа
точка со насока кон рамнотежната положба.
Периодот на математичкото нишало зависи правопропорционално со квадратен
корен од должината на математичкото нишало, а обратно пропорционално со
квадратниот корен од Земјиното забрзување.
ФИЗИЧКО НИШАЛО
Физичко нишало претставува цврсто тело кое поради дејството на Земјината
тежа осцилира околу хоризонтална оска што не минува низ неговото тежиште.
 Во физиката момент на сила е производ од силата и кракот на силата. M=F*L
За мали амплитуди

 Каде I е момент на инерција на телото.

 За редуцираната должина на физичкото нишало се добива

СЛОЖУВАЊЕ НА ОСЦИЛАЦИИТЕ
Кога едно тело истовремено врши две осцилации,велиме дека тоа изведува сложена
осцилација.Притоа и двете осцилации се вршат по ист правец околу заедничка
рамнотежна положба.
Графичкото сложување на елонгациите можеме да го изведеме со помош на нивните
осцилограми.
Графичките прикажувања на зависноста на елонгацијата од времето се викаат
осцилограми на осцилациите.
 Резултантната осцилација е исто така хармонска осцилација со ист период,па
според тоа и со иста фреквенција.
 Резултантата претставува нова хармонска осцилација со ист период и почетна
фаза , а со амплитуда

 a=a1+a2

Сложување на две осцилации кои имаат исти периоди на осцилирање, исти правци на
осцилирање но со фазна разлика
φ=π=180°
(во овој случај зададените осцилации се со спротивни фази).Општо земено,тоа е случајот кога
едната осцилација има фаза φ ,а другата φ+π .Бидејќи елонгациите имаат секогаш спротивен
предзнак,резултантата ја наоѓаме преку нивното одземање.Резултатот на сложувањето е
осцилација со амплитуда а=а1- а2

При сложување на две осцилации со спротивни фази и еднакви амплитуди а1=а2


,резултантната осцилација тогаш има амплитуда :
а=а1 -а2=0
(овие две осцилации заемно се поништуваат и како резултат добиваме дека телото
трајно останува во мирување во својата рамнотежна положба).
ЕНЕРГИЈА КАЈ ХАРМОНИСКО ОСЦИЛАТОРНО ДВИЖЕЊЕ
 При определување на вкупната механичка енергија на осцилаторот ,ќе треба да се
соберат неговата кинетичка и потенцијална енергија.Бидејќи вкупната енергија е
константна , тоа можеме да го сториме за кое и да било време,така што можеме да
го избереме и времето кога осцилаторот поминува низ рамнотежната
положба.Тогаш неговата потенцијална енергија е еднаква на нула , а вкупната
енергија според тоа ќе биде еднаква со кинетичката енергија дадена
со изразот:Ek=m*V^2/2
 кога осцилаторот е најјодалечен од рамнотежната положба , неговата брзина е нула

 ЕНЕРГИЈАТА НА ОСЦИЛАТОРНОТО ДВИЖЕЊЕ Е ПРОПОРЦИОНАЛНА НА КВАДРАТОТ


НА АМПЛИТУДАТА НА ОСЦИЛАЦИЈАТА E=k*A^2/2
Придушени и непридушени осцилации Присилени осцилации и резонанција
ПРИДУШЕНИ ОСЦИЛАЦИИ
Придушени осцилации (амортизирани осцилации)  се слободните осцилации кај кои
амплитудите со текот на времето се намалуваат и на крај осцилациите запираат. 
 Тоа значи дека нивната енергија се намалува.
Фактор на придушување - k  се вика количникот меѓу две соседни амплитуди.
Тој количник е константен

k=A2 / A1 =  A3 /A2  = A4 /A3 = ... = const


НЕПРИДУШЕНИ ОСЦИЛАЦИИ
Непридушени осцилации се оние осцилации кај кои амплитудите со текот на времето
остануваат непроменети.

