You are on page 1of 10

Примена на Хуков закон

предвидување на промени на обликот

решавање на задачи
Повторување
• Што е еластична сила ?
• Од што зависи еластичната сила?
• Како е насочена еластичната сила ?
• Што е тоа константа на еластичност?
• Во кои единици се мери константата на
еластичност ?
Истражување
• https://phet.colorado.edu/sims/html/hookes-law/latest/hookes-law_en.html
• Во дадена табела внеси ги мерењата од вежбата. Еве во оваа
вежба наместо ∆x e x,тоа значи вие ќе го пресметате
издолжувањето како разлика помеѓу крајната и почетната должина
на пружината .На дадениот линк вие директно ќе може да го
прочитете издолжувањето.Направете најмалку три мерења!

Еластична сила Издолжување Константа на издолжување


Fel(N) ∆x или x(m) К(N/m)
50 0,250 200

100N 0,50 200

-50N -,25 200

50N 0,100 500

100N 0,192 500


Пробајте да нацртате график !На х-оската нанесете издолжување а на у-
оската големината на силата !(со црвена боја нанесете вредности за една
вредност на к 1 а со сина боја на истиот график за друга вредност на к2!)
Мерење на издолжување кај паралелно и
сериски сврзани ластичиња (пружини)
• Некој од учениците ќе ги презентира своите
истражувања и заеднички го донесуваме
заклучокот !
Заклучок:

Сериски сврзани ластичиња се издолжуваат исто
како се издолжуваат кога се поединечно отоварени
со некоја сила (двојно повеќе одошто сами)
Пр.Ако една пружина се издолжува за 3cm две
сериски сврзани пружини ќе се издолжат за 6cm
Паралелно сврзани ластичина го делат
издолжувањето односно ќе се издолжат за
половина (двојно помалку одошто кога би биле
сами )
Пр.Ако една пружина се издолжува за 4cm две
паралелно сврзани пружини ќе се издолжат за 2cm
Во дадената табела пресметај го
податокот кој недостига :

Fel k ∆x
150N/m 0,5m

200N/m 650mm

45N 15cm

300N
350N/m
• k=150N/m
• x=0,5m
• Fel=?
• Fel=k· x=150·0,5=75N
• Напомена :При решавање на задачите пред
да замените во формулата за Хуков закон
обаезно преворете ги дадените фисзички
величини во основни мерни единици!
Динамометар
• Пружината и елестичните сили најдобро можеме да ги видиме и
примениме кај динамометар.
• Динамометар е направа за мерење на сила.Изграден е од еластична
пружина која е обвиткана со цилиндар на кој е изгравирана скала која
може да е во N(Њутни) или mN(милиЊутни ).......
• Потоа овој цилиндар е ставен во надворешен цилиндар,Внатрешниот
се извлекува под дејство на некоја сила а еластичната сила е таа која
го враќа .И ние можеме да обележиме скала на динамометарот ако
знаеме што е еден Њутн
• Еден Њутн е сила со која си заемнодејствуваат Земјата и тело со маса
од 0,102kg(102g)
• Или Ако на раката држиме јаболко со маса околу 100g тогаш тоа
притиска на нашата рака со силата на тежина од 1N
Задачи:
1.Една пружина има константа на еластичност к=40N/m.Колку ќе се издолжи
тааако и се дејствува со сила од 3,6N?
2.Константа на еластичност к=25,7N/m.На ластикот е закачен тег кој го
растегнува за 4,3cm.Колкава е силата со која тегот дејствува на ластикот?
3.Под дејство на сила од 6,5N една пружина има должина од 54cm .Ако
константата на еластичност е 46N/m ,пресметај ја должината на пружината !
4.Должината на една пружина е 1,250m .Ако се оптовари со сила од 50N
нејзината должина изнесува 1,252m.Колку изнесува констаната на
оптегнување?
5.Ako obesime teg so masa 400 g na  elasti~na  pru`ina,~ija dol`ina
e 20 cm nejzinata  dol`ina se zgolemuva na 35 cm.Kolkava e konstantata
na  elasti~nost na  pru`inata?
6.На ластик е закачена чаша .Притоа должината на ластикот ќе се промени за
2,5cm.Константа на истегнување изнесува 1100N/m
А)Колку изнесува тежината на чашата ?
Б)Колкава е масата на чашата?

You might also like