You are on page 1of 2

2.16. ЈАДРЕНИ РЕАКЦИИ.

ФИСИЈА

2.16.1. Јадрени реакции

 Кога две честици ќе се приближат на растојание од ред на големина од 10−15 𝑚 тогаш тие
почнуваат силно заемно да си дејствуваат.
 Секој процес на заемно дејство помеѓу некое јадро со некоја елементарна честица или со
друго јадро, при кое доаѓа до трансмутација на јадрото, се вика јадрена реакција.
 Најраспространет тип нуклеарна реакција настанува која на некое јадро – мета 𝑿 ќе дејствува
честица – проектил 𝒂 , па доаѓа до создавање на ново јадро 𝒀 и се ослободува нова честица 𝒃 .
 Честицата се запишува: 𝑨𝒁𝑿 + 𝒂 → 𝑨′𝒁′𝒀 + 𝒃 .
 Нуклеарните реакции, главно, може да се поделат на: реакции предизвикани од
наелектризирани проектили и реакции од електро неутрални проектили.
 Реакциите со наелектризирани честици стануваат со α-честици, протони, деутерони или
јадра со поголема маса.
 Карактеристично за сите овие честици е дека се позитивно наелектризирани и
поради тоа помеѓу честицата – проектил и јадрото – мета дејствуваат кулоновските
одбивни сили.
 Неутрална честица која предизвикува јадрена реакција е неутронот.
 Но, не значи дека секогаш неутронот ќе предизвика реакција, бидејќи се случува
неутронот по судирот со јадрото да не предизвика промена на природата на јадрото,
туку да настане расејување на неутрони.
 При судир со јадра со помали маси може енергијата на неутронот да се распредели
помеѓу него и јадрото и по неколку судири неутроните ја намалуваат својата енергија до
вредности блиски до енергиите на топлинско движење.
 Таквите неутрони се викаат бавни или термички неутрони.

2.16.2. Закони за запазување кај јадрените реакции

 Вкупниот полнеж на честицата проектил и јадрото-мета е еднаков на збирот на полнежите на


јадрото што се добива и полнежот на честицата што се добива како резултат на нуклеарна
реакција, што значи дека се запазува атомскиот број 𝑍 .
 Во секоја јадрена реакција се запазува и масениот број, односно бројот на нуклеоните
пред и по реакцијата е ист.
 Кај јадрените реакции вкупната енергија на јадрото – мета и честицата – проектил е еднаква на
енергијата на сите јадра и честици што се добиваат по реакцијата.
2.16.3. Анихилација на електрон и позитрон

 Позитронот како античестица на електрон е предвиден од Дирак и експериментално докажан


четири години подоцна.
 Набрзо потоа е откриено дека и γ – квантите може да се трансформираат во пар честици:
електрон-позитрон (𝑒 − − 𝑒 + ).
 Позитронот во слободна состојба може да постои многу кратко време.
 Поминувајќи низ материјална средина, тој се соединува со еден од електроните на
атомот, а притоа се создаваат два γ – кванта кои се разлетуваат во две различни насоки.
 Тој процес симболично се означува: −10𝑒 + +10𝑒 → 2𝛾 .
 Трансформацијата на γ – квантот е реверзибилен процес.
 Општо, процесот на анихилација се однесува за кој и да било пар честица – античестица.
 При интеракција на секоја честица со нејзината античестица доаѓа до создавање на два
кванта на зрачење.

2.16.4. Јадрена фисија

 Јадрена реакција, при која од јадро со голема маса се добиваат јадра со помала маса се вика
нуклеарна фисија.
 При овој процес се ослободува многу голема енергија која може да биде искористена.
 Изотопот на ураниум-235 е еден од најчесто користената мета при јадрената фисија.
 Кога тој се бомбардира со бавен неутрон, јадрото лесно го апсорбира бавниот неутрон и
по многу кусо време настанува изразито нестабилно јадро кое веднаш потоа се цени на
две јадра X и Y, при што се одделуваат и два или три неутрона.
𝐴𝑥 𝐴𝑦
 Реакцијата може да ја запишеме вака: 235 1
92𝑈 + 0𝑛 → 𝑍𝑥 𝑋 + 𝑍𝑦 𝑌 + неутрони .
 Во процесот на фисија, при секој акт на делење се емитираат два или три нови неутрона.
 Енергијата што се ослободува при фисијата е огромна.
 Добиената енергија при јадрена фисија е искористена кај јадрените реактори и за жал кај
атомските бомби.

You might also like