Тоа значи имаат постојано иста амплитуда

 A1  =  A2  = A3 = ... = const

СЛОБОДНИ ОСЦИЛАЦИИ
Слободни осцилации се сопствените осцилации на еден слободен осцилатор.
- Системите кои осцилираат (се движат околу рамнотежната положба) се
викаат осцилатори
Сите реални осцилации се придушуваат, односно со текот на времето се губи
нивната енергија и осцилаторот престанува да осцилира.
ПРИСИЛЕНИ ОСЦИЛАЦИИ
Присилени осцилации- кога на системот што осцилира (осцилаторот) му
дејствува надворешна сила.
Присилените осцилации се непридушени.
ПРИСИЛЕНИ ОСЦИЛАЦИИ
Присилени осцилации- кога на системот што осцилира (осцилаторот) му
дејствува надворешна сила.
Присилените осцилации се непридушени.
РЕЗОНАНЦИЈА
Резонанција или механичка резонанција е појавата кога сопствената фреквенција на
осцилаторот  f0    ќе се изедначи со
фреквенцијата на надворешната сила f
 f0 = f
При резонанција амплитудата на осцилаторот е максимална.

ЕНЕРГИЈА НА МАГНЕТНО ПОЛЕ


При исклучување на струјата, нагло се менува магнетниот флукс во калемот . Оваа
промена е причина за самоиндуцирање на електромоторна сила од редот на
големина на напонот на палење на тлеечката ламба.
Може да претппоставиме дека во калемот постоела магнетна енергија која таму
била акумулирана и која, по исклучувањето се троши за светење на ламбата.
При вклучувањето струјата е променлива , и тогаш електромоторната сила на
самоиндукцијата се спротиставува на растењето на струјата . Ова значи дека за да се
воспостави струјата во калемот , а со тоа и магнетното поле , треба да се совлада
електромоторната сила на самоиндукцијата. Доколку средната големина на
самоиндуцираната електромоторната сила е 𝞮s, а низ колото поминал полнеж Q , тогаш
работата што треба да се изврши за совладување на самоиндуцираната електромоторна
сила е еднаква на Q·𝞮s.

Оваа работа е претворена во магнетна енергија на калемот.


Под густина на енергијата на
  магнетното поле

(слично како во електростатиката)


се подразбира енергија на
единица волумен од полето.

Електричен осцилаторен круг. Период на електрични хармониски


осцилации
Електричен осцилаторен круг е струен круг во кој електроните се поместуваат
минувајќи постојано низ некоја средна рамнотежна вредност.
2.ТЕОРИЈА НА ОСЦИЛАТОРНИОТ КРУГ
 Отпорот на калемот ќе сметаме дека е 0. Кондензаторот се полни преку
изворот, а неговото празнење во почетокот е поддржано од потенцијалната
разлика меѓу плочите, но тој напон во текот на празнењето се намалува, а
струјата се зголемува. Кога напонот ќе стане еднаков на 0 струјата има
максимална вредност. Тогаш ја нема причината за движење на полнежите, но
согласно со Ленцовото правило отпочнува процесот на самоиндукција на
краевите од калемот со потенцијална разлика која продолжува да ја одржува
струјата. Оваа самоиндуцирана струја врши полнење на кондензаторот се
додека не стане еднаква на 0. Оваа состојба на наполнет кондензатор е
еднаква со онаа почетната, но со спротивен поларитет. Оваа потенцијална
разлика сега ќе биде причина за движење на полнежите но во спротивна
насока. Со течењето на струјата кондензаторот се празни. Во моментот кога ќе
се испразни кондензаторот струјата ќе биде максимална, и таа струја сега
продолжува да тече во иста насока. Еден циклус се состои од две празнења и
Бидејќи промените на јачината на струјата и напонот се одвиваат по синусен
закон затоа овие осцилации се хармониски две полнења .

3.Период на електрични осцилации


 Во LC-осцилаторниот круг настануваат промени кои се случуваат како
слободни сопствени хармониски осцилации со сопствена фреквенција

 Во текот на осцилациите осцилаторно се менуваат : количеството


електричество на плочите од кондензаторот, јачината на струјата, напонот
меѓу плочите, јачината на магнетното поле во калемот и јачината на
електричното поле меѓу плочите на кондензаторот.
 Зависноста на количеството електричество од времето е дадена со равенката
 Каде Qm е максимално количество
електричество, а φ0 е почетна фаза.

 Промените на напонот се еквивалентни со промените на количеството


електричество.


 Равенката за јачината на струјата

 Од равенките за напонот и струјата се гледа дека јачината на струјата избрзува

пред напонот за
 Или ако се замени формулата за сопствената фреквенција , за периодот ќе

добиеме -------Томсонова формула,важи само за


осцилации со мали амплитуди.

You might also like