You are on page 1of 2

2.12.

ЕНЕРГИЈА НА СВРЗУВАЊЕ НА АТОМСКОТО ЈАДРО

 Атомското јадро е изградено од протони и неутрони меѓу кои дејствуваат јадрени сили.
 За да се раздели едно јадро на составните нуклеони, треба да се совладаат силите што ги
држат нуклеоните заедно.
 Тоа може да се постигне со предавање одредено количество енергија.
 Енергијата што е потребна да се предаде на јадрото за да се раздели на
составните нуклеони, се вика енергија на сврзување на јадрото.
 За да видиме колкава е таа енергија, најнапред треба да видиме колкава е масата на атмското
јадро, ако тоа е изградено од 𝑍 протони и 𝑁 = 𝐴 − 𝑍 неутрони.
 Ако масата на мирување на слободниот неутрон е 𝑚𝑛 , а на протонот 𝑚𝑝 , тогаш би
требало масата на атомското јадро 𝑚𝑗 да биде 𝒁𝒎𝒑 + 𝑵𝒎𝒏 .
 Меѓутоа, прецизните мерења на масата на мирување на атомското јадро, како целина,
покажуваат дека таа секогаш е помала од збирот на масите на слободните нуклеони кои
влегуваат во составот на јадрото 𝒎𝒋 < 𝒁𝒎𝒑 + 𝑵𝒎𝒏 .
 При формирање на јадрото дел од масата на нуклеоните кои го градат јадрото се претвора во
енергија.
 Тој дел од масата, кој во вид на енергија се ослободува при формирање на атомско јадро,
се вика дефект на масата на јадрото и е зададен со: 𝜟𝒎 = [𝒁𝒎𝒑 + (𝑨 − 𝒁)𝒎𝒏 ] −
𝒎𝒋 (𝑨, 𝒁)
 Ајнштајн покажал дека масата на едно тело со голема точност може да се разгледува како
константна само кога телото се движи со брзина многу помала од брзината на светлината во
вакуум.
 Кога брзината на телото расте, расте и неговата маса.
 Формулата за еквивалентност на масата 𝑚 и енергијата гласи: 𝑬 = 𝒎𝒄𝟐.
 Кога системот од состојба во која нуклеоните биле независни, поминал во состојба во која
нуклеоните силно заемно дејствуваат енергијата на системот се променува.
 Промената на енергијата изнесува: 𝜟𝑬 = 𝜟𝒎𝒄𝟐.
 Според тоа, оваа равенка ја дава врската помеѓу енергијата на сврзување на
јадрото и дефектот на масата.
 Енергијата на сврзување на јадрото сега може да ја определиме како енергија што
се ослободува при формирање на јадрото од независни нуклеони:
𝜟𝑬 = 𝜟𝒎𝒄𝟐 = [𝒁𝒎𝒑 + 𝑵𝒎𝒏 − 𝒎𝒋 ]𝒄𝟐 .
 Во нуклеарната физика стабилноста на јадрото се изразува со енергија на сврзување по еден
нуклеон во јадрото.
 Тоа е специфичната енергија на сврзување 𝑬𝒔𝒑 .
 За таа цел енергијата на сврзување 𝛥𝐸 се дели со масениот број 𝐴 кој е еднаков со бројот
𝜟𝑬
на нуклеоните во јадрото: 𝑬𝒔𝒑 = 𝑨
.
 Специфичната енергија на сврзување дава информации за стабилноста на
атомските јадра, итоа колку е таа поголема, јадрото е постабилно.
 Зависност на специфичната енергија на сврзување од масениот број.
 За јадрата за кои 𝐴 > 12 , специфичната енергија на сврзување има мали вредности, а
потоа со пораст на масениот број, постепено се зголемува.
 Кај јадрата со голем масен број специфичната енергија на сврзување опаѓа до 7,4 𝑀𝑒𝑉 .
 Сите јадра со 𝐴 > 208 спонтано се распаѓаат.
 Енергија се ослободува во оние јадрени реакции при кои специфичната енергија на сврзување
на продуктите на реакцијата е поголема од специфичната енергија на цврзување на почетните
јадра.
 Овој општ услов може да се исполни на два начина: или при разбивање на масивни јадра
од крајот на периодниот систем во полесни, или при синтеза на јадра од почетокот на
периодниот систем во поголеми.

You might also like