You are on page 1of 6

1.Што преставуава механички бран?

- Механички бран е бран кој претставува осцилација на материја, и затоа пренесува


енергија преку медиум.

2.Како се делат брановите според брановата средина и природата на брановиот процес?


- Во зависност од природата на брановиот процес и средината низ која се пренесува
постојат механички, електромагнетни и квантномеханички бранови.

3.Кои се елементи на бранот и да се дефинираат?


-Елементи на бранот се извор на бран, бранов зрак,бранов фронт(чело), бранова
површина, бранова должина.
Бранов извор е местото каде настанува процесот на ширење на бранот.
Бранов зрак е линијата што го покажува правецот на ширење на бранот. Повеќе зраци
формираат сноп.
Бранов фронт е најодалеченото геометриско место на точки до каде стигнал бранот или
границата што ги оделува честиците што осцилираат од честиците што не осцилираат.
Браново поле е дел од просторот во кој сите честици осцилираат.
Бранова површина е геометриско место на точки кои се на еднакво растојание од изворот
и осцилираат со иста фаза.
Бранова должина е растојание меѓу две соседни бранови површини односно две точки
што осцилираат со иста фаза кое е еднакво на растојанието кое што го изминува бранот за
време од еден период.

4. Како се поделени брановите според начинот на осцилирање на честиците од


еластичната средина?
-Според начинот на осцилирање на честиците брановите се поделени на трансверзални и
лонгитудинални.

5.Што се лонгитудинални бранови , а што трансверзални бранови?


-Лонгитудинални бранови се бранови кај кои честиците од средината осцилираат во
правецот на ширење на бранот. Лонгитудиналните бранови се шират во тврди, течни и
гасовити средини.
Трансверзални бранови се бранови каде што честиците од еластичната средина
осцилираат нормално на правецот на ширење. Трансверзалните бранови се шират само
во тврди средини.

6.Како се поделени брановите според брановата површина?


-Според брановата површина, брановите се делат на рамни, сферни и цилиндрични.

7. Кои величините ги карактеризираат брановите ,Формули со кои е зададена врската


меѓу овие величини?
-Величините кои го карактеризираат бранот се брзина-v, бранова должина-(ламбда),
λ
v=
фреквенција-f и период-T. Врската меѓу овие величини е дадена со формулите T
едиица е m/s. λ

8.Формули за брзина на лонгитудинален бран во тврда,течна и гасовита средина?


- Брзината на лонгитудинален бран во тврда, течна и гасовита средина е дадена со
формулите

E К γ⋅p RT
v=
√ ρ -тврда средина,
v=

ρ -течна средина
v=
ρ
= γ⋅
√ √
M -гасовита
средина , каде што (ро)-густина на средината, Е-Јунгов модул на еластичност,К-модул на
волуменска компресија(волуменски модул) на течноста, (гама)-Пуасонова адијабатска
константа, p-притисок на гасот, R-гасна уневерзална константа, Т-температура на гасот и
М-моларна маса на гасот. =1,7 за едноатомни гасови, =1,40 за двоатомни гасови =1,33
за три и повеќе атомни гасови .

9.Формула за брзина на трансверзален бран?


- Брзината на трансверзален бран во тврда средина(жица) е даден со формулата
F
v=
√ μF-сила на затегнување, (ми)
жицата, l-долина на жицата
μ=
m
l -линиска густина на жицата,m-маса на

10.Што е равенка на бран , формула за равенката на изворот на бранот, формула за


равенката на бранот за точка М на растојание x, равенката на рамниот бран?
-Равенка на бран е равенка што го карактеризира осцилаторното движење на било која
честица од брановата средина поради ширење на бранот во средината. Равенката на
2π 2π
ω= y=A sin t
изворот на бранот е дадена како y=A·sin t, или ако Т Т каде
што A-амплитуда, -кружна фреквенција, t-време

Равенката на бранот за точка М на растојание- х од изворот што осцилира со


задоцнување-  е дадена со равенката


y=А sin ω ( t−τ ) =A sin ( t−τ )
Т бидејќи v=x/  или  =х/v и =v·T тогаш

2π x 2π 2π x
y=A sin
Т ( )
t− =A sin
v T (
⋅ t− ⋅
T v ) y=A sin ( 2Тπ t− 2λπ x )

к=
бидејки λ , к се вика бранов број, равенката на рамниот бран е дадена со

формулата
y=A sin ( Т
t−k x ) , y=A sin ( ω t− kx )

11.Формула за бранов број,фазата и интензитетот на бранот?


-Формула за бранов број k=2π/T.
Интензитет на бранот е енергија што се пренесува во единица време на единица
плоштина на површина поставена нормално на правецто на ширење на брановите.
E
I=
S⋅t ,I-интензитет,S-површина,Е-енергија,t-време бидејќи

Е P Ј W
=P = > I= =
t S , P-моќност, Единица за I e m2⋅s m2

12. Како гласи принципот на независност на ширење на брановите и за кои бранови важи?
- Принципот на независност на ширење на брановите гласи: Брановите од различни
извори се шират во просторот независно еден од друг. Овој принцип важи за бранови со
мали интензитети-механички бранови а не важи за електромагнетните како што се
светлинските.

13.Што се кохерентни бранови, кохерентни извори и интерференција?


- Кохерентни бранови се брановите кои имаат иста фреквенција и постојана фазна
разлика во текот на времето, а изворите што ги создаваат се нарекуваат кохерентни
извори.
Интерференција е појава на сложување на два кохерентни бранови.

14. Формули за условите за засилување и ослабување?


- Условите за засилување и ослабување на брановите се дадени со равенките

λ
Δ d= ( 2k +1 ) за ослабување
Δ d=k⋅λ за засилување 2 k=0,1,2,3,.... k-цел број
Δd-патна разлика на брановите, или разлика на патиштата во одот на зраците, Δd=d2- d1

15. Како се искажуваат условите за засилување и ослабување?


- Условите за засилување(max) и ослабување(min) на брановите можат да се искажат:
Со интерференција на два брана во дадена точка ќе се засилат или амплитудата на
осцилирањето во таа точка е максимална, ако разлика на патиштата во одот на зраците на
двата брана е еднаква на цел број пати од брановата должина на брановите.
Со интерференција два брана во дадена точка ќе се ослабат или амплитудата на
осцилирањето во таа точка е минимална, ако разлика на патиштата во одот на зраците на
двата брана е еднаква на непарен број полубранови должини на брановите

16.Како гласи Хајгенс-Френеловиот принцип и кои појави се објаснуваат со овој принцип?


- Хајгенс-Френелов принцип гласи: Секоја точка во просторот до која допрело(стигнало)
бранувањето е извор на елементарен секундарен сферн бран, а интерференцијата на
елементарните секундарните сферни бранови го определува бранувањето во која и да
било точка до која бранот стигнува во следниот момент.
Многу појави поврзани со ширењето на брановите,одбивањето, прекршување,
дифракција интерференција и др. и слично, може едноставно да се објаснат ако се
познава брановиот фронт на бранот.

17. Што е одбиен , прекршен бран, како гласи законот за одбивање на брановите и видови
на одбивање?
- Ако светлината (бран) дојде до граничната површина меѓу две средини, еден дел од неа
ќе се одбие и ќе се врати во истата средина, а еден дел поминува во втората средина со
променет правец. Зракот што се враќа во првата средина се вика одбиен(рефлектиран)
зрак, а зракот што поминува во втората средина со променет правец се вика
прекршен(рефрактиран) зрак.
За одбивањето на светлината (брановите)важи законот за одбивање(рефлексија) кој
гласи: Аголот што го зафаќаат упадниот зрак и нормалата(α-упадниот агол) секогаш е
еднаков на аголот што го зафаќаат одбиениот зрак и нормалата(β-одбивен агол),Упадниот
агол, одбивниот агол и нормалата лежат во иста рамнина.
Одбивањето во зависност од површината на одбивањето може да биде паралелно
насочено или огледално и дифузно не насочено.

18.Како гласи Снелиус-Декартовиот закон за прекршување на брановите?


- Снелиус-Декартовиот закон гласи:
Количникот од синусот на упадниот агол и синусот на аголот на прекршување е еднаков на
количникот на брзината на упадниот бран и брзината на прекршениот бран.

19.Формула за законот за прекршување и што е релативен индекс на прекршување?


sin α v1 n2
= = =n 21
- sin γ v 2 n1 γ-агол на прекршување,V1-брзина на бранот во првата средина,
V2-брзина на бранот во втората средина, n1-индекс на прекршување на првата средина,
n2-индекс на прекршување на втората средина, n21-релативен индекс на прекршување на
втората средина во однос на првата
Количникот меѓу брзините на бранот во првата и втората средина се вика релативен
индекс на прекршување n21
20. Видови на прекршувања, дефинирај ги, што е апсолутен индекс на
прекршување(формула), што е тотална рефлексија и формула?
- Прекршувањето во зависност од густината на средината пример може да биде
прекршување од нормалата и прекршување кон нормалата.
Ако светлината поминува од оптички поретка во оптички погуста средина (воздух-стакло)
аголот на прекршување е помал од аголот на упаѓање (γ<α) зракот се прекршува кон
нормалата.
Ако светлината (бранот)поминува од оптички погуста во оптички поретка средина (стакло-
вода) аголот на прекршување е поголем од аголот на упаѓање (γ>α), зракот се прекршува
од нормалата.
Апсолутен индекс на прекршување преставува количник од брзината на ширење на
бранот во вакуум (c) и брзината на ширење на бранот во било која материјална средина,
c
n=
формула v c-брзина на (бранот) светлината во вакуум, v-брзина на бранот во
материјалната средина и n-апсолутен индекс на прекршување.
Тоталната рефлексија е појава што настанува при премин на светлината од оптички
погуста во оптички поретка средина.
Законот за прекршување при тоталната рефлексија е даден со формулата

sin α g r sin α g r
= 0
=n2,1 , sin90 0 =1 sin α g r =n2,1
sin γ sin90

22.Што се стојни бранови и кои карактеристики ги имаат?


-Стојни бранови се бранови што се добиваат со интерференција на два кохерентни брана
со еднакви амплитуди кои што се движат во две спротивни насоки со фаза φ=π rad (180º).
Карактеристики на стојните бранови
а)мевови и јазли
б)фрекфенција
в) брзина

23.Што се мевови и јазли, формула за фреквенција, брзина и должината на жицата?


Мевови се места каде што честиците максимално осцилираат, а јазли каде што честиците
не осцилираат.
F 1
фрекфенција
f=

μ ,l-растојание меѓу два мева или јазли, λ=2l
2l
1 F F
брзина
v=λ⋅f= 2l⋅
2l μ и √
v=
μ √
λ
L=m⋅
2 m-број на мевови, L-должина на жица

You might also